You are on page 1of 29

Емоционален развој

-предавање 5 –
- проф. д-р Ана Фрицханд –
-9.11.2022-
Емоционален развој

 Емоцијата е стремеж или подготвеност на


индивидуата да воспостави, да ја одржи или да
ја промени врската со другите во зависност од
значењето што го има за неа одредена промена
во случувањата;
 Емоционалниот развој е поврзан со
когнитивните достигнувања, способноста за
сеќавање, самосвеста и способноста за
проценување;
 Емоциите не се рефлексивни, туку се
флексибилни. Тоа значи дека иста појава
предизвикува различни емоции дури и кај
малите деца.
03/27/23 2
Развој на емоционалната комуникација
во раниот живот

 Околу 6 недела доенчето го изразува


задоволството преку социјална насмевка;
 Се смее на возраст од околу 3-4 месеци;
 Лутината се забележува на возраст од околу
6 месеци;
 Околу првата година (од 9 до 14 месеци)
бебињата изразуваат тага и страв од
непознати лица;
 Во овој период се јавува и вознемиреност при
разделба од лицата со кои се приврзани;
 По 18 месец се јавуваат срам, гордост и
збунетост.
03/27/23 3
Развој на емоционалната комуникација
во раниот живот

 Се издвојуваат 4 фази во развојот на


сложената комуникација меѓу возрасните и
децата:
 Фаза 1 (преднатален период до 6 недели по
раѓањето) – почетни реакции на емоционални
сигнали;
 Фаза 2 (од 6 недели до 9 месеци) –
предреференцијална комуникација;
 Фаза 3 (од 9 до 18 месеци) – контролирање на
поведенијата и референцијална
комуникација;
 Фаза 4 (од 18 месеци до 2 години и натаму) –
појава на самоосвестени емоции.
03/27/23 4
Развој на емоционалната комуникација
во раниот живот – Фаза 2

 На возраст од 3 месеци за време на


интеракција лице в лице меѓу детето и мајката
се јавува интеракциска синхронизација и
слични изразувања на позитивни и негативни
емоции;
 Се забележува дека не секоја насмевка на
мајката има позитивно влијание врз бебето;
 Одговорот на мајката треба да е осетлив на
контекстот, а не само да е синхронизиран;
 Парадигма на лице со замрзнат израз.

03/27/23 5
Развој на емоционалната комуникација
во раниот живот – Фаза 3

 Околу 9 месец доенчето почнува да покажува


тенденција да ги следи погледот и
гестовите на покажување;
 Со возраста постепено успева да ги
идентификува приближно
координатите каде што гледа или покажува
мајката или испитувачот;
 На возраст од околу 15 месеци децата
разликуваат негативни и позитивни емоции,
но не и меѓу специфични квалитети внатре во
позитивните или во негативните емоции.
03/27/23 6
Развој на емоционалната комуникација
во раниот живот – Фаза 4

 Се издвојуваат 2 значајни промени:


 Воспоставување различни бихевиорални
одговори на различни емоционални сигнали со
иста валенција (пр. бес наспроти став);
 Јавување на самоосвестени емоции за кои се
значајни емоционалните реакции на другите (срам,
вина, гордост итн.);
 Ова е поврзано со појава на поимот за себе- свест за
својата посебност.
 Детето ги препознава емоционалните
реакции на другите предизвикани од
неговото однесување и покажува дека е
свесно оти тоа ги предизвикало.

03/27/23 7
Развој на емоционалната комуникација
во раниот живот

 Засраменост и збунетост се јавуваат кога


детето забележува дека преку некое свое
поведение предизвикало негативни
емоционални изрази кај некој друг;
 Чувство на вина се јавува како одговор кога
има свест за омаловажување, нанесување
штета или страдање на некого со нашето
однесување;
 Поновите истражувања покажуваат дека
сложени емоции-љубомора, гордост, срам и сл.
се видливи во текот на првата година од
животот.

03/27/23 8
Развој на социоемоционално врзување

 Постои двонасочна врска меѓу родителите и


детето;
 Тие активно влијаат едни врз други;
 Интерактивната размена на информации
меѓу одгледувачот и детето е брза, префинета и
усогласена во самиот миг - синхронија;
 Преку синхронијата детето учи да ги
препознава емоциите кај другите и да развива
вештини на социјална интеракција;
 Поведението на детето определува како ќе се
однесуваат родителите кон него.
03/27/23 9
Развој на социоемоционално врзување

 Социоемоционалното врзување
(атачмент) е определено како примарна
(вродена) потреба за врзување на една
единка со друга;
 Овде вродена е потребата за другиот и
механизмите/поведенијата преку кои се
воспоставува врската;
 Шефер и Емерсон (1977) наоѓаат дека кај
30% од децата меѓу 6 и 8 месеци се формираат
по неколку врски едновремено;
 Хари Харлоу (1958) покажува дека
мајмунчето ја претпочита штофената мајка,
иако од жичаната добива млеко.
03/27/23 10
Развој на социоемоционално врзување

 Џон Боулби (1958) наведува модели на


однесување кои сведочат за постоење на оваа
примарна потреба: цицање, насмевка, барање
близок контакт итн.;
 Рене Шпиц и Конрад Лоренц опишуваат
случаи на нарушувања кај децата/животните
кои биле лишени од можноста да воспостават
социоемоционални врски;
 Мери Еинсворд прави разлика меѓу
афективно врзување и социоемоционално
врзување;
 Афективно врзување е релативно трајна
врска со партнер со посебни својства.
03/27/23 11
Емоционално врзување на родителите
за детето

 Родителите треба да прават рефлектирање


на чувствата на детето, т.е. да ги изразуваат
со зборови;
 Кај малите деца (најчесто на возраст меѓу 12 и
16 месеци) има вознемиреност кога се
разделуваат од родителите;
 Ова укажува на воспоставена емоционална
приврзаност;
 Со „кинење“ на социоемоционалните
врски се почнува заради развој на
независност и самостојност;
 Во раната возраст треба да има колку што е
можно помалку забрани со „НЕ“.
03/27/23 12
Емоционално врзување на детето за
родителите

 Во првата етапа се јавува почетно социо-


емоционално врзување кое се заснова врз
вродени механизми;
 Во втората етапа (околу 3 месец) доенчето
прави разликувања и повеќе им се насмевнува
на лицата кои редовно се грижат за него;
 Третата етапа (околу 6 месец) претставува
вистинско социоемоционално врзување. Тогаш
најзначајното лице за кое најмногу е врзано му
е основа за сигурност.
03/27/23 13
Емоционално врзување на детето за
родителите

 Кеико Мицуками (1990) покажува дека


доенчињата на возраст од 2 до 4 месеци веќе ја
доживуваат мајката како подлога за сигурност;
 Според него, проблемот на откривање
постоење на социоемоционално врзување кај
доенчињата на возраст од 2 или 3 месеци е во
нивната неспособност самостојно да се
движат;
 Децата на било која возраст се врзуваат со ист
интензитет за двајцата родители – сѐ зависи
повеќе од квалитетот на врската.
03/27/23 14
Емоционално врзување на детето за
родителите

 Внатрешниот модел на
социоемоционално врзување за
родителите се разликува од едно до друго дете;
 Состојките на овој модел се сигурност дека
претпочитаното лице е достапно и
подготвено за врзување и увереност дека тоа
му е основа за сигурност за истражување на
светот;
 Овој модел се развива од крајот на првата
до петтата година од животот.
03/27/23 15
Емоционално врзување на детето за
родителите

 Мери Еинсворд прави класификација на


различни типови на почетно емоционално
врзување кај децата:
 Сигурно врзување (околу 65% од
доенчињата);
 Несигурно врзување:
 Избегнувачко врзување (околу 20% од
доенчињата);
 Колебливо врзување (околу 10% од
доенчињата)
 Неорганизирано-неориентирано
врзување (околу 5-10% од доенчињата).

03/27/23 16
Емоционално врзување на детето за
родителите

 Сигурно врзување – активно истражуваат,


отворени се кон непознати лица кога мајката е
во близина, се вознемируваат ако се одвојат од
мајката, видливо ја претпочитаат мајката,
топло ја поздравуваат кога таа ќе се врати;
 Избегнувачко врзување – го избегнуваат
или го занемаруваат контактот со мајката,
самите не се обидуваат да направат контакт со
мајката, мајката и непознатото лице ги
третираат на сличен начин: ги избегнуваат
или ги игнорираат.

03/27/23 17
Емоционално врзување на детето за
родителите

 Колебливо врзување – обеспокоени се кога


се одделуваат од мајката, таа не успева да ги
смири кога ќе се врати, детето или бара или
избегнува контакт, зависно од моментот, може
да покаже бес кон мајката.
 Неорганизирано-неориентирано
врзување – детето изгледа вкочането,
збунето или вознемирено кога мајката ќе се
врати, се двоуми дали да и’ се приближи, може
да го избегнува контактот со неа, а подоцна да
бара многу близок контакт итн.

03/27/23 18
Траење на типот на емоционално
врзување

 Најчесто врските на детето се постабилни во


првите години од животот;
 Кога еднаш ќе се воспостави внатрешниот
модел на социоемоционално врзување, тој
настојува да се повторува и да опстојува;
 Потеклото на силните и на несигурните
емоционални врзувања зависи од тоа дали
реакциите на родителите кон детето се
соодветни;
 Долготрајните последици на силното и
на несигурното врзување се
манифестираат во повеќе домени.
03/27/23 19
Траење на типот на емоционално
врзување

 Децата кои се со силна социоемоционална


врска се:
 Посоцијабилни;
 Пољубезни;
 Имаат повеќе пријатели;
 Имаат поголема самопочит;
 Немаат потреба да го свртуваат вниманието врз себе
преку палавштини;
 Темпераментот им е смирен;
 Лесно се дисциплинираат;
 Поемпатични се итн.

03/27/23 20
Темперамент

 Темпераментот го сочинуваат вродени


разлики меѓу поединците во емоциите,
активноста и самоконтролирањето;
 Тој е епигенетичка појава, бидејќи има
потекло во гените, а е под влијание на
одгледувањето;
 Темпераментот го сочинуваат индивидуално
конституционално засновани разлики во
реактивноста и во самоконтролирањето во
домените на емоциите, активностите и
вниманието.
03/27/23 21
Темперамент

 Конституционално значи биолошки


заснован темперамент под влијание на
наследството, созревањето и искуството;
 Реактивноста се однесува на
одговарања на промените во
внатрешната и надворешната средина;
 Самоконтролата е напор за контрола
и за ориентација; таа придонесува за
приспособување на реактивноста.

03/27/23 22
Темперамент

 Основна разлика меѓу темпераментот и


личноста е што цртите на темпераментот се
примарно генетички, а цртите на личноста
се примарно научени;
 Темпераментот опфаќа тенденции или
диспозиции кои не се изразуваат постојано;
 За да се изразат потребни се соодветни услови
за предизвикување;
 Темпераментот во личноста се однесува само
на афективните, активационите и содржините
на вниманието.
03/27/23 23
Темперамент

 Темпераментот е прва манифестација на она


што подоцна се нарекува личност;
 Тој се развива бидејќи со време се јавуваат
нови системи на организација на
поведенијата;
 Како ќе се одвива социоемоционалниот развој
и развојот на личноста е тесно врзано со
темпераментот;
 Стратегиите за справување со тешкотии
се, исто така, поврзани со темпераментот.

03/27/23 24
Темперамент

 Томас и Чес (1977) издвојуваат 3 групи


бебиња:
 Лесни бебиња (40%) – оние кои имаат
воспоставен ред во јадење и спиење, лесно им се
приближуваат на нови предмети и лица итн.;
 Тешки бебиња (10%) – оние кои имаат
нередовност во исхраната и спиењето, бегаат од
нови луѓе или предмети итн.;
 Бавни бебиња (15%) – оние кои имаат бавно ниво
на активност, се повлекуваат кога им се покажува
непознат предмет, реагираат со низок интензитет
итн.
03/27/23 25
Темперамент

 Со истражување на цртите на личноста кај


возрасните се издвојуваат 5 големи црти:
 Отвореност (имагинација, љубопитство,
добродојденост на нови искуства);
 Совесност (организираност, промисленост,
конформираност);
 Екстраверзија (друштвеност, сигурност,
активност);
 Пријатен (љубезен, помага, лежерен);
 Невротичност (анксиозен, нерасположен,
самокритичен).

03/27/23 26
Темперамент

 Разликите во темпераментот се должат на


генетичката компонента и затоа имаат извесна
континуираност;
 Повеќе истражувања покажуваат дека помалку
променливи димензии се:
 Интроверзија/екстраверзија;
 Реверзибилност/спонтаност;
 Отвореност/инхибираност.
 Ако кај децата не се јават системи за контрола
поврзани со темпераментот, подоцна ќе има
појава на проблеми во однесувањето.
03/27/23 27
Темперамент

 Поради ретките и неприспособени одговарања на


потребите на децата кај нив се развива научена
(стекната) беспомошност.
 Таквите деца не веруваат дека можат да влијаат
врз светот што ги опкружува. Стануваат пасивни и
ја губат желбата да дејствуваат;
 Основната потреба на луѓето да го контролираат
тоа што им се случува се нарекува базичен
мотив за компетентност;
 Малите деца брзо учат кога се способни да ги
контролираат случувањата – имаат доживување
дека се ефикасни.
03/27/23 28
Крај на периодот на доенче

 Меѓу 2 и 3 година од животот завршува


периодот на доенче;
 Крупните промени според кои се проценува
дека детето преминува во периодот на рано
детство се манифестираат на:
 Биолошки план – особено созревање на ЦНС;
 Социјален план – самопрепознавање и
намалување на вознемиреноста при разделба;
 Однесување – покоординирано одење, умешност
да се фатат мали предмети; планирање на решавање
проблеми, симболичка игра, одложена имитација,
претставување, основен речник итн.
03/27/23 29

You might also like