You are on page 1of 17

Превенција на насилното

однесување во основните
училишта
Цели

Да се воспостави национална политика и препораки


за дефинирање на насилството во училиштeto

Да се развијат протоколи и процедури за


идентификација, третман и препраќање во други
институции во случаи на насилство;

Да се поддржат наставниците, училишните педагози и


психолози во сите основни училишта во
организирање на специфични наставни и вон-наставни
активности за превенција и справување со
насилството во училиште.
Дефинициja на насилството

Според Светската здравствена организација

НАСИЛСТВО е секоја намерна употреба на


физичка или психолошка сила/моќ.
Може да биде во форма на закана или пак да
вклучува употреба на сила, насочена кон себе си, кон
друго лице, или кон некоја група или заедница.
Завршува (или може да заврши) со физичка
повреда, со смрт, со психичка штета, со нарушувања
во развојот, или со загуба.
Облици на насилство

физичко
психичко
сексуално

Посебни видови кои се карактеристични за


училиштен контекст:
малтретирање
вандализам
Физичко насилство
Физичко насилство

Oблици на однесување преку кои на други


лица им се нанесува физичка болка или
повреда. Може да доведе до полесни и
потешки повреди, но и до усмртување на
жртвата.
Вандализам

Вандалско однесување - кога злонамерно


се оштетуваат предмети или објекти во туѓа
сопственост:
кршење прозорци, опрема во тоалетите,
столчиња;
дупчење гуми на возила;
пишување по ѕидови, клупи или друг мебел;
внесување вирус во компјутер.
Психичко насилство

Психичко насилство претставува насилно


однесување при кое се повредуваат чувствата и
достоинството на жртвата

Заканување

Навредување и исмевање

Изнудување и принудување

Замолчување

Изолација
Малтретирање (булинг)

Малтретирање претставува негативни физички


или вербални акции кои имаат непријателска
намера, предизвикуваат повреда на жртвата,
кои се повторуваат и вклучуваат нееднаква моќ
меѓу оние кои малтретираат и жртвите.
Сексуално насилство

Постојат три типа сексуално насилство кои се разликуваат


според интензитетот:

Сексуалното вознемирување
Сексуалното злоставување (силување)

Сексуална експлоатација
Регулатива и механизми

дисциплински мерки за санкционирање на


насилничко однесување на учениците се
пропишани со Правилникот за педагошки
мерки;

во некои училишта има Кодекс на однесување


на наставниците;

во некои училишта има Кодекс на однесување


на учениците;
Справување со насилството
Соработка и разрешување на проблемите

Професорите повеќе да соработуваат со учениците


Родителите да соработуваат со наставниците, (и) со
учениците
Зголемена контрола, грижа и воспитување од родителите
Решавање на проблеми со разговор
Да нема караници, љубомора, провокации, предрасуди,
омраза
Толеранција, меѓусебно почитување, трпение, помагање
Дружење, зближување, љубов
Разговори со стручни лица, соработка со психолог,
педагог
Справување со насилствотO

Едукација

Воведување на часови за ненасилно


однесување
Проекти, секции
Да има повеќе разни активности - игри,
квизови, прошетки
Поголема физичка активност, спорт
Заклучоци
Најчестите начини на справување се дополнителен
надзор и дисциплински мерки

Дисциплинирањето и казнувањето се
најтрадиционалните начини на справување со
непосакуваното однесување на децата

Досегашните искуства со ваквиот начин на


дисциплинирање покажуваат дека контролата и надзорот
вродуваат со секогаш нови форми на отпор.

Овие начини самите се на некој начин насилство и се


надоврзуваат на кругот - насилството секогаш раѓа
насилств
Заклучоци

Причини за насилното однесување во голем дел


се непознавањето, предрасудите и стереотипите
за Другиот (кој може да биде Друг заради родот, етносот,
хендикепот, културата, изгледот, религијата, потеклото итн.)

Во таа насока потребно е воспоставување на


програми кои ќе се темелат на почитување на
различностите, емпатија и критичко
размислување наместо на дисциплинирање и
контрола.
Користени извори
Училиште по мерка на детето, експертска група МОН и УНИЦЕФ, 2006
http://www.unicef.org/protection/index_violence.html
http://www.unicef.org/magic/media/documents/CRC_macedonian_language_
version.pdf
Блажева, А. и Чонтева, Ж. (2008). Спречување на насилството кај
средношколците во Градот и градење меѓусебна доверба. Алгоритам
Центар: Скопје
Violence against Children, United Nations Secretary-General’s Study,
www.unviolencestudy.org/
Меѓународна студија за однесувањето поврзано со здравјето кај децата
од училишна возраст во Македонија (2009). www.cpca.org.mk

World report on Violence and Health,


www.who.int/violence_injury_prevention/violence/world_report/en/index.ht
ml
http://unesdoc.unesco.org/images/0018/001841/184162E.pdf

You might also like