You are on page 1of 211

Сензорна интеграција за деца

со посебни потреби

Елизабет Шафер, овластен окупационен


терапевт
“Сите деца сакаат да си
играат, некои само не знаат
како”
Елизабет Шафер
“Нарушувањата од
Аутистичен спектар и
многу други дијагнози во
текот на детството можеби
не се излечливи, но може
да се третираат“
Окупациона терапија
• Окупационен терапевт – САД и Британија
• Егротерапевти – Грција, Турција, Австрија и Бугарија
• Светската здравствена организација (СЗО): Професија
поврзана со промовирање на здравје и благосостојба
преку ангажирање во одредена активност.
Професионална позадина
• Поморска болница на САД, Неапол, Италија – Главен окупационен
терапевт во службите за рана интервенција и училишните служби
• Поморска болница на САД, Неапол, Италија – Менаџер за
промовирање на здравје
• Терапевтски интервенции на Џорџија, Inc., Аугуста, Џорџија-
Окупационен терапевт за приватна клиника, соработник
• Болница „St. Joseph“, Аугуста, Џорџија- Окупационен терапевт
• Центар за рехабилитација „Интерна“, Аугуста, Џорџија- Окупационен
терапевт
• Регионална болница во Лорел, Лорел, Мериленд– Окупационен
терапевт
• 2001 год. магистрираше на Одделот за Здравје и Рехабилитациона
Наука на Универзитетот во Питсбург
• Државен Универзитет на Пенсилванија, оддел за додипломски
студии 1998 год
Обука
• Опсежна програма за сензорна интеграција, USC/WPS, 2010 год.
• Интервенција за сензорна интеграција, USC/WPS, 2009 год.
• SIPT: Од интерпретација до интервенција, USC/WPS, 2008 год.
• Администрација на сензорна интеграција (SIPT), 2007 год.
• Невробиолошки основи на теоријата на сензорна интеграција,
2007 год.
• Аутизам 101: Правиме разлика, 2007 год.
• Метод на хранење при што детето се гледа како целина, 2005 год.
• Вестибуларна рехабилитација: Рамнотежа, 2005 год.
• Вестибуларна рехабилитација со Г. Кронин (G. Cronin), 2004 год.
• Електрични и термални методи за окупациони терапевти, 2003 год.
• Јинг и Јанг на електричните методи, 2003 год.
• Годишната конференција на Американската асоцијација за окупациона
терапија, 2000 год.
• Годишната конференција за окупациона терапија во Пенсилванија, 2000
• Семинар насловен „Пишување без солзи“, јули 2000 год.
Нова улога
• Мајка на две машки деца
• На возраст од 3 и пол и 2 години

• Постариот син дијагностициран со аутизам на 2 и пол


години
Вообичаени фактори во
успешните приказни
Рана идентификација и интервенции
Интервенции од страна на обучени
професионалци
Вклученост и голема поддршка од
родителите
Рани предучилишни интервенции
Биомедицински интервенции
Третмани признати од
организација Аутизмот зборува
(Autism Speaks)
• Терапија за говор и јазик
• Окупациона терапија
• Терапија за сензорна интеграција
• Систем на комуникација со размена на слики (Pecs)
• Применета бихејвиорална анализа (ABA)
• Терапија за основни реакции (Pivotal response Therapy)
• Физикална Терапија
• Терапија за аудитивна интеграција
Терапија или интервенции во
продолжение....
• Вербална бихејвиорална терапија
• Floortime (DIR)
• Интервенција за развој на социјални вештини (RDI)
• Обука и едукација на деца со аутизам и со поврзани
потешкотии во комуникацијата (TEACCH)
• Социјална комуникација/Емоционална Регулација/
Трансакциона Поддршка (SCERTS)
• Son-Rise програмата
Сензорна
сензорна
интеграција
интеграција
Цели
• Да се изнесе теоријата на сензорна интеграција

• Да се разберат различните типови на дисфункција во


сензорното процесирање и поврзаните дијагнози

• Да се сфати влијанието на потешкотиите во


сензорното процесирање врз изведбата (на пр.,
движење, учење, однесување)
Цели
• Да се научи како да се проценат областите на дисфункција
кои предизвикуваат задоцнувања во сензорното
процесирање и стекнувањето на вештини
• Да се откријат однесувањата кои укажуваат на проблеми
со сензорното процесирање
• Да се разбере како да се изберат, состават и распоредат
активности за игра со користење на принципите на
теоријата за сензорна интеграција
Цели
• Да се запознаеме со сензорни стратегии кои му помагаат
на детето со потешкотии во модулацијата и
дискриминацијата

• Да се дискутираат достапните ресурси за помагање на


децата да ја сфатат самоконтролата на сензорното
процесирање

• Да се користат лесно достапните ресурси за да се создаат


програми за сензорна диета
Ставете се во кожата на
вашето дете
Сензорна интеграција
• Се однесува на невролошкиот процес која ја организира
сензацијата од сопственото тело на лицето и од околината.

(Милер и Лејн (Miller & Lane), 2000г. )


Зошто теорија на сензорна
интеграција?
• Знаењето околу сензорното процесирање може да
обезбеди одредени индикатори кои ќе ни помогнат да
интерпретираме конкретно однесување и некои
потешкотии при извршување на одредени задачи.
• Тоа може да се користи за да му се помогне на детето да
надмине одредени пречки во развојот за да биде
поуспешно во секојдневните искуства.
Краток преглед на сензорната
интеграција
• Во 1963 год. Џин Ајрес (Jean Ayres) (ОТ) за прв пат го
воведува терминот сензорна интеграција.
• Сензорната интеграција не може да се забележи; ние
можеме да забележиме само недостатоци во изведбата и
однесувањето.
• Ние претпоставуваме дека таа постои врз основа на
знаења од неврологијата.
Теорија на сензорна
интеграција
• Нормалниот невролошки
процес за организирање на
сензациите за нивна употреба
во секојдневниот живот.

• Сензорното процесирање е
несвесен и важен аспект од
нормалната мозочна функција
кој ни овозможува да примаме
и разбираме различни
сензорни стимули кои
потекнуваат од нашето тело и
околината.
Теорија
• Учењето зависи од способноста да се прими и обработи
сензација од движење и од околината и истата да се
искористи при планирање и организирање на
однесувањето.
• Лица со намалена способност за обработка на сензација
исто така имаат потешкотии при реализација на соодветни
дејствија, што последователно може да влијае врз учењето
и однесувањето.
• Зголемената сензација поттикнува адаптивно однесување
и интеракции, со што се подобрува способноста за
обработка на сензација, притоа подобрувајќи го учењето и
однесувањето.
Ref: Bundy, Murray and Lane (2002), Sensory Integration and Practice, p.11
Virginia Scardina. 1979 adapted from A. Jean Ayers
Основни принципи на
теоријата за сензорна

интеграција
Централниот нервен систем може да ја менува својата
структура во зависност од инпутот кој го прима и
идентификува како важен.

Теоријата на сензорна интеграција предлага дека промените во


нервниот систем се остваруваат преку проприоцепторни,
вестибуларни и тактилни инпути.

 Сензорната интеграција развива

Сензорна интеграција се употребува со цел на централниот


нервен систем да му се обезбеди дополнителен сензорен
инпут за да се помогне созревањето што нормално не се
случува.
Принципи

• Мозочните функции како интегрирана целина

Делови од мозокот стапуваат во интеракција меѓу себе, и на


кортикално и на субкортикално ниво и двата система се
меѓусебно поврзани и меѓусебно зависни.

• Адаптивните реакции се многу важни за сензорната


интеграција

Ние учиме од претходни искуства и успеси. Фидбекот исто


така помага да се доизградат посложени движења и
однесувања.
Прво ниво
Градежни единици
• Способност да модулира тактилни сензации преку кожата,
особено неочекуван, нежен допир, и да прави разлика
помеѓу физичките карактеристики на предметите со
помош на допирање на истите (сетило за допир)

• Способност да го прилагоди телото на промени во


гравитацијата, и да се чувствува удобно кога се движи низ
просторот (вестибуларно сетило)

• Способност да биде свесно за деловите од


сопственото тело (проприоцепторно сетило)
Градежни единици
• Способност да ги користи обете страни на телото заедно
на кооперативен начин (билатерална координација)

• Способност за успешна интеракција со физичката средина;


планирање, организирање, и изведување на низа
непознати дејства; да прави што му треба и што сака
(пракса)
Нарушување на сензорното
процесирање (SPD)
• Претходно познато како „Дисфункција на сензорна интеграција“
• Состојба која се јавува кога сензорните сигнали не се
организираат во соодветни одговори.
• Д-р А. Џин Ајрес, невролог и еден од првите окупациони
терапевти, го поврзува SPD со невролошки “сообраќаен метеж"
кој им попречува на одредени делови од мозокот да ги примат
информациите потребни за точно интерпретирање на
сензорните информации.

(Sensory Processing Disorder Foundation, 2010)


Уникатниот мозок на
Темпл Грандин
Нарушување на сензорното
процесирање (SPD)
• На лице со SPD тешко му е да
процесира и да дејствува според
информации примени преку
сетилата, што создава потешкотии
при извршувањето на бројни
секојдневни задачи.

• Ако нарушувањето не се третира


ефикасно може да се јават моторна
неспретност, бихејвиорални
проблеми, анксиозност, депресија,
неуспех на училиште, и други ефекти.

(Sensory Processing Disorder Foundation, 2010)


Што се случува при
нарушување на сензорното
процесирање
• Нервниот систем на детето може да не прима
или детектира сензорни информации
• Мозокот може да не интегрира, модулира,
организира, и дискриминира ефикасно
сензорни пораки
• Неорганизираниот мозок може да испраќа
погрешни пораки за да ги насочи постапките на
детето.

• Лишено од точен фидбек, тоа мора да се


однесува на определен начин, може да има
проблеми со гледањето и слушањето,
вниманието, интеракцијата со луѓе и предмети,
процесирањето нови информации, помнењето
и учењето. (Kranowitz , 2005 )
Можни причини за SPD
• Генетска или наследна предиспозиција
• Пренатални околности
- хемикалии, лекови, или токсини апсорбирани од
фетусот
- вируси, емоционален стрес
- раѓање повеќе деца
• Предвремено породување или мала тежина
при раѓање
• Траума при породување
• Постнатални околности
- загадувачи од околината
- злоупотреба или траума
- недоволна стимулација или ограничени можности за
движење, игра и интеракција со други лица,
• Непознати причини
Ризична популација
Една извршена студија покажува дека SPD влијае врз
секојдневниот живот на најмалку едно од 20 деца.
(Ahn, Miller, Milberger, McIntosh, 2004 год.)

Друга студија заснована на популацијата укажува дека


едно од шест деца искусува сензорни потешкотии
доволни за да го нарушат нивниот академски,
социјален, и/или емоционален развој.
(Ben –Sasson, Carter, Briggs-Gowen, 2009 год.)
Ризична популација
• Аутистичен спектар на нарушувања – во едно
истражување е заклучено дека 95% од децата со ASD
покажуваат одреден степен на дисфункција на
сензорното процесирање утврдено преку Short Sensory
Profile прашалникот.
(Tomcheck & Dunn 2007)

• Истражувања со помош на аутопсија на мозоците на


деца со аутизам откриле атипичен развој во области на
мозокот кои се важни во процесот на сензорна
интеграција.
Студии
• Студиите на Медицинскиот Факултет при Универзитетот на
Вашингтон и Факултетот за Медицина при Универзитетот од
Питсбург во 1998 заклучиле дека има намалување на
волуменот на амигдалата и хипокампусот кај луѓето со
аутизам, особено во соодност со волуменот на целиот мозок.

• Хистопатологијата на аутизмот сугерира дека овие


намалувања на волуменот се поврзани со намалувања на
дендричкото дрво и развојот на неутрофилот, и најверојатно
влијае на слабиот развој на невролошките врски на
лимбичките структури со другите делови на мозокот, особено
со церебралниот кортекс.
Структури на мозокот
Лимбички систем –одржува хомеостаза или
постојана средина во телото

•Амигдала – контролира агресивност и емоции; одговорно


за сензорните стимули како и за емоционалните и стимулите
поврзани со страв; го препознава стравот и одредени други
емоции кај другите, вклучувајќи и сложени емоции;
складира емоционални мемории; вклучено е во
мотивацијата

•Хипокампус – одговорен за учење и меморија; резултира во


стереотипни, само-стимулирачки однесувања и
хиперактивност кога е оштетен
Знаци на нарушување на
сензорното процесирање
• Самоповредување
• Потешкотии при прилагодување на промени во одредени
рутини
• Стереотипно однесување
• Потешкотии при извршување на секојдневни задачи за кои е
потребно моторно планирање
• Непредвидливи емоционални реакции
• Нарушена способност за интеракција со други лица
Знаци
• Проблеми со вниманието –
фиксации, настојчивост,
деконцентрираност

• Потешкотии да остане
внимателен, но истовремено и
опуштен – хиперактивност или
хипоактивност

• Избегнување допир или


движење

• Самостимулирачки однесувања
– може да бидат постојани и да
влијаат врз способноста за
извршување на други работи
Тестирање за
нарушување на
сензорното
процесирање
• Прашалник за Историја на сензорен инпут
• Клиничка опсервација
• Сензорен профил; дете- возрасен
• Тест за сензорна интеграција и пракса (SIPT); од 4 до 8,11
години
• DeGangi-Berk –ов тест за сензорна интеграција (TSI); од 3 до
5 години
• Мерење на сензорно процесирање (SPM); од 5 до 12 години
Третман за нарушување на
сензорното процесирање
• Третманот за нарушување на сензорното процесирање е
забавна интервенција заснована на игра која се одржува во
средина богата со сензации.
• Приватните клиники, одделите за надворешни пациенти во
болниците, и универзитетските програми за окупациона
терапија се типични места каде може да се најде третман за
SPD или за сензорни проблеми при нарушувања како што се
ADHD и Аутизмот.
Третман за нарушување на
сензорното процесирање
• Децата се најчесто третирани за Нарушување на
сензорното процесирање со окупациона терапија, но
понекогаш други професионалци кои имаат додатна обука
за користење на пристапот на сензорна интеграција може
да бидат вклучени во третманот.
Третман за нарушување на
сензорната интеграција
• Семејно - ориентиран во кој родителите и терапевтите
стануваат партнери кои заземаат различни, но
суштествени улоги при третманот.
• Родителите идентификуваат приоритети и делуваат како и
експертите на нивното дете. Терапевтите на детето се
стручни во терапевтиските техники и го мерат напредокот
на детето кон постигнување на семејните приоритети.
• Заедно, семејството и терапевтот соработуваат во развојот
на најдобрата можна програма што ги рефлектира
семејната култура, потреби и вредности.

SPD Foundation
Сензорна Регистрација
Откривање на сензорни информации од страна на
централниот нервен систем

Ги опишува однесувањата за забележување на


сензорните стимулуси во околината.

Појдовната точка за сензорното процесирање


(Miller & Lane, 2000)
Сензорна обработка
Справувањето со сензорната информација онака како што
доаѓа (прием), како и модулацијата, интеграцијата и
организација на сензорните стимули со цел да одговорат
соодветно на барањата.

Методот и начинот на откривање на сензациите и нивниот


пренос низ централниот нервен систем.
Како ги обработуваме
сензорните информации
Централен Нервен Систем
• Неурони “Комуникатори”
Сензорна модулација
Тоа е мозочната регулација на сопствената активност.

Вклучува филтрирање на сензациите и внимавање на оние


кои се релевантни, одржување на оптимално ниво на
свесност и одржување на внимание на активност.
Разлики во модулацијата
Субтипови на напушување на сензорната
обработка
Сензорна преосетливост
или хиперсензитивност
• Познато и како хиперсензитивност, преосетливост
или сензорна одбрамбеност
• Најчест тип на проблем на сензорна модулација
• Тактилна и аудитивна одбрамбеност се најчесто
забележани од страна на родителите
• Поврзаните атипични одговори не се намерни; тие се
автоматски, несвесни физиолошки реакции на
сензации
Сензорна преосетливост
или хиперсензитивност
• Симпатетичкиот нервен систем се активира, низ
одговори на Страв, Бегање или Борба
 Страв – може да се плаши од нови ситуации кои не може да
ги интерпетира или ги преовладуваат неговите сетила
 Борба – може да е негативна и пркосна,
 Бегство – може да избегнува ситуации, да бега или да се крие
Сензорна преосетливост
или хиперсензитивност
• Хиперсензитивниот детски мозок не може да ги сопре
соодветно сензациите и може лесно да му се одвлекува
внимание бидејѓи внимава на сите стимули во околината,
дури и кога не се корисни(Kranowitz, 2008)
• Детето е премногу стимулирано и не е во состојба да ги
исклучи неважните од важните сензации
• Испади или тантруми може да се чести, дури и по неколку на
денoт
Сензорна преосетливост
или хиперсензитивност
Повеќето луѓе ги забележуваат новите сензорни искуства, но потоа
ги занемаруваат или продолжуваат со поважните активности.

Детето со хиперсензитивен сензорен систем може да се фиксира


на новите сензации и нема да може да го насочи вниманите на
другите поважни активности.
Хипосензитивност или
недоволна осетливост
• Познато како хипо-активност, хипосензитивност или
недоволна осетливост
• Детето ќе реагира со помал интензитет на сензациите одколку
детето со типичен развој.
• Децата со сензорна хипосензитивност не ги забележуваат или
не реагираат на сензорните стимули во нивната околина. Се
чини дека не ги забележуваат дојдовните сензорни
информации. Ова не е заради недостаток на мотивација, туку
заради неуспех за забележување на можностите за акции.
Хипосензитивност или
недоволна осетливост
• Се чини дека е “space cadet” или “spacy”
• Може да е повлечено или тешко за вклучување во активности
или може да е толку многу талентирано и креативно што не ги
забележува сензорните стимули затоа што е преокупирано со
себеси и со интелектуални цели. (Kranowitz , 2005)
• Може лесно да се заморува и да му недостига иницијатива и
да има потешкотии во започнување на нештата
• Некои деца не добиваат соодветни сигнали дека се најадени и
имаат потреба од интервенции за да престанат да јадат.
Хипосензитивност или
недоволна осетливост
• Може да пропушти сигнали кои другите деца лесно ги
забележуваат
• Може често да се удира во мебелот бидејќи не може на
време да реагира низ движење
• Може да џвака предмети како ракавите или јаките на
блузите за да добие сензорна информација низ устата
• Не може да ги прочита фацијалните експресии, јазикот на
телото или гестовите на другите луѓе
• Може да не се смее на шеги
Барање на сензорен стимул
• Бара невообичаена количина или тип на сензорен инпут
и се чини дека има несопирлива желба за сензации

• Се вклучува во поинтензивни и активни сензации. Ова


води кон слаби физички граници и ризично
однесување, агресии и може да го наруши вниманието

• Резултат на слаба перцепција на сензорни информации

• Зголемено ниво на будност

• Обиди за само-регулација
Сензорна дискриминација
• Детето има тешкотии во интерпретирање на
квалитетот на сензорниот стимул и не е во можност да
ги забележи сличностите и разликите во стимулусите.
• Дискриминацијата во тактилниот,
проприорецептивниот и вестибуларниот систем води
кон смирено, одмерено и координирано движење.
Примери на однесувања кои укажуваат на
проблеми во дискриминација

 Тешкотии во регулација на притисокот при пишување/цртање;


може да е премногу бледо и тешко да се види или премногу
силно при што се крши моливот
 Секогаш се чини дека крши предмети и играчки
 Погрешно ја проценува тешината на предметите, како што е чаша
сок и ја крева со премногу сила при што се истура или ја фрла,
или со премалку сила и се жали дека предметите се многу тешки
 Се чини дека се прави со премногу сила, треска врати, притиска
премногу силно, удира предмети, или може да повредува
животни или луѓе со преголема сила
Сензорно-моторни
нарушувања
• Постуралните нарушувања предизвикуваат слабо држење
на телото кај детето
• Може да имаат низок мускулен тонус
• Се подгрбавува додека седи или стои и се навалува на
бирото или на трпезариската маса
• Како можна причина се јавува неефикасното процесирање
на вестибуларните и проприоцепторните сензации
• Може да има слаби вештини за билатерална координација
(употреба на двете страни од телото заедно)
Сензорно-моторни
нарушувања
• Децата често имаат слаба окуларна контрола (за движење на
очите), а тоа влијае на бинокуларноста – истовремена
употреба на двете очи заедно. Ова ќе ја отежни перцепцијата
за длабочина, движењето на телото, моторното планирање.
• Често имаат проблем да ја преминат средишната линија на
телото (употреба или движење на дел од телото кон
спротивната страна).
Сензорно-моторни
нарушувања
• Слаб стисок кога држат алати, носат предмети или
завртуваат кваки
• Лесно се уморуваат
• Седнуваат во „W“-позиција со стапала поставени странично
нанадвор заради стабилност
• Секое движење или грчење на телото е обесхрабувачко
Важни аспекти
• Детето со нарушување во сензорното процесирање не ги
покажува сите гореспоменати карактеристики
• Детето може да има тешкотии во процесирање на една
или повеќе сензации и може да се соочува со повеќе
проблеми во една област, споредено со друга
• Категориите на нарушување во сензорното процесирање
не се секогаш јасно разграничени и често се преклопуваат.
Сензорната пречувствителност и недоволна
чувствителност често се поклопуваат со нарушувањето на
сензорната дискриминација и диспраксијата
Важни аспекти
• Детето може да биде премногу и недоволно чуствително
во еден сензорен систем, или да биде премногу
чувствително на еден тип на сензација и недоволно
чувствително на друг тип, или пак може да реагира
различно на истата стимулација зависно од времето и
ситуацијата
• Детето може да покаже карактеристики на сензорно
нарушување, но сепак причината да не биде поврзана,
како на пример, дете кое поради малтретирање, се плаши
да го допираат
Важни аспекти
• Сите понекогаш имаат некои проблеми со сензорното
процесирање, бидејќи се наоѓаме на континиум на
сензорно процесирање, па никој целовремено не е
идеално регулиран
• Сите стимулации можат повремено да го нарушат
функционирањето на мозокот, поради преголема или
премала сензорна стимулација
(Kranowitz, 2005)
Зошто е неопходна
референтна рамка за сензорна
Придобивки заинтеграција?
детето ако ги исполнува сензорните
потреби:
• Намалена потреба да се стимулира или повредува себе си
• Подобрена способност да обрнува внимание, да учествува
и да учи
• Зголемена независност при функционални активности
• Спонтано изразување нови вештини и способности
• Подобрена социјална интеракција
• Намален страв и намалена анксиозност
• Подобрена комуникација
• Подобрена способност да се справува со пречки и прекини
• Подобрена способност да се прилагоди на промена
• Поспособно да искусува радост и забава
Зошто е неопходна
референтна рамка за сензорна
интеграција?
Придобивки за семејствата, учителите или
негувателите:
• Разберете го однесувањето на детето и неговите
потреби и бидете поподготвени да одговорите на
неговите сензорни потреби
• Помалку грижи, стрес и фрустрации
• Бидете потрпеливи
Сензации
Сетило за допир
• Нѐ поврзува со светот и со другите
• Секому, од дете до возрасен,
потребна му е постојана допирна
стимулација за да се биде во тек
• Без разлика што правиме со
телата, доколку функционираат
соодветно, ние ги толкуваме
тактилните сензации
• Сетила за допир:
• нежен допир, силен стисок,
растегнување на кожата,
вибрација, движење, температура
и болка
Дисфункции поврзани со допирните
сензации
Хиперсензитивност на
допир
Прекумерно восприемање на тактилен инпут

Тешкотии при модулирање, спречување и


елиминирање на тактилните сензации

Секогаш најмногу ги чувствуваат сензациите што


останатите ги игнорираат
Облека што го допира телото
Часовник на раката
Етикети на блузите
Хиперсензитивност во
продолжение…
Можни се потешкотии при насочување на вниманието на
други сензации, како на пример да слушаат кога некој
зборува, бидејќи се преплавени со пораки од допирните
рецептори.

Можат да допираат нешта, но не дозволуваат да бидат


допирани

Може да изразуваат знаци на анксиозност, агресија,


избегнување на домот и училиштето заради контрола на
средината на тактилен инпут

Цело време се на штрек, плашејќи се од допирање


Хипoрсензитивност на
допир
Овие деца не добиваат соодветен фидбек за тоа каде ги
допираат, а тоа значително го нарушува развојот на
свесност за сопственото тело и на моторното планирање
Врз развојот на говорот и јазикот може да влијае
недостигот на свесност и потешкотии при движење на
јазикот во образувањето звуци неопходни за говор
Хипосензитивност во
продолжение
Детето може да не биде свесно (не регистрира)
тактилен инпут освен кога тој е многу силен

Може да не е свесно за џумки и гребаници

Му недостига „внатрешен поттик“ за игра со играчки


Барање на тактилен
сензорен стимул
Детето чувствува потреба постојано да допира работи

Сака да се валка, играјќи со кал, камења или песок,


лепак, боја
Често се доведува во непријатна положба затоа што
прави неред и сака да допира недозволени работи
И по втората година продолжува да става предмети
во уста за да ги осознае
Тактилна/Допирна
дискриминација
Слабата дискриминација може да предизвика проблеми со
свесноста за сопственото тело, со моторното планирање, со
фините и грубите моторни способности

Можат да регистрираат тактилни информации, но не можат да


ги процесира карактеристиките на предметот кој го допираат
 Тежина
 Состав
 Форма
Тактилна одбранбеност
• Тактилната одбранбеност е проблем главно поради
ограничувачкото однесување кое ја придружува

• Инпутот не само што несоодветно се модулира; тој исто


така не предизвикува адаптивен бихејвиорален одговор

• Екстремно осетливи на допир


Постапки кои укажуваат на тактилна
одбранбеност
Се плаши, се вознемирува или станува агресивно при нежен
или неочекуван допир

Како бебе, не сакаше/сака да го држат во


раце или гушкаат; се навалува наназад,
плаче и се истргнува

Се жали кога му ја чешлаат косата

Избегнува групни ситуации поради страв од неочекуван допир

Се спротивставува на пријателски или нежен допир од лица


кои не се неговите родители или браќа/сестри (а понекогаш
им се спротивставува и ним!)
Капка дожд, вода од туш или контакт на ветерот со кожата може да
му пречат и да предизвикаат несакани реакции и одбранбени
реакции
Може премногу да реагира на мали исекотини, гребнатини или
убоди од инсекти
Се вознемирува кога треба да му се измие лицето или косата, или да
му се исечат ноктите на нозете или рацете
Одбива да ги четка забите и многу се плаши од забар
Пребира јадење, сака само одредени вкусови и текстури; најчесто
избегнува мешани текстури, како и топла и ладна храна; одбива да
проба нови видови храна
избегнува да ги користи рацете за играње, особено
при игри со валкани работи како што се калта,
пластелинот, водата, лепакот
се вознемирува ако му се валкани рацете и често сака
да ги мие или брише
го вознемируваат рабовите на чорапите и одбива да
ги носи
го вознемирува облека која се трие од кожата; може
да сака да носи куси пантолони и маички со куси
ракави во текот на целата година, бебиња во
периодот на лазење повеќе сакаат да бидат голи и
постојано ги вадат пелените и алиштата
може да сака да носи маички со долги ракави и долги
панталони во текот на година со цел да избегне
изложување на кожата
Совети кои помагаат при однесување
карактеристично за тактилна
одбранбеност
Силниот, константен притисок најчесто ги „засенува“
иритирачките допирни сензации. Затоа кога ќе се
повредиме ние ја триеме повредената област од телото.
Цврстата масажа или поставување на детето во
„сендвич“помеѓу перници се примери на активности кои
може да ја „смират“преголемата сензитивност на допир.
Совети кои помагаат при
однесување карактеристично за
тактилна одбранбеност
Обидете се постепено да вметнувате најразлични тактилни
искуства при игра, јадење, бањање, и.т.н. Полесно е за
детето само да започне некоја игра, отколку да му се
наметнат нови или потенцијално застрашувачки сензации.

Забавувајте се!
Совети кои помагаат при однесување
карактеристично за тактилна
одбранбеност
Поттикнете активни тактилни искуства насочени кон
детето. Децата поголема корист имаат од тактилните
сензации кои ги примаат преку активно учество отколку од
пасивно применети сензации.
Совети кои помагаат при однесување
карактеристично за тактилна
одбранбеност
Работа со можност да врши активности кои вклучуваат „тешка
работа“ како што се носење кеси со производи или алишта,
носење тежок ранец, игри со буткање/влечење, и активности со
скокање
Вибрирањето има смирувачки ефект
Тешките работни задачи најчесто ја смируваат или организираат
чувствителноста на допир
Совети кои помагаат при однесување
карактеристично за тактилна
одбранбеност
Поддржете ги нивните осетливи чувства на допир и помогнете
им да ја надминат или надоместат хиперсензитивноста
Специфични методи на третман
Вилбаргеров протокол
• Создаден од Патриша Вилбаргер, (Patricia Wilbarger M.Ed., OTR, FAOTA)
• Користен на меѓународно ниво за третман на сензорно одбренбено
однесување
• Евидентирани придобивки од протоколот се: намалување на
сензорната одбранбеност и подобрено однесување и интеракција
• Мора да се користи специфична хируршка четка
• За најдобри резултати : проколот треба да се спроведува на секои 90 до
120 минути и потоа со тек на време сѐ поретко
• Набљудувајте како детето реагира на интервенциите
• Бројот на спроведени истражувања околу протоколот не е голем, но во
многу од истражувањата евидентирана е корисноста од неговата
употреба
Терапевтки протокол со
четкање

Четкање

Притисок на
зглобовите
Активности за намалување на
хиперсензитивноста на допир и
подобрување на тактилната
дискриминација
Тријте му ги рацете или нозете со сунгери со различна текстура,
ракавици или крпчиња, широки четки за бојадисување, сапуни и
лосиони со гранули и други текстурирани предмети кои се нежни
за кожата

Нека пронаоѓа играчки скриени во пластелин, или во кофа полна со


ориз или зрнца грав
Активности за намалување на хиперсензитивноста
на допир и подобрување на тактилната
дискриминација

• Обезбедете им
можност за
различни тактилни
сензации и игри со
валкани работи
Проприоцепторен систем
Несвесниот осет за позицијата на телото

“Proprio” на латински значи „сопствен/а“

Му кажува на нашиот мозок за позицијата на


деловите од нашето тело еден во однос на друг
и во однос на светот
Проприоцепција…
Обезбедува информации околу осетот за
ориентација,насоката и брзината на движење

Ни помага да одредиме колкав напор или


колкава сила се потребни за да фатиме или
подигнеме одреден предмет

Помага во интеграцијата на допирни сензации


и сензации на движење.
Рецепторите за проприоцепторниот систем се лоцирани во
мускулите, зглобовите, тетивите, лигаментите, зглобните капсули
и сврзното ткиво
Проприоцепцијата е и свесна и
потсвесна

Свесноста за позицијата на зглобовите која


ја користиме при учењето исто така се
опишува со помош на терминот
„кинестезија“.
Проприоцепторен систем….
Помага да се создаде телесна целост (телесна шема)
 стекнување на внатрешна свесност за телото и меѓусебниот
однос на деловите од телото
 се развива кај бебињата во сензорно-моторниот период во
текот на првите две години од животот како што тие учат да
прават разлика помеѓу себеси и светот околу нив
Проприоцепторен систем
• Функционалната телесна целост (како да се движат и да се
поврзуваат со светот околу нив) и помнењето на
совладаните движења ја помагаат способноста за моторно
планирање
• Моторно планирање е способноста да се создаваат,
организираат, подредувааат и извршуваат моторни
функции за сите дејства за кои е потребно движење
Врзување врвки на чевли
За да го направи тоа лицето мора да има:
Прецизни проприоцепторни информации од рацете
Добра визулена дискриминација
Добра тактилна дискриминација
Добро моторно планирање или практични
способности
Надразнување и
организирање
• Одредени видови на проприоцепторни сензации може да му
помогнат на мозокот да ги регулира состојбите на
возбуденост (Wilbarger, 1991 год; Williams и Shellenberger,
1994 год.)

• Проприоцепторните искуства не смируваат и не


организираат, повторно не доведуваат до фокусираност кога
кое било друго сетило е недоволно или премногу
стимулирано. (Kranowitz, 2005 год.)

• Нервниот систем различно реагира на различни типови на


инпут во различно време
Се користи за смирување
• Најдобар начин за да го смирите детето за приказна или за
седнување на маса е прво да му обезбедите обемна
можност за активности за истегнување и отпорност.
Проприоцепторниот инпут може да ни
помогне да се справиме кога
доминираат други сензации.
Проприорецептивна
дисфункција
Тоа е неефикасна обработка на сензациите примени преку
мускулите и зглобовите

Централниот Нервен Систем(ЦНС) е неефикасен при


модулирањето на овие обично несвесни сензации

Може да се збунети при изведување на едноставни


секојдневни активности што би требало да се рутина и
лесни после одредено изложување на нив

Скоро секогаш се споени со проблеми со тактилниот и/или


вестибуларниот систем.
Целокупната дисфункција
Слаба свесност за телото
Несмасно со играчки и материјали
Некоординирано со движења
Може да има слабо држење на телото, секогаш се
потпира на нештата како поддршка
Ги држи и користи предметите со премногу или
премалку сила
Недоволна свесност за телото
• Детето ќе се потпира на визуелните вештини за да го
надополни недостатокот на сигнали од телото
• Може да има недоволна свесност за безбедност
• Ако се несигурни за своето тело, веројатно е и дека ќе се
несигурни и за околината во која се очекува да
функционираат
Дисфункција:
Хиперсензитивност
Може да избегнува активности кои вклучуваат движење,
особено спорт
Ќе избегнува физички активности и активности на
игралиште со многу сензорен инпут како што е скокање,
качување и потскокнување
Може да не сака да е гушкано или движено од другите
Може да сака да јаде само меки блендирани храни заради
силата и координацијата потребна за џвакање на
одредени текстури на храна
Хипосензитивност
 Може да му недостига поттик за движење или игра, или да не
забележува кога е во неудобни положби
 Недоволна соматосензорна(тактилно-проприоцептивна)
дискриминација
 Може да има постурални проблеми и диспраксија(неспособност
за изведување на координирани движења)

 Често има потреба од потпирање на главата со раце додека


седи на маса
 Може да бара проприоцептивен инпут на несоодветен начин за
компензирање на неадекватното примање и обработка на овој
инпут од страна на нивното тело
 Постојано се потпира на други или предмети
Барање на сензорен проприоцептивен
стимул
Постојано бара инпут бидејќи несоодветно прима и
обработува ваков тип на инпут или бидејќи го користи
проприоцептивниот инпут за да ја намали хиперсензитивноста
на други сензации(Yack, Aquilla, Sutton 2002)

Бара активно движење – туркање, влечење, судрување во


мебел или луѓе
Сака силно гушкање, да е притискан или стискан
Може да гриза, удира или да искажува агресивно однесување
Може да пројави само-стимулативни однесувања како што е
гризење на себе си или удирање на главата

 Овие деца имаат бенефит од изобилство на можности за силен


проприоцептивен инпут како би ја намалиле нивната силна
потреба за тој инпут
Недоволна дискриминација и
диспраксија
Однесувања :
Недоволна свесност за телото и моторна контрола
Имаат тешкотии во поставување на екстремитетите при
облекување на палто или облекување
Мора да се држи за оградата или делува несигурно и
посебно внимателно при симнување или качување по скали
Може често да паѓа, да се сопнува или судрува со предмети
ненамерно
Совети за развивање на способностите за
моторно планирање
• Децата сакаат да се успешни во се што прават, но за децата со
проблеми во моторното планирање изведувањето на нови
активности може да е фрустрирачки заради обидот за
изведување на активноста и неуспехот при тоа.
• Предвидете го ова и помогнете му на вашето дете во тоа со
онолку помош колку што е потребно за успех и при тоа
дозволете му да се чувствува што е можно повеќе независно во
тоа.
Градење на нивото на
вештини

Разделете ги активностите на мали и полесно совладливи


чекори како би се овозможило успех и градење на само-доверба
Совети во продолжение…
• Вклучете го вашето дете во активности кои ги користат
сетилата за допир, положба и движење како би му
помогнале да осознае каде се наоѓа во просторот
• Вклучете го во активности со имитација на движења
• Разделете ги активностите на чекори за изведување на
активност како што е правење на сендвич или друга храна,
рачна изработка, активности за грижа за себа како би се
поттикнала последователноста.
• Помогнете му на детето да изнајде нови начини на
користење на играчка или алатка
• Пробувајте нови положби при лизгање на лизгалка, лулање
или скокање со топка.
• Играјте со играчки/игри со движење со отворени и затворени
очи
Разложување на
активностите
Совети во продолжение...
• Д-р Ајрес нагласува дека ефикасен учинок е да се
дејствува без размислување и дека размислувањето
всушност може да го попречи дејствувањето.
• Ајрес препорачува кога им се помага на децата да
развијат способности за моторно планирање да се користи
колку што е можно помалку говор.
• Кога му помагате на вашето дете во способноста за
сензорна обработка, користете минимални вербални
инструкции за да ја зголемите свесноста за телото и да
поттикнете доброволно дејствување.
Активности за развој на
проприоцептивниот систем
Седете или лежете на голема надувана топка за вежбање
Носење на предмети, како што се; намирници, ранци,
книги, столчиња, канта за наводнување/црево, СЕ што
тежи
Користење на тешки стегачи(домашна верзија: кеса со
ориз со навлака за перница околу неа, но внимавајте да не
е претешка) или тешко ќебе
Пливање
Активности за развој на
проприоцептивен систем
Туркање или влечење на предмети и активности, како што
се ; корпа со алишта, јаже, правосмукалка, бришење на
подот со џогер, метла и ѓубралник за деца, собирање на
лисја итн
Борење, туркање/влечење на себеси или друг на голема
скутер даска, "push of war" меѓу партнери( со голема
топка, мора да преминат преку линија)
Возење на велосипед/скутер
Aктивности за развој на
проприоцептивен систем
Вреќа со компири/ трка со скокање во
вреќа
Лазење како гуштер (стомакот на под, се
оттурнува со лактови)
Јавање на грб
Качување/висење на предмети, како што
се; спортски сали, висење на јаже, висење
на шипки ѕидови за качување, надвор на
карпи или дрва, по скали или на лизгалки,
јаже за качување, качување по мрежи
Одење /трчање / играње во песок
Aктивности за развој на
проприоцептивен систем
 "Сендвич"/ Активности со гмечење... (направете "сендвич" со
детето меѓу перници на подот, свиткајте го детето во душек или
дебело ќебе)
 “Прегратки на мечка” (цврсти прегратки)
 Силно сушење со крпа после бањање, свиткајте го детето цвсто и
нежно притискајте ги рацете, нозете, стапалата како што го
сушите
 Тркалајте топка за вежбање врз детето додека тоа лежи на подот
 Направете “ Чорап за телото”
Aктивности за развој на
проприоцептивен систем
 Скокање на трамболина, на кревет, на терапевтска топка( со
помош од возрасен), или на топка за скокање(со рачка за
држење на топката)
 “Рачна количка” (одење на раце)
 Одење како рак (рацете и нозете на подот, стомакот свртен кон
таванот)
 Притисок на зглобовите /стискање
 Претурање на течност од еден сад во друг и повторно назад
неколку пати
Активности за помагање на
билатерална координација
Со сукало туркајте со двете раце топка на маса
Фаќање на топка – почнете со топка за на плажа, но постепено
користете помали топки
Удирање – со палка за безбол, метла, книга или стапче удирајте
голема пластична топка.(Користете ги двете раце за држење)
Фаќајте и фрлајте балон
Помагајте при облекувањето
Отварајте различни кутии во домот
Вежбајте сечење со ножици. Може да почнете со сечење на
пластелин свиткан како змија, а потоа хартија
Нижете перли, протнувајте на конец низ картички со отвори
Активности за подобрување на
моторното планирање
Движете се низ патека со препреки
Игра со скокање – скокајте од последната скала или ниска
маса. Обележувајте колку далеку одскокнало детето
Облекување
Миење заби
Градење со дрвени коцки
Интервенции за подобрување на
држењето на телото
• Започнете со активности кои овозможуваат линеарно
движење или движење на хоризонтална или на вертикална
рамнина
• Кога детето е испружено на стомак најмногу работат
екстензорните мускули на грбот
• Деца до низок мускулен тонус треба да започнат со
активности кои бараат активност од вратот и стабилност на
горниот дел од грбот , на пр., лулање или вежбање
испружени на стомак потпрени на лакти
Интервенции за подобрување на
држењето на телото
• За да се развие тонусна флексија (да се зајакнат стомачните
мускули), направете исто како погоре, но користете опрема која
поттикнува свиткана положба

• Одберете активности кои комбинираат движења во многу насоки;


флексија/екстензија: развивање на латерална флексија и ротација

• Како што се развиваат антигравитациона флексија и екстензија, така


се појавуваат и латерална флексија, ротација и промена на
тежината. Ротацијата зависи од менувањето на тежината. Клиентите
со недостатоци во држењето на телото често се движат со мала
ротација
Орално моторни
активности
• Играчки со дување(казу, свирче, меурчиња,
направи кои прават врева)
• Трка со топчиња од памук– дувајте во
топчиња од памук на масата со помош на
сламка)

Пиење со помош на “луда сламка”


(извиткана цевка)
Придобивки од „Лудата
(извиткана)сламка“
• Важноста на шмукањето

• Шмукање за основен опстанок

• Како што шмукаме тригеминалните нерви се


стимулираат, и последователно помагаат во
регулацијата на многу апсекти од нашиот вид,
вклучувајќи ја и способноста на очите да се
конвергираат (потребно за да се фокусираме на
одредена цел)

• Со стимулација на тригеминалниот нерв директно се


стимулираат нервите кои му служат на увото. Тоа
може да се забележи кога џвакаме гума за џвакање за
да ги поднесеме промените на притисокот во ушите
кога летаме
Вестибуларен систем
Вестибуларен систем
• Ни кажува дека се движиме или дека
мируваме

• Не информира за насоката во која се движиме, и за


брзината со која се движиме

• Испраќа сензорни пораки за рамнотежа и движење од


вратот, очите и телото до ЦНС за обработка и потоа помага
да се проиведе мускулен тонус за да можеме да се
движиме порамномерно и поефикасно

• Основните функции на Бегство или Борба реакциите


зависат од точните информации од вестибуларниот
систем.
(Кranowitz, 2005 )
Развој
• Функционира комплетно, но при раѓање не е
созреано
• Доживува брз развој на возраст од 6 до 12 месеци, а
потоа развојот забавува
• До тригодишна возраст системот може да се
прилагоди кога е изложен на погрешни информации
• Оваа способност созрева во текот на шестата година

(Foudriat, DiFabio, и Anderson 1993 г.)


Демонстрација
Вестибуларен систем
Е обединувачкиот систем
Сите други видови на сензации се обработуваат во
однос на оваа основна вестибуларна информација
Активноста во вестибуларниот систем обезбедува
„рамка“ за другите аспекти на нашето искуство
Вестибуларен систем
Се чини дека вестибулатниот инпут го “подготвува“
целиот нервен систем за тој да функционира
ефикасно

 Кога вестибуларниот систем не функционира на


доследен и прецизен начин, интерпретацијата на
другите сензации ќе биде недоследна и непрецизна,
а нервниот систем ќе има потешкотии да “стартува“
Рефлекси
Овој систем има значаен ефект врз созревањето на
рефлексите
Како што детето расте, неговиот мозок интегрира
рефлексни реакции во процес наречен созревање на
рефлекси
Кога можеме да осетиме како се движиме, ние можеме да
ги прилагодиме рефлексите да реагираат на движењата
Кога ние не сме способни соодветно да ги осетиме
движењата тогаш способноста да се прилагодиме
соодветно како одговор на движењата се нарушува и
последователно може да се наруши и созревањето
на рефлексите.
Вестибуларна дисфункција
• Неефикасна обработка на сензации примени преку
внатрешното уво во мозокот
• Детето кое има потешкотии при обработка на
вестибуларни информации за гравитацијата,
рамнотежата и движењето во просторот ќе биде
несигурно за неговото сопствено движење и за тоа
како да се движи и да извршува секојдневните
обврски.
Вестибуларна дисфункција
• Може да не развиваат соодветни одговори
околу држењето на телото потребни за
одржување на исправен став и може да се
навалуваат или да се подгрбавуваат кога
седат или да ја потпираат главата на рацете
додека седат на маса
• Децата со дисфункции во овој систем може
никогаш да не лазат или да не одат на
поголема возраст
Дисфункција
• Вестибуларниот систем влијае врз движењето на
очите
• Детето со вестибуларна дисфункција може да има
нестабилен поглед и да не може да се фокусира на
предмети кои се движат или на статични предмети
додека детето се движи
• Ако детето ги нема развиено мозочни функции кои се
неопходни за координација на движењето на окото
од лево кон десно, може да се јават проблеми со
читањето.
Хиперсензитивност на
движење
Гравитациска несигурност – слаба модулација на
отолитните органи

Прекумерни емоционални реакции/страв како


резултат на движење во просторот.
Одбивност кон движење – полукружен канал,
исто така поврзан со способноста за обработка на
визуелни информации
Однесување кои укажува на
гравитациска несигурност
 Ги избегнува/не му се допаѓаат реквизитите од игралиштето; на
пр., лулашки, скалички, лизгалки, или вртелешки

 Претпочита активности со седење, се движи бавно и


претпазливо, не сака да ризикува, се чини дека е „мекуш“,

 Избегнува/не сака лифтови и подвижни скали;


кога е во лифт или на подвижни скали
сака да седи

 Се плаши дека ќе падне, дури и кога нема


ризик од паѓање
Однесување кои укажува на
гравитациска несигурност
 Се плаши или е несигурно кога се качува или симнува по скали
 Се плаши да не го превртат наопаку, настрана или наназад;
мошне се противи кога му ја мијат косата
 Како бебе, никогаш не сакаше бебешки лулашки или џампери
 Како бебе не сакаше да лежи на стомак
 Лесно губи рамнотежа, изгледа неспретно
 Се плаши или има потешкотии при возење точак или скокање
 Одбива да ги затвори очите кога се движи
Хиперсензитивност на
движење
• Помалку изразен страв отколку кај дете со гравитациска
несигурност, но исто така избегнува движење
 Не сака брзо движење
 Лесно му се слошува кога се вози во автомобил
 Избегнува да вози точак, да се лизга или да се лула
 Избегнува да се вози на вртелешки
Хипосензитивност на
движење
• Се чини дека не забележува или не го интересираат
активности кои вклучуваат движење
• Може да му недостига внатрешен поттик за да се движи и да
биде „активно“
• Кога ќе започнат со активности со движење, тешко им е да
прекинат
• Може да нема одбранбени реакции за да спречи паѓање
Бара движење
• Детето има потреба од движење и се чини дека не добива
доволна стимулација од движење кое ги задоволува другите
лица

• Постојано е „на нога“

• Често се става себе си во невообичаени положби

• Сака да се искачува

• Може да се врти без да добие вртоглавица

• Може брзо да се префрли од една на друга активност во потрага


по нова возбуда
Билатерална координација /
преминување на средишната
линија
• Способноста координирано да се употребуваат двете страни
од телото

• Дете на возраст од 3 до 4 години би требало да може да ја


преминува средишната линија (тоа лесно може да ја
употребува десната рака на левата страна).

• Децата што избегнуваат преминување на средишната линија:


• не можат да ги координираат двете страни од телото
• не воспоставуваат доминација на едната рака
• тешко следат движења од едната на другата страна
Тестирање на вестибуларната
обработка
• Бихејвиорален извештај од родителите, наставниците, браќата и сестрите,
негувателите
• Клинички опсервации
• Тест на нистагмус по ротација
• Поставете го детето да седи со брадата наклонета на 45 степени од градите
• Завртете го детето 10 пати налево
• Откако ќе завршите веднаш погледнете му ги очите (нека гледа кон ѕидот,
а не во вас)
• Набљудувајте го времетраењето на нистагмусот (оскулирачки движења на
очите) и правецот и типот на движење (од една на друга страна, кружно)
• Набљудувајте ја рамнотежата додека запирате
• Повторете го вртењето налево
• Нистагмус што трае 0 – 6 секунди посочува дека детето е хипосензитивно
на вестибуларен инпут, 7 – 12 секунди е нормално, а нистагмус што трае
над 13 секунди укажува на хипрсензитивност
Совети за развој на
вестибуларно сетило
• Искуствата преку движење се многу битни кај дете во
развој. Одвојте време за активности што вклучуваат
различни типови на движење
• Следете како Вашето дете реагира на различни движења.
Забележете што сака, што го смирува, што го возбудува.
• Немојте предолго да се вртите и лулате
Совети за деца со
гравитациона
несигурност
• Никогаш не присилувајте ги, туку охрабрувајте ги
• Полека работете на активности преку кои постепено ќе ги
издигнувате стапалата на детето од земјата
• Детето нека се нишка на висина со која нозете ќе ја допираат
земјата
• Нишкајте се со детето в раце
• Применувајте активности што вклучуваат и проприоцепторен
инпут – скокање
• Започнете исправени, на пр. лулашка, трамболина
• Откако детето ќе се навикне на линеарно (праволиниско)
движење, започнете со ротациско движење
• Најпрвин одете со бавни движења, а потоа постепено
зголемете ја брзината и времетраењето
Активности за поттикнување
на вестибуларен инпут и
координација
• Поттикнувајте активности за кои неопходна
е рамнотежа, како возење велосипед,
шутирање, стоење на перници, скокање,
седење на скутер
• Играјте си со детето, нишкајте го и оставете
го да се спушти на креветот, вежбајте колут
или завиткајте го и одвиткувајте во ќебе
• Нишкање на различни начини (седнати,
легнати на стомак). Запирајте често, доколку
е можно менувајте ги брзината и правецот
Лулашки
Лулашки
Активности за поттикнување
на вестибуларен инпут и
координација
Трамболина
Куќичка за скокање
Нишалки
Лулање на играчки
Столчиња на лулање
Клацкалки
Терапевтски топки/топки за вежбање (скокање
или лежење на нив со надзор од возрасен)
Нишање – праволиниски и кружни движења
Активности за поттикнување
на вестибуларен инпут и
координација
Вртење
Возење на вртелешки
Спуштање по лизгалки
Скокање на кревет
Одење/стоење на перници, диск за балансирање
Балансирање на греди, пруги или рабови од
тротоарот
Скутер даска-скејтборд
Вид
• 80% од информациите што ги примаме доаѓаат преку очите
• 66 - ⅔ проценти од мозочната активност е насочена кон видот
кога очите се отворени. Секоја секунда до ЦНС пристигнуваат
три милијарди импулси; две милијарди од нив се визуелни
• 93 % од човечката комуникација е невербална; 55 % од
комуникацијата произлегува од гледање на изрази на лицето
и говорот на телото
• 75-90 % од учењето во училницата зависи од видот
• 90 % од визуелните проблеми не се дијагностицираат
• 70 % од малолетничките деликвенти имаат
недијагностицирани проблеми со видот
(Кranowitz, 2005 )
Вид
• По раѓањето, на детето му се потребни неколку недели за
да се фокусира на човек или предмет
• Се раѓаме со способноста да гледаме, но визуелните
способности ни се развиваат како што старееме
• Ова се случува со движењето низ нашата средина, како и
со фокусирање и набљудување на неподвижни предмети
и предмети во движење
Основни визуелни
способности
• Бистрина на видот – способност да се забележуваат детали
• Прилагодување на светлина
• Прилагодување – фокусирање на предмети од различно растојание
• Детекција на движење
• Бинокуларен вид (вид со двете очи) – Очите функционираат
координирано
• Окуломоторни вештини
• Фиксирање – мирно фокусирање на даден предмет
• Сакада – движење на очите помеѓу две точки
• Непречено следење– следење на предмет во движење
Дискриминаторни
визуелни способности
• Периферен вид – страничен вид, првенствено за откривање на
движење
• Перцепција за длабочина – проценување на релативното
растојание помеѓу лицето и предметот
• Стабилно визуелно поле – разликување на статичните од
предметите во движење
• Просторни односи – потребни за сложување на сложувалка
• Визуелна дискриминација – распознавање разлики во големината,
облик, шемите, формата, положбата и бојата
• Доследност на форми – препознавање форма, симбол, облик и кога
карактеристиките се менуваат (кога се категоризираат предмети
или точно се идентификуваат букви како b и d)
• Пронаоѓање форми во активна средина – разликување на
предметите во преден и заден план
Дискриминаторни
визуелни способности
• Визуелно внимание – користење на очите, мозокот и телото
доволно долго да се остане на дадена активност
• Визуелна меморија – препознавање, поврзување, складирање и
повикување визуелни податоци што претходно биле видени
• Секвенционална меморија – восприемање на зборови и слики
редоследно и според паметење. Важно е за читање и правопис
• Визуелизација – образување и манипулирање слики на
предмети, луѓе и сценарија во главата
Дисфункции поврзни со
сензорната обработка
Визуелно пречувствителни
• Драматично реагира на неопасни стимулации од
средината, како светкави предмети, одразувања и
посилни светла
Визуелно недоволно чувствителни
• Детето може да не обрнува внимание на нови визуелни
стимулации
Барање на сензорен инпут
• Бара поголем визуелен инпут од повеќето деца, сака да
гледа телевизија од многу близу, сака светла што треперат
и предмети што се вртат
Слаба визуелна
дискриминација
• Може да не прави разлика помеѓу печатени зборови
• Може да има потешкотии да се фокусира на детали во
сложувалки, слики и книги
• Може погрешно да прочита важни визуелни знаци при
социјални интеракции како што се изразите на лицето и
говорот на телото
Задоцнувања во визио-моторните
способности
• Тешко му е да го раководи своето движењето со помош на видот.
• Посегнува предалеку кога сака да дофати предмет
• Тешко му е да одржува рамнотежа на греда, да вози точак, да си ги
врзува врвките на чевлите, да сече по линија и да нанижува монисти.
• Може да има потешкотии со фини моторни вештини – пишување,
сечење, прецртување, ракување со мали предмети.
• Може да има потешкотии со груби моторни вештини – фаќање топка,
шутирање топка, спортови кои вклучуваат интеракција со топки.
Активности за подобрување на
видот
• Обележување предмети со
џебна ламба
• Подавање со балони
• Фрлање торбички полни со зрна
• Танцување со шалови
• Дување меурчиња
• Свирење со свирчиња
• Прецртување линии, форми,
букви, броеви
• Шмукање со сламки
• Цртање на училишна табла со
помош на обете раце
Аудитивно сетило
• Ние сме родени со основната вештинa за примање или
слушање звуци
• Аудитивните способности се развиваат уште во матката
заедно со вестибуларниот систем
• Витално за слушање, рамнотежа, билатерална
координација, дишење, зборување, само-доверба, развој
на социјални односи и академско учење
Аудитивна
Дискриминација
• Локализација
• Следење
• Аудитивна меморија
• Аудитивно секвенцирање
• Аудитивна разлика звук - позадина
• Асоцијација
• Аудитивна кохезија
• Аудитивно внимание
Нарушување на Аудитивната
Сензорна Модулација
Хиперсензитивност
• Постојано е алармирен со секој звук, лесно му
одвлекуваат внимание
• Постојаното алармирање на звуци бара многу
енергија и го попречува учењето, развојот на
говорот и социјалните интеракции
• Често е кај деца со аутизам
• Звуци кои се пријатни за другите може да бидат
како интензивно бомбардирање од звуци
Нарушување на Аудитивната
Сензорна Модулација
Хипосензитивност
• Се чини дека не е свесно за звуци кои другите ги
слушаат
• Не реагира/одговара на секојдневни звуци,
гласови, прашања
• Може да зборува многу тивко, скоро како во шепот
Барање на сензорен аудитивен стимул
• Сака гужви, гласни места, концерти,
• Може да сака да испушта звуци, плеска со рацете,
пее гласно
Аудитивна

Дискриминација
Може да има потешкотии во откривање на разликите во
зборовите
• Може да има потешкотија во следење на зборовите на
наставникот бидејќи е премногу расеан од позадинските звуци
• Може да има застој во рецептивниот јазик
• Може да не следи налози добро, бидејќи не може да разбере
што е кажано
• Може да има потешкотии во учество во разговор и одговарање
на прашања
Третман
• Многу често децата со каснење во јазикот и говорот ќе
започнат со говор кога има активности со движење,
особено се гледа при силни вестибуларни сензации
добиени со лулање.
• Многу логопеди забележале значајни резултати при
работа додека детето е на лулашка
• Кога се третираат вестибуларните дисфункции, говорот и
јазичните вештини, често се подобруваат заедно со
вештините за рамнотежа, движење и моторно-планирање.
Аудитивна терапија
Тренинг за Аудитивна Интеграција (AIT)
•Развиен од Guy Berard
•Едукативна интервенција што делува на дезорганизиран аудитивен
систем и ја подобрува слушната способност и осетливост на звук.
•Заснован на научен протокол со повеќе од 30 години на научно
истражување, вклучувајќи и 28 клинички студии.
•Потребно е слушање 10 часа во тек на 10(или 120 последователни
денови. За да се осигураат ефективни резултати се користи одобрен
АИТ уред и музика која е согласно со Берард АИТ протоколот.
•Се користи кај деца со ADD, ADHD, Aутизам (ASD), Нарушување во
Сензорна Интеграција (SPD), Дислексија и други видови на
потешкотии во учењето.
•http://www.aitinstitute.org/index.php
Аудитивна терапија
Терапевтско слушање
• Развиен од страна на Окупационите терапевти Sheila Frick,
OTR/L и Colleen Hacker, OTR/L
• Користи звучен тренинг во комбинација со сензорни
интегративни техники, што подразбираат вестибуларна
стимулација и стратегии за движење на телото и им
дозволуваат на терапевтите директно да им пристапат на
аудитивниот и вестибуларниот систем.
• Звучниот тренинг користи електронски променета музика
дизајнирана да предизвика одредени ефекти на вештините
за слушање кога детето следи изработена програма.
Aстронаут Тренинг: Звучно
активиран Вестибуларен-Визуелен
протокол за движење, гледање и
слушање
• Развиен од страна на Mary J. Kawar, MS, OTR, и Sheila M.
Frick, OTR,
• Протокол за подобрување на функциите на Вестибуларно
-Аудитивно-Визуелната тријада
• Мост меѓу сензорната обработка и контрола на движењето,
вестибуларниот систем има голема улога во се што правиме
вклучувајќи гледање и слушање
• Програм за терапевтите кои ги разбираат принципите на
сензорна интеграција и се специјализираат за третман на
Нарушувања на Сензорната Интеграција
Интерактивен Метроном
(IM)
• Алатка за проценка и третман користен во терапијата за да се
подобри неуролошкиот процес на моторно планирање,
секвенцирање и обработка.
• ИМ програмата нуди структуриран, насочен кон целта процес
што го предизвикува пациентот да ги синхронизира збирот
на вежби со рака и стапало со прецизен компјутерски
референтен тон слушнат преку слушалки. Пациентот се
обидува да го спои ритмичкиот сигнал со репетитивни
моторни акции.
• Се користи кај личности со Нарушување во Сензорната
Интеграција, ADD/ADHD, Трауматска Повреда на Мозокот
(TBI), Церебро-васкуларна повреда (CVA), Спектар на
Аутистично нарушување, и Церебрална Парализа
Дали е однесување или е
сензорно?
• Треба да се фокусираме на функцијата на
однесувањето, а не на самото однесување.

• Сензорниот фидбек или искуства се едни од


најмоќните примарни засилувачи на однесувањето.
На пример, нишањето напред назад и
потпевнувањето обезбедуваат вестибуларен инпут и
смируваат.

• Елиминацијата на непосакувано однесување кое


задоволува продуктивна сензорна потреба, без
притоа да се обрне внимание на таа потреба, може
да резултира со појава на одредено однесување.
Дали вашето дете пребира јадење
или прави проблеми при
хранење?
• Деца кои пребираат јадење (повеќе од 50% од децата на
возраст од 18 до 23 месеци се идентификуваат како деца
кои пребираат јадење):
• Јадат помалку од 30 видови храна.
• Јадат барем еден вид храна од речиси сите типови на
текстура на храна.
• Ја јадат истата омилена храна секој ден, но на крајот ќе им
здосади и ќе прекинат да ја јадат, а по две недели можеби
повторно ќе почнат да ја јадат истата храна.
• Толерираат нови видови храна во нивната чинија и
подготвени се да ја допрат или пробаат храната.
• Подготвени се да јадат нов вид на храна откако десет или
повеќе пати биле изложени на истата.
Совети
• Совети за деца кои пребираат храна:
• Секој ден нудете им најразлични видови храна.
• Осигурајте се оброците и ужините да се отрпилика во исто
време секој ден.
• Создадете пријатна и весела атмосфера за оброк .
• Не го принудувајте вашето дете да пробува нови видови
храна и не бидете премногу наметливи, дозволете му да
истражува.
• Нудете му ја омилената храна не почесто од секој втор
ден.
• Седнете да јадете заедно како семејство за да може да
послужите како модел на вашето дете за тоа како да се храни
добро.
• Користете позитивно засилување.
• Ограничете ги работите кои му го одземаат вниманието за
време на оброците, исклучето го телевизорот и минимизирајте
ја дополнителната врева.
• Понудете му мали порции и не повеќе од три различни типа на
храна на една чинија.
• Овозможете му на вашето дете да биде дел од процесот на
готвење и купување храна.
• Нудете му ја омилената храна не почесто од секој втор ден.
Деца кои прават проблеми при хранење
• Деца кои прават проблеми при хранење: Тоа не е нормален
дел од детскиот развој и е покомплицирано отколку
пребирањето храна.
• Јадат помалку од 20 видови храна
• Со тек на време јадат се помалку видови храна и прифаќаат
само пет до десет вида храна.
• Одбива да јаде храна од цели категории на текстури.
Деца кои прават проблеми при хранење

• Секој ден ја јадат истата омилена храна и кога ќе им


здосади тие повеќе никогаш не ја јадат оваа храна.
• Не толерираат нови видови храна во чинијата и не се
подготвени ниту да ја допрат ниту да ја пробаат храната.
• Плачат и/или побеснуваат кога им се нуди нов вид на
храна.
• Имаат потреба од едноличност и ритуали околу оброците.
• Не се подготвени да јадат нов вид на храна по
карактеристичните десет изложувања.
Совети
• Ако вашето дете е дете кое прави проблеми при хранење обидете
се со следново:
• Побарајте професионалци кои имаат искуство со проблеми при
хранење.
• Разговарајте со матичниот лекар на вашето дете за да се
осигурате дека нема некои веќе постоечки медицински состојби.
• Ако вашето дете покажува и друго дефанзивно однесување
поврзано со сензорен инпут, четкајте му ги забите и јазикот, како
и внатрешната страна на образите и непцата бавно и нежно со
помош на четка за заби со меки влакна со цел да се
десензибилира усната празнина што ќе му помогне на вашето
дете да прифаќа нови текстури.
• Користете ги советите за деца кои пребираат храна, како и
горенаведение препораки
Совети
• Побарајте обука во специјализирана програма за
терапија со исхрана:
• Секвенцијален орален сензорен (SOS) метод на хранење
создаден од Д-р Кеј Туми (Kay Toomey)
• Синџир на исхрана: Докажаниот план од шест чекори со кој
ќе го сопрете пребирањето храна, ќе ги решите проблемите
при хранење и ќе ја проширите исхраната на вашето дете од
Чери Фрејкер, Лора Валберт, Сибил Кокс и Марк Фишбајн
(Cheri Fraker, Laura Walbert, Sibyl Cox and Mark Fishbein).
Резиме на тоа како
сѐ функционира
заедно

И што се случува
кога не е така
Вестибуларно – проприоцептивен
систем
Вестибуларните информации имаат важна улога во спој
со визуелниот и проприоцептивниот систем за:

Положбата на телото и движењата во просторот


Постуралниот тонус и рамнотежа
Стабилизација на очите во просторот при движење на
главата
Праксија (Моторно
планирање)
• Способноста за осмислување, организирање и реализација
на сложена секвенција на непознати движења.

Вид

Аудитивно
Моторно планирање

Без допир,
проприоцептивно

Без вид,
вестибуларно
Потребен е тактилен-кинестетички-
вестибуларен-проприоцептивен инпут
за да се зголеми свесноста за телото и
да се промовираат доброволни
активности.
Модулирање на надразнувањето
“Техники за будност”
• Игра во ладна вода
• Пиење ладна вода, особено минерална вода со лимон
• Брзи, активни движења(различни алатки и насоки за тоа)
• Брзо лулање
• Вртење или кружни движења
• Гласни звуци, музика
• Играчки што имаат светло и испуштаат звуци
• Визуелно стимулативни соби
• Седење на топка
Модулирање на надразнувањето
“Техники за смирување”
Топла бања
Масажа со длабок притисок (со органско масло од лаванда ако
му се допаѓа на детето)
Цврст притисок на кожата
Шмукање
Тешки предмети – Тешко ќебе, перница за скут или змија
(направена од кеса со ориз)
Завитканост во кебе
Тивко време во шатор, ќоше, под маса(покриена со ќебе)
Модулирање на надразнувањето
“Техники за смирување”
Играчка за во рака
Тежински појас
Бавно нишање напред и назад(линеарно движење)
Бавно нишање во скут или на стол
Машини кои произведуваат смирувачки звук
Прогресивна водена мускулна релаксација
“Прегратки на мечка” (детето е свртено со грб кон
вас)
Смирувачка средина со минимална визуелна и
аудитивна стимулација
Тесна ликра или спандекс облека
Резиме на важните аспекти
• Бидете внимателни со новите активности и обрнете внимание на
знаци на немир или преголем напор. Особено кога се вртат или
користат играчки што вибрираат.

• Децата со проблеми со модулација секогаш не можат да бидат


свесни кога на нивниот систем „му е доста“ и потребно ќе биде да
ги надгледувате активностите за да ја добиваат „токму
вистинската“ количина на инпут

• Дискриминација: кога нудите инпут, размислете за интензитетот,


зачестеноста, времетраењето и ритамот

• За да ја подобрите тактилната дискриминација: служете се со


разновидни тактилни сензации

• За да ја намалите појавата на ставање предмети во уста, раце во


панталоните и друго однесување преку кое детето бара тактилни
сензации: зголемете ја можноста за нови тактилни сензации.
Нудете ја можноста често и во голема мера.
Резиме во
продолжение...
Кога давате проприоцепција, запомнете:
• Тоа е можеби најдобриот почеток, бидејќи проприоцепцијата
нуди организираност и ги смирува повеќето луѓе.
• Се чини дека проприоцепцијата е најпопуларната сензација што
ја бараат луѓе кај кои се среќава постојано однесување на
самостимулација или самоповредување.
• За да се постигне самосвесност: користете притискање/стисок и
проприоцепција.
• За да ја третирате тактилната одбрамбеност: обидете се со
вестибуларните и проприоцепторните сензации, а најпосле и
допир (притисок, избегнувајте светлина).
Резиме во
продолжение…
Кога давате вестибуларен инпут , запомнете:

• Обезбедете стимулација во сите телесни позиции и во сите три


рамнини
• Менувјте ја брзината од статично до брзо
• Вклучете движења и во линеарна и во аглеста насока– аглестата е
помоќна, а линеарната е посмирувачка
• Најмоќно и најдолготрајно (до 15 часа после 15 минутен инпут)
• Може да резултира со брзо смирување или вознемирување во
зависност од тоа како се дава сензацијата
• Внимавајте на непосакувани автономни рекации
• Овозможете му на детето да ги контролира брзината и насоката на
иннпутот, доколку е тоа можно
• Никогаш не наметнувајте вестибуларен инпут
• Ако детето се плаши, лулајте се со него во скутот
Резиме во продолжение...
• Сите системи функционираат заеднички во извршувањето на
секојдневните функции, речиси никогаш едно сетило нема да
функционира самостојно
• На детето дадете му можност да гледа и прави различни нешта.
• Одете надвор кога има помалку народ – во зоолошка од 9:00 ч.
• Игра, игра, игра
• На детето ќе му помогнете и само доколку му се најдете во
неговите потреби
Градација, градација, градација
• Секоја активност треба да започне од ниво на кое
детето успешно би можело да постигне што поголема
независност
• Сензорните активности воведувајте ги бавно
• Воочувајте како детето реагира на инпут. Бавно
зголемете го интензитетот и времетраењето како што
детето станува подготвено. Доколку не сте сигурни
дали е инпутот преголем, запрете и навратете се
подоцна со цел да го набљудувате однесувањето на
детето.
Сензорна диета
• На секое лице му е потребно одредено количество на
квалитативни и квантитативни сензорни искуства во текот
на денот.

• Сензорна диета или програма е специјализиран и


индивидуализиран план за задоволување на дневните
сензорни потреби на детето. Прво треба да се одредат
областите на кои им е потребна сензорна стимулација и
модулација.
Како да создадете сензорна диета:

Одредете ги областите на дисфункција во сензорната


обработка преку опсервации, извештаи од родителот и
наставникот, и сензорна историја и/или прашалници
Одредете ги факторите од околината кои штетно влијаат
врз функционалниот учинок на детето и придонесуваат за
сензорно преоптоварување
Одредете ги стратегиите на справување што детето веќе ги
има прифатено или идентификувајте нови стратегии на
справување што ќе бидат делотворни и општествено
прифатливи
Одредете ги активностите засновани на сетилата што на
детето ќе му помогнат да го „организира“ нервниот
систем.
Како да создадете сензорна диета:
Утврдете акционен план што ќе се вклопи во рутината на
детето и семејството, план што ќе биде остварлив и ќе ги
вклучува нештата што детето ги сака, мрази и кои му се
потребни.
Утврдете рутина со која кај детето ќе го зголемите
вниманието, организираноста и нивото на алертност
заради оптимален учинок. Вклучете го тоа во
секојдневието.
Доколку е потребно околината изменете ја за да
постигнете оптимално ниво на подготвеност.
Доколку е можно, детето научете го на саморегулација
Подготвување на сензорна
соба
Сензорни програми -
STICKIDS
Софтвер и прибор за активност кој нуди лесно употребливи
терапевтски стратегии за поддршка на деца со нарушувања
на сензорното процесирање, на сензорната интеграција и на
моторните способности. Лесно создадете неограничен број
на визуелни помошни реквизити од тракери, планери, игри
и карти со активности за дневни функционални настани,
сензорни диети и когнитивна само-регулација. Да се користи
на училиште, дома и во заедницата.
Моите омилени активности
Лулање
Пливање
Јавање коњ
Играње на игралиште
Борење како игра
Сакајте ме поради тоа што
сум..
……И притоа помогнете ми да се развивам,
да го разберам и да функционирам во
вашиот сложен свет
What Now
• Research
• Complete the Sensory Questionnaire
• Play
• Incorporate useful tips at home
• Monthly OT Talks
• Seek further training
Извори
• Вебстраници:
• www.sensoryintegration.org.uk – Sensory Integration
Network for UK & Ireland
• www.sifocus.com - International Online Magazine with good
articles focusing on Sensory Integration.
• www.sensory-processing-disorder.com – Sensory Processing
Disorder Website
• www.sintetwork.org – Sensory Processing Disorder
Foundation
• www.fhautism.com or www.eurospanbookstore.com
(European Distributor)– Future Horizons Inc. Leader in Books
and resources for ASD
• www.ateachabout.com – Henry Occupational Therapy
Services, Inc.
Извори
• Книги:
• Sensory Integration and the Child, Author: A.J. Ayres, Western
Psychological Services, 1979
• Building Bridges Through Sensory Integration, 2nd Edition,
Authors: E. Yack, S. Sutton, P. Aquilla, Future Horizons, INC.
• The Out-of-Sync Child: Recognizing and Coping with Sensory
Integration Dysfunction Author: Carol Kranowitz, Perigee 1998
• The Out-of-Sync Child Has Fun: Activities for Kids with Sensory
Integration Dysfunction, Author: Carol Kranowitz, Perigee 2003
• Making it Easy: Sensorimotor Activities at Home and School,
Authors: M. Haldy and L. Haack, Psychological Corporation, 1999
• The Sensory-Sensitive Child: Practical Solutions for Out-of-Bound
s Behavior
, Authors: Karen A. Smith and Karen R. Gouze, William
Morrow,2004
Контакт информации

Elizabeth Shaffer, OTR/L

Email: elizabethOT23@yahoo.com
Видео

http://youtu.be/02JlnqUhXeU - SI

http://www.pathways.org/top/pathways-videos/

You might also like