You are on page 1of 2

Јоаким Крчовски

Патот на ослободување од заостанатоста и стапување во редот на културните народи е


непрооден и тежок.  Трасирањето на патот  на писменоста е од во трње. Само желбата и
потребата за запишување на животописите на своите чеда и нивното оставање за идните
поколенија  го прави издржлив одот низ трње.  Токму таков е одот низ историјата на
македонскиот народ. Живеејки во темницата на неписменоста опстанал благодарение на своите
чеда желни за зачувување на верскиот  и националниот идентитет. Таков од низ трње имал и
Јоаким Крчовски.

Јоаким Крчовски се појавил на македонската сцена на преминот на 18 во 19 век. Неговиот


животопис е некомплетен и не се знае каде се родил и каде умрел. Според народните преданија
негови места на раѓање се Осломеј, Кичевско според кое се претпоставува дека и го добил
презимето Крчовски или некое Кривопаланечко село. Биогравски податоци  не можат да се
прочитаат ни во неговите дела. Во нив според редоследот на издавање може само да се прочита
за неговиот напредок од “даскал до монах и од монах во јеромонах”. Тој е еден од првите
учители во манастирските училишта во кои наставата се изведувала на народен јазик. Овој деец
и просветител животот го посветил во пишување и печатење книги на маедонски народен јазик.
Пишувал на кратовско-кривопаланечки говор со јазични примеси од западномакедонскиот и
старословенскиот говор. Стилот на пишување му е раскажувачко-полемички. Речениците му се
долги со вметнати зборови и изрази кои ја отежнуваат јасноста и разбирливоста. Користи и
прашални реченици кои звучат како одговори.  Напишал 5 книги кои ги отпечатил во Будим
,центарот на културниот развој на многу народи од тоа време. Неговите дела се со верско
поучување.

Првото дело на Крчовски е “Слово исказаное заради умирание”. Иако е анонимно ова дело
според стилот и јазикот на кој е напишан му припаѓа нему. Второт дело “Повест ради страшного
и втораго пришествија Христова” е излезено од печат во 1814 година. На насловната страна стои
дека е “списана од хаџи Јоаким даскала”. Книгата има 46 страници и содржи две беседи: едната
за Исус Христос, а другата за пророкот Даниел. Со оваа книга им порачува на “некнижните” и
“простејши” луѓе да се придржуваат кон Христовото учење бидејки Исус пак ќе дојде на земјата
и ќе им суди за лошите дела. и третото дело “Митарства” е со верско морализаторски карактер.
На 62 страници се на напишани апокрифни легенди за патувањето на човечката душа  по смртта.
Таа на својот пат до рајот треба да помине 20 митници (царински станици).  Во 1817 година
излегува од печат “Чудеса пресветија Богородици” а две години подоцна “Различни поучителни
наставленија”.  Последното дело на Крчовски е најголемо. Тоа е зборник од 310 страници. Во
него со текстови од “Евангелието” и “Стариот завет” ги подучува луѓето да живеат според
христијанскиот морал. Ги набројува “грехови” на луѓето: пијанството, лакомисленоста,
суеверието, грабежот и др.  Ги напаѓа богатите дека богатството го стекнале со труд на
сиромасите. Им порачува на луѓето дека треба да читаат бидејки читањето е храна за душата, а
книгата го подигнува умот. Во оваа книга, во “Словото заради завист” кое е преземено од
Библијата  ја открива својата желба да поучува и воспитува за зависта како негативна особина.
Зависта е извор на сите невољи како на небото меѓу ангелите, така и на земјата меѓу луѓето.
Зависта била причината поради која братот убива брат и поради што на земјата почнало да се
лее крв.

Просветителскиот дух на Крчовски воглавно бил насочен кон ширење на морални поуки.  Учејки
го народот да ја сака верата, го научил да го сака и националното. Само со љубов кон
христијанството опстанало и националното. Делата на Крчовски одиграле голема улога во тој
долг пат на опстанок, пат полн со “прокљатија” и “всепоганија”.
Кирил Пејчиновиќ

Патот на ослободување од заостанатоста и стапување во редот на културните народи е


непрооден и тежок.  Трасирањето на патот  на писменоста е од во трње. Само желбата и
потребата за запишување на животописите на своите чеда и нивното оставање за идните
поколенија  го прави издржлив одот низ трње.  Токму таков е одот низ историјата на
македонскиот народ. Живеејки во темницата на неписменоста опстанал благодарение на своите
чеда желни за зачувување на верскиот  и националниот идентитет. Таков од низ трње имал и
Кирил Пејчиновиќ, еден од претставниците на верските просветители од 19 век.

Роден е во 1771 година во село Теарце , Тетовско И зад себе ставил многу малку биогравски
податоци. За него дознаваме од Епитафот на неговата надгробна плоча што самиот го напишал.
Потекнувал од побожно  семејство. Татко му и  чичко му, заедно со него  го продале својот имот
и заминале на Света Гора каде се закалугериле. Тие останале да живеат таму, а Кирил се вратил
во Скопскиот  Марков манастир. Како старешина на манастирот се зафатил со негово обновување
и собирање стари ракописи, како и збогатување на манастирската библиотека. Почнал да бележи
записи со позначајни настани на маргините на црковните книги, сакајки да остави трага за себе
и своето време. Во овој манастир живеел 20 години. Тука отворил манастирско училиште и се
посветил на просветување на населението. Во овој период  ја напишал и својата прва книга
“Огледало” која била отпечатена во 1816 година во Будим. Ова  книга била требник-прирачна
книга за свештениците, која ја користеле за вршење црковни обреди. Содржи неколку молитви,
прозни текстови за разни обреди и една голема проповед “Слово за празниците”. Молитвите и
обредите се напишани на црковнословенски јазик, а Словото на народен тетовски говор. Ова
негово дело доживеало голем успех и го имал секој свештеник во Македонија. Во него
излегувајки од традиционалните рамки поуките за селаните ги земал од секојдневниот живот. Го
анализирал животот на селаните и го критикувал она што било надвор од христијанските норми,
поучувајки како да се поправи она што не чини.  Ги потсетувал селаните на нивните
христијански должности и ги советувал како да ги празнуваат големите празници Водици,
Прочка, Велигден. Во Словото ја критикува и неукоста на поповите кои наместо духовни водачи
станувале ограбувачи и со своите постапки  го оддалечувале народот од црквата и верата и
наликувале на турските бегови и аги. За него јакнењето на верата било јакнење и на
националноста, а со тоа и заштита од претопување и потурчување. Иако бил полуучен калуѓер
кој не знаел да чита граѓанска кирилица и пишувал на тетовски говор со старословенски примеси
и турцизми, во своите дела  им порачувал на луѓето да читаат и да го отфрлат суеверито.  Во
1818 година по добиениот благослов од татко му заминал во село Лешок  каде го обновил
манастирот Св. Атанасие, ја уредил и збогатил библиотеката со стари ракописи и богослужбени
книги и отворил манастирско училиште. Тука ги напишал делата “Житие кнеза Лазара”. 
и“Утешение грешним”. “Утешение грешним” го  напишал во 1831 година, а го отпечатил во 1840
година, бидејки не можел  да најде пари за објавување. Бил принуден да ја даде својата заштеда
за отварање на изгорената печатница на Теодосие Синаетски каде книгата била објавена со
предговор од самиот Синаетски. Ова книга е продолжение на “Огледало”. Содржи неколку
молитви и една долга беседа. И оваа книга на Пејчиновик поради големата потреба  била
препишувана на рака.  Во 1835 година  десет години порано од денот на смртта, 24 март 1845
година,.го врежал Епитафот на сопствената надгробна плоча. Во него на македонски народен
јазик напишал каде е роден, каде се школувал, што работел и каде сака да биде закопан.  Ова
последно дело на Пејчиновиќ е напишано во стиховна форма.

Пејчиновиќ е верски просветител и моралист. Со својата литературна дејност на народен јазик


прави преод од средновековната кон новата македонска литература. Тој има посебно место во
оформувањето на македонскиот писмен јазик.

You might also like