You are on page 1of 11

ЏУЗЕПЕ ВЕРДИ

Изработено од Сара Илковска и Славе Пејков


Животот на Џузепе Верди
 Џузепе Фортунино Франческо Верди е
италијански композитор, роден во
скромно гостилничарско семејство на 10
октомври 1813 г. во Ле Ронколе кај Парма,
а умрел на 27 јануари 1901 г. во Милано.
Уште од седумгодишна возраст станува
член во црковниот хор, а неговиот талент
го забележал трговецот и љубител на
музика, Антонио Бареци, кој почнал да му
помага во секоја смисла. Со негова
помош, Верди заминува во 1832 година во
Милано, да ги продолжи студиите по
музика.
Животот на Џузепе Верди

Зема приватни часови, присуствува на концерти и оперски


претстави, и се интересира најмногу за германската музика. На
Конзерваториумот тој не бил примен бидејќи наводно бил
постар отколку што статутот дозволувал, но поверојатно е дека
управителот не верувал во талентот на Верди. По враќањето
во Бусето, во неговиот дом го имал и првиот јавен настап.
Бареци ќе го ангажира како учител по музика за својата ќерка
Маргарита, и тие двајца набргу се вљубуваат. Се венчале во
мај 1836 година. Но среќата на парот не траела долго. Двете
деца им умираат во детството, во времето кога Верди работел
на својата прва опера „Оберто“, а набргу во 1840 година
Маргарита починала. Верди, кој ја обожавал својата жена и
децата, останал сосема сам и скршен од болка.
Животот на Џузепе Верди
Ѝ се посветил на работата, ја
компонирал својата втора опера,
која не постигнала голем успех, но
веќе со третата опера „Набуко“,
изведена во Скала (1942) почнува
една од најубавите и најголемите
уметнички кариери што ќе трае 50
години. Со „Набуко“, Верди станува
идол на Италијанците, синоним на
нивните тежнеења за обединување.
Творештво
Во периодот од 1851 до 1853
Негови значајни дела:
година Верди го достигнува
 “Nabucco”(1842)
својот прв творечки врв со
оперите „Риголето“,  “Macbeth” (1847)
„Трубадур“, и „Травијата“.  “Luisa Miller” (1849)
Во 1871 година го достигнува  “Rigoletto” (1851)
вториот врв со операта  “Traviata” (1853)
„Аида“, која според  “Trovatore” (1853)
усогласеноста на богатата  “Моќта на судбината”(1862)
творечка инвенција,  “Don Carlos” (1867)
музичкиот облик и драмската  “Aida” (1871)
содржина, пејачкиот дел и  “Otello” (1887)
оркестарот, е дотогаш негово
 “Falstaff” (1893)
најразвиено дело.
Травијата
 Травијата е опера во три чина на Џузепе Верди. Во
неговата опера „Травијата“ Верди вметнал најмногу
лирика. На потресен начин е прикажана трагедијата
на куртизаната Виолета, вљубена во Алфред, која
умира во моментот кога помислила дека сепак ја
нашла среќата. Во оваа опера доминира мелодијата,
со призвук на италијанскиот фолклор.
Содржина
Убавата куртизана Виолета, иако болна, ноќите ги минува на
балови и пијанки. На еден бал се запознава со Алфред и веднаш
ја чувствува неговата искрена љубов. Решаваат да живеат заедно,
далеку од градот, во летната куќа на Виолета. Тука, се појавува
таткото на Алфред, Жорж, кој бара Виолета да се жртвува и да го
напушти син му, заради доброто име на семејството. Виолета,
нерадо, прифаќа. Навреден од гестот, а без да ја знае вистината,
Алфред ја наоѓа Виолета на балот кај Флора и пред сите ја
навредува. Тој гeст најжестоко го осудува татко му, а баронот
Дуфол го предизвикува на дуел. Виолета и Алфред се разделени.
Таа е тешко болна и во живот ја одржува само писмото од татко
му на Алфред, кој ја моли за прошка и ветува дека ќе дојдат штом
на Алфред ќе му заздрави раната добиена во дуелот. Конечно,
Алфред и се враќа на Виолета. Таа е пресреќна, но само толку за
да може да умре со насмевка на усните.
Аида

Една од највеличествените опери на сите


времиња, „Аида“ била премиерно изведена во
Операта на Каиро во 1871 година. Студија на
историјата, географијата и религијата на Египет,
операта и денес зазема драгоцено место во
уметничкиот репертоар и е изведувана секоја
година во целиот свет. „Аида“ ја спојува
грандиозноста и интимноста, комбинација што
Верди сметал дека остава силен впечаток врз
публиката, а за публиката, пак, бил интригантен
начинот на кој Верди решил на неа да ѝ пристапи.
Сцени од изведбата на Аида
Набуко
Набуко (англиски: Nabucco) е опера во четири чина од
Џузепе Верди, врз основа на библиска приказна и драма
на Огист–Анисје Буржуа и Франсис Корние од 1836
година. Тоа е третата опера на Верди за која што се смета
дека трајно ја воспоставила неговата репутација како
композитор. Набуко ни ја претставува состојбата на
Евреите, како се нападнати, покорени, а потоа и
протерани од нивната татковина од страна на
вавилонскиот цар Набуко. Историските настани се
искористени како позадина на романтичен и политички
заплет. Неговата прва изведба се одржала на 9 март 1894
година во Ла Скала, Милано
Сцени од изведбата на Набуко

You might also like