You are on page 1of 28

РАЗВОЈНА ПСИХОЛОГИЈА

-предавање 7 –
- проф. д-р Ана Фрицханд –
-24.04.2023-
Развој на сликата за себе

 Сликата за себе е когнитивно-развојна и


социјална конструкција која е променлива
во текот на детството и адолесценцијата;
 Таа е во тесна врска со нормативно-развојните
промени на себепретставувањето;
 Себепретставувањето е континуиран
развоен процес;
 Начините на одгледување на детето влијаат
врз нормативно-развојните промени, но тие се
и главните причинители за индивидуалните
разлики во однос на тоа дали расудувањето за
себе си е поволно или неповолно.
07/02/23 2
Развој на сликата за себе

 Во рамки на нормативно-развојните промени,


сознајниот развој влијае врз две општи
карактеристики во структурата на сликата
за себе:
 Диференцијација - новојавените сознајни
способности му овозможуваат на поединецот да
создаде самооценки кои се разликуваат во
различните домени на искуството;
 Интеграција - сознајните способности кои се
јавуваат во текот на развојот му овозможуваат на
поединецот да конструира надредени
генерализации на сликата за себе во форма на црти
на личноста.
07/02/23 3
Развој на сликата за себе

 Вилијам Џејмс зборува за „Јас–себство“


(како субјект, агент, дејствувач, создавач итн.)
и „Мене–себство“ (како објект, осознаен,
продукт на самопосматрање).
 Глобалното себевреднување всушност е поим
за себе, кој се создава во социјална
интеракција и зависи од вреднувањата на
другите;
 Развојот на поимот за себе вклучува
афективни процеси, што е нагласено во
емоциите на самосвест – гордост и срам;
 По 6 месец се јавува рудиментарен облик на
„Јас-себство“ и „Мене-себство“.
07/02/23 4
Развој на сликата за себе

 Најнапред детето осознава дека постои – „Јас


постојам“ (постојно јас);
 Тоа знае дека е различно од другите и тоа е
свест за себе;
 Будењето на свеста за себе започнува околу 2-
3 месец;
 Но, дури со појава на константност на предмет
(околу 9-12 месец) се јавува вистинско
постојно јас;
 Дури тогаш детето ја сфаќа својата постојаност
како единка во време и простор.
07/02/23 5
Развој на сликата за себе

 Втората етапа во развојот на поимот за себе е


различно јас - „Јас сум поинаков, различен“;
 Детето сфаќа дека според некои својства е
различно од другите;
 Во оваа етапа тоа се става себе си во
дихотомни категории: пол, големина,
некои квалитети, некои способности;
 Голем дел од самопочитта и доброто мислење
за себе се стекнува токму во овој период;
 Поради тоа, родителите ТРЕБА да: пофалат
напор, поттикнат независност, стават до
знаење дека го сакаат детето такво какво е, не
користат сарказам и подбивања.
07/02/23 6
Развој на сликата за себе

 Руж тест – покажува дека на возраст од 21


месец околу ¾ од децата се
самопрепознаваат;
 Свеста за себе кај 2 годишни деца се
препознава и во настојувањето сѐ сами да
прават или изразувајќи дека играчките се
нивни;
 За да детето изгради здрава и позитивна
слика за себе, родителите ТРЕБА да: ги
препознаваат неговите потреби, ги
задоволуваат на соодветен начин, покажуваат
топли емоции и интерес за неговите
активности, да го поддржуваат и ненаметливо
да го охрабруваат.
07/02/23 7
Развој на сликата за себе

 Сиромашно себство – резултат на


потценување и/или игнорирање на детските
напори и обиди да постигне нешто;
 Најчесто се среќава кај деца чии родители се:
негрижливи, неосетливи за неговите потреби,
незаинтересирани, кои не ги препознаваат
повратните реакции на детето итн.;
 Многу штетни родителски стилови за
формирањето на сликата за себе се:
амбивалентниот, попустливиот,
диктаторскиот, одбегнувачкиот и
неорганизираниот.

07/02/23 8
Развој на сликата за себе

 Психотерапија на деца со растурено и


сиромашно себство:
 Градење наратив, приказна за себе;
 Автобиографската меморија детето ја гради
со помош на родителите;
 Истата треба да вклучува позитивни лични
својства;
 Се користат фотографии, цртежи и други
конкретни показатели;
 Играњето е особено значајна активност.
07/02/23 9
Развој на сликата за себе

 На возраст меѓу 12 и 24 месеци детето


почнува да го развива различното јас;
 Развојот продолжува меѓу 2 и 6 година, кога
поимот за себе е заснован врз конкретни
податоци, кои може да се:
 Физички („Имам кафеави очи“);
 Активност („Гледај, можам да скокнам“);
 Социјални односи („Имам сестра“);
 Психички појави („Среќна сум“);
 Претпочитања („Сакам чоколадо“);
 Поседување („Имам мој компјутер“).

07/02/23 10
Развој на сликата за себе

 На предучилишна возраст децата не прават


разлика меѓу актуелните и идеалните
својства за себството;
 Когнитивните ограничувања
придонесуваат да не можат да прифатат дека
поседуваат и позитивни и негативни својства;
 Сите поединечни својства на сликата за себе
детето не ги поврзува, бидејќи е сознајно
ограничено да направи интегрирана и
кохерентна слика за себе;
 Другите ги опишува врз основа на надворешни
карактеристики и со екстремни својства.
07/02/23 11
Развој на сликата за себе

 Заштитен оптимизам – појава кога


позитивната слика за себе има заштитна улога
и служи како фактор за мотивирање и
самодоверба;
 Тоа придонесува децата да учат нови нешта без
страв;
 Самокритикувањето се јавува подоцна;
 Самопочитта во пооопшта смисла се јавува
на возраст од околу 7 години;
 Таа е поголема доколку разликата меѓу она
што детето е и она што сака да биде е помала, и
обратно.
07/02/23 12
Развој на сликата за себе

 Што ќе вреднува детето кај себе, зависи од тоа


што вреднуваат родителите и врсниците;
 Создадениот внатрешен модел за
сопствената вредност опстојува, бидејќи
детето ќе продолжи да бира искуства што го
потврдуваат и поддржуваат неговиот поим за
себе;
 Срам и вина, емпатија, антипатија и
симпатија;
 Почнувајќи од 2 година натаму,
возрасните треба да ги учат децата да ја
формулираат меморијата преку
раскажување. Така се создава наратив.
07/02/23 13
Развој на сликата за себе

 Од 5 до 7 години себепретставувањето на
децата продолжува да биде многу позитивно и
детето продолжува да ги натценува своите
виртуозности;
 Самоописот обилува со разни компетенции;
 Има елементи на поврзување на издвоени
својства, но тие и натаму се издвоени како
црно-бели;
 Сликата за себе во средното детство добива
ново значење;
 На почетокот на средното детство, децата
се опишуваат себе си според телесниот изглед
и активностите што ги прават.
07/02/23 14
Развој на сликата за себе

 Подоцна, во средното детство се опишуваат


според некои ментални својства и според
посложени активности;
 На возраст од околу 8 години сликата за себе
и натаму станува поапстрактна и поглобална;
 Тоа е овозможено преку способноста за
споредување со другите при
самовреднувањето, преку способноста да
разликуваат меѓу реалното и идеалното
самоперципирање, како и од поголемата
способност за емпатија.
07/02/23 15
Развој на сликата за себе

 Во средно детство, децата се свесни за


своите физички и ментални особини и ги
споредуваат со оние на врсниците и на другите
луѓе;
 Постои свест дека другите критички ги
вреднуваат нивните својства, но сѐ уште нема
свесно себство за само да го критикуваат
своето поведение;
 Сѐ уште не се земаат себе како објект за
самопосматрање;
 Можат да се споредат себе во минатото и во
сегашноста („Порано бавно трчав, а сега сум
побрз“).
07/02/23 16
Развој на сликата за себе

 Од 8 до 11 години децата стануваат


посамокритични и се самокоригираат;
 Поимот за себе се засновува врз:
 Споредување со другите;
 Напор за самоконтрола;
 Лојалност кон другите;
 Почит кон врсниците и родителите.
 Децата градат поцелосна и потрајна
визија за личноста на другиот, ставајќи
акцент врз внатрешните својства што ги
забележуваат во различни ситуации.
07/02/23 17
Развој на сликата за себе

 Самопочитта добива општо значење;


 За да таа се јави, детето треба да користи
индуктивни и кумулативни процеси при
себевреднувањето;
 Родителите чии деца имаат висока самопочит,
најчесто ги:
 Прифаќаат децата, ја почитуваат нивната посебност,
се вклучуваат во нивните активности и ги
поддржуваат нивните настојувања;
 Сакаат децата и им даваат емоционална поддршка;

07/02/23 18
Развој на сликата за себе

 Поставуваат и се држат до јасни правила и


бараат децата да се стремат кон високи
стандарди;
 Поставуваат прецизни ограничувања;
 Развиваат чувство кај детето дека може да се
контролира себе си и својата околина;
 Во семејното одлучување го почитуваат
мислењето на детето.
 Детското себепочитување зависи од неговите
успеси и остварувања, но и од
интерактивните искуства што ги има со
групата врсници.

07/02/23 19
Развој на сликата за себе

 Поимот за себе во адолесценцијата е сложен;


 Негови својства се:
 апстракност и исполнетост со идеализам;
 издиференцираност во неколку различни себства
зависно од социјалните врски, контексти или улоги;
 променливост во зависност од ситуациите и
протокот на времето;
 присуство на контрадикции;
 постоење на реално, наспроти идеално и/или
можно себство, како и вистинско наспроти лажно
себство;
07/02/23 20
Развој на сликата за себе

 многу социјални споредувања во текот на


себевреднувањето;
 постоење на свест за себството;
 постоење на несвесно себство;
 потреба од заштита на себството; а
 кон крајот на адолесценцијата се постигнува
интегрирано себство.
 Сликата за себе во периодот на адолесценција
е заснована врз когнитивните
способности, но зависи и од социјалната
средина со која адолесцентот е во
интеракција.

07/02/23 21
Развој на сликата за себе

 Хартер и соработниците издвојуваат


три различни типа на лажна слика
за себе која се јавува кај адолесцентите:
 прифатлива лажна слика за себе -
израснува од перцепцијата на адолесцентот
дека е одбиен или отфрлен од родителите и
врсниците и неретко води кон чувства на
безвредност, безнадежност, самоомраза,
депресија и ниско себеразбирање.

07/02/23 22
Развој на сликата за себе

 задоволувачка лажна слика за себе која е честа


кај адолесцентите, израснува од желбата да се
импресионираат или задоволат другите, пришто
поединците кои ја усвојуваат покажуваат повисоко
себеразбирање од оние чија лажна слика за себе
израснува од одбивањето; и
 експериментална лажна слика за себе која
адолесцентите ја испробуваат за да „видат како
изгледа“ да се биде во одредена улога. Овие
поединци, во споредба со претходните две групи,
соопштуваат највисоко себепознавање и
себеприфаќање.

07/02/23 23
Развој на сликата за себе

 Истата група истражувачи


идентификува развоен тренд, според
кој:
 лажните и контрадикторни слики за
себе се многу поретки кон крајот на
адолесценцијата одошто во рана и средна
адолесценција;
 во раната зрелост лажните слики за
себе најчесто ги нема, бидејќи некоја од
можните слики за себе во адолесценцијата
веќе е усвоена како личен идентитет.
07/02/23 24
Развој на сликата за себе

 Личниот идентитет се состои од:


 чувство на единство;
 чувство на континуитет; и
 чувство на заемност меѓу сопствената и туѓата
перцепција.
 Ериксон идентитетот го дефинира како
општа слика која личноста ја има за себе,
сметајќи дека основна задача на
адолесценцијата е токму неговото формирање;
 Предуслови за ова се сексуално созревање,
повисоки сознајни способности и пораснат
социјален притисок кон насочување и
одбирање професија.
07/02/23 25
Развој на сликата за себе

 Ериксоновата концепција интегрира три


перспективи:
 структурална – индентитетот вклучува, најчесто
несвесна, реорганизација на потребите и минатите
идентификации;
 социјална –идентитетот треба да означи нова
асимилација на социјалните очекувања и вредности
и повеќе лична интегрираност во општеството и
културата, и
 феноменолошка – идентитетот е манифестиран
на нов начин во искусувањето на себе си што се
карактеризира со чувство на единственост и
индивидуалност, како и со чувство на целисходност
и самодоверба.

07/02/23 26
Развој на сликата за себе

 Сликата за себе во раната адолесценција од


претежно физичко поимање се
преобразува во апстрактно-психолошко
поимање за себе карактеристично за
периодот на средна адолесценција;
 Ова се должи на појавата на формално-
логичко мислење со кое е поврзана
способноста за расудување за себе врз основа
на внатрешните сознајно-емоционални
доживувања.

07/02/23 27
Развој на сликата за себе

 Себепочитувањето многу повеќе зависи од


општата социоемоционална клима во
семејството, одошто од возраста и
достигнатото ниво на формално-логично
мислење;
 Во рана и средна адолесценција сликата за
себе не е организирана кохерентно и нема
внатрешна конситентност на постулатите;
 Кај адолесцентите проблем може да се јави
поради трансгенерациска траума, која води
потекло од минатите генерации.
07/02/23 28

You might also like