You are on page 1of 2

Просветителската дејност на Кирил Пејчиновиќ и

Јоаким Крчовски
Главна карактеристика на македонското просветителство биле
отворањето на училишта на народен македонски јазик во црквите
и манастирите.Покрај отворањето на училиштата, во текот на
просветителството во Македонија за првпат се започнати
собирањето на народно творештво, пишување и печатење на
драмска, уметничка и поучна литература на народен јазик.
Најпознати предводници на просветитетлството во Македонија
се: Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Јордан Хаџи
Константинов-Џинот, Теодосиј Синаитски, и други.
Јоаким Крчовски како првиот македонски просветител, кој со
своето дело и свештеничката професија бил народен учител и
просветител на Македонците во првата половина на XIX век,
време во кое ширењето на христијанскиот морал било
единствениот начин да се избегне исламизацијата.Тој во својот
работен век ја ширел верската просвета на народен јазик во кој
употребувал црковнословенски елементи. Во неговото творештво
се забележува продолжување на средновековната книжевна
традиција, иако тој бил и под влијание на француското
просветителство, кои дошле преку влијанијата на Доситеј
Обрадовиќ од Србија.Неговите дела се отпечатени во
печатницата во Будим, а поради опасноста од елинизација тие
биле силно помогнати и поддржани од македонскиот
еснаф.Неговите дела одиграле важна улога во верската и
моралната просвета. Зацврстувањето на верата значело и
зацврстување на националната свест. Неговите текстови не се со
оригинална содржина, тоа се преводи или преработки на
христијански текстови, но важно е тоа што се напишани на
народен македонски јазик – на кратовско-кривопаланечки говор,
со примеси од западните говори, и црковнословенски
елементи.Кирил Пејчиновиќ е македонски просветителски автор
кој сите свои дела ги напишал на народен јазик и заедно со
Јоаким Крчовски ја претставуваат првата генерација писатели на
современата македонска книжевност.Пејчиновиќ исто така се
смета за дел од бугарската книжевност, иако пишувал на
македонски, тетовски говор.Тој зад себе оставил три книги:
првата е „Книга сија глаголемаја Огледало“, втората е „Утешение
грешним“ и последната е „Житие на Кнез Лазар“, од кои
отпечатени му се првите две. Делото „Житие на кнез Лазар“ е
всушност последната хагиографија во македонската и во
јужнословенската книжевност, воопшто. Освен ова, Пејчиновиќ
напишал и еден епитаф во кој е сместена целата негова
биографија и денеска претставува надгробен натпис на Кирил во
манастирот во Лешок.
Со помош на ширењето на верската просвета на народен јазик со
црковно словенски елементи од страна на Јоаким Крчовски, и со
помош на просветителската авторска дејност на Кирил
Пејчиновиќ тие двајца заедно ја претставуваат првата генерација
писатели на современата македонска книжевност, и затоа тие
претставуваат почеток на новата македонска литература.

You might also like