You are on page 1of 7

Основни реченични членови

Прирокот (предикат)е основен создавачки член на


реченицата!
Подмет и прирок се главни реченични членови.
Видови прирок

I Глаголски прирок (прост и сложен)

1.Прост глаголски прирок

а)Прост глаголски прирок претставен со просто време или заповеден начин

пр. Марко чита книга. Излегувајте надвор! Таа цел ден пееше песни.

Јас напишав домашна работа.

б) Прост глаголски прирок претставен со сложено време,има/нема конструкција и можен начин

пр. Имам пеено таква песна. Ќе сум одел на одмор. Беше напишал убава песна.

Утре ќе одам Скопје. Ќе одев, ако ме викнеше. Тие оделе цело време.
2. Сложен глаголски прирок е составен од два глагола

Модален глагол

(мора,може,смее,сака,треба(безличен))

Фазни глаголи + да-конструкција(сегашно време)

(почне/започне, продолжи продолжува,престане) од полнозначен глагол

,,успее,,(се труди ,се мачи, се обидува, успева)

Пр. Мора да одиме на екскурзија. Треба да ја научиме лекцијата. Таа продолжи да се лути
како и вообичаено. Марко се обидува да го положи тестот по македонски јазик.
II Аналитички прирок – преоден глагол(прави ,врши,води,дава) +
директен предмет

пр. Докторот прави операција. Министерот води преговори. Ми


даде информација.
III Глаголско-именски прирок (прост и сложен)

1.Прост глаголско-именски прирок

глагол-врска + именски дел со

(сум, биде, стане,остане) именка- Тој е ученик.

придавка- Таа е убава.

заменка- Тоа сте вие. Ништо не ми е.

прилог- Ние сме добро.

број- Тие беа двајца.


2.Сложен глаголско-именски прирок

Модален глагол

(мора,може,смее,сака,треба(безличен))

Фазни глаголи + да-конструкција од глагол-врска + именски


дел

(почне/започне, продолжи,престане)

,,успее,,(се труди ,се мачи, се обидува, успева)

пр. Морам да бидам најдобар во класот. Вардар треба да стане чиста река.

Ние се трудиме да сме одлични ученици.

You might also like