You are on page 1of 15

Втор дел

Истражување
Општи податоци за инстражувањето

Истражувањето во овој магистерски труд се спроведува преку анкета и длабинско


интервју на високо образованите лица. Истражувањето се срповедува со цел да се дознаат
преференциите на вработените во однос на мотивацијата за работа. Интервјуто за
мотивација на вработените содржи 15 прашања структурирани во 5 групи на прашања.

Цел на истражувањето

Предмет на ова истражување е да се види кои се мотивите на вработените за зглемување


на продуктивноста и профитабилноста во работењето како и осварувањето на целите на
една компанија .

Метод на истражувањето

Истражувањето е направено на вкупно 30 испитаници, со помош на анкетен


прашалник. Испитаниците се луѓе со различни професии , на различна возраст вработени
во јавниот и приватен сектор во Република Македонија. Прашалникот е составен од 15
прашања, од кои , на дел од нив се одговара со длабинско интервју или опширни
одговори.

Интервју за мотивација на вработените

I.Претходна и сегашна мотивација


1. Како високо образовано лице што Ве мотивираше да се вработите токму во оваа
компанија? (Објаснете)
8% од испитаниците ја наведуваат успешноста на компанијата како мотивација за нивно
враборување токму во таа компанија.
16% од испитаниците ја наведуваат сигурноста во исплатата на сигурна плата како
мотивација за вработување.
46% од испитаниците ги наведуваат наградите и бонусите кои ги нуди компанијата како
мотивација за вработување.
30% од испитаниците ги наведуваат бенефициите во однос на обуките кои ги нуди
компанијата за дополнително уссовршување и стекнување на нови искуства

50%

45%

40%

35%

30%
Series 3
25%
Series 2
20%
Series 1
15%

10%

5%

0%
Успешност на Сигурна плата Награди и бонуси Бенефиции и
компанијата усовршување

Ваквите одговори на вработенните укажуваат на тоа дека постојат големи разлики кај
секој вработен во однос на мотивацијата за вработување во одредена компанија имаше
повеќе вработени кои наведоа повеќе мотивациони фактори поради кои се одлучиле да се
вработат во компанијата. Токму поради ваквите различни ставови на вработените
менаџерите треба да имаат индивидуален престап кон мотивирањето на секој вработен и
да ги насочат ативностите кон правилно мотивирање а со тоа и зголемување на
продуктивноста на вработените

2. Кој е Вашиот сегашен најголем мотиватор при работата?


19 % Како најголем мотиватор при работата го наведуват менаџерот односно
претпоставениот.
28% Како најголем мотиватор ги наведуваат колегите и тимот со кој што работат
43% како најголем мотиватор ја наведуваат можноста за зголемување на плата и можноста
за унапредување.
10% од испитаниците како најголем мотиватор при работа ги наведуваат стекнувањето на
нови искуства и усовршување на вештините за работа.

50%
45%
40%
35%
30%
25%
20% Series 1

15% Series 2
10% Series 3
5%
0%
менаџерот колегите и тимот можноста за стекнувањето на
односно со кој што работат зголемување на нови искуства и
претпоставениот плата и можноста усовршување на
за унапредување вештините за
работа

Според испитаниците покрај другите мотиватори покачувањето на платата е сепак


најголем мотиватор која учествува со 43 % од вкуниот број на испитаници во работата
иако и другите мотиватори имаат големо влијание врз работата на вработените.
Комбинација на повеќе мотиватори и мотивација на вработените доведува до поголема
продуктивност ефективност и ефикасност во работењето. Врз продуктивноста и
мотивираноста на вработените секако влијае и тимот со кој се работи бидејќи во тимот
учествуваат повеќе вработени кои што може да имаат различна мотивација во работата.
Стекнувањето на нови искуства исто така е важен мотивациски фактор за некои од
вработените за унапредување на вештините кои им се потребни во работењето.
II.Кои бенефиции постојат и како тие влијаат на мотиваијата?

3. Кои бенефиции ви гинуди вашата компанија ? (набројте ги сите)

Бенефиции
Обуки и семинари
Попусти и поволности при
плаќање на
производи/услуги на
компанијата
Попусти кај фирми
партнери

Дополнителни слободни
денови

Патувања

Овие се главните дополнителни бенефици кои вработените ги наведуваат како


бенефиции кои ги обезбедуваат нивните компании, покрај основната плата, придонеси и
законски слободни денови.

4 Колкаво вилијание имаат бенефициите кои ги добивате од Вашето работно место


во поглед на вашата мотивација ? (Ако некоја од бенефициите има поголемо
влијание од друга Ве молам објаснете)
Според одговорите на испитаниците во ова истражување бенефициите кои ги добиваат од
компаниите во кои што работат имаат големо влијание врз нивната мотивираност за
работа. Некои од испитаниците ги наведуваат обуките и семинарите како еден од главните
бенефиции кои ги добиваат од своите претпоставени. Додека други како бенефиција ги
споменуваат службен автомобил, службен мобилен телефон и дисконтни цени на
производи/услуги на компанијата. Оттука овие бенефиции значително влијаат врз
мотивираноста на вработените за работа во компанија што се гледа и по тоа дека за 77%
од нив бенефициите имаат големо влијание врз мотивацијата за работа, додека за 18%
имаат делумно влијание а кај 5% од вработените немаат никакво влијание
90%
80%
70%

60%
50%
40% Series 1

30% Series 2
Series 3
20%
10%

0%
Имаат големо Имаат делумно Немаат никакво
влијание во влијание врз влијание
мотивираноста мотивираноста за
работа

III.Каков е системот за наградување и како тој влиаје врз мотивацијата?

5. Каков е системот на наградување во Вашата компанија и дали тој е доволен ?


(објаснете)
14% од испитаниците ги наведуваат личниот развој како награда при работата во
компанијата.
27% од испитаниците ги наведуваат чуството на постигнување и стекнат статус како
награда при работата во компанијата.
12% од испитаниците за награда го сметаат задоволството при работата.
38% од испитаниците ги наведуваат зголемената плата и дополнителни парични бонуси.
9% од испитаниците го насведуват неформалното и формалното признание од страна на
претпоставениот
40%
35%
30%
25%
20%
15%
10%
Series 1
5%
Series 2
0%
Series 3

По податоците кои што можеме да ги видиме од графиконот може да се каже дека


постојат повеќе видови на наградување во компаниите, исто така при интервјуто со
испитаниците беше искажано дека во компаниите најчесто има двостепено наградување
поделено на интерни и екстерни награди како ститем на наградување. Сепак според
резултатите највеќе се применува со 38 % доделување на паричен бонус како награда и
мотивација за добро сработена работа

6. Кои од видовите на наградување најмногу влијае на Вашата мотивација за


работа? (набројте и објаснете)

IV.Евалуација на системот за мотивација?

7. Каков е системот за мотивација во компанијата каде што работите? (Објаснете)


42% од испитаниците го наведуват материјално стимулирање за резултати како дел од
мотивацискиот систем на компанијата
19% од испитаниците ги наведуваат Нематеријални стимулации за резултати во кои
спаѓаат (Креирање на оптимални услови (опкружување) за работа - користење на
современи средства, Можноста за понатамошно образование, Планирање на кариера,

39% од испитаниците наведувааат дека компанијата во која работат користи комбиниран


систем на мотивација со матерјални и нематерјални стимулации за постигнување на
резултати

систем на мотивација

Матерјални стимулации
Нематерјални стимулации
Комбиниран систем

Според истражувањето некои вработени ги мотивира предизвик и кога работат кон


остварување на цели кои тие лично ги сметаат за значајни. Притоа, целите треба да бидат
достижни, но не премногу лесно, мора да постои предизвик. На овие вработени им е битен
типот на работата и можностите за напредок и достигнување. Некои вработените се
мотивирани кога имаат точно дефинирани работни задачи, кога точно знаат кои се
нивните одговорности и што од нив се очекува, а други вработени пак сакаат поголема
независност во работата, сакаат општо дефинирана цел и слобода во начинот на нејзино
остварување. И во двата случаи, резултатот од добро сработена задача треба да биде јасен,
а истата да биде препозната и призната. На добрите вработени им е битно да знаат како
нивната работа придонесува во остварување на корпоративните цели. И секако, особено е
значаен односот со претпоставените и колегите. Тука мора да се напомене дека сите
погоре наведени фактори на мотивација делуваат само кога се задоволени основните,
базични фактори: плата и сигурност на работното место. Вработениот го мотивираат
нефинансиски фактори само кога неговата плата му е доволна за задоволување на
неговите основни потреби и кога е сигурен дека и следниот месец и тој после него може
да смета на таа плата. Големите компании, а тука не се исклучуваат и помалите, треба да
изградат систем на мотивација, кој ќе ги земе во вид и материјалните и нематеријалните
фактори, како и различните стимули кои влијаат на различни групи на луѓе. Само така
компанијата ќе може да ги задржи добрите вработени.

8. Дали сметате дека Вашата компанија правилно ги мотивира вработените ?


(Објаснете)
33% од испитаниците сметаат дека компанијата правилно ги мотивира и насочува
вработените.
44 % од испитаниците сметаат дека во компанијата постои систем за мотивирање на
вработените но сепак сметаат дека има простор за унапредување и усовршување на
системот
23% од испитаниците смеетат дека постои систем за мотивација на вработените но
тој функционира ‘само на хартија

50%
45%
40%
35%
30%
25%
20%
15%
10% Series 1
5%
0% Series 2
правилно ги во компанијата смеетат дека Series 3
мотивира и постои систем за постои систем за
насочува мотивирање на мотивација на
вработените. вработените но вработените но тој
сепак сметаат дека функционира
има простор за ‘само на хартија
унапредување и
усовршување на
системот
9. Како според Ваше мислење треба да биде структуриран ситемот на мотивација во
компанијата во која работите ?
Испитаниците во ова истражување наведуваат повеќе примери како да биде структуиран
ситемот на мотивација а тоа се :

систем на мотивација поделен на два дела: паричен бонус на месечно или годишно ниво
во зависност од позицијата која ја врши вработениот и формално признание за добро
завршена работа.

Некои од испитаниците работат на процент од продаден производ за нив мотивацискиот


систем исто така треба да содржи бонус за продаден производ кој треба да биде реален и
да соодвествува со вредноста на производот и да постои правилна парична награда. Тие
исто така наведуваат дека компаниите треба да имаат дефиниран систем на напредување
кој реално ќе овозможи развој и напредување на вработените внатре во компанијата.

V.Причини за задоволството при работа


-валоризација на трудот
-почитување на потреби
-систем на напредување
-професионален развој
-систем за следење на перфомансите

10. Дали чувстувате задоволство при работата ? (Објаснете)


35% од испитаниците наведуваат дека чуствуваат задоволство кон работата и работата
целосно ги исполнува
44% од испитаниците чуствуваат задоволство при работа но постојат моменти кога
нивната работа е стресна и со тоа во некои моменти се појавува незадоволство од
различни причини

21% од испитаниците истакнуваат дека работата ја работат поради паричниот бенефит кои
го имаат но не се задоволни од третманот во компанијата и начинот на вреднување на
нивниот труд

Chart Title
50%
45%
40%
35%
30%
25%
20%
15%
10%
5%
0%
чуствуваат задоволство чуствуваат задоволство работата ја работат
кон работата и работата при работа но постојат поради паричниот
целосно ги исполнува моменти кога нивната бенефит кои го имаат но
работа е стресна и со тоа не се задоволни од
во некои моменти се третманот во
појавува незадоволство компанијата и начинот
од различни причини на вреднување на
нивниот труд

Series 1 Series 2 Series 3

Прашањето за задоволство е индивидуално па така испитаниците во ова истражување


имаат различен став за задоволството при работа. За некои од испитаниите самите услови
за работата и репутацијата на компанијата придонесуваат кон нивното задоволство при
работа, додека кај други пресудно за нивното задоволството од работното место е статусот
и бенефиците кои ги имаат како вработени во компанијата. Кај пониските работни места
задоволството при работа е на понниско ниво и зависи од висината на платата и тежината
на работното место
11. Дали сметате дека Вашиот труд правилно се вреднува и оценува ? (Објаснете)
68% од испитаниците наведуваат дека нивната компанија и непосредниот раководител
правилно го вреднува трудот.

11% од испитаниците наведуваат дека нивната компанија недоволно го вреднува трудот

21% од испитаниците наведуваат дека во компанијата нивниот труд воопшто не се


вреднува

Постојат различни мислења во поглед на вреднување на трудот на вработените, иако


поголеем број од вработените истакнаа дека нивната компанија доволно го вреднува
трудот сепак постојат вработени кои кој го критикуваат системот и начинот на
вреднување на трудот. Додека други наведуваат дека мерливоста на трудот најчесто
зависи од претпоставениот и неговата перцепција за добро или лошо завршена работа
односно дека неможе со сигурност да се опередели и вреднува вложениот труд од страна
на вработените според ефективност и ефикасност во работењето.

80%

70%

60%

50%

40%
Series 1
30%
Series 2
20%
Series 3
10%

0%
нивната компанија наведуваат дека наведуваат дека во
и непосредниот нивната компанија компанијата
раководител недоволно го нивниот труд
правилно го вреднува трудот воопшто не се
вреднува трудот. вреднува
12. Дали според вас во Вашата компанија се почитуваат потребите на вработените и
на кој начин? (Објаснете)
82% од испитаниците наведуваат дека се почитуваат потребите на вработените

16% од испитаниците наведуваат дека делумно се почитуваат потребите на вработените

2% од испитаниците наведуваат дека воопшто не се почитуваат потребите на вработените.

Потребите по својата природа се индивидуални кога станува збор за потреби на


вработените во рамките на една компанија тие се различни. Испитаниците во ова
истражување имаа најразлични одговори како потреба за излегување од работа за работно
време , дополнителни финсиски средства како помош па се до психолошки потреби за
почит и искажување.

90%
80%
70%
60%
50%
40% Series 1
30% Series 2
20% Series 3
10%
0%
се почитуваат наведуваат дека воопшто не се
потребите на делумно се почитуваат
вработените почитуваат потребите на
потребите на вработените
вработените

13. Каков тип на напредување и унапредување постои за вработените во Вашата


компанија и дали сте задоволни ?
48% од испитаниците наведуваат дека во компанијата е потребно време најмалку од една
година за основно напредување и промена на позицијата
21% од испитаниците наведуваат дека во нивната компанија многу ретко има промена и
напредување на работни позиции особено во менаџерскиот и раководниот тим

17% од испитаниците наведуваат дека нивото на напредување е скалесто и зависи од


пензионирање или заминување на вработени од компанијата

14% од испитаниците наведуваат дека напредувањето во компанијата исклучиво зависи од


залагањето ефикасноста и ефенктивноста на вработените

60%

50%

40%

Series 1
30%
Series 2

20% Series 3

10%

0%
од испитаниците
од од
испитаниците
испитаниците
од испитаниците
наведуваат
наведуваат
наведуваат
дека
наведуваат
во
дека
компанијата
дека
нивото
во
дека
нивната
на
напредувањето
енапредување
потребно
компанија
време
во
емногу
скалесто
компанијата
најмалку
реткои зависи
има
одисклучиво
една
промена
одгодина
пензионирање
зависи
и за од
напредувањеосновно
на работни
залагањето
или
напредување
заминување
позиции
ефикасноста
особено
и на
промена
вработени
иво
ефенктивноста
менаџерскиот
на позицијата
од компанијата
наи вработените
раководниот тим

Според коментарите на интервјуираните вработени напредувањето најмногу зависи од


моменталната потреба за пополнивање на одредена позиција. Кога станува збор за
напредување поради добро завршените работни обврски тогаш последниот збор го има
раководителот на секторот или доколку се работи за менаџерска или раководна позиција
последниот збор го има сопственикот на компанијата. Во компаниите исто така постои
напредување по однос на ефикасноста и ефентивноста на вработениот односно дали за
придонел во поглед на подобрувањето на имиџот и профитот на компанијата.
14. Како Вашата компанија се грижи за вашиот професионален развој и
напредување во работа ? (Објаснете)

15. Дали одговорните во Вашата компанијата имаат воведено систем за следење на


перформансите на вработените и на кој начин тој се спроведува?

You might also like