You are on page 1of 2

Не за насилство во училиштата

Уште од нашата најрана возраст од нашите родители учиме да


одиме, зборуваме, јадеме, но исто така и како да се однесуваме. Тие
се нашите први учители, но и примери за применувањето на бон
тонот и за препознавањето на доброто и лошото.
Како мали сигурно не сме имале идеја дали и кога нашето
однесување е лошо или прифатливо, но тука биле родителите и
околината да не’ насочат. Сме биле наградувани и пофалувани кога
сме правеле како што треба, прекорувани или казнувани за
негативното однесување. Но зошто тогаш сме сведоци на толку
големо насилство насекаде во светот, па дури и меѓу младите, во
училиштата? Не ја разбрале лекцијата или никогаш не ја добиле?
Сведоци сме на насилство во најразлични форми. Вербално,
физичко, интернет и т.н. Без разлика на формата резултатот е
секогаш ист – повредено другарче, млада личност. Кога сме сите
свесни за тоа, дека со примена на било која форма или вид на
насилство се’ што се добива е повредување на друга личност, а се
губи човечност, доверба, репутација, зарем ни е потребно
соодветно воспитување за да знаеме дека не треба да повредуваме
други личности?! Ме зачудува заблудата на извесни млади
личности кои не само што не се свесни дека насилството е
најлошиот вид на однесување, туку и напротив го сметаат тоа за
некој вид забава, па не само што применуваат насилство туку и го
промовираат преку снимено видео на социјалните мрежи. Како е
можно да не се свесни дека не само што себе си се прикажуваат во
најлошо можно светло како насилници, но исто така го
прикажуваат и лошото воспитување кое го добиле од своите
родители?!
Од мали учиме да разликуваме добро и лошо однесување преку
примена на техниката награда и казна. Останува прашањето дали за
насилниците не е доволно јасна воспитната техника, не само од
родителите, туку и од законот во државата? Можеби е потребна
поголема казна и за сторителот и применителот на насилството
кому му недостасува воспитување, но и за родителот кој не успеал
да го научи на морални и етички вредности!?

You might also like