You are on page 1of 2

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Врсничкото насилство во стручната литература е познато под името


БУЛИНГ. Тоа е еден вид на употреба на сила, закана или намера за
злоупотреба и доминација над други врсници.

Ова однесување најчесто се повторува и претставува стрес за оние


кои се малтретирани. Истото претставува закана за позитивниот
развој на децата. Причинува вознемиреност, осаменост, затварање
во себе и губење интерес за училиштето и училишниот успех.
Децата изложени на врсничко насилство вообичаено се
омаловажени и социјално отфрлени, тие се со ниска самодоверба и
лоша слика за себе.

Врсничкото насилство е научено однесување и затоа може да


учиме ненасилно однесување, само потребно ни е да умееме да ја
препознаеме и да ја надминиме неправдата што ја доживуваме.

Најпрво треба да ги преиспитаме нашите ставови, уверувања, улога


и однесување. Постојат повеќе начини и техники за брзо и
ефикасно справување со насилството и притоа треба да се
насочиме кон конструктивно, ненаслилно однесување, за мирно
решавање на конфликтите и стремеж за создавање култура на
ненасилство, со почит кон врсниците, родителитe, наставниците и
пошироката заедница.

Треба заеднички да се вклучиме во борбата против насилството, да


придонесиме да се чувствуваме пријатно и безбедно во
училиштето. Ние сме тие, кои се одговорни за своите постапки,
бидејќи нашето однесување е под контрола на нас самите. За
своето лошо однесување не треба да бараме одговорност во
другиот. Треба да се запрашаме: Дали јас се однесувам добро
спрема другиот? Што можам јас да направам за да го решам овој
конфликт на мирен начин? Што ќе добијам ако физички или
вербално се пресметувам со другите?

Ние мораме да ги подобруваме односите со другите, да праќаме


пораки кои содржат љубов и подршка кон другите наместо навреди
и понижување, Да бидеме свесни како нашето однесување влијае
врз другите и да внимаваме кон чувствата на другите.
Наша заедничка работа е да реагираме во случај на насилство, за
да се спречи негативното влијание врз безбедноста, здравјето и
емоционалниот развој на нас и нашите соученици или врсници. Се
повикуваме активно да се вклучиме во борбата против насилството
и преку своето добро однесување да дадеме пример за другите, со
надеж дека заеднички ќе придонесиме да се чувствуваме пријатно и
безбедно во училиштето.

СТРУЧНА СЛУЖБА

ООУ,,Гоце Делчев,, Неготино

You might also like