You are on page 1of 2

3 ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА РАЗВОЈОТ НА УЧЕНИЦИТЕ

Децата меѓусебно развојно се разликуваат по тоа како се доживуваат и како се однесуваат.


Познавањето на општите карактеристики на секој развоен период и индивидуалните
разлики меѓу децата е од голема практична вредност за целокупната воспитна работа.
Научната класификација и временските разграничувања на одделните развојни фази не е
единствена. Секоја периодизација во основа признава: период на новороденче,
предучилиштен период, училиштен период и период на адолесценција. Тука главно ќе се
задржиме на училиштниот период.

Во осумте години од основношколскиот период детето развива многу способности, а


развојот на логичкото мислење му овозможува да стане свесно за себе и подобро да ги
сфаќа барањата и дејноста на другите личности. Кон крајот на основношколскиот период
настапува и пубертетот кој се карактеризира со емоционална нестабилност, раздазливост,
нервоза, несигурност, расеаност, агресивност. Поради овие симптоми овој период се
обележува како критичен во кој младите тешко примаат воспитни влијанија.

Во периодот на постарата школска возраст, кога учениците одат во средно училиште,


психичкиот пубертет е и понатаму изразен. Биолошките фактори, првенствено половото и
психичкото созревање големи промени во однесувањето и дејствувањето на учениците, со
што настапува перидот на адолесценција.

Познавањето на развојните периоди и карактеристики на детето (ученик) се мошне


значајни за практичната педагошка работа, затоа што планирањето и програмирањето на
наставните содржини бара познавање на можностите, способностите, периодот во кој се
наоѓаат и степенот на нивниот психофизички развој.

You might also like