You are on page 1of 11

Проценка на ризик од насилство

Проф.др.Диана Белевска
Дефинираое на насилствптп
 Харт(2005) нуди јасна и концизна дефиниција на
насилството, која вклучува реална, превземена и
заканувачка физичка штета која е намерна и без
согласност.
 Оваа дефиниција ги исклучува потенцијалните
форми на насилство, како што се емоционално и
вербално насилство. Иако емоционалното
насилство може да биде многу штетно за жртвите
на семејно насилство, емоционалните насилства
имаат тенденција да бидат
помалку релевантни во многу
правни ситуации.
Насилствптп какп избпр
 “Непосредната причина за насилство е одлуката да
делуваме насилно“ – Харт, 2005
 Концептуализацијата дека насислтвото е избор е
важна од повеќе причини
 Прво, правниот систем го гледа извршувањето на
насилство како избор. Mens rea е термин кој се
користи во правниот систем и кој сугерира
верување дека криминалното однесување е волево
или дека некој е одговорен за своето однесување.
 Mens rea значи дека некој намерно извршил акт,
насилен или на друг начин, со крива или
неправедна намера.
Насилствптп какп избпр
 Второ, самата природа на психологијата се базира на
фактот дека може да се прават предвидувања.
Психологијата често се опишува како наука за
однесувањето и менталните процеси и како секоја наука
таа се обидува да опише како би се предвидело и
променило однесувањето.
 Форензичките психолози би требало да укажуваат на
природата на можното насилство (физички напад на
странец, семејно насилство, сексуално злоставување),
неговата тежина (убиство, тежок физички напад,
употреба на оружје) или условите под кои тоа ќе се
случи (во пијана состојба, по развод, во извржувањето
на други кривични дела).
 Добрата проценка на ризик е детален опис, а не
едноставно предвидување.
Важни правни случаи вп развпјпт на
прпценката на ризикпт
Случај во Врховен суд Релевантни аспекти на одлуката
O’Connor v. Donaldson (1975) Особата не може да биде затворена само на основа
на ментална болест, но исто така мора да
покажува и непосредна опасност

Tarasoff v. Regents of the University Се бара должност од професионалците за


ментално здравје да предупредат дека е потребна
of California (1976)
проценка на потенцијалот на пациентот да стане
насилен кон одредено лице

Barefoot v. Estelle (1983) Сведочењето на експертот за опасноста, не може


секогаш да биде точно, но е допуштено, а
спротивставениот процес треба правилно да го
оцени

Schall v. Martin (1984) Превентивен притвор е дозволен врз основа на


предвидувањето дека обвинетиот претставува
сериозен ризик за идно криминално однесување

Kansas v. Hendricks (1997) and Потврдена уставноста на правилници за


Kansas v. Crane (2002) сексуално насилни предатори и употреба на
опасноста на намерите за нивно извршување
Развпј на прпценката на ризикпт
 Првата генерација на истражувања, во текот на 1970тите
години посветиле големо внимание на
институционализирани индивидуи во психијатриски,
форензички и поправни установи кои чекаат ослободување.
 Овие истражувања се фокусирале на сиромашни предиктори на
насилство, имале лошо мерени и дефинирани исходи од
насилство, користеле тесни примероци, и биле сиромашно
организирани
 Втората генерација истражувања за проценка на ризикот, се
смета дека направиле голем напредок во полето, се
фокусирале на краткорочни предвидувања и идентификување
на корисни предикторни варијабли кои дефинитивно биле
поврзани со насилството низ различни домени
 Идентификацијата на индивидуални и контекстуални
варијабли кои се однесуваат на насилство ја поставила
основата за трета генерација на истражувања за проценка на
ризикот
Ајтеми на прашалникпт HCR-20
 Историски ајтеми  Клинички ајтеми
 Претходно насилство  Недостаток на увид
 Рана возраст на првиот насилен  Негативни ставови
инцидент  Активни симптоми на големо
 Нестабилни врски/односи ментално растројство
 Проблеми со вработување  Импулсивност
 Проблем со злоупотреба на  Не реагира на третманот
супстанци
 Големо ментално растројство
 Ајтеми на ризик
 Психопатија
 Плановите недостасуваат
 Рана неадаптираност изводливост
 Растројство на личност  Изложеност на дестабилизатори
 Неуспех на предходен надзор  Недостаток на лична подршка
 Непридржување до обидите за
лечење
 Стрес
Развпј на прпценката на ризикпт
 Проценката на ризик не е само прашање на
идентификација дали некој ќе изврши насилен акт,
туку постојат повеќе аспекти кои се вклучени во
проценката на ризикот
 Харт(2005) предложил пет различни компоненти на
проценка на ризикот од насилство :
1. Природата на потенцијалното насилство
2. Тежината на потенцијалното насилството
3. Фреквенцијата на потенцијалното насилството
4. Неминовноста на потенцијалното насилството
5. Веројатноста на потенцијалното насилството
Клинички, статистички и
структурирани прпценки на ризик
 Клиничката проценка на ризик се заснова на човечко расудување,
одлуката/мислењето е обликувано според степенот на образование и
професионалното искуство на експертот.
 Статистичката проценка за разлика од клиничката е повеќе
формална, алгоритамска, објективна и има статистичка основа.
Наместо да се потпираат на човечкото расудување, инструментите за
статистичка проценка користат претходно покажана поврзаност
помеѓу мерливите и специфични предиктори и варијаблите на исход
и конечно одредуваат фиксни, или механички и експлицитни
правила.
 Структурирана проценка или структурирано професионално
расудување се фокусира на листа важни фактори и општи насоки за
користење на овие фактори на ризик. Се користи стандардна рамка
или алатка која се заснова на идентификувана листа на фактори од
релевантна научна литература, но иако пристапот е формален, сепак
дозволува клиничка процена. Пример за структурирана проценка е
HCR-20 (Historical, Clinical, Risk Management-20)
Специфични фактпри релевантни за
прпцена на иден ризик
 Ризик фактори - може да се поделат на:
 Статички ризик фактори – варијабли кои го
зголемуваат ризикот од идно насилство, но
неверојатно е да се променат и често се фиксни. На
пример, пол и етничка припадност.
 Динамички ризик фактори – имаат тенденција да
бидат променливи или изменети од страна на времето
или специфични сили и се чувствителни на промени
или интервенции. На пример, ајтемите од клиничката
и ризик скала на HCR-20, како недостаток на увид,
психијатриски симптоми, емоционална и
бихевиорална нестабилност,недостаток на социјална
подршка, стрес, непридржување до лекарствата...
Специфични фактпри релевантни за
прпцена на иден ризик
 Заштитни фактори – фактори кои ја намалуваат
веројатноста некој да изврши насилство.
 Ullrich and Coid (2011) од преглед на достапна литература,
идентификувале потенцијални заштитни фактори за
возрасни. Во нивната листа се вклучени: забележана
социјална подршка; забележана емоционална подршка;
поминување на слободното време со семејството и
пријатели; припадност на некоја група,клуб или
организација; вклученост во верски активности; блискост
со другите; проактивно однесување, има место за престој по
пуштањето на слобода; стабилност на адреса; има приход;
да биде во можност финансиски да управува со
домаќинството, обуки или едукација, и да има работа од
ослободувањето.

You might also like