You are on page 1of 1

Традицијата го чува нашето минато, видено преку женските ликовите на романот

Крпен живот од С.Попов

Клас:III-8
Каролина Мицева

Традицијата претставува богатство кое што треба да се чува и да се негува бидејќи го


отсликува минатото на еден народ. Таа треба да се пренесува од генерација на генерација.
Традицијата во секој од нас буди чувство на припадност и топлина и ни нуди потврда за
нашиот идентитет. Оваа тема е обработена во романот Крпен живот од Стале Попов.

Во романот е прикажана судбината на македонскиот народ особено судбината на


македонската жена. Во тоа време владеало мислењето дека местото на жената е во кујна и
дека таа треба да се потчинува на мажот. Пример за тоа како изгледала типична македонска
жена е Митра. Митра е претставена како зајадлива, злобна и љубоморна жена чија единствена
грижа и се домот и парите. Како последица на мислењето дека жените не треба се образуваат,
таа е неука и проста без хоби и занимања. Деновите ги поминувала чистејќи и озборувајќи ги
другите жени влучувајќи ја и нејзината јатрва. Од друга страна пак Доста(јатрва на Митра)
претставува целосна спротивност на Митра. Таа е олицетворение како треба да изгледа и како
треба да се однесува една современа жена. Доста е опишана како убава и стојна жена, која
наместо вечно да жали поради фактот дека е вдовица одлучува да ја земе судбината во
сопствени раце и да се премажи. Доста им била трн во окото на другите жени поради
нејзините градски навики, поради тоа што нејзините деца и дом постојано биле чисти и како
врв на нејзината храброста и интелигениција таа станала првата жена која ја пратила својата
ќерка на училиште. Освен што била љубезна и добра жена, таа вовела револуционерни
промени во селото. Во романот исто така се прикажани свадбените обичаи, културата и
начинот на живот на македонскиот народ.

Како што е прикажано и во самиот роман никој од нас не треба слепо да се држи за
традицијата бидејќи малите промени можат да ни го променат животот на подобро. Исто така
прилагодувањето на традицијата на современиот начин на живот ќе ги поттикне младите пред
се да ја почитуваат, применат и продолжат традицијата, а истовремено да создадат сопствена
традиција.

You might also like