You are on page 1of 2

Вовед

Семејното насилство претставува еден од најголемите проблеми во


денешницата, насочено кон брачниот другар-најчесто жената или децата. Самото
насилство може да се манифестира на различни начини, психички, физички,и
сексуално, при што жртвите подлегнуваат на различни физички повреди или
психолошки проблеми. Семејното насилство често е поврзано со родовото
насилство, во најголеми случаи насочено кон жената со физички или сексуален
напад. Родовото насилство доаѓа од одредени родови предрасуди, најчесто
мислење дека жената треба да има понизок статус во самото општество од
мажите.
Кога станува збор за семејното и родовото насилство, кои се темелат на
омраза, треба да ги споменеме и ризик факторите кои ја зголемуваат веројатноста
една жена, дете или маж да подлегнат на било каква злоупотреба. Ризик
факторите главно се поврзани со насилство извршено од страна на интимен
партнер, но не се лимитирани само на тоа.
Ризик факторите се зголемени доколку одредена индивидуа има поминато
низ негативни или трауматични искуства во детството или младите години.
Доколку индивидуата има историја со насилство во семејството, физичко или
психичко, има можност самата индивидуа да го продолжи циклусот на насилство.
Сепак, ова не се директни индикатори на тоа дали некој ќе има насилни
тенденции, или ќе стане насилник, но помагаат со подигање на свеста во
заедницата, а со тоа стапката на насилството се намалува. Самите ризик фактори
кога станува збор за семејно насилство може да се поделат во групи и тоа
индивидуални, ризик фактори на ниво на заедница како и социјални ризик
фактори.
Индивидуални ризик фактори се:
-ниска самодоверба, низок левел на образование, млада возраст, употреба
на супстанци како дрога или алкохол, депресија, импулсивно и агресивно
однесување, историја на физичко малтретирање, емоционална и финансиска
зависност од партнерот/семејството, верување во родови предрасуди и други.
Ризик фактори на ниво на заедница се:
-заедници со низок степен на образовни и економски можности, заедници со
ниски стапки на вработеност, заедници со високи стапки на криминал, заедници во
кои има лесен пристап до дрога, алкохол и било какви други супстанци и други.
Социјални ризик фактори се:
-верување во традиционални родови норми и родова нееднаквост,
нормализирање на насилство и агресија кон сограѓани на ниво на заедница,
нееднаквост на приходи и економска нееднаквост, низок степен на образование и
применување на закони како и недостапност на добри здравствени, образовни
институции.
Literatura:
https://www.domesticshelters.org/articles/lists/risk-factors-for-domestic-violence
https://www.cdc.gov/violenceprevention/aces/riskprotectivefactors.html
https://courses.lumenlearning.com/suny-monroecc-hed110/chapter/risk-factors-for-
intimate-partner-violence/

You might also like