You are on page 1of 2

Домашна работа по психологија:

Проблем: Заборавање на маските

Во денешно време на корона вирус, луѓето не го сфаќаат


озбилно носењето и важноста на маските. За да го дознаеме
одговорот на луѓето, ќе направиме интервју во писмена форма.ж

За да се реализира ова се прави анкета во која се вметнуваат


прашања кои што имаат врска со проблемот. За да добиеме заклучок
прашавме разни луѓе од различни возрасни групи. Сите нив ги
прашавме едно прашање: “Зошто според вас не е потребна маската?”

1. Млади (12-25 г.): Од одговорите што ги добивме од


младите, може да се сумира дека тие не веруваат многу во
вирусот. Оние кои веруваат, се тешат дека луѓето во нивно
опкружување не се заразени и немаат потреба од маска, но
имаше и трети испитаници кои мислат дека маските се
воведени само за да се гушат луѓето.
2. Зрели (26-45 г.): Зрелите се доста слични на младите и
може да се каже дека едните и другите влијаат меѓусебно.
95% од зрелите кои ги сретнавме без маска, веруваат дека
вирусот не постои или дека до нив нема шанси да допре
бидејќи тоа е вирус што ги напаѓа старите луѓе. Другите 5%
имаа најразлични изговори
3. Стари (46+ г.): За среќа немаше многу стари лица кои не
носеа маски, но оние кои ги сретнавме се изгласија дека
излегле само до кратка релација и не планирале контакт со
други луѓе. Скоро сите стари лица се свесни за ситуацијата
дека е многу опасна по многуте жртви кои ги однесе
вирусот.
Заклучок од сето ова: Според интервјуто што го изведовме, дојдовме
до заклучок дека треба да се зголеми полициската контрола и дека
младите и зрелите не се многу свесни за настанатата ситуација со
ковид-19 и тие не превземаат никакви мерки за заштита од вирусот
како што би требале.

Изработил: Никола Трајковски IV6 клас

You might also like