You are on page 1of 28

ОСНОВИ НА КОМУНИКАЦИЈА – КОМУНИКАЦИСКИ МОДЕЛИ

1. ОПШТО ЗА КОМУНИКАЦИЈАТА
Потребата за комуникацијата на човекот е вродена. Таа има свои корени
токму во задоволување на три психолошки потреби (или глади) кои се
јавуваат после задоволување на биолошките потреби. Така, уште од најрана
возраст може да забележиме дека има три вида на глад:
- Глад за дразба
- Глад за структура
- Глад за признание
2. Што е комуникација?
- Размена на пораки помеѓу две, или повеќе лица;
- Процес на испраќање, пренесување и примање на пораки и информации;
- Во секојдневниот живот, зборот комуникација го користиме како
синоним за разговор.
3. Предрасуди поврзани со комуницирањето:
 Комуницирањето е нешто што сите го знаат и доброто
комуницирање е само по себе разбирливо.
Оваа предрасуда произлегува од постојаната изложеност на комуницирање.
Луѓето постојано меѓусебно комуницираат, во кругот на своето семејство, со
пријателите, во работната средина, или на училиште, па дури и самите со себе.
Затоа, комуницирањето се доживува како нешто што е разбирливо, кое доаѓа
само од себе и не е потребно посебно вложување на напор, за да се научи и
истото да се унапреди. Сепак, комуникациските вештини се учат и можат да се
унапредуваат.
 Се комуницира само со зборови.
Луѓето понекогаш сметаат дека е важно само она што е со зборови
искажано, или пак комуникацијата ја поистоветуваат само со искажаниот збор.
Но, поголемиот дел од процесот на комуницирање се остварува невербално.
Пораки се праќаат и со движења на рацете, ставот на телото, надворешниот
изглед и со многу други невербални знаци.
 Комуникацијата може да се избегне.
Се верува дека комуникацијата е избегната доколку се сврти глава, доколку
се напушти просторијата, или не се искаже својот став. Со ваков став, се
занемарува улогата на невербалната комуникација, која во оваа ситуација
укажува на избегнување, неприфаќање, или негативен став кон предметот на
разговор, или кон соговорникот.
 Комуникацијата е семоќна и колку е поопширна толку е многу
повеќе позитивна.
Едната крајност на оваа предрасуда е дека со комуникација не може ништо
да се постигне, или измени, додека другата крајност и придава голема моќ на
комуникацијата и верување дека со неа може сè да се постигне. Исто така,
предрасуда е верувањето, дека колку повеќе комуницираме, толку повеќе
можеме да влијаеме на разрешување на несакани ситуации и конфликти.
Понекогаш е помудро привремено прекинување на комуникацијата, за да се
избегне продлабочување на судирот. Ова особено важи во процесот на
одлучувањето, кога преобемна комуникација може да доведе до замаглување
на проблемот.
4. НЕКОЛКУ ПРАВИЛА НА КОМУНИКАЦИЈАТА
 Некомуницирањето не е можно.
Кога две лица се наоѓаат на ист простор и можат да се видат не е можно да
не комуницираат. И кога молчат, и кога си вртат грб, го симнуваат погледот,
таквото однесување содржи одредена порака - не сакам да го продолжам
разговорот, или не сакам да го започнам разговорот.
 Секоја комуникација се состои од два аспекта: содржина и однос кон
соговорникот.
Тука се разликува она што фактички е соопштено и нашиот однос кон
соопштеното. Начинот на кој зборуваме за некоја тема, или начинот на кој го
гледаме лицето на кое му зборуваме, зборува за нашиот однос кон темата, или
лицето. Од односот кон соговорникот ќе влијае колку одредена содржина,
сугестија, или критика ќе ја прифатиме.
 Секој комуникациски тек има своја почетна точка.
Една порака може да биде испратена од его-состојба на Родител, Возрасен,
или Дете. Одговорот на пораката може да биде исто така од некоја од трите его-
состојби Родител, Возрасен и Дете. Поттикот и одговорот претставуваат една
трансакција, а трансакцијата претставува основна единица на комуникација.
 Одговорот на првиот поттик сега претставува поттик за нов одговор.
 Текот на комуникацијата може да се измени, односно да се избере
поттик од различна его - состојба.
 Трансакциите можат да бидат комплементарни, вкрстени и
скриени.
-Комплементарни трансакции најчесто препознаваме на родителски
состанок, или кога две лица зборуваат за некој трет, или критикуваат трето лице
(трансакција Родител - Родител); во деловна средина на пример, кога
разговараат двајца информатичари (трансакција Возрасен - Возрасен); кога се
забавуваат две деца (трансакција Дете - Дете); и кога мајката одговара на
потребите на своето настинато дете (трансакција Дете - Родител).
-Вкрстените трансакции се најчест извор на недоразбирања и конфликти
помеѓу луѓето. Едно лице (од една его - состојба) упатува реченица до друго
лице (кон друга его состојба). Тогаш не одговара повиканата его-состојба, туку
другата и при графичко прикажување на ваквата трансакција, векторите се
вкрстуваат, а во реалноста доаѓа до прекин на комуникацијата на ниво каде се
случило вкрстувањето. Пример: сопругот од его-состојба на Возрасен упатува
прашање до сопругата и до нејзиниот Возрасен: “Каде ми се клучевите?”
Сопругата доколку одговори: “Види на масата”-одговара со повиканата его -
состојба и тогаш се одвива трансакција Возрасен-Возрасен. Но, доколку таа
повредено одговори: “За се сум јас крива”, тогаш таа одговара од его-состојба
на Дете и на тој начин ја вкрстува трансакцијата.
 Комуникацијата се прекинува доколку се случи вкрстена
трансакција.
 Комуникацијата се остварува на вербално и невербално ниво.

5. ТРАНСАКЦИСКА АНАЛИЗА И ЕГО СОСТОЈБИ


Во почетокот на педесетите години од 20 - иот век, Ерик Берн ја промовирал
оваа теорија на личност која го добила името Трансакциска Анализа. Како и
секоја теорија на личност, таа има поедини аспекти слични на дугите теории кои
биле актуелни во тој период. И таа како и во тој период актуелната
психоанализа го има трипартитниот модел на опис на личноста, но за разлика од
психоанализата, Трансакционата Анализа според тврдењето на нејзиниот автор
тогаш, говори за триделен аспект на личноста, кој може да се забележи во
однесувањето на луѓето. Имено, воведување на поимот ЕГО - состојба,
всушност според Е.Берн, значело кохерентен образец на мисли и чувства
проследени низ соодветен начин на однесување. Тој разликувал такви три
засебни дела и ги нарекол:
- Его- состојба на Дете
- Его- состоја на Возрасен и
- Его - состојба на Родител
Сите три Его- состојби според неговото тврдење, а подоцна докажано и
применувано, биле засебни три потсистема во кои човекот од час на час влегува
и излегува. При тоа се менува на карактеристичен начин за соодветната Его-
состојба, мислењето и чувствата низ карактеристично однесување кое е видливо
и кое може да биде дијагностифицирано. Поради тоа, можно е ние да
препознаваме не само во која ЕГО-состојба сме, туку да препознаеме и во која
Его состојба е и другиот. На тој начин е возможно тогаш да се препознава
начинот на комуникацијата, но истовремено и да се предвидува. Тргнувајќи од
фактот дека сите луѓе на светот имаат ист број на Его состојби, било утврдено
дека луѓето кога комуницираат меѓусебно, всушност комуницираат низ
интеракција на нивните Его состојби. Начинот на кој на карактеристично се
вклучуваат и исклучуваат одредени Его-состојби во голема мерка ќе ја одреди
природата на таа комуникација и нејзините исходи.
Токму анализата на тој однос и трансакциите кои се остваруваат помеѓу Его
состојбите на луѓето во комуникацијата , одредиле и име за оваа теорија на
личноста: Трансакциона Анализа. Но за да знаеме кои и какви Его состојби
влегуваат во трансакции, корисно е да илустрираме мал осврт на содржината на
Его состојбите.
6. Его-состоја ДЕТЕ
Идејата за Его состојбите кај Берн поттикната е од истражувањата на
канадскиот неурохирург Пенфилд. Имено, тој за време на операциите додека
стимулирал одредени зони на кортексот, добивал информација од своите
пациенти дека тие како да се вратиле во своето детство. На истоветен начин
реагирале, чувствувале и мислеле. Дури и мирисите од своето детство ги
препознавале со таква свежина како тоа да се случува во моментот. Берн
констатирал дека информациите и доживувањата на човекот не се губат, туку се
организирани околу одреден кохерентен систем на однесување, мислење и
чувства. Она искуство кој секој човек мора да го помине е искуството на
неговото детство. Не постои ниту еден човек на планетата кој пред тоа не бил
дете. Токму искуствата, мислите и чувствата во врска со своите најрани
искуства, проследени со соодветно однесување, укажува на активно или
катектирана Его состојба на Дете.
Така во текот на животот човекот кога ќе почуствува манифестации кои се
присутни уште од неговото детство, кога ќе се почуствува осамен и слаб и ќе
размислува како кога бил дете, тој е во неговото Дете. Кога ќе се почуствува
среќен и задоволен и кога ќе сака тоа да го сподели весело и безгрижно со
своите пријатели тој е во својата Его состојба на дете. Кога ќе се уплаши од
силината на некој авторитет и во однос на него ќе превземе или одбранбено
адаптирана, или бунтовно адаптирана положба, како кога бил дете, тогаш
човекот е во своето Дете.
Кога е човекот во своето Дете тоа не значи дека е инфантилен, туку дека е
само активирано најраното искуство во врска со чувствата, мислењето и
однесувањето. Психичката енергија, доколку е адекватна или здрава, таа
адекватно катектира соодветна Его состојба во однос на ситуацијата или пак во
однос на катексата за време на комуникацијата. Но, доколку енергијата не може
да ја напушти некоја од овие Его состојби, а во конкретниот случај Его
состојбата на дете, тогаш зборуваме за проблем на катексата на психичката
енергија и последователно до проблем во трансакциите со другите.
Его состојбата на Дете може да се препознае преку карактеристично
однесување било да е тоа вербално или пак невербално (зборови, фацијална
експресија, држење и став на телото). Од друга страна самата наша реакција во
однос на некој човек, исто така може да ни укаже дали е тој во конкретниот
случај во Дете. Имено, доколку побудува Родителски импулси од било каков
вид (критички или негувачки), најверојатно тогаш се работи за Его состојба на
Дете. Его состојбата на Дете е најстара Его состојба на човекот токму од фактот
што најрано е развиена. Проблемот е што понатаму кога на сцена настапуваат
родителските влијанија кои имаат за цел да го социјализираат детето за да може
тоа поуспешно да ги прифати социјалните норми и да се адаптира на нив. По
одреден број на години, откако човекот ќе го социјализира своето Дете,
поминува потоа многу години повторно барајќи го своето изгубено во
социјализација слободно Дете. Имено, човекот и најмногу се разликува од
другите луѓе токму по манифестациите и особеностите на своето Дете.

7. Его состојба РОДИТЕЛ


Его состојбата на Родител се развива кај човекот токму под влијание на
родителските фигури кои учествуваат во социјализацијата на човекот од
почеток на неговиот развој. Ефектите од таа социјализација се индивидуални,
но во врска со тоа секоја индивидуа има искуство било со родителските фигури
или пак со соодветна родителска или авторитетна замена за нив. Градењето и
формирањето на Его состојбата Родител, рапидно најбрзо се развива во
детството и младоста, но практично никогаш не завршува нејзиниот развој. Ова
значи дека сите авторитети кои ги прифаќа човекот за свои, имаат удел во
градба на неговиот Родител. Во содржината на Родителот значи има пораки,
препораки, забрани, дозволи и многу веќе готови начини на гледање на
реалноста. Со дел од нив, индивидуата не се сложува и доколку има повеќе
такви во својот Родител често се случуваат манифестации кои можеме да ги
препознаеме како напнатост која е последица токму од внатрешниот конфликт
на неприфаќање на одредени пораки од својот Родител. Сепак постоењето на
Его состојбата Родител му овозможува на човекот соодветно и предвидливо
реагирање и делување во светот. Му служи за економија во активностите кои се
секојдневни и низ Родителот се пренесуваат ставови и мислења за кои
понекогаш човекот не е ниту свесен дека потекнуваат од оваа Его состојба.
Доколку сепак ваквите погледи не се во склад со фактичката реалност или
пак ја искривуваат сликата за светот и луѓето, тогаш зборуваме дека таквата
индивидуа не е во контакт со реалноста. или пак перцепира само некои нејзини
аспекти. (предрасуди и стереотипии)
Но, како и да е, човекот уште од своето најрано детство е под уплив на
родителското влијание и учејќи низ перцепција и интеракција, постепено го
гради својот Родител кој на почеток наликува на своите узори, а потоа напливот
на нови авторитети прави креативна Его состојба на Родител. Оваа Его состојба
има кохерентен начин на мислење и чувства слични на авторитетите кои ги
усвоил човекот и тие се манифестираат низ соодветен начин на однесување.
Его состојбата на Родител има два аспекта на делување без разлика дали е
тоа кон надвор или кон внатре. Тие два аспекта се:
- Критички и
- Негувачки
Од друга страна, овие аспекти можат да имаат своја позитивна или пак
негативна димензија во однос на контактот со реалноста. Така имаме два типа
на Негувачки Родител, позитивен и негативен. Има и два типа на Критички
Родител, позитивен и негативен.
И Его состојбата на Родител може да се препознава низ истите клучеви како
што се препознава Его состојбата на Дете, со тоа што Родителот има свој сет на
препознатливи бихејвиорални, операционални, историски и феноменолошки
знаци за да биде препознаен или дијагностициран..
Во Его состојбата на Родителот се вградуваат сите особености на
популацијата во која се развива една индивидуа. Токму значи и во Его
состојбата на Родителот можеме да ги наоѓаме сличностите и разликите помеѓу
одредени етнички, политички или пак други групи. Во принцип, оваа Его-
состојба е носител на мислите и чувствата манифестирани низ соодветно
однесување, кои се во тесна врска со разни верувања, очекувања и
предвидувања кои доколку не се во контакт со реалноста предизвикуваат
конфликти.

8. Его состојба ВОЗРАСЕН


Оваа Его состојба е најмлада Его-состојба кај човекот и најподложна е на
промени доколку условите на секојдневното живеење драматично се променат.
Имено, доколку е човекот во стрес, или пак доживува траума, тој го црпи
искуството токму од постарите Его состојби. Ова би значело дека токму тогаш,
кога Возрасниот ни е потребен во разрешување на одредени конфликти, можно
е да не биде катектиран. Со тоа човекот е подложен на слабо тестирање на
реалноста.
Уводното опишување на Его состојбата на Возрасниот, укажува на
значајноста на овој дел на личноста кај човекот. Така, Возрасниот е кохерентен
сет од мислење и чувства манифестиран низ карактеристично однесување кое е
во склад со реалноста и е во контакт со СЕГА и ОВДЕ. Манипулацијата со
реалноста, донесувањето на заклучоци и одлуки е во тесна врска со оваа Его
состојба. Доколку е човекот во оваа Его состојба тој е во ситуација да ги следи
своите желби и потреби, да ги споредува со специјалните вредности и дозволи и
во склад со актуелната ситуација да реагира на адекватен најоптимален начин
во зависност од она што е можно.

Препознавање на его состојбите, или нивно дијагностицирање


Систематизирана дијагностиката на Его состојбите може да се изведе на 4
начина. Секој од овие 4 начина има своја вредност и значение како во
дијагностиката така и во терапијата, сепак се чини дека првите два можат
полесно да се забележат и да се применат, додека третиот и четвртиот ни нудат
попрецизна дијагностика:
а) Бихејвиорална дијагноза
б) Социјална или операционалана дијагноза
в) Историска дијагноза

г) Феноменолошка дијагноза

А) БИХЕЈВИОРАЛНА ДИЈАГНОЗА

Бихејвиоралната дијагноза се поставува врз основа, пред се, на


набљудување, а според Берн и врз основа на интуицијата. („мал професор“).
Што најчесто се опсервира за да се постави дијагнозата на ова ниво?
- Држење и став на телото
На пример, круто и исправено држење со прст кој покажува, или мајчинска
свиткана фигура , можат да бидат манифестации од Его состојбата на Родител.
Наведнатата глава и слегнување со рамењата, можат да укажат дека се работи за
Адаптирано дете.
- Движења и изрази на лице
На пример, Така постои намрштен израз на критички Родител, весело лице
на слободно Дете, тажно расплакано дете, на онеправдано Адаптирано Дете,
сериозен и заинтересиран поглед на Возрасен. Гестикулација и инсистирање со
тропање со раката, на Родител, или упорно инсистирање и трескање со вратата
на бунтовно Дете, кое “пеца” критика, или остварување на комуникација.
- Глас
На пример, бојата и јачината на гласот, исто така може да укаже на
карактеристична катекса на поединечна Его состојба. Така луѓето можат
различно да го модулираат гласот, или да го пунктуираат говорот, т.е.
зборовите, во зависност од улогата која тогаш ја имаат, или од мотивот кој го
имаат во дадената комуникација. Исто така тоа може да зависи од активната Его
состојба која е активирана во соговорникот, на пример : Ако е соговорникот во
Возрасен и ја усмерува трансакцијата кон нас, после нашиот “трансакционен
избор”, најверојатно ке му одговориме исто од нашиот Возрасен со сталожен и
смирен глас.
- Речник
На приме, одредена употреба на одредени зборови е карактеристична за
поединечна Его состојба. Родителот за одедена појава кај некој би рекол
“детинест”, Возрасниот би рекол “како дете”, додека детето би рекло “супер”.
Постојат и карактеристични зборови на Родителот како “треба, мора, смее, не
смее”, на Возрасниот “во ваков случај, просечно, корисно, добро би било да се
разгледа и сл”, и кај детето “супер, сакам, не сакам, ке се обидам, не сакам и
сл”.
Б) СОЦИЈАЛНА ИЛИ ОПЕРАЦИОНАЛНА ДИЈАГНОЗА
Оваа дијагноза се поставува врз основа на нашите реакции ,однесуванје
и намери кои една индивидуа ги предизвикува кај нас, или пак кај другите.
Оние кај кои од анализата на нивното однесување можеме да констатираме
дека, тие, во поголемиот дел од времето ги привлекуваат луѓето да им
помагаат, да ги заштитуваат и сл. укажува дека тој човек е во Адаптирано
Дете.

Или, доколку некој почесто кај другите предизвикува отпор, бунт, негирање
и сл. или пак покорно сложување и послушност, тогаш таа индивидуа е речиси
сигурно во Его состојба на Критички Родител. Како пример може и да послужи
ова: Ако некој никако не можеме да го одбиеме, ниту пак можеме да му кажеме
да не ни помага, или пак, и покрај тоа што знаеме дека неговиот ангажман за
дадената ситуација е наполно неадекватен, тоа укажува дека тој е во Негувачки
Родител, а ние во Адаптирано Дете

В) ИСТОРИСКА ДИЈАГНОЗА
Во основа на оваа дијагноза се зема во предвид минатото. Ако во дадена
актуелна ситуација, човекот се чувствува слично, како кога бил дете (на пример
страв, радост, гнев) тогаш најверојатно е во Дете. Ако се забележите себе си,
дека гестикулулирате, или ги употребувате истите изрази како и вашите
родители, тогаш најверојатно сте во Родител.
Така во однос на оваа дијагноза, значајни се искуствата и траговите од
минатото кои на операционален начин сега во нова ситуација се манифестираат
на карактеристичен начин низ соодветна Его состојба.

Г) ФЕНОМЕНОЛОШКА ДИЈАГНОЗА
Оваа дијагноза се поставува врз основа на самонабљудување, или
интроспекција. На овој начин човекот може врз база на ова самопосматрање и
информациите и искуството кое го има, сам да утврди во која Его состојба
актуелно се наоѓа. Ова се користи како можност за личен раст и развој и во
ситуации, доколку е потребно, да се донесе некоја нова одлука. Но, одредени
аспекти од нашите Его состојби, потешко можат да се „довлечат во свеста на
Возрасниот“, па така се користат одредени техники кои помагаат за сега и овде
активација на некои аспекти од Его состојбата.

ТРАНСАКЦИИ НА ЕГО СОСТОЈБИТЕ


Комуникацијата може сега да се опсервира со концептот на Его состојбите
низ анализа на трансакции меѓу Его состојбите. Можеме да разликуваме
неколку типа на трансакции. Според насоченоста:
- Паралелни и вкрстени. Паралелни, кога векорите меѓу ЕГО состојбите се
паралелни и тогаш комуникацијата е оптимална. Вкрстени, кога векторите се вкрстени и
тогаш комуникацијата не е оптимална.
Според видливоста:
- Експлицитни и имплицитни.
Постојат и специјални трансакции кои се на посложен начин манифестирани.
Така доколку две индивидуи влегуваат во интеракција, всушност интеракцијата е
одредена од векторите на трансакциите помеѓу нивните Его состојби. Доколку се
векторите паралелни, тогаш комуникацијата се остварува непречено, или тоа значи дека
повиканата Его состојба упатува соодветна стимулација на соодветна Его состојба.
Векторите можат да бидат вкрстени што значи дека тогаш трансакцијата е вкрстена,
или дека повиканата Его состојба не одговара адекватно со адекватен стимулус на
адекватната Его состојба. Тогаш ова е состојба после која луѓето комуницираат низ
предвидливи обрасци на однесување наречени според Трансакциската Анализа - ИГРИ
кои водат кон остварување на однапред донесени одлуки на индивидуата за тоа какви се
луѓето и светот.

Ненасилна Комуникација

Вовед:

Што е конфликт? Конфликт е некакво силно несогласување помеѓу единките кои


комуницираат. Кога имаме силно несогласување, тогаш сме под емоции и немаме
тендеција да го сослушаме соговорникот, туку гледаме само како да си го одбраниме
сопствениот став, како да докажеме дека сме во право, и не се воспоставува
разбирањето помеѓу спротивните страни на разговорот.
Конфликтите генерално ни влијаат на 2 начини:
1. Ни трошат непотребна енергија
2. Ни ги нарушуваат односите со луѓето со кои комуницираме
Понекогаш може со саати да се расправаме за ситница која што може да се реши за
минута. Може да се расправаме саат време за кој да го фрли ѓубрето или слично, и пак
да не дојдеме до решение. А ако земеме предвид дека имаме поголем број на конфликти
со нашите блиски, тоа значи дека конфликтите ни ја нарушуваат хармонијата
највеќе во нашата блиска околина.
Па, што да правиме кога ќе се најдеме во конфликтна ситуација? За да можеме да го
решиме конфликтот, потребно е да ги разбереме потребите на засегнатите страни од
разговорот, а потоа откога ќе ги воочиме, да најдеме решение кое ги задоволува
потребите на сите страни. А како да ги разбереме потребите? Преку тоа што ќе ја
насочиме комуникацијата кон нив. Тоа е всушност поентата на Ненасилна
Комуникација.

Ненасилна комуникација (ННК) се фокусира на она што е заедничко за сите луѓе на


целиот свет. А тоа се човековите чувства и потреби. Без разлика на која религија,
нација, култура припаѓаме, сите ги имаме истите чувства и потреби. Различни култури
на раличен начин ги остваруваат потребите, но самите апстрактни потреби се исти.
Физиолошки и психолошки. Физиолошки како храна, вода, засолниште, и
психолошки, како слодоба, љубов, почит.
Проблемот во вообичаениот начин на комуникација е што често кога ќе се најдеме
во конфликт, имаме тенденција да анализираме кој е каков и и кој е што, кој е себичен,
кој е тврдоглав, кој е психопат. Многу ретко се обидуваме да си ги согледаме
сопствените и туѓите потреби. Така да ННК е модел на комуникација со кој наместо да
критикуваме и обвинуваме, вниманието го насочуваме на меѓусебните потреби и како
да најдеме начин на кој ќе ги оствариме.

Моделот:
Моделот се состои од 2 дела, и 4 компоненти. Двата дела се: Искреност и Емпатија.
Како искрено да се изразуваме, и како емпатично да слушаме. Секој дел е составен од
4те компоненти: Опсервација, Чувства, Потреби, Барање.

1 ДЕЛ: ИСКРЕНОСТ

Опсервација

Опсервација означува набљудување на нештата и појавите кои се случуваат околу


нас.

Зад.1: Замислете си личност со која имате некаков конфликт. Напишете една работа
која што таа личност ја прави а на вас не ви се допаѓа. Ќе работиме на една конкретна
постапка што таа личност ја направила, а на вас не ви се допаѓа.
Понекогаш е многу тешко да направиме опсервација, а да на ја помешаме со
евалуација. Според филозофот Кришнамурти: „Да набљудуваш без да даваш суд, е
највисоката форма на човечка интелигенција“. Во оваа компонента не кажуваме која
карактерна особина не ни се допаѓа кај таа личност, туку кажуваме точно која
постапка не ни се допаѓа. Учиме да разликуваме факти од мислења. Во принцип
повеќето од нас сме учеле да размислуваме во контекст на непријателски слики, што е
лошо а што е добро, што е коректно а што не кај другите луѓе. Тоа ја дисторзира
реалноста во која што се наоѓаме, па поради тоа често не успеваме да разликуваме
опсервација од евалуација.
Примери за евалуација:
Тој во последно време ретко ги мие забите.
Мартина вчера ми беше лута без причина.

Примери за опсервација:
Тој во последната недела само 2 дена си ги изми забите.
Мартина вчера ми се обрати со повишен тон и јас не ја знаев причината.

Изразување на чувства

Изразувањето чувства можеби е една од најнепосакуваните работи во денешните


општества. Ги третираме како нешто што создава дополнителни проблеми во нашата
секојдневна интеракција, па според тоа треба да „прегриземе јазик“ и да негираме дека
постојат. Луѓето кои ги изразуваат своите чувства ги нарекуваме „премногу
чувствителни“,
„нежни“, „мекотели“ итн.

Чувства се реакции кои се случуваат во внатрешноста на нашето тело. Тие ни даваат


информација за што точно се случува во нас. Според тоа ги делиме чувствата на
пријатни и непријатни. Чувствата ни даваат информација како ги перцепираме нештата
што се случуваат околу нас, во однос на тоа во колкава мера нашите потреби се
исполнети или не (за потребите како причина за нашите чувства подетално ќе
разговараме во наредниот дел).
Во овој дел учиме да ги „чувствуваме“ нашите чувства. Да научиме да препознаваме
прецизно што се случува во нас.

Во нашиот јазик често се случува да го користиме глаголот „чувствувам“, без притоа


да опишеме како се чувствуваме. Во тие случаи, многу често изразуваме мисла наместо
чувство.

Пример за псевдочувства:
Јас се чувствувам
неразбрано. Се чувствувам
игнорирано.
Чувствувам дека не ме сакаш.

Пример за чувства:
Јас се чувствувам повредено затоа што мислам дека не ме
разбираш. Се чувствувам разочарано затоа што мислам дека ме
игнорираш.
Се чувствувам тажно затоа што мислам дека не ме сакаш
Поентата е да ги одвоиме нашите чувства од нашите мисли.
Зад.2: Кога се случила таа ситуација што не ви се допаѓа, напишете како се
чувствувате во врска со тоа.

Превземање одговорност за нашите чувства

Не ги препишуваме нашите чувства на другите луѓе. Другите луѓе не можат да


направат да се чувствуваме некако. Центарот на нашите чувства се нашите потреби. Во
овој дел, нашите чувства ги препишуваме на нашите потреби. Потребите се
човекова движечка сила. Тоа се нешта што го одржуваат или збогатуваат нашиот живот.
Физичките потреби, како храна, вода, го одржуваат нашиот живот, додека
психолошките, како почит, признание, љубов, го збогатуваат. Тие како такви се
апстрактни, и немаат единствен начин на кој може да се остварат. На пример, можам јас
да продолжам да живеам и без некој од вас да ме почитува. Дури и никој да не ме
почитува, ако јас сам себе се почитувам, тоа би ми било доволно за мојата потреба од
почит да биде остварена.
Кога потребите ни се остварени, имаме пријатни чувства. Кога тие не ни се
остварени, доживуваме непријатни чувства.
Во оваа компонента, важно е да научиме 2 работи:
1. Другите луѓе можат да бидат стимул за нашите чувства, но никогаш не можат
да бидат причина за нив. Причина за нив се нашите потреби.
2. Да научиме да разликуваме потреби од стратегии. Потребите како што
напишав погоре се апстрактни, додека стратегиите се наши желби за како би
сакале тие потреби да си ги оствариме.
Бидејќи сите ние ги имаме истите човекови потреби, нивно искажување во секојдневната
комуникација не поттикнува да си ја согледуваме човечноста едни со други.
(Листа на потреби)
Зад.3: Откога напишавте како се чувствувате во врска со случката, напишете која
ваша потреба не била остварена во тој момент.

Барање

Откога ќе ги изразиме нашите чувства и потреби, критично е да поставиме


јасно позитивно барање во сегашноста со кое што нашите потреби би биле
остварени. Не сакаме да поставуваме барања од типот:
1. Желби за какви сакаме да биде некој: Сакам да бидеш
повнимателен, поодговорен.
2. Желби за што сакаме да престане некој да прави: Сакам да прекинеш да тропаш
на масата.
3. Желби за како сакаме да се чувствуваат луѓето: Сакам да се смириш.
4. Нејасни желби за што сакаме да направат другите: Сакам да ме разбереш, сакам
да ме прифатиш.
5. Желби во однос на тоа што би сакале другите да имале направено во минатото:
Сакам да имаше оставено од ручекот и за мене.

Наместо тоа, сакаме да кажеме која конкретна активност сакаме некој да ја направи
со цел нашите потреби да се остварат.

2 ДЕЛ: ЕМПАТИЈА

Од делот емпатија, најважно е да разбереме дека постојат само 2 вида на пораки кои
што луѓето ги изразуваат: „Те молам“ и „Фала“.

Те молам, се однесуваш на начин на кој што не допринесува за исполнување на


моите потреби.
Фала, направи нешто со што одредени мои потреби се исполнети.
Тоа се двете единствени нешта кои што луѓето ги кажуваат. Без разлика дали не
обвинуваат, пцујат, навредуваат, критикуваат, или па ни кажуваат комплименти,
пораките зад нивните искази се „Те молам“ и „Фала“. Пааа, наша задача во делот
ЕМПАТИЈА е да научиме да го слушнеме нивното „Те молам“ или „Фала“ зад нивните
пораки. Наша задача е да покажеме емпатија. Емпатија е „разбирање со почит за она
што другите го доживуваат/искусуваат“. Тоа претставува слушање не само со нашите
очи и уши, туку со нашето целосно битие. Тоа е целосно влегување во туѓа кожа, за
подлабоко да разбереме што им се случува на другите, а притоа да останеме во своите
чевли :)
Па, што и да ни одговори личноста за возврат, ние имаме за цел да ги разбереме
чувствата и потребите на таа личност.
Еден начин да го направиме тоа, е со поставување на прашањето: Дали се чувствуваш

(обидете се да погодите како се чувствува), затоа што имаш потреба од


(обидете се да погодите од што има потреба)?

Пример: Кога некој ќе ни одговори: „Ти си неодговорен!“ Ние да му одговориме:


Дали се чувствуваш загрижено затоа што ти треба доверба дека можеш да рачунаш на
луѓето околу тебе?

Од овој дел битно е да знаете дека покажување емпатија НЕ значи дијагностицирање


на туѓите чувства и потреби. Емпатија не значи дека мораме точно да погодиме што се
случува во другите. Емпатија значи покажување интерес за што им се случува на
другите. Дури и да не погодиме точно, подобро да погрешиме отколку да слушнеме
што другите мислат за нас. Всушност, никогаш не слушајте што другите луѓе мислат за
вас. Ќе живеете подолго :)

За крај, откога искрено ќе си ги изразиме сопствените потреби, и емпатично ги


сослушаме потребите на другите, можеме да почнеме да бараме решение за како да ги
оствариме потребите на сите страни :)

ШУМОВИ
МИК 1
Шум
1. Надворешен
2. Внатрешен (покомплициран) - прави проблеми и има неактивно слушање -Кога
слушаме информација, правиме многу повеќе отколку тоа (се обидуваме да
разбереме, мислиме на друга тема, имаме проблем...)

-За да биде комуникација мора да добиеме повратен одговор, сочинета е од


праќач, канал и примач

-Често на пола реченица знаеме што се збори, или мислиме дека знаеме, па
содржината ја филтрираме или слушаме тоа што сакаме и ни одговара
-Многу често се зазема одбранбен став при вербален напад или воопшто не го
слушаме и само трепкаме
-За ова да се реши треба повеќе да слушаме, да имаме активно слушање!
-Често се преправаме дека активно слушаме, климаме, а мислиме на друго.
-За да има активно слушање, најпрво треба да знаеме дали праќаме или примаме
-Емпатија - највисока форма на слушање (со срце, а не со уши или очи)
*Тоа што се повторува повеќе пати или се кажува последно, највеќе се памти
*Само 10% од тоа што го зборуваме е содржина
*Веднаш се заборава 50%, а по некој месец 75%, а 60% што ќе запамтиме ќе биде
точно, другото ќе биде по наше (реално само 10-15% се памти точно)
*Просечно време на внимание кај возрасен е 20 секунди, кај деца 10 секунди
*Одново и одново се враќа вниманието кај слушателите
Конфликт -Несогласување поради различни интереси
-Модел на ненасилна комуникација Три-нивовски модел на комуникација 1.
Егосостојба на дете - најстара (состојба во која сме поотворени кон чувствата, јасно
изразуваме страв, желба за игра, може и како возрасен да си во оваа егосостојба, се
препознава преку опсервација на невербалната комуникација) 2. Родител - под
влијание на родителски фигури, може директните родители или било кој човек што
има авторитет (состојба во која се однесуваме заштитнички кон некој, со 2 состојби -
критичка и негувачка, кои може да се позитивни или негативни, се препознава на ист
начин) 3. Возрасен - последна, рационално битие кое ги гледа состојбите и во
зависност од околината кажува став *Се појавуваат конфликти кога зборуваат две
различни егосостојби *Возрасен->Дете (Пр. Не прави така) а Дете->Возрасен (Пр.
Важи) - тука НЕМА конфликт, а ако детето кажеше пр. Ти ќе ми кажеш (егосостојба на
возрасен) - ИМА конфликт *Треба да се опсервира егосостојбата на соговорникот

МАЛКУ ПОИНАКВИ КОМУНИКАЦИИ

1. Еден спрема малку и Еден спрема многу (1:м и 1:М)

-Секој кој ја прима информацијата во себе треба да си ја декодира, да си замисли

-Ако еден човек се обраќа на 200, тешко е да се пренесе информацијата па треба да има помагала
како визуелизација (пр. преку технологија)

-Нема сите да запамтат се, предавачот треба да одбере што е најважно

-Историски гледано, луѓето имале потреба да кажат повеќе на поголем број луѓе кои биле или не
биле присутни, па затоа цртале по пештери, пишувале писма...
-Комуникација преку медиум е потешка, бидејќи тој што зборува не може да види преку изразот
на лицата на слушателите дали е разбран..

-Конвенциите кои се користат треба да се блиски за информацијата да биде разбрана и да остави


некоја емоционална трага (комуникација без медиум успева во тоа)

2. Од недоразбирање до конфликт и управување со конфликти

-Поради техниката на комуникација, нашите претстави..

-Ако конфликтот е во поголема група или преку медиум, не е баш лесно да се реши

-Конфликтите не се штетни, структурата за нивното разрешување треба да биде соодветна

-Луѓето избегнуваат конфликти бидејќи културата во рамки на некој тим не е добра, односно
луѓето во конфликт не се чувствуваат сигурно (се плашат од отказ, грижа на совест..)

-Конфликтот не треба да се стави под тепих за да не наштети на тимот, затоа што следниот пат
кога пак ќе се појави и не се разреши може да го распадне тимот

-Не треба да се молчи за да не се сфати дека се согласуваме

-Менаџерот треба да знае да работи со луѓе но и да биде компетентен

-Менаџерот не е секогаш лидер (а треба да биде), најчесто само сака да му биде завршена
работата

-Лидерот се грижи за добросостојбата на тимот затоа што знае дека така ќе му биде успешен

Пр. Во клас менаџер треба да биде наставникот, но некој ученик кој секогаш се бори за класот е
лидер

-Типичен извор на конфликт е омразата меѓу менаџерот и лидерот

-Лошо лидерство - лидер кој го решава тимот колку да се каже, без да внимава како тоа ќе се
одрази на тимот

-Фасилитатор - посредник кој знае да ги ислуша сите страни, знае да го управува процесот за да
дојдеме до негово надминување

-Тој не мора да е шеф ниту лидер, но лидерот треба да знае да назначи некој фасилитатор

*Стратегии за разрешување на конфликти

-Win - win стратегија (двете страни во конфликтот се чувствуваат како победници)

-Lose - lose стратегија (изгубиле)

-Win - lose стратегија (едната добива, едната мора да се откаже)

*Чекори во разрешување ако сме фасилитатор


-Да ги сослушаме двете страни

-Да ги видиме исходите

-Да најдеме решение

-Да го имплементираме

3. Раскажување приказни

Пример за лидер: Хитлер (луѓето мислеле дека има чиста визија, интегритет)

-Луѓето се обединуваат околу приказни (религија, бренд, убедување за факс)

-Техника која обезбедува еден човек да комуницира со маса луѓе кои треба да се препознаат себе
во неа преку нивните искуства

-Приказните лесно се пренесуваат и овозможуваат да станеме добри лидери (ако тимот верува во
иста приказна, ќе биде успешен)

-За разлика од фактите, приказните имаат многу важна емотивна компонента (среќа, еуфорија,
страв)

-Емоции се пренесуваат преку приказни, уметнички творби, филмови, музика..

-Нашето претходно искуство се поклопува со исходот од приказната

-Прво треба ние да веруваме во некоја приказна за да ги убедиме другите, кои доколку не се
согласуваат треба да ги убедуваме со аргументи

-Социјалните мрежи овозможија многу лесно да се пренесуваат приказни (секојдневно сме


изложени на нив)

-Има приказни во кои веруваме или не, сакаме да веруваме или не - ние бираме

4. Предрасуди

-Кога ќе се сретнеме со човек кој не верува во истата приказна, се среќаваме со предрасуди

Пр. Христијанин со муслиман, македонци со албанци, Епл со Андроид

-Сите луѓе кои не веруваат во нашите приказни ги поистоветуваме со еден ист лик, градиме
стереотип и предрасуди

-Ако веруваат во друга приказна не значи дека не можеме да работиме со нив, или пак дека за
друга приказна ќе се сложиме

-Ако не ни се допаѓа некоја приказна онлајн, имаме опција репорт, блок, дислајк

-На тој начин се гетоизираме (бегаме од други светогледи, мислења и сме опкружени со постојано
исти информации кои не значи дека се вистинити)
-Ова го искористуваат социјалните мрежи, ни пласираат информации што ни се допаѓаат и ни
пласираат нови

5. Научна комуникација - меѓу луѓе од иста област (програмер - програмер) и не се разбрани од


другите луѓе

-Ако двајца научници знаат некои информации важни за човештвото а не знаат да ги пренесат -
ЛОШО

Пр. На Оксфорд сите вработени се поканети на вечера и не смеат да си ги сменат местата на


седење, седат луѓе од различни области (Нобеловец со градинар)

-Мора да прават муабет меѓусебно за да добијат нови погледи на светот

6. Култура - мерило за идентитет

-Начин на облекување, стил на музика, филмови

-Вредностите кои културата ги создава треба да претставуваат добро за заедницата (затоа нема
закон)

-Ако се злоупотребат, треба соодветно да се казнат според закон (не се случува)

-Ако групата на луѓе или системот не е географски, туку е дефиниран од технологијата, се губат
општествените ограничувања

-Вака можеме да комуницираме со светот и сами да си заклучиме кои се добри вредности и


норми

-Културата носи вредности кои не штетат на заедницата!

-Различни не прави нашето знаење, можности на учество

7. Медиуми

-Дигиталната заедница може да не натера да шириме негативни лажни вести (манипулација)

-Медиумите служат за пренос на информација од областа на забава, едукација, вести, бизнис,


политика и нивна комбинација

Пр. Политичка информација ако се пренесе во форма на забава ќе стане вирална и ќе почнат сите
да веруваат во неа

-Медиумска писменост - да се пристапи до дигитална содржина, да се анализира, евалуира и


пренесе (4 елементи)

-Треба да пренесуваме со поента, а не за повеќе лајкови или слично

*5 закони

1) Секоја информација е еднаква,


2) Луѓето ја креираат и затоа мора да сфатат дека имаат право и да веруваат во неа или не,

3) Не секоја информација е неутрална и заштитена од предрасуди,

4) Луѓето треба да знаат да ја разберат и пренесат правилно,

5) Ова е процес кој не може да се постигне од еднаш (колку и да мислиме дека знаеме сме
подложни на влијанија)

-Кога анализираме информација треба да се запрашаме зошто стигнала до нас информацијата

МИК 3 - РАЗВОЈ НА МЕДИУМИ

ШТО Е МЕДИУМ
-Средство за пренос на информација.

-Во рамките на нашиот предмет тоа ќе биде некаква технолошка платформа. -


Технологијата освен што ја врши функцијата (пренесува информација), со своите
карактеристики влијае на ефектите од тој пренос на информација. -Медиумите имаат
влијание врз различни општествени појави.

ЕФЕКТИ ОД ПРЕНОС НА ИНФОРМАЦИЈА


-Опсег на извори на информација (кој е, колку има).

-Опсег на примач на информација.

-Брзина на пренос.

-Веродостојност на информација (дали се менува при пренос).

-Можност да се менува информацијата.

-Потреба за толкување (дали треба да се објасни).

-Потреба за информацијата помеѓу консументите. -Интерес за


информацијата помеѓу консументите.

-Цена (за пренос).

-Начин на кој се мери информацијата (со кој клучен збор се опишува медиумот).

ОПШТЕСТВЕНИ ПОЈАВИ
-Образование (во времето на Сократ се шетале и си раскажувале, Аристотел правел приказни, се
цртале цртежи за пренос на следни генерации, денес не е така).

-Вести (имало голема поплава, сакаме да ги информираме идните генерации дека може да се
случи пак, значи треба да смислиме легенда, да направиме приказна).
-Бизнис (колку вредат некои добра кои ги имаме, таа информација да ни послужи за да ги
размениме тие добра со други, па како да ја зголемиме нивната вредност со помош на
маркетинг).

-Политика (групни цели, информации за целите кои не обединуваат).

-Општествено уредување (какви се законите и кои се, дали се променети, како да се однесуваме
во рамки на заедницата).

*Постојат или може да се развијат бидејќи има пренос на информации.

ФАЗА 1 - НЕМА МЕДИУМИ


-Луѓето сеуште немаат измислено ниту цртање по пештери а не пак медиуми, само зборуваат меѓу
себе.

-Многу долга фаза, трае милениуми, информацијата е многу важна за следните генерации и затоа
треба да остане што подолго.

-Еден човек раскажува на еден друг човек (1 извор и 1 примач/консумент).

-Кога ќе го нема оригиналниот извор, можеме да ја промениме информацијата (можеби условите


се смениле, треба да се прилагоди на денешните) - генерациско менување.

-Потребно е некој да ни ја протолкува информацијата од општествен контекст. -Ние треба


да веруваме во приказната, т.е да му веруваме на изворот.

-Водачи во заедницата се тие што ја толкуваат, значи цената е голема.

Пр. Информација која опстојува со милениуми е поплава (легенда за Ное), приказна за настанокот
на светот (подложна е на толкување, не е научно докажана).

-Дури и контекстот на информацијата може да се измени, но сепак поплавата постоела.

-Може да се пренесува и на 10-50 луѓе, ама во споредба со денес тоа се сведува на 1-1. -Мерката
за информацијата е колку време таа е актуелна, колку време луѓето веруваат.

ВТОРА ФАЗА - ТРАДИЦИОНАЛНИ МЕДИУМИ


-Машина за печатење на Гутенберг за репродукција на текст (тоа што порано се пишувало на рака
во цркви, сега се печати и може да се напише голем број на книги). -И овие медиуми траат долго
време, со векови - книги, весници, ама остануваат и приказните - само се поубаво структурирани,
пример во претстави, песни (музика и театар постоеле и претходно, но сега се доминантни).

-Еден извор и малку примачи/консументи (повеќе од претходно, сите што знаат да читаат и имаат
пристап до книгите ја примаат информацијата).

-Спора брзина, голема веродостојност, се менува ама потребен е процес (треба некој да влијае на
тој процес, финансии, политика и тн).

-Потребно е толкување, ама се јавува потреба за да нема потреба од толкување (сами да си


читаме весник и да го разбереме тоа што го читаме).
-Голема цена (критични ресурси), а мерката е квалитетот (кој има право да издаде книга).

Пр. Библијата - најпечатена книга.

-Со печатењето на книги, напредува образованието, не е поврзано само со религија туку повеќе со
наука.

-Бизнисот добива нова форма, се печатат пари. Политиката се менува, тие што имаат пристап до
печатење влијаат врз населението.

-Од феудално уредување во заедници кои може да формираат држави.

ТРЕТА ФАЗА - ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ


-Радио, ТВ, филм, вести во дигитална форма.

-Траат десетици години (претходно векови, милениуми) - скратена должина на доминантност на


медиум.

-Еден извор и многу примачи (на големи географски растојанија).

Пр. Во прва фаза ако имало земјотрес во Кина, ние во Македонија нема да дознаеме. Во втора
фаза ако се случи тоа, можеби ќе дознаеме. Во трета фаза сигурно ќе дознаеме, ама тоа ќе биде
контролирано од факторите на моќ.

-Подложна на влијание, филтрирањето зависи од факторите на моќ, тешко се менуваат, не е баш


потребно толкување, интересот е голем, цената е голема (остануваат претходните медиуми, ама
сега овие се подоминантни). Мерката е брзината на пренос. -Не е променето образованието и
општественото уредување (останаа во фаза 2), туку вестите, бизнисот, политиката.

ЧЕТВРТА ФАЗА - НОВИ ДИГИТАЛНИ МЕДИУМИ


-Се мери во години (декади), во текот на животен век, сеуште се живи луѓе кои се родиле во
претходната фаза и за нив е конфузно.

-Малку извори (повеќе од претходно, тие што знаат да направат веб страни, подкасти) и малку
примачи.

-Голема брзина, индивидуална веродостојност, лесно се менуваат, непотребно е толкување (што


е можно поразбирливи се), потребата е релативна (бараме тоа што сакаме да прочитаме), има
релативен интерес, помала цена. Мерката е популарност. -Се појавуваат Интернет портали кои
ги уништуваат печатените весници, а популарноста ја градат со тоа што пишуваат за поинтересни
настани - сменет е начинот на перцепција на медиумите.

-Образованието не е променето, вестите се сменети малку ама пак се во фаза 3, бизнисот не е


сменет, ниту политиката, а општественото уредување е малку сменето (не може ниедна
комунистичка партија да контролира која држава што ќе дознае, се јавуваат држави кои го
диктираат).

ПЕТТА ФАЗА - СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ


-Се мери во месеци, па може и пократко.
-Градење на култура преку вмрежување, треба да сме дигитално писмени, но и медиумски
писмени - да сфатиме дека информациите лесно се менуваат, на луѓето од тоа им зависи
бизнисот, политичкото уредување.

-Многу извори и многу примачи, многу голема брзина, мала веродостојност, лесно се менуваат
информациите, релативен накај мал интерес (многу информации), цената е практично бесплатна
(треба телефон и Интернет, ама тие станаа основни добра). Мерката е влијателност (сите сакаат да
се инфлуенсери).

-Образованието не е сменето (иако книгите се ПДФ), вестите станаа дигитални ама не сменија
фаза (3), политиката се смени (ги гетоизираат нивните гласачи - фаза 4,5), бизнисот не е сменет,
општественото уредување не се знае (политичари доаѓаат на власт бидејќи се популарни).

ПОПУЛАРНИ МЕДИУМИ
-Немаат превод на македонски, имаат различни карактеристики и цели.

-Youtube, Miniblogs, Story (Instagram, Facebook), Microblogs (Tiktok, Chatbots, Messenger, Snapchat).

ПРИМЕР - ПАНДЕМИЈА
-За да разбереме, треба да сме писмени (а не да водиме теории на заговор). -Да бидеме
дигитално писмени и медиумски писмени (за да дојдеме до веродостојни информации).

***Кога луѓето живеат во некаква заедница, комуникацијата е преку групирање со цел да се


оствари заеднички интерес.

-Ако сакаме да сме популарни на Тикток, постојано ќе сме оптеретени со правење содржина и
нема да имаме време да размислуваме за глобалното затоплување.

ГРАЃАНСКА - ПАРТИЦИПАТИВНА НАУКА


-Делумно или целосно водена од аматерски групи на граѓани, има соработка меѓу учесници и
научници.

Пр. Википедија - најголем и најраспространет проект и Recaptcha (за проверка дали си робот).

Пр. Фејсбук од нашите хештези прави граѓанска наука за комерцијални цели.

МИК 5

Наратологија
-Раскажување приказни од кои сме зависни, уште од детството имаме потреба од нив.

Конфликт
-Ја поттикнува приказната.

-Некој има одредена цел, но некој или нешто му стои на патот.

-За да може приказната да биде приказна, треба да има барем еден главен конфликт.

-Видови конфликти: физички, социјални, емотивни.


-На секое сака, следува по едно но (постои пречка).

-Кога ќе се решат сите конфликти, приказната е потрошена.

-Без нерешен конфликт што го поттикнува искуството, публиката смета дека не е во


вистинска приказна. Брзо се губи трпение и интерес, а потоа и публиката. -Игра без
предизвици, цели или пречки тешко може да се нарече игра.

Структура од три чина -Аристотел.


-Еден од најстарите модели на приказни.

-Едноставна, временски тестирана основа, која ја среќаваме секаде - од антички трагедии до


најпродавани трилери, од хитови на Бродвеј до рекламни спотови од 30 секунди.

-Трите чинови се: почеток, средина и крај.

-Чин 1 (поставување): вовед, пред да се претстави главниот конфликт, се запознаваме со


хероите, добиваме чувство за неговата моментална животна ситуација.

Дали е потребен овој чин? -ДА!


-Чин 2 (конфронтација): херојот конечно почнува да го решава конфликтот, тука ги гледаме
пречките со кои ќе се соочи и како ќе успее да ги надмине. Го запознаваме и изворот на главниот
конфликт.

-Чин 3 (разрешница): најочекувано од публиката, херојот го гледа крајот, прави максимален


напор да го реши конфликтот и или успева или не (среќен или несреќен крај). Тажните краеви се
одбегнуваат бидејќи ја разочаруваат и разлутуваат публиката. *Кај игрите структурата е
поразлична, бидејќи играчите немаат трпение да слушаат воведи, туку се директно спремни за
игра.

*Во денешните игри, овие три чина ги има во микро форма.

● Кога се раскажува приказна, треба да се раскаже од сите страни!

МИК 6

Мономит
-Подетална анализа од структурата од три чина, опфаќа и структура и карактери. -Низ историјата
има многу митови, се развиле многу митологии, од антиката човекот пробува да си ги објасни
нештата преку нив.

-Од пред половина век (претходната е 4 век п.н.е).

-Архетипови (карактери кои се повторуваат во приказните) и структура (12 етапи, патешествија на


херојот, како часови од часовникот).

Кратка историја
-Автор е Јозеф Кембел (американски митолог и писател), со неговата книга ,,Херој со илјада лица”
- 1949 година, под влијание на психо - анализата (психологија, психијатрија), базирана на Јунк и
неговата теорија за постоење на архетипови во реалниот живот, како психолошки типови на луѓе,
тој ги преточил во приказните.

-Ритам на приказната = структура на приказната.

-Џорџ Лукас под негово влијание го развивал ,,Војна на ѕвездите” - 1970 година, пред тоа не биле
толку прифатени.

-,,Кралот лав” е произлезен од прирачникот на Воглер, од страна на Кемпбел.

-Мономитот денес се користи од креативци за филмови, ТВ, романи, стрипови, претстави.

Архетипови 1. Херој
-Протагонист (прв актер на грчки) и главен лик, единствен кој мора да се појави во
приказната.

-Примарна функција е да го реши (или да се обиде) главниот конфликт.

-Кај игрите, херојот е ликот на играчот.

-Во ,,Војна на ѕвездите”, херој е Лук Скајвокер.

2. Гласник
-Му го најавува главниот конфликт (или неговиот потенцијал) на Херојот.

-Во минатото гласниците биле луѓе облечени со хулахопки и пердуви, а во модерно време
тоа може да е ТВ-вест, телефонски повик, веб, СМС.

-Во игрите, улогата на гласник може да е исполнета со NPC (карактер што не е играч) или
со самиот UI (кориснички интерфејс), или да отсуствува целосно.

-Во ,,Војна на ѕвездите”, гласник е Р2-Д2.

3. Ментор
-Учител и советник, постар, помудар, поискусен од Херојот, да му пренесе знаење.

-Порано биле со сива коса, брада, носеле наметки, сега се помодерни.

-Функциите и улогите на менторот се:

1) Настава - важни совети, знаења, вештини, обука за успешно решавање на


главниот конфликт и многуте под-конфликти на патот - когнитивно
2) Подароци - алатки, моќни орудија (меч кој ќе му служи за решавање на
конфликтот)
3) Мотивација и совест - психолошко
4. Кучиња - чувари
-Херојот прво налетува на нив, првите негативни ликови, го блокираат напредокот на
Херојот.
-Работат под директен или индиректен надзор на негативецот (полтрони, послушници,
ликови кои не мислат со своја глава туку се раководени од повисока сила).

-Обезбедуваат под-конфликти за Херојот.

5. Измамник / Илузионист
-И најинтензивните конфликти имаат потреба од хумор (дури и во трагедии).

-Може да биде таинствен, мрачен, несмасен, раскошен.

-Може да бидат и повеќе, но обично е еден лик. -Во


,,Војна на ѕвездите”, ова е Р2-Д2 и други.

6. Дуплер
-Го менува обликот, од човек станува животно или обратно, како трансформер.

7. Негативец
-Поттикнувач на флавен конфликт, скоро секогаш олицетворен во еден лик. -Последен
предизвик за Херојот.

Структура на приказната

-Има кружен тек, за разлика од тро - чинката на Аристотел која беше праволиниска. 1)
Обичниот свет
-Се запознаваме со херојот во контекст на неговиот редовен живот, обичен свет. -Херојот е
запознаен и удобен во ова место, но копнее по нешто повеќе и затоа се чувствува
несиполнет, заробен.

-Сака да најде нешто поради кое ќе излезе од својата комфор зона. 2)


Повик за авантура
-Идентично со поттикнувачки инцидент, ако има гласник ќе го соопшти главниот конфликт
на Херојот.
-На публиката тука и е јасно дека нема да остане Херојот уште долго во комфор зоната.

3) Одбивање на повикот
-Откако ќе го дознае конфликтот, Херојот веднаш ќе одбие, тоа не е негов проблем.

-Тука некој треба да го притисне Херојот и да го убеди да се посвети на конфликтот.

4) Средба со менторот
-Херојот се среќава со Менторот кој ќе го охрабри да го преземе предизвикот и можеби ќе
му даде подароци.

-Ако Херојот одбие, Менторот ќе го убедува додека не прифати. 5)


Преминување на првиот праг
-Идентично како ПП1 од структурата со 3 чина, точка во која Херојот прифаќа да го започне
своето патување и решавање на главниот конфликт (излегува од комфор зоната, влегува
во царството на непријателот). -Нема назад, приказната зема поголема брзина.

6) Тестови, сојузници, непријатели


-Прво поголемо дејство во 2 чин од структура од три чина.

-Поразени се помали непријатели, но не сме стигнати до главниот негативец.

7) Пристап кон најголемата пештера


-Влез во најопасното место во играта/филмот/приказната. -Местото на
разрешување на големиот конфликт, дури и главниот,
спасувачка/ризична операција.

8) Врховно искушение
-Расплет, 3 чин од структурата од три чина.

-Стомакот на ѕверот.

9) Награда
-Ако ја заслужил, ќе ја добие тука, но може да има неочекуван пресврт. 10)Патот
назад
-Тука е тој пресврт, Херојот мора да бега од непријателот и успешно да се врати во комфор
зоната со својата награда. 11) Воскресение
-Тука мислиме дека Херојот е поразен од непријателот кој оживеал и мора да го
убиеме пак, но сега е потешко. -Но пак има пресврт, Херојот победува.

12)Враќање со заслужениот еликсир


-Добрите се наградуваат со бесмртност, лошите се казнуваат.

● Почнува и завршува на исто место, но не во исто време!


● Колку е покомплицирана приказната, толку е подобра - постојано да се додава
гориво (конфликти, заплети).

Раскажување приказни и заедници


-Заедниците се обединуваат преку приказни.

-Раскажувањето приказни е еден од најефикасните начини за пренос на личното видување на


реалноста од раскажувачот кон слушателот.

-Приказните служат за поттик, поврзување и мотивирање на заедницата.

Раскажување приказни и психологија


-Луѓето реагираат на приказни, не на информации.

-Приказните полесно се помнат.

-Приказните предизвикуваат емотивни реакции.

Впечатливи приказни
-Да има лична нота (за емотивна врска), да има поента (со вредност), да не биде клише (за да
нема обратен ефект), да не се премногу комплексни (за да се разбрани правилно), да користат
описи за интеракции (за да се вклучат слушателите).

Перспективи на приказната
-Секоја приказна има повеќе перспективи, и повеќе начини на раскажување во зависност од тоа
кој ја раскажува, во кое време, поентата, креативноста.

Како да се раскаже приказна -Што


е приказната?
-Зошто се раскажува?

-На кого се раскажува?

-Како се раскажува? - на еден или повеќе медиуми

Поделба на приказна
-Лична (интервју)

-Групна (компанија, продукт, партија, религија)

-Заедничка (образование, вредности)

Херој
-Што го прави херојот херој?

-Како станал херој?

-Што го тера да биде херој?

-Што е неговата слабост?

-Кој е неговиот непријател?

Типични заплети
-Победи го чудовиштето

-Од сиромав до богат

-Заминување и враќање

-Потрага

-Комедија

-Трагедија

-Повторно раѓање

● Кога најмалку очекуваме, наместо позитивно завршува трагично.

You might also like