You are on page 1of 10

АТРИБУТ И АПОЗИЦИЈА (

ВТОРОСТЕПЕНИ РЕЧЕНИ
ЧНИ ЧЛЕНОВИ)
 Второстепени реченични членови се
оние кои не доведуваат до промена
на структурата на реченицата, ниту
пак ја менуваат информацијата, туку
нивното отсуство само ја
осиромашува.
 Тоа се: атрибут и апозиција.
Атрибут
 Несамостоен член во реченицата
 Атрибутот претставува збор или
повеќе зборови што воспоставуваат
согласувачка синтаксичка врска со
именките во реченицата.
 Атрибутот покажува некоја особина
или својство на тоа што се именува со
именката во реченицата
 Атрибутот може да го појаснува
подметот
 Новото златно ланче висеше на
нејзиниот врат.
 Книгата со златен повез беше
најинтересна на изложбата.
 Атрибутот може да го појаснува
предметот
 Весна носеше бело џемперче.
 Томи купи автомобил со кожни седишта.
 Атрибутот може да појаснува и друг
реченичен член:
 Тој е прекрасно момче.
 Нашите пријатели живееја на високо
место.
 Како што можеме да забележиме како
атрибут најчесто се употребуваат придавките
(златен, високо, прекрасно и др.), но и
заменските придавки (Нејзината коса е
прекрасна.)
 Придавките можат да се употребат и
метафорично (златни крилја, железна рака)
 Во улога на атрибут може да се јави и именка
без и со предлог : ногата на Крали Марко,
полето на Стојан, изворот на Вардар, селото
Отиштино, толпа народ, професорот
Митревски
Апозиција
 самостоен второстепен реченичен член
 Со апозицијата се објаснува истото она што го
искажува именската група во реченицата
 Во тој случај предметот или лицето добиваат
второ име, определба.Апозицијата со други
зборови го кажува и надополнува значењето
на зборот на кој се однесува
 Таа може да се јави до секој реченичен член,
освен до прирокот.
 Редовно се одделува со запирка и стои после
именката што ја објаснува
 И ја дадов книгата на
Марија, најдобрата ученичка во
нашиот клас. (апозиција
е најдобрата ученичка во нашиот клас –
и се однесува на предметот; кому? – на
Марија). 
 Го викнавме Петре, нашиот сосед, да
дојде на гости.
 Марко Стојчев , претседателот на
нашиот клас, е одличен и примерен
ученик.
Примери
 Охрид, лулката на словенската
писменост, се наоѓа на брегот на
Охридското Езеро.
 Вчера ја посетивме Струга, родниот
град на браќата Миладиновци.
 Скопје е главниот град на Република
Македонија.
 Скопје, главниот град на РМ, се наоѓа
на реката Вардар.
 Определи од примериве кои се
придавки атрибут , а кои се именски
атрибут:
 Добриот војник, сребрена коса,
војникот приврзан кон девојката,
домот на татко ми, раскази од
Јаневски, чаша вода, курс по
информатика, страв од смртта, човек
со бела коса

You might also like