You are on page 1of 4

Психологија на труд

Име и Презиме: Слободанка Талевска Дата: 03.02.2020

Број на индекс: 1532016

 Наведи ги фази во кои се спроведува професионалната ориентација во


рамките на основното образование?

 Која е функцијата на анализа на работата?

 Кон што се насочени содржинските, а кон што процесните теории на


мотивација?

 Индивидуални последици на стрес во организација се...

 Наведи ги фазите на согорувањето.

 Наведи ги фазите на организациски конфликт

 Кое е значењето на функционалното овластување во процесот на


менаџирањето на организацијата?
Која е функцијата на анализа на работата?

Основа за изработка на опис на работата


Вреднување на работата и материјална компензација
Проценка на работната успешност
Дефинирање на содржините и постапките на селекција
Процес на распоредување
Дефинирање на програмите за обука

Кон што се насочени содржинските, а кон што процесните теории на мотивација?

Содржински-Насочени на физиолошките и психолошките потреби на


поединецот.Раководителот мора да создаде таква околина во која ќе бидат задоволени тие
потреби.

Процесни -Настојуваат да ги разберат мисловните процеси кои влијаат на однесувањето


на луѓето на работа и да објаснат како потребите ја наведуваат особата на одредено
однесување зависно од наградатаobjasniti и работните можности кои и се достапни.

Индивидуални последици на стрес во организација се...

Субјективни ефекти ( анксиозност, депресија, агресија,ниско самопочитување и сл.)

Когнитивни ( слаба концентрација, ментална блокада,неспособност да се донесе добра


одлука и сл.)

Физиолошки ефекти ( забрзана работа на срцето, зголемен крвен притисок, потење,


зголемено ниво на шеќер во крвта и сл.)

Организациски ефекти ( апсентизам, флуктуација, ниска продуктивност, незадоволство од


работата и сл.)

Здравствени ефекти ( проблеми со срцето, проблеми во органите за варење, главоболка,


дерматитис и ментална болест)
Наведи ги фазите на согорувањето.

Превисоки очекувања и идеализација на работата – се манифестира како ентузијазам


врзан за работата,, потполна посветеност во работата, висок степен на енергија,
позитивни и конструктивни ставови.

Почетно незадоволство од работата и први знаци на согорување – први знаци на физички


и ментален замор, фрустрираност и губиток на некој идеал, се намалува работниот морал,а
се зголемува досадата во работата и се отежнува комуникацијата со колегите.

Повлекување, изолација и интензивни знаци на стрес – се манифестира со избегнување на


контакти со другите соработници,поголеми комуникациски потешкотии,бес и
непријателство кон околината, негативизам, депресивност и други емоционални
потешкотии.

Наведи ги фази во кои се спроведува професионалната ориентација во рамките на


основното образование?

Процесот на професионална ориентација се одвива низ неколку различни домени.Во


рамките на основните училишта профенсионалната ориентација се одвива во три фази:

во првата фаза се следи,поттикнува и насочува професионалниот развој на учениците,во


оваа фаза учениците добиваат основни информации за поедини професии.

во вторта фаза се преоѓа кон анализа на содржината на одредени аспекти на


професионалната ориентација,избор на одредени средни училишта.

во третата фаза преку дополнителна настаава,слободни активности се преоѓа кон детална


анализа на поедини содржини на професионалната ориентација кои содржини небиле
опфатени во редовната настава.

Наведи ги фазите на организациски конфликт

Воочување

Анализирање

Поставување на правила и должности

Пренаменување на ресурсите

Менување на начинот на комуникација

Зголемување или намалување на обврските


Донесување на заклучоци

You might also like