You are on page 1of 2

Кирил Пејчиновиќ

Почетокот на 19 век во Македонија се карактеризира со појава на


просветителството како одраз на општествено-економските и историски прилики.
Формирањето на граѓанска класа ги носи ветровите на просветителството во
Македонија, притисната меѓу османлиското ропство и духовната и културна
доминација на грчката црква. Така, зачувувањето на верата и јазикот било услов
за одбрана на националниот идентитет. Почнала да расте свеста за употребата
на народниот јазик во црквите и училиштата и потребата за печатење книги и
ширење на просветата меѓу народот. Во овој период се издвојува личноста на
Кирил Пејчиновиќ како еден од првите автори кој пишувал на македонски народен
јазик, мотивиран од силниот порив да го извлече својот неук народ од мракот на
суеверието, паганизмот и непросветеноста.
Неговата прва книга “Огледало”, била требник-прирачна книга, која
свештениците ја користеле за вршење црковни обреди. Содржи неколку молитви,
прозни текстови за разни обреди и една голема проповед “Слово за празниците”.
Во него поуките за селаните ги земал од секојдневниот живот, го критикувал она
што било надвор од христијанските норми и давал поуки. Ги потсетувал селаните
на нивните христијански должности и ги советувал како да ги празнуваат големите
празници. Во Словото ја критикува и неукоста на поповите кои наместо духовни
водачи станувале ограбувачи и со своите постапки го оддалечувале народот од
црквата и верата и наликувале на турските бегови и аги. За него јакнењето на
верата било јакнење и на националноста, а со тоа и заштита од претопување и
потурчување. Иако бил полу учен калуѓер, во своите дела им порачувал на луѓето
да читаат и да го отфрлат суеверието.
Пејчиновиќ е верски просветител и моралист. Со својата литературна
дејност на народен јазик прави преод од средновековната кон новата македонска
литература. Тој има посебно место во оформувањето на македонскиот писмен
јазик. Значењето на Пејчиновиќ, покрај отпечатените книги, е и во тоа што го
подучувал населението, обновувал цркви и манастири, како и тоа што собирал
стари ракописи и средувал манастирски библиотеки за да ги зачува националните
вредности. Посебен акцент става на негувањето на народниот јазик кој, како што
вели е “ клуч од железо и челик” и само тој може да го отвори срцето на обичниот
човек ; “ сребрениот и златниот клуч” се меки, се виткаат и не можат да му го
отворат срцето на обичниот Македонец.
Иако по својот образовен профил биле скромни, македонските
просветители преставувале една добра основа за младата македонска
интелегенција која во тој период се развивала. Затоа, книгите на просветителите
имаат голема културно-историска вредност и се важно оружје за создавање на
национална култура и литература.

You might also like