You are on page 1of 2

Наставна содржина : вежби од морфологија

НАСТАВНО ЛИВЧЕ : ПРОВЕРКА НА ЗНАЕЊАТА ОД МОРФОЛОГИЈА за


неменливите( службените зборови )

1. Кој збор од наведениве е прилог?


а) удвоен; б) двојно; в) двоина.
2 Од следните зборови прилог е:
а) овде; б) овој; в) од.
3 Кој од следниве зборови е сврзник?
а) убаво; б) веројатно; в) иако; г) намерно..

4..Во следната реченица подвлечи ги прилозите и сврзниците:

Утре ќе се качам горе и ќе го средам поткровјето, кое е многу растурено, зашто сите
непотребни работи ги ставаме таму.

Сврзници: прилози :

5.Одговори каков видови зборови се: очигледно и сигурно._______________


6 Напиши една реченица касде предлогот НА ќе го употребиш како временско
значење________________________________________________________
7 . Ко ј а е пр и л ош ка т а оп ре д е л б а з а в ре ме в о с л е д н ав а ре ч е ни ц а:
Најголем дел од таа област денес е покриен со скоро непреодна џунгла
8 Кој збор е предлог во реченицата: „Тие живеат на третиот кат“

9. Кој од зборовите не е прилог?


а) вчера; б) откако; в) малку; г) многу.
10. Наведи ги формите за компаратив и за суперлатив на прилогот : малку
___________________________________________________________________
11 Кој од следниве три збора е прилог?
а) капење; б) далеку; в) далечина.
12. Подвлечи ги предлозите и сврзниците во следниот извадок:

Среде такво идејно опкружување се јавува Епикур, филозофот од Градината, со совети


до пријателите и следбениците на својата Школа да не се занимаваат со политика
бидејќи човек по природа е асоцијално суштество.

Сврзници: Предлози:
13. Во реченицата: Тој, сигурно, веќе пристигнал во градот ; модален збор е:________
14. Дополни ги следните три реченици со една од формите на предлогот В/ВО
____ недела се одмораме ____ недела ќе одам на кино . ___ неделата не бев дома.
15. Определи што изразува извикот во реченицата: Еј, бабо, одам на риболов!
______________________________________________________________________
Табела за самооценување : со О се бележи точен одговор
со Х се бележи погрешен одговор
ПРАШАЊА вкупно точни одговори
1 2 3
4 5 6
7 8 9
10 11 12
13 14 15

You might also like