You are on page 1of 2

Јас во процесот на социализација

Социјализацијата е процес на учење како да се стане дел од


културата. Преку неа, се учи јазикот на културата, нивната улога во
животот и што се очекува од нив. Социјализацијата е многу важен
процес во формирањето на личноста. Таа се јавува кога некој
комуницира со други луѓе. Таа сто така, им овозможува на сите
индивидуи во заедницата да развиваат многу слични вредности,
норми и верувања. Социјализацијата е доживотен процес, иако
раните фази на социјализацијата се клучни и најбитни.

Постојат три главни извори на социјализација кои влијаат на децата


семејство, училиште, мас медиуми. Семејството е една од
најважните делови на социјализацијата за децата, бидејќи нивниот
прв контакт е со семејството, а за првите неколку години од
животот децата комуницираат претежно само со семејството.
Децата ги учат своите вредности, норми и верувања од своето
семејство. Во училиште децата се во рацете на наставниците, во
училиште децата учат да бидат помалку зависни од своите
родители. Во училиште децата учат дисциплина, ред и соработка.
Во училиштата, децата се дружат со пријателите кој исто така многу
влијаат на нив, многу е битно со какви деца се опкружени. Во мас
медиумите се вклучени телевизија, радио, весници, списанија,
филмови, книги и Интернет. Оваа форма на социјализација може
да биде позитивна или негативна. Понекогаш мас медиумите ја
покриваат реалноста и ги прават работите да изгледаат
повозбудливи отколку што навистина се. Овие работи имаат
големо влијание врз децата и се многу важен дел од
социјализацијата. Мојата социјализација се состои од многу
различни луѓе со секаква култура. Mислам дека запознавање и
дружење со различни луѓе е многу интересно поради тоа што секој
човек различно размислува и различно постапува, и сето тоа
придонесува во составувањето на сопствено мислење за некои
прашања. Јас се дружам со моите соученици во и надвор од
училиштето, но во изминитиот период физичкото дружење се
случуваше воглавно надвор и ограничено поради Ковид 19
пандемијата. Сепак, нашето другарување наоѓа начини да
продолжи. Имам и многу пријатели надвор од училиште, како на
пример, од спортските активности со моите соиграчи каде што се
дружиме после тренинзи и кога играме натпревари заедно и
секако, моите најдобри пријатели и другари од основно училиште
од Македонија и Белгија.

Социјализацијата меѓу децата е многу важна. Децата мора да


научат да одат, да зборуваат, да јадат и многу други животни
вештини. Без социјализација, поединците не можат да си ја
развивијат интелигенцијата и никогаш нема да научат како да ги
извршуваат своите основни дневни функции. Процесот на
социјализација и изворите на социјализација се многу важни во
развојот на децата.

You might also like