You are on page 1of 2

Пораките на „Малиот принц,,

„Човекот добро гледа само со срцето, суштината не


може да се види со очи",
напиша Антоан де Сент Егзипери

"Човекот добро гледа само со срцето, суштината не може да се


види со очи, е порака за сите времиња на авторот на светски
познатата бајка за возрасни ,,Малиот принц" на Антоан де Сент
Егзипери, кој настрадал на 31 јули во 1944 година кога Германците
го урнале неговиот авион над Медитеранот. Тој ден овој „фантазер и
вљубеник во добриот збор и во сините височини", кој во 1930 година
бил одликуван со. орден Легија на чесга, исчезнал во борбена мисија
како пилот извидник на сојузничките сили во Втората светска војна,
а остатоците од неговиот авион се пронајдени дури во 2000 година
во близина на островот Риу, кај Марсеј и од дното на морето бил
изваден во 2003 година. Серискиот број на пилотската кабина ја
потврди автентичноста на авионот кој сега се наоѓа во музеј во
Бурже кај Париз.
,,Да знаев дека во тој авион бил Сент Егзипери, никогаш
немаше да го урнам. Не гаѓав во Принцот", пред неколку
годиниистакнал германскиот пилот Хорст Ри-перт.
Антоан де Сент Егзипери бил роден 1900 во Лион, бил фанта-
зер и вљубеник во небесните височини. Негови романи се: Јужна
поштенска служба, Њоќен лет, Земја на луѓетоа, Воен пилот, рома-
нот Тврдина, но засекогаш ќе биде запаметен по книгата „Малиот
принц", во која на едноставен начин се залага за разбирање,
толеранција и етичност во односите во светот, потенцирајќи ја
верата во моќта на преобразување на човекот.
„Малиот принц" е мала книга напишана како бајка за реални-
от свет и човекот, за човечкоте заблуди и гревови, за исконските
човечки теми како што се љубовта, верноста, разбирањето, почи-
тувањето...Книгата е напишана во 1943 година и во воведот авторот
ги моли децата да му простат што ја посветува на возрасно лице, кое
во тие воени години живее во Франција, гладен и смрзнат и „треба
некој да го утеши", а притоа му е „најдобар пријател на светот", за
да ја смени темата и да ја посвети на „дете кое некогаш било тоа
исто возрасно лице. „Сите возрасни лица прво биле деца, но малку-
мина од нив се сеќаваат на тоа", напишал авторот, што веднаш го
наведува читателот во себе да го најде некогашното дете.
Книгата „Малиот принц", која ја читаат генерации деца и тие
кои некогаш биле деца, влегува во срцата, бидејќи главниот јунак,
мало синокосо дете, кое го памтиме такво какво што го нацртал
авторот, бидејќи самиот Егзипери ја илустрирал книгата, го открива
срцето на пилотот кого го запознава во пустината Сахара каде се
нашол по дефект на леталото. Дошол од „Астероидот Б612", а низ
приказната за животот „меѓу ѕвездите" и за искуството на Земјата
дефинира многу теми додека раскажува за слонот и змијата, овцата
и розата, лисицата, кралот, деловниот човек, пијаницата, за
свртничарот, фенерџијата... Многу се грижи за баобабот на својот
мал астероид да не пушти гранки наоколу и да не направи проблеми.
Секогаш е насмеан и неговата насмевка се слуша од вселената, „како
многу мали ѕвониња", како што ветил на разделбата, зборувајќи му
на пилотот дека секогаш ѕвездите ќе го развеселуваат бидејќи тој ќе
се смее од својот астероид.
Децата ја разбираат книгата „Малиот принц" како бајка, а
возрасните како симбол. Малиот принц е секој човек што ќе се роди
и пред кој стои целиот живот, а семките од баобабот се искуствата
од детството, кои остануваат зачувани ако се добри, додека се
трудиме лошите да ги искорнеме.
Авторот на „Малиот принц" наметнува порака дека животот
е еден и величествен и дека не треба да се троши на лоши
работи и на лоши луѓе, а на секој „човек кој некогаш бил дете";
„мал принц" во душа, може да му го обои и разубави светот.

You might also like