You are on page 1of 3

Автобиографија на Григор Прличев

Тој е роден Охрид на 18 јанувари 1830 според едни,1831 според


други.Татко му умрел кога тој имал 6 месеци па тој живеел со дедо
му. Имал дваица браќа и една сестра. Дедо му бил земјодалец, и од
малечки години го учел на буквите и основни знаења. Дедо му, му
рекол дека ќе му ја даде куќата на него кога ќе почине. Секоја вечер
дедо му обожавал да го слуша кога тој чита.Секоја вечер тие заедно
се прегрнале со исто дебело ќебе и спиеле заедно во ладните
вечери .Кога дедото виде дека Григор слободно чита го пратил во
училиште.Таму тој седеше на долги дебели седишта и го учеше
учителот.Таму учеше две години, но кога било зима и ладно дедо му
одел да го земе од училиште носејќи го на рамо.Секој ден во
училиште учителот шиеше и ги чекаше сите ученици да си ја научат
лекцијата. Понекогаш и некои му носеле јадење,некои од страв,некои
од љубов. Секое сабајле Григор и неговите другари го чекаат сонцето
да изгрее за да можат заедно да читаат книга. Едно утро учителот го
прашал Григор каде му е писмото што тој морал да го донесе во
училиште но тој рекол дека многу, многу се испотил па затоа го
оставил. Учителот го бутнал на под и почнал да го и го исфрлил од
училиште.Тој ги научил и сите гласови што во црквите поповите ги
пееле,сите песни ги научил, и сите писма ги прочитал и ги препишал.
Тој кога дошол дома на семејството им објаснил како учителот го
тепал но не рекол која била причината,посебно на дедо му затоа што
тој имал тешка болест. Дедо му рекол дека тој без причина нема да го
тепа,нешто си му згрешил на него,но тој рече дека повеќе нејќе да оди
во училиште и си легнал да спие.
Утредента тој се преправал дека ќе оди во училиште но тој отишол во
градот за да чита книга и ги чекал учениците да излезат од училиште.
Дома дедо му приметил дека нема многу време да живее па затоа на
мајка му рекол да го носи на училиште а потоа да го даде да изучи
некој занает.
Кога Григор дошол дома дедо му го натерал да му ја бакне десната
рака и си легнал во кревет за последен пат. Дедо му му оставил голем
впечаток на Григор.Таа вечер Григор се помолил на Бога и си легнал
да спие.
Браќа му отишле на ткајачки занает, сестра му станала слугинка да
слугува по туѓи куќи а мајка му ги вршела сите полски работи и
слугувала кај Танчевци семејството.
Тој ја лажел мајка му дека оди кај Учителот-даскалот а тој всушност не
одел и за тоа имал грижа на совест.
Тој не сакал да чита на грчки јазик а бугарскиот јазик бил непознат за
него.
Набргу дошол нов учител кој бил влав и им предавал само по 2 лекции
на ден. Ретко кое дете го разбирало. Речиси на секои 3 месеци им се
менувале учителите. На крајниот испит Григор знаел се и учителот му
подарил платно за облека.
Набргу почнале и други да го викаат да ги подучува и започнал да ја
препишува Илијада. Тој пак почнал да отсуствува од часовите од
училиштето и кога разбрала мајка му го тепала.
Ја препишал Илијада без грешка и ја продал и парите и ги дал на
мајка му. Продавал и јајца од неговите кокошки, црници. Кога мајка му
паднала од црница тој бил многу тажен.
Кога Миладинов дошол да учителствува тој бил сместен во нивната
куќа. Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време
учителствува во Охрид. Извесно време се вработува како терзија, а
подоцна станува учител во Тирана, Албанија. Во 1849 г. се запишува
како студент по медицина на Атинскиот универзитет. Во текот на 1850-
59 г. повторно се враќа во Македонија и учителствува на повеќе
места: Долна Белица, Струшко, Битола, Прилеп и Охрид, за да си
обезбеди услови за продолжување на студиите.
Во Август 1859 година повторно доаѓа во Атина, како студент на втора
година по медицина. Во овој период ја пишува поемата „Сердарот“. Во
1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра
поема на грчки јазик, паричен дел и лаворов венец. Истата година
делото излегува од печат. Со парите на мајка му и купува бунда.
Вратен во Охрид веднаш ја започнува работата врз новиот поетски
прое кт поемата Скендербег, далеку попретенциозен творечки зафат.
Работи како учител во Охрид. Со Јаким Сапунџиев го започнуваат
народниот подвиг во Охрид, борба за воведување на народниот јазик
во училиштата, односно борба против Цариградската патријаршија и
нејзиното влијание.
Извесно време престојува во Цариград. Има постојани контакти со
бугарските културни дејци, а по враќањето во Охрид уште
поинтензивно се ангажира за популаризирање на словенското писмо
во Македонија. Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во
дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски
владика. По затворскиот период го посетува манастирот Св. Јован
Бигорски и е восхитен што во него се служи на старословенски јазик.
Во следната 1869 г. во Охрид масовно се воведува народниот јазик во
училиштата.
По покана од Редакцијата на цариградското Читалиште се зафаќа со
препев на Хомеровата Илијада. Почнува да соработува во бугарските
цариградски весници и списанија. Во Белград, а потоа во Читалиште
во 1872 г. ја објавува песната. Во 1762 год, е преобјавена неговата
Автобиографија. Во цариградскиот весник Право во 1872 година е
објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга песни за деца
под наслов Воспитание или 12 наравствени песни. Со заштедени пари
од своето учителствување во Струга, заминува во Софија, поканет од
многумина родољупци, го канеле да се зафати со каква и да е
литературна работа и му ветувале секакви олеснувања и помоши. Во
периодот меѓу 1883-1890 г. учителствувал во бугарската машка
гимназија во Солун. Во овој период ја пишува својата Автобиографија,
објавена по неговата смрт во Зборник за народни умотворенија, наука
и книжнина.
Прличев живее и работи во повеќе балкански културни центри (Охрид,
Струга, Битола, Прилеп, Солун, Атина, Тирана, Цариград, Софија).
Коректно владее повеќе балкански и европски јазици. Во одреден
период бил под влијание на словенофилството и прави обид да
создаде граматика на словенско есперанто.
Поетската творба Сердарот се смета за апсолутен врв на сиот влог
што во уметноста на зборот овој творец го дал. Тој бил наречен Втор
Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и
словото-есеј „Чувај се себеси. Тоа се комплементарни книжевни дела
и ја доречуваат на директен начин основната порака на Сердарот.

You might also like