You are on page 1of 2

Исклучни и заклучни независносложени реченици

Независносложените реченицикај кои врската меѓу дел – речениците е полабава се


нарекуваат исклучни и заклучни реченици. Во нив една содржина (дејство) се
надоврзува на друга содржина (дејство).

Исклучни независносложени реченици

Сврзници: само, само што, освен што, единствено, единствено


што..
а) Те слушам, само не те разбирам .

б) Сите отидоа, единствено тој остана.

в) Книгата сум ја читал , само што сум ги заборавил деталите.

г) Ги подготвив сите книги , единствено сум ја заборавил математиката.

Исклучните независносложени реченици се одделуваат со запирка.

Заклучни независносложени реченици

а) Тој многу учеше, сигурно знае.

в) Денес е топло,значи ќе одиме во парк.

г) Чевлите ми се допаднаа, веројатно ќе ги купам.

2. Заклучните независносложени реченици е сврзуваат со модалните зборови:


сигурно, значи, веројатно.
3. Пред модалните зборови обично се пишува запирка.
Вежби ИСКЛУЧНИ

Дополни ги речениците со дел-реченицата чие дејство се исклучува од


претходното, како во примерот. (само, освен, само што, единствено, )
1. Го прошета цел град, единствено што не се качи на калето.
2. Беше легната, (само) _____________________________________________ .
3. Слаткарницата изгледаше прекрасно, (освен) ______________________ .
4. Имаме исти ранци, (само што) ____________________________________ .
5. Танцуваа одлично, (единствено)
6. Музиката им се допадна, (освен што)______________________________ .

ВЕЖБИ ЗАКЛУЧНИ

Дополни ги речениците со дел-реченицата чие дејство е заклучок на


претходното, како во примерот. (значи, веројатно, сигурно)

1. Веќе е пролет, значи денот е се поголем и поголем.

2. Возот доцнеше, (веројатно) ____________________ .

3. Беше изморена, (значи) _______________________ .

4. Ги видовме заедно, (сигурно) ____________________ .

5. Излегуваат насмеани, (значи) ___________________ .

You might also like