You are on page 1of 25

СЕМЕЈСТВО И БОЛЕСТ

Др. Диана Белевска


Ретроспективата на сопствената среќа, секогаш
почнува и завршува со семејната среќа.

За мене семејството значи пружање на рака еден на друг


и постојана присутност.
Barbara Bush
СЕМЕЈСТВО
Семејството претставува најважна социјална група во однос на
индивидуалниот психолошки развој, емоционалната
интеракција, и изградбата на самопочитта.

Семејството е нуклеарна социјална институција каде што се


доживува најдлабока љубов, омраза, најголеми задоволства и
најтешки разочарувања.
БОЛЕСТ
„Секој по раѓањето добива двојно државјанство – во
царството на здравите и во царството на болните и
попречените. Иако секој посакува да го користи добриот
пасош, секој од нас е принуден барем за некое време да
биде државјанин на она другото царство„
(Suzan Zontang, 1978)
БОЛЕСТ

Дијагноза на акутна/хронична болест на член од семејството,


претстваува значајна животна криза за целото семејство.

Тоа разнишување на еден единствен "камен" од каменестиот свод,


неподготвеноста и незнаењето на другите членови како да реагираат
ја креира семејната “драма“.
Болест како тајна

Болеста како тајна го лишува семејството од пристапот кон ресурсите


неопходни за соочување и надминување на актуелниот семеен
дисбаланс и враќањето на еквилибриумот и хармонијата. Стравовите,
страмот, чувството на вина ја одржуваат тајната. Тајната го
раздвојува семејството, таа формира дијади, скриени сојузи,
прекинати комуникации, поставува граници, одредува кој е внатре, а
кој надвор, ја регулира блискоста и дистанцата.
Болест како тајна

Болеста како тајна има одредена своја функција.

Функцијата на ХИВ тајната е заштита од социјално отфрлање,


страв од стигматизација, девијантност и опасност.

Но последиците од ваквите тајни се ненавремо обраќање за


медицинска помош и неадекватен план на третман.
Болест како стигма

Прикривањето на болест, често е резултат на страв од


отфрлање (ХИВ), страв од маргинализација, стигматизација
(потешкотии со ментално здравје).
Етикетирање и маргинализацијата се основа на
дискриминацијата и се поврзани со незнаење, страв и
комформизмот како механизам на социјална контрола.
СЕМЕЈСТВО И БОЛЕСТ
Секој семеен систем е подложен на стрес кога кај некој од
неговите членови се дијагностицира акутна/хронична
соматска/психосоматска болест.

Болеста поставува нови барања во рамки на смејството, во


склад со својата природа, хроницитет, очекуван исход, живото
загрозувачки аспекти и сл. Семејството често се подредува на
овие барања, па и неговите реакции се различни при
заболувања од различна природа.
Семејни реакции на сериозно ментално
заболување
Семјните реакции се варијабилни и зависат од:

природата на заболувањето,
потребата од хоспитализација,
степенот на социјална и окупациона дисфункционалност на
заболениот член,
достапноста на професионалните служби,
социјалната поддршка,
како и од компетенцијата на семејниот систем да се справи со
болеста.
Семејни реакции на сериозно ментално
заболување

Фази на семејни искуства во развојот на компетенцијата и


соочувањето со болеста:

1. Игнорирање/ Одрекување/Не верување


2. Првиот шок на препознавањето
3. Пат позиција“
4. Потиснување на импликациите на заболувањето
5. Трансформација на официјалниот статус – “пациент“
Семејни реакции на сериозно ментално
заболување

6. Потрага по причините
7. Потрага по третман
8. Колапс на оптимизмот
9. Одрекување од сонот
10. Составување на сите делови –
Разбирање на болеста во
перспектива
Семејни реакции на ХИВ/СИДА
Дијагностицирана ХИВ/СИДА кај член на семејството, зависник од дрога:

I ФАЗА – Болниот се затвара и се повелекува од контактите со пријателите и роднините.


Семесјтвото реагира со:
•Изненаденост од присуството на инфекцијата и
•Неприфаќање на болеста.
II ФАЗА – Семејството пројавува бес и го обвинува ХИВ позитивниот односно болниот член на
семејството и во семејните реакции доминира:
•Отсутво на отворена агресија во семејството
• чувство на немоќ
•“кревање раце, препуштање на судбината“.
Но, во оваа фаза семејството ги презема сите заштитнички мерки во однос на заболениот
член.
III ФАЗА – Семејството се прилагодува на проблемот, а со тоа го менува и својот однос кон
болниот.
Семејни реакции на ХИВ/СИДА
Дијагностицирана ХИВ/СИДА кај член на смејството – хомосексуалец
Во овој случај семејството ја доживува ХИВ инфекцијата како трауматичен настан кој е
предизвикан од социјално неприфатливо однесување. Семејните реакции зависат од
семејната улога на заболениот член, како и од релациите со останатите членови.

Дијагностицирана ХИВ/СИДА кај член на семејство инфициран при процес на


лекување пр. од хемофилија
ХИВ инфекцијата се доживува како судбински трауматичен настан, па и реакциите овде се
многу послични со реакции при дијагностицирано малигно заболување, со доминантност на
бескрајна тага, неправедност и осуда на медицинскиот персонал.
Семејство и член со инвалидитет

Хендикеп или инвалидност кај член на семејство е криза која го афектира


семејството на повеќе нивоа:

• Бихејвиорално ниво: семејството треба да обезбеди адекватна грижа за


хендикепираниот член, што е особено тешко при новонастанатиот
инвалидитет, потребна е комплетна реор реорганизација на воспоставенот
распоред на активности на сите членови, па и на семејството како целина,
како и дополнително финансиско оптеретување и нови приоритети.
Семејство и член со инвалидитет

Емотивно: семејството поминува низ тага, лутина, чувство на вина,


беспомошност и изолација.
Когнитивно ниво: од семејството се бара да се информира за природата на
инвалидитетот, како и за импактот на дијагнозата врз поставените вредности
и очекувања.
Интерперсонално и социјално :семејството се соочува со стигматизација и
етикетирање, чувство на изолација од другите, со можно избегнување од
страна на пријателите, со потребата да изгради нова социјална мрежа на
поддршка.
Семејство и член со инвалидитет
Предрасуди во нашето општество, врзани за
семејства во кои има член со инвалидитет се:
•Помалку вредно семејство
•Семеен грев
•Генетска казна
•Има “забрана“ за среќа
•Оправдано е да ги жртвува интересите на другите
членови на семејството
•Нема можност да живее како останатите семејства
•Хиперсензитивни се и им завидуваат на другите
•.............
Семејство и антиципација на загуба

Загубата или ризикот од загуба, на член на семејството има


мултигенерациско значење и ја отежнува или блокира адаптивната
транзиција и диференцијација.

Загубата го дестбилизира целокупниот семеен ситем. Носител на


психолошките/психијатриски симптоми може да биде било кој од членовите
на семејството.
Семејство и антиципација на загуба
Реакции на пациентите кои се во терминална фаза на болест:
I. Првата реакција е шок.
II. Потоа следи одбивање.
III. Лутина. Вобичаено насочена кон Бог, судбината, природата, среќата.
IV. Ценкање/ Нагодување. Пациенотот очекува да се “нагоди“ со бог за
сопствениот лек, ветувајќи одредени лични жртви, одреден стил на однесување.
V. Тага. Вообичаено ова е најдолга фаза, проследена со депресивност и чести
промени во расположението.
VI. Прифаќање. Ова е завршна фаза кога пациентот веќе ја прифаќа смртта, се
соочува и преостанатото време го користи за “поставување на работите во ред
и завршување на незавршеното“.
Семејство и антиципација на загуба

Како семејството се справува со ризикот од


загуба или самата загуба на наегов член
зависи од:

•Возраста на починатиот
•Функционалната позиција во семејниот
систем
•Природата и времетраењето на болеста
•Coping стратегиите на семејството
Семејство и антиципација на загуба
Фазите низ кое поминува семејството при антиципација на загуба се:
I. Шок.
II. Одбивање. Членовите на семејството сеуште се надеваат дека тоа не е вистина, за
нив се е само лош сон од кој наскоро ќе се разбудат. Справувањето со тагата
неможе да започне се додека семејството не ја прифати реалноста на смртта.
III. Лутина. Штом когнитивно ќе се прифати реалноста на загубата, настапува ерупција
на лутина насочена кон Бог, кон медицината, докторите, кон одреден член на
семејтвото, па дури и кон себе во облик на потиштувачко чувство на вина.
IV. Тага, жалост. Ова е најдолгата фаза. Може да трае со месеци и години. Доминира
депресивност, континуирано чувсттво на вина, физичка исцрпеност и телесни
заболувања, осаменост, паника, напади на плачење и сл.
V. Опоравување. Болката поради загубата на член на семејство никогаш не исчезнува
комплетно, но сега веќе семејството успева да ја врати сопствената функционалност
и да продолжи со животот. Љубовта кон починатиот останува.
СЕМЕЈНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Примарна развојна задача на семејство кое се соочува со


ментална или соматска болест, хеникеп, инвалидитет е да
ја одржи сопствената функционалност и компетентност во
контекст на делумната загуба и/или ризикот од можна смрт
на болниот.
СЕМЕЈНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Семејната интервенција значи фокус на процес, чувства,


разбирање, реагирање, а не фокус на болест.
Таа не смее да биде виртуелна реалност, не смее да биде
изоморфна со животната ситуација.
СЕМЕЈНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Клучни аспекти на кои е се базира професионалната семејна


интервенција се:

1. Поддршка и зајакнување на семејството низ процес на развој на


механизми за самопомош;

1. Пружање на услуги на социјална заштита.


СЕМЕЈНИ ИНТЕРВЕНЦИИ

Семејните интервенции му овозможуваат на семејството :

•Разбирање на сопственото функционирање


•Психосоцијално разбирање на болеста
•Разбирање на развојните процеси (интеракција на болеста,
индивидуата, семејниот систем)
•Поддршка, јакнење на кохезивноста, комуникација, решавање
на конфликтите, изразување на тагата.

You might also like