You are on page 1of 13

Драма

(исказ на лик
Зборот драма доаѓа од грчкиот
збор DRAMA, што значи дејство.
Драма е литературна творба
пишувана во дијалошка форма и
наменета за сценска изведба.
Драмите можат да бидат
напишани во стихови или во
проза, но и комбинирани – со
стихови и проза.
Основни структурни елементи на
драмата се:
Композиција
Драмско дејство
Ликови
Простор и време
Дијалог
Монолог
Чин
Слика
Сцена
Дидаскалии
Композицијата на драмата се одвива
низ пет основни композициски етапи:

Експозицијата претставува вовед во


драмското дејство.
Заплетот е почеток на конфликт (судир)
меѓу ликовите.
Кулминацијата е врвот на конфликтот
во драмското дејство.
Перипетија е пресврт во дејството.
Расплетот е разрешување на
конфликтот.
Драмско дејство.
Драмското дејство е
клучен елемент на
драмата, односно
постапките што ги
преземаат ликовите во
драмата.
Ликови
Ликовите се носители на
дејството во драмата.
Простор и време
Дејството во драмата се
одвива на определен
простор во определено
време.
Постојат две форми на исказ на лик:
Дијалог
и монолог

Дијалогот е разговор меѓу два


или повеќе ликови во текот на
драмското дејство.Преку
дијалозите се изразуваат
темите, идеите, ставовите на
авторот на драмата.
Монологот ги претставува
размислувањата и ставовите
на еден лик во драмата.
Ликот може да води монолог
со себеси односно гласно да
размислува или пак да ѝ се
обраќа на публиката.
Чин,слика и сцена
Чинот сликата и сцената се составни делови
на драмата.Чинот е една заокружена целина
во драмата.Чинот се дели на сцени.
Слика претставува краток временски дел од
драмата која заокружува едно дејство на
ликовите.
Сцената е заокружена целина на сликата која
завршува со влегување на нови ликови во
драмското дејство.
Дидаскалии
Дидаскалиите се даваат во заграда и
служат за појаснување за времето и
просторот на дејството, за изгледот на
сцената, за костимите на ликовите, за
нивните постапки и слично.
Прочитајте го драмскиот текст ,,Рацин’’
од Борис Вишински на стр. 96 во
учебникот и одговори на прашањата на
стр. 98 поврзани со текстот!

You might also like