You are on page 1of 3

Прва писмена работа по Македонски јазик и литература

Јазикот е основно средство за општење, тој е систем на знаци што служи за


комуникација. Благодарение на јазикот и говорот луѓето не само што ги разменуваат
своите мисли и чувства туку ги пренесуваат и своите сознанија на идните генерации.
Преку јазикот се идентификуваат националностите кои се, од каде доаѓаат. За нас
Македонците, македонскиот јазик е основно национално обележје по кое се
препознаваме во светот. Затоа нашиот мајчин јазик е нашата основа, нашиот корен што
досегнува во длабочините на минатото и нè држи исправени за во иднина. Нашиот
јазик не е создаден сега. Голема е неговата историја. Таа не води низ мрачни векови до
првите просветители Кирил и Методиј. Тие го осветлија времето на незнаењето и на
нашиот народ му го подарија најсилното оружје на светот – Македонската азбука.

Јоаким Крчовски– е првиот автор на новата македонска книжевност. Јоаким Крчовски


(1750 - 1820) живее и работи на преминот од XVIII во XIX век. Откако изучил школа во
Цариград, учителствувал долго време во Кратово. Од 1787 година бил назначен за свештеник,
а околу 1807 година по смртта на жената, станал монах. Тој е прв македонски просветител, прв
народен манастирски учител во време во кое ширењето на христијанството било единствен
начин да се избегне исламизацијата. Познат е и како проповедник, кој заедно со синовите
проповедале по разни цркви и параклиси.

Своите дела ги создавал како поука за народот, а за да бидат блиски и разбирливи, ги


пишувал на народен јазик. Составил пет книги што биле печатени во Будим: „Слово исказаное
заради умирание“, „Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Повест ради
страшнаго и втораго пришествија Христова“, „Чудеса пресвјатија Богородици“ и „Различна
поучителна наставленија“.

Јоаким Крчовски сите свои дела ги пишува на жив, народен говор, со што тој станува
прв автор на новата македонска книжевност. Тој бил чедо на манастирската школа и
целокупното негово дело преставува обид да му „помогне на својот народ како да проживее
живот достоен на правоверен христијанин и да го дочека крајот на живото спокојно со
увереност дека исправно живеел и работел“. При неговата работа користел текстови од
„Евангелието” и “Стариот завет“ пред се за да поучува луѓето добро да се однесуваат, да го
поправат своето однесување и својот карактер и да не подлегнуваат на пороците како што се
пијанење, лажење, крадење, лакомство или алчност. Според него најголем грев е пијанењето
пред се заради она во што се претвора човек кога е пијан и какви негативни последици
пијаниот човек нанесува на неговото семејство.

Крчовски сака сите луѓе да бидат образовани и затоа на прво место ги става учителите.
Тој е длабоко револтиран од социјалната нееднаквосто на луѓето

Крчовски користел текстови од „Евангелието“ и „Стариот завет“ за да ги поучи луѓето


да го поправат својот карактер и да живеат според христијанскиот морал. Според него,
пијанчењето е најголем грев, но и другите пороци: лакомството, суеверието, лажењето,
крадењето итн. Тој е револтиран од социјалната нееднаквост на луѓето и ја велича наобразбата
и учителите.

Слово заради завист е во последното дело „Различна поучителна наставленија“. Темата


во ова дело е завистна како негативна човекова особина, а идејата е да се искорени тоа
човеково зло. Делото како и сите дела е поделено на три дела: воведен дел, главен дел
(изложување) и завршен дел или заклучок.

Во воведниот дел авторот го изнесува своето размислување за зависта која според него
е лошо, одбивно и погубно чувство. Зависта ја нарекува – проклетија, мрска и погана, затоа
што е извор на секое зло. Во главниот дел – изложувањето тој образложува каде, кога и како се
појавила зависта при тоа зема примери од Библијата. Според библиската легенда зависта прво
се појавила кај ангелите кога еден ангел му завидел на Бога сакајќи и тој да ја поседува
чудотворната моќ. Но бидејќи бил толку многу љубоморен тој потемнел и станал црн ѓавол. За
казна Бог го исфрлил од рајот и го фрлил во пеколот вечно да се мачи. Така се родила зависта и
како нејзин симбол е ѓаволот. Зависта е лоша особина и во Библијата уште е и прикажана
приказната за Адам и Ева кои живееле во рајот и на кој им завидувал ѓаволот. Ѓаволот се
претворил во змија и ја наговорува Ева да касне од јаболкото за да ја дознае целата вистина.
Кога каснала од јаболкото Ева видела дека се голи и спознала многу вистини при што Бог
видел дека Ева не го послушала да не јаде од тоа дрво јаболка, бил многу лут и двајцата ги
протерал од рајот, ги оставил да живеат на Земјата и да станат смртни.

Зависта била причина и за првото братоубиство на земјата – Каин го убил својот брат
Авел и оттогаш почнало да се лее крв на земјата.

Во завршниот дел Крчовски ги коментира сите овие примери и дава заклучоци велејќи
“ …. Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на
сичко зло. Зависта не е друго што, салт на срце печал, жалба...”

Kнигите на Јоаким Крчовски одиграле важна улога во верската и моралната просвета .


Зацврстувањето на верата значело и зацврстување на нациналната свест. Неговите текстови не
се со оргинална содржина, тоа се преводи или преработка на христијански текстови, но важно
е тоа што се напишани на народен македонски јазик. Затоа тие претставуваат почеток на
новата македонска литература.

You might also like