You are on page 1of 2

ЗАПОВЕДЕН НАЧИН

ЗАПОВЕДНИОТ начин е проста глаголска форма со која глаголското дејство се искажува во вид на
заповед .

-Кажувај што си наумил !

Кажи им да дојдат овде .

Спиј кога ти велам !

Кај оваа начинска форма разликуваме два типа на заповед: директна и индиректна.

Директната заповед се искажува само за второ лице еднина и второ лице множина.

Индиректната заповед се искажува во прво лице множина и во трето лице еднина и множина.

Во прво лице еднина не се искажува заповед.

НЕ можете сами на себе да си заповедате, освен : треба да читам .

Со минато определено време се искажуваат дејства кои се случиле во минатото во присуство на


говорителот.

Минато определено несвршено и минато определено свршено време


ИМПЕРФЕКТ
Дејството се одвивало во минатото но е во траење, не е завршено, во присуство на говорителот.

Се образува од несвршен вид на глаголи со додавање на наставките:


ЧИТА
ед. множ.
1. л. –в (читав) 1. л. –вме (читавме)
2. Л. –ше (читаше) 2. л. –вте (читавте)
3. л. –ше (читаше) 3. в. –а/-ја (читаа)
АОРИСТ
Дејството се одвивало во минатото, но е завршено, заокружено, во присуство на говорителот.

Се образува од свршен вид на глаголи со додавање на наставките:

ПРОЧИТА
ед. множ.
1. л. –в (прочитав) 1. л. –вме (прочитавме)
2. Л. / (прочита) 2. л. –вте (прочитавте)
3. л. / (прочита) 3. в. –а/-ја (прочитаа)

You might also like