You are on page 1of 29

Психолошки аспекти на

врсничкото насилство
ВИДОВИ, КАРАКТЕРИСТИКИ, ПОСЛЕДИЦИ, РАНО ПРЕПОЗНАВАЊЕ
И МОЖНОСТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА
-проф. д-р Ана Фрицханд-
-19.05.2023-
Што претставува и како се манифестира врсничкото насилство?

• Врсничкото насилство е групен феномен кој се јавува во општествен


контекст каде различни фактори служат за промовирање, одржување
или потиснување на таквото однесување.
• Најчесто е манифестирано во форма на малтретирање или популарно
наречено булинг (bullying).
• Под поимот малтретирање најчесто се подразбира непосакувано,
агресивно однесување кое обично се манифестира во периодите на
средно детство (училишна возраст) и во адолесценцијата, односно во
текот на основното и средното образование.
• Ваквото однесување вклучува закани, ширење на дезинформации,
вербален или физички напад, намерно исклучување од групи и
слично.
2
05/22/2023
Карактеристики на малтретирањето

•Однесување кое се повторува или има предиспозиции да се


повторува, што претставува дополнителен извор на стрес за
жртвата на малтретирањето (која е во исчекување насилство
пак да се случи).
•Тоа е резултат на дисбаланс на моќ (вистинска или
замислена).
•Намерата (да се нанесе болка, штета итн.), односно
намерноста на однесувањето, е чест елемент во
малтретирањето и агресијата.
•Постоењето на намера е значајно за да се препознае
малтертирањето, од причина што секое малтретирање е
агресивно, но не секоја агресија е малтретирање.
05/22/2023
3
Видови малтретирање
•Постојат три најчесто наведувани типови малтретирање (bullying):
вербално, социјално и физичко.
•Во поново време се јавува и четврти тип, популарно наречен сајбер-
булинг (cyber-bullying), односно малтретирање преку дигиталните
медиуми, во интернет просторот.
•Вербалното малтретирање (verbal bullying) преставува насочено
изјавување на лоши и непристојни работи (на пр. подбивање,
навредување, непристојни коментари со сексуална содржина, закани,
потсмевање и слично).
•Статистичките податоци покажуваат дека најчести извршители на
вербално насилство се девојчињата, а најчести места каде се извршува
овој тип на насилство се јавни како што се училницата, интернетот,
училишните ходници (вообичаено за време на одморите), салата за
физичко образование и слично.
05/22/2023
4
Видови малтретирање
•Социјалното малтретирање (ѕocial bullying) е познато уште и како
релациона агресија и претставува намерно нарушување на нечија
репутација или релација (на пр. намерно исклучување од група, ширење
на дезинформации и гласини, јавно исмевање и слично).
•Физичкото малтретирање (рhysical bullying), е нанесување физички
повреди врз некој поединец или врз неговиот личен имот (предмети што
ги поседува).
•Најчести типови на физичко малтертирање се удирањето и кршењете,
односно отуѓувањето на лични предмети.
•Физичкото малтретирање најчесто се случува некаде помеѓу петто и
осмо одделение, а постепено опаѓа во средно училиште.
•Најчести места каде се случува физичкото малтретирање се места каде
што лица со авторитет имаат најмал пристап, а тоа се: училишните
тоалети, ходниците и патот до училиште.
05/22/2023
5
Видови малтретирање
•Посебен и најнов тип на малтретирање е кибер-малтретирањето (cyber
bullying), кое се случува преку дигитални медиуми како што се телефони,
компјутери и таблети.
•Може да се случува преку SMS пораки, на социјалните мрежи,
апликациите, форумите, он-лајн видео игрите итн.
•Ваквото малтретирање вклучува споделување на негативни, штетни и
лажни податоци за некого, прикажување на лични содржини кои можат
да предизвикаат срам и понижување, а најчесто се случува на
социјалните мрежи.
•Кибер малтретирањето е најчеста појава во средно училиште, но во
последно време возраста на која се практикува овој тип на малтретирање
ја опфаќа и популацијата на деца од основно училиште, а неретко е
присутна и меѓу возрасни поединци.

05/22/2023
6
Фактори кои го предизвикуваат и/или го поттикнуваат малтретирањето

•Малтретирањето е уникатна и сложена форма на интерперсонална


агресија, која се јавува во многу различни форми, има различни
функции и се манифестира во различни шеми на односи.
•Иако мрежата на фактори кои се поврзани со малтретирањето е
сложена, а врските помеѓу факторите не се сосема до крај
објаснети, сепак, поголемиот број од нив можат да се поделат во
неколку групи:
• Фактори кои потекнуваат од поединецот;
• Фактори кои потекнуваат од семејството;
• Фактори кои потекнуваат од врсниците и врсничката група;
• Фактори кои потекнуваат од училиштето и од општеството.
7
05/22/2023
Улоги во кои може да се јави поединецот

•Децата и адолесцентите можат да бидат:


• пасивни актери, односно да го набљудуваат малтретирањето,
• можат да вршат малтретирање, и
• да искусат малтретирање (т.е. да бидат во улога на жртва).
•Во различни ситуации и/или со текот на времето можат да се јават
и во двојна улога, (на пример, некој може да биде жртва на
малтретирање од соучениците во училиште, па да ги малтретира
неговите/нејзините браќа и сестри дома).
•Праксата покажува постоење на т.н. „негативен затворен круг“,
каде поединец кој некогаш бил жртва, потоа и самиот станува
насилник.
05/22/2023
8
Податоци од истражувања кај нас
•Според извештајот на УНИЦЕФ од октомври 2018 година, во
Македонија 42% од учениците на возраст од 13 до 15 години пријавиле
дека доживеале врсничко насилство во и околу училиштето;
•Резултатите од најновата студија за менталното здравје на
адолесцентите и нивните старатели за време на пандемијата на Ковид-
19 (2023), посочуваат дека:
• речиси 30% од адолесцентите имаа умерени до тешки симптоми на
депресија;
• самоповредувачки мисли се регистрирани кај повеќе од една
четвртина од адолесцентите (25,5%);
• дополнително, 42,1% од адолесцентите изјавија за постоење на
умерени до тешки симптоми на анксиозност.
9
05/22/2023
Податоци од истражувања кај нас

• Во едно ново истражување (Youth Council, 2022) поврзано со кибер малтретирањето


кај нас, во кое учествувале 322 адолесценти/млади на возраст од 15 до 29 години,
резултатите покажуваат дека:
• 48,8% одговориле дека користат социјални мрежи повеќе од 3 часа секој ден;
• 42,2% одговориле дека познаваат некој кој бил цел на кибер малтретирање;
• 39,8% одговориле дека самите биле цел на кибер малтретирање;
• најчестите начини на кои се манифестира кибер малтретирањето се праќање
вознемирувачки пораки на Messеnger/ Viber/ Whatsapp/ Instagram, објавување
навредливи коментари, објавување навредливи содржини и праќање закани за
физичка повреда на Messеnger/Viber/Whatsapp/Instagram итн.;
• На прашањето кого би го контактирале за помош доколку би биле цел на кибер
малтретирање, најмногу одговориле дека би се обратиле на
родителите/старателите, потоа на најдобрите пријатели/ки, додека на трето место
би била полицијата, па потоа стручната служба на училиштето, психотерапевтите и
наставниците/профеорите.
05/22/2023
10
Последици од врсничкото насилство
•Негативните ефекти од меѓуврсничкото насилство и малтретирањето во
периодот на детството и на адолесценцијата се видливи и кај насилникот и
кај жртвата, а можат да бидат краткорочни и долгорочни.
•Секој поединец е различен и поседува свои специфични
карактеристики, па оттука децата и адолесцентите најверојатно ќе
покажат различно однесување за време и/или по малтретирањето од страна
на врсниците.
•Од позиција на жртва, помеѓу најчестите краткорочни последици, се
посочуваат: социјална изолација, чувство на срам, нарушување на
спиењето, промени во навиките во исхраната, ниска самодоверба,
избегнување да се оди на училиште, симптоми на анксиозност, зачестени
психосоматски симптоми (болки во стомакот, главоболки, мускулни
болки итн.), лоши академски постигнувања, симптоми на депресивност и
слично.
05/22/2023
11
Последици од врсничкото насилство
•Меѓу најчестите долгорочни последици се наведуваат: хронична депресија,
зголемен ризик од самоубиствени мисли, планови за самоубиство и обиди за
самоубиство, анксиозни нарушувања, посттрауматско стресно нарушување,
лошо општо здравје, автодеструктивно однесување (како и себеповредување),
злоупотреба на супстанции, потешкотии во воспоставување квалитетни,
длабоки, реципрочни пријателства и врски итн.
•Од аспект на насилникот, краткорочните последици се најчесто: слаб
училишен успех, зголемен ризик за пролонгирано времетраење на
школувањето, ниско ниво на одржување на општествените односи, зголемен
ризик од злоупотреба на супстанции итн.
•Во долгорочните последици почесто се вбројуваат: зголемен ризик од
злоставување на член/ови на семејството, ризик од антисоцијално
однесување, слаба социјална интегрираност, помала веројатност да се заврши
образованието и да се најде вработување итн.
12
05/22/2023
Последици од врсничкото насилство
•Негативните и штетни ефекти од малтретирањето се регистрирани во голем
број истражувања, кои покажуваат дека истото е главен фактор на ризик за
слабото психосоцијално здравје, вклучително и депресијата, а
придонесува и за јавување на суицидни идеи и суицидално однесување
(на пр., Gini & Pozzoli, 2009; Saluja et al., 2004; Schneider, O' Donnell, Stueve,
& Coulter, 2012; според Bell et al., 2014).
•Прегледот на 37 објавени студии направен од страна на Ким и Левентал
(2008; според Bell et al., 2014), покажува дека во периодот на адолесценција,
секое учество во малтретирање го зголемува ризикот од самоубиство, без
оглед на социјалното опкружување на адолесцентот.
•Други негативни фактори поврзани со малтретирањето вклучуваат
злоупотреба на супстанции и ризично однесување (Luk, Wang, & Simons-
Morton, 2012; Tharp-Taylor, Haviland, & D’Amico, 2009; Topper, Castellanos-
Ryan, Mackie, & Conrod, 2011; според Bell et all., 2014).
13
05/22/2023
Последици од врсничкото насилство

•Студијата спроведена од страна на Волке и Лиреја (Wolke &


Lereya, 2014), соопштува резултати според кои децата кои биле
малтретирани на возраст од 8-10 години имале поголема
веројатност да страдаат од месечарење, ноќни стравови и
кошмари на 12-годишна возраст. Притоа, оние кои биле и
малтретирани и малтретирале други, биле со највисок ризик да
искусат каква било парасонија.
•Уште една лонгитудилна студија спроведена на Кингс Колеџот во
Лондон од страна на Болдвин и соработниците (Baldwin et al.
2016), во овој случај ја нагласува прекумерната телесна тежина
како една од последиците на малтретирањето во детството.
14
05/22/2023
Последици од врсничкото насилство
•Податоците од лонгитудиналната Британска национална студија за детски развој
објавени во 2014 година која вклучува примерок од 7771 испитаник, покажуваат дека
поединците кои биле малтретирани во детството имале посиромашно психофизичко
здравје и пониско когнитивно функционирање на 50-годишна возраст.
•Оние, пак, кои често биле малтретирани во детството биле под поголем ризик од
депресија, анксиозни нарушувања и самоубиствени мисли.
•Кај поединците кои биле малтретирани во детството, постоела поголема веројатност да
имаат пониски образовни нивоа.
•Мажите кои биле малтретирани покажувале поголема веројатност да бидат невработени
и да заработуваат помалку.
•Долгорочните негативни последици од малтретирањето се забележувале и во
социјалните односи и субјективната добросостојба.
•Кај поединците кои биле малтретирани постоела помала веројатност да бидат во врска,
да имаат добра социјална поддршка, а поголема била веројатноста да пријават понизок
квалитет и задоволство од животот.
05/22/2023
15
Рани знаци за изложеност на врсничко насилство
•Постојат низа знаци кои упатуваат на тоа дека детето или адолесцентот
можеби се соочуваат со малтретирање во училиштето, иако истите не секогаш
се јасно видливи.
•Некои поединци може да не пројават ниту еден од нив, што го отежнува
раното препознавање.
•Меѓу почесто наведуваните знаци се:
• промени во расположението, однесувањето и надворешниот изглед,
оштетени книги и училишен прибор, искината и/или извалкана облека,
одбивање да се оди на училиште, зачестени нервозни и/или агресивни
реакции, учество во тепачки, одбивање да зборува за тоа што го мачи, чести
гавоболки и болки во стомакот, нарушување на спиењето, пад во
академските постигнувања, повлекување од врсничките интеракции и
осамување, исплашеност и несигурност и друго.

05/22/2023
16
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од поединецот
•Карактеристиките на насилникот се најчесто поврзани со:
• Бесчувствителност и отсуство на емпатија,
• нагласена маскулиност и физичка надмоќ,
• психопатски тенденции,
• антисоцијални црти на личност,
• проблеми во однесувањето,
• потпаѓање под врснички притисок,
• анксиозност и депресивност.
• изразена агресија кон соучениците, а неретко и кон возрасните,
• желбата да контролира и да доминира над другите.
•Сепак, најновите истражувања посочуваат дека помеѓу насилниците (оние кои
малтретираат), има и поединци со висока социјална интелигенција и висок
социјален статус (т.е. лица кои се популарни во групата), при што истражувачите
прават разлика помеѓу социјално интегрирани и социјално маргинализирани
насилници.
05/22/2023
17
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од поединецот
•Популарноста кај другите ученици им е просечна или потпросечна
(иако, поновите истражувања покажуваат дека насилници можат да
бидат и многу популарни ученици, со висок училишен успех), а со
зголемувањето на возраста, опаѓа.
•Неретко се склони кон лажење и порочност, не прифаќаат одговорност
и рано покажуваат асоцијално и антисоцијално однесување.
•Помал број поединци се јавуваат во двете улоги (насилник и жртва).
•Тие најчесто имаат со импулсивна природа, кои настојуваат да
возвратат на нападите.
•Често се хиперактивни, создаваат напнатост и ја нарушуваат климата во
групата.

05/22/2023
18
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од поединецот

•Жртвите на малтретирањето покажуваат:


• полошо физичко здравје,
• ниска прилагоденост на училиште,
• чувство на несигурност,
• слаб училишен успех, а во некои случаи и напуштање на училиштето.
•Како личности се бессилни, тажни, инфериорни, послушни, плашливи и несигурни.
•Не се склони кон насилство, не ги предизвикуваат другите и најчесто се
повлекуваат.
•Во споредба со врсниците, покажуваат пониско себепочитување и себеприфаќање.
•Воедно, овие поединци се соочуваат со интернализирани и екстернализирани
потешкотии, меѓу кои, од една страна, се чувството на осаменост и повлекувањето,
анксиозноста и избегнување на социјалните интеракции, а од друга страна се
изразената хиперактивност, делинквентност и агресија.
05/22/2023 19
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од семејството

•Факторите кои потекнуваат од семејството најчесто ги вклучуваат:


• семејното учество во банди,
• слаба родителска контрола,
• негативно семејно опкружување,
• конфликти помеѓу родителите,
• семејно насилство,
• ниска и несоодветна родителска комуникација,
• недостаток на родителска емоционална поддршка,
• авторитарно родителство,
• несоодветна дисциплина и
• злоупотреба од страна на родителите.
•Сето ова укажува на негативните влијанија на дисфункционалното семејство.

05/22/2023
20
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од врсниците и врсничката
група
•Праксата и истражувањата забележуваат дека малтретирањето е поприсутно
во оние средини кои се карактеризираат со врснички норми кои го
поддржуваат ваквиот тип на однесување и каде се почести конфликти
меѓу врсниците.
•Поврзаноста со агресивни врсници е причина за почесто малтретирање,
како што се и злоупотребата меѓу врсниците и негативните релации со
соучениците.
•Помеѓу најшироко истражуваните врснички влијанија врз појавата на
малтретирањето, е позицијата на пасивните актери (односно,
набљудувачите).
•Студиите во кои се набљудувало однесувањето покажуваат дека, во просек,
двајца до четворица врсници се присутни во огромното мнозинство (85% до
88%) од инцидентите на малтретирање (O'Connell, Pepler, & Craig, 1999;
Pepler et al., 2010; според Swearer & Hymel, 2015).
05/22/2023
21
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од врсниците и врсничката
група

•Најзагрижувачкиот наод е оној кој покажува дека набљудувачите честопати


реагираат на начини кои го охрабруваат, наместо да го обесхрабруваат
малтретирањето (Doll, Song, & Siemers, 2004, Pellegrini & Long, 2004; според
Swearer & Hymel, 2015).
•Наодите од студиите покажуваат дека со зголемување на возраста,
набљудувачите стануваат уште попасивни во своите реакции да го спречат
малтретирањето и во обидите да ја одбранат жртвата (Marsh et al., 2011;
Trach, Hymel, Waterhouse, & Neale, 2010; според Swearer & Hymel, 2015).
•Оние, пак, кои ги бранат жртвите се поемпатични, имаат поголема социјална
самоефикасност, повисок социјален статус (т.е. се попопуларни во групата) и
повеќе се прифатени не само од страна на жртвите што ги бранат, туку и од
пошироката група.

05/22/2023
22
Рано препознавање: фактори кои потекнуваат од училиштето
•Малтретирањето е најистражувано токму во училишен контекст.
•Притоа, се покажало дека климата во училиштето, која може да биде
позитивна и негативна, значајно влијае врз зачестеноста на малтретирањето и
злоупотребата (пр. Gendron, Williams, & Guerra, 2011; Marsh et al., 2012; Richard,
Schneider, & Mallet, 2011; Wang, Berry, & Swearer, 2013; според Swearer & Hymel,
2015).
•Повисока застапеност на малтретирањето е забележана во ситуации кога
наставникот не реагира соодветно и навремено, кога релацијата помеѓу
наставникот и ученикот е нефункционална и/или нарушена, односно кога
недостасува поддршка од страна на наставникот и кога постои недоволна
вклученост во училишните активности.
•Воедно, учениците покажуваат помала подготвеност да пријават малтретирање
во училиштето доколку ја перципираат училишната клима како негативна.

05/22/2023
23
Превенција на врсничкото насилство
•Постојат повеќе начини на кои може да се реагира во случај на
малтретирање и сите тие вклучуваат активен однос од страна на
самите ученици, од наставниците, родителите и од општеството во
целост.
•Во основата на секоја преземена активност лежи принципот според
кој за случаите на малтретирање не треба да се молчи и истите да
се прикриваат.
•Фокусот треба да се стави на неколку елементи: разбирање,
комуникација, јасно спротивставување и позитивен пример на
однесување.
•Потребно е да се дискутира на оваа тема, со цел подобро да се
разбере поимот малтретирање (bullying).
05/22/2023
24
Превенција на врсничкото насилство
•Што поголема информираност за тоа што претставува малтретирањето и како се
манифестира, за да може порано и поточно да се идентификува.
•Децата и адолесцентите треба да знаат дека ваквото однесување е
неприфатливо и каде да се обратат доколку бидат сведоци на малтретирање.
•Меѓу другото, значајно е да знаат како на безбеден начин да се спротистават на
малтретирањето (односно да се одбранат).
•Зголемување на психолошката отпорност на децата и адолесцентите.
•Неопходна е и постојана квалитетна комуникација на родителите со нивните
деца, но и функционален триаголник наставник (стручна служба – ученик –
родител).
•Охрабрување и искрена поддршка на жртвите на малтретирањето.
•Вклучување во спорт и активности или хобија коишто ја засилуваат
самодовербата и себепочитувањето.
05/22/2023
25
Како да се воспостави топла и безбедна училишна клима?
• Училиштата и активностите поврзани со училиштето треба да се безбедни од
насилство, малтретирање, вознемирување и од злоупотреба на супстанции.
• Емоционална безбедност:
• Училиштето треба да ги усвојува и практикува основните компоненти на
социјалното и емоционално учење;
• Наставата треба да вклучува искуствено учење, моделирање на однесување,
внимателност и слично;
• Физичка безбедност:
• Треба да постои култура на свесност и превенција околу малтретирањето и
дигиталното вознемирување;
• Едукацијата за превенција од злоупотреба на супстанции треба да биде
вклучена во здравствената програма на училиштето;
• Подготвеноста и управувањето за/со итни случаи, како што се вежбите и
безбедносните планови, треба да постојат и да се разбрани од сите.

05/22/2023
26
Како да се воспостави топла и безбедна училишна клима?
• Треба да се изгради клима која ќе ги поттикнува учениците да бидат
поангажирани во нивниот училишен живот и да се чувствуваат поврзани со
значајните други на училиште и дома;
• Учениците да се чувствуваат удобно и безбедно во училиште – еден од
начините да се постигне тоа е будно да се следи однесувањето и да се
препознаат рани знаци на врсничко насилство и малтретирање, како и
навремено реагирање и преземање соодветни мерки за негово сузбивање;
• Да се создаде средина која ќе се потпира врз доверба во наставниците и
стручните тимови на училиштата и ќе им овозможува на учениците да
учествуваат, да поставуваат прашања, да добиваат конструктивен фидбек итн.
• Да се создаде култура на различност, вклученост и припадност во училницата
училница, за да ниту еден ученик не се чувствува отфрлен;
• Да се соработува со учениците за да ги разберат параметрите за создавање на
поддржувачка, безбедна и активна средина за учење;
05/22/2023
27
Што уште?
• Останете смирени;
• Почитувајте ја нивната приватност и дајте им простор да разговараат тогаш
кога ќе бидат подготвени;
• Читајте и пишувајте заедно со нив;
• Насмевнувајте се почесто;
• Грешките претворете ги во можност да се научи нешто ново;
• Одвојувајте време секоја недела за активности кои го градат тимот (пр.
мразокршачи), ги поттикнуваат комуникациските вештини, критичкото
мислење, како и отворени дискусии за да учениците подобро меѓусебно се
запознаат и соработуваат;
• Позитивното засилување е исто така многу важна компонента, затоа што кога
ги пофалувате силните страни на вашите ученици, помагате да се изгради
нивната самодоверба со текот на времето;
• Бидете позитивен модел.
05/22/2023
28
ВИ БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО!

You might also like