You are on page 1of 2

Епифора и анафора - стилски фигури

Лекцијата е на страница 110 од учебникот.


Прашања за повторување: Што се стилски фигури? Која стилска фигура сме ја учеле? Што
е епитет? Зошто се употребуваат стилските фигури?
Прочитајте ги песните „ Ој луле“ – народна песна и „ Таму е нашата река“ – Петре М.
Андреевски
На стр.112 дадени се прашања (разговор за песните) – да се одговорат во тетратките за
училишна работа.
Во првата песна забележливо е дека секој стих завршува со зборовите „ој, луле ој“ – што
дава посебна музикалност на песната. Ваквото повторување на исти зборови на крајот од
стихот е стилска фигура која се нарекува епифора.(оваа дефиниција запишете си ја во
тетратките)
Во песната „Таму е нашата река“ првите четири стиха почнуваат со зборовите „Кај што
“.Повторувањето на исти зборови на почетокот на стихот е стилска фигура која се
нарекува анафора.( и оваа дефиниција да се запише во тетратките)
Со техниката квадрат претстави ги двете песни:
„Ој луле“

Слика(што си замислувате кога ја читате Стилски средства (епитет, анафора и


песната) епифора)

Аудио и визуелни елементи Поетски слики со кратки наслови


„ Таму е нашата река“

Слика (што си замислувате кога ја читате Стилски средства (епитет, анафора и


песната) епифора)

Аудио и визуелни елементи Поетски слики со кратки наслови

You might also like