You are on page 1of 6

Епика елементи на епиката

ПРОФ. АНИТА МЕЧКАРОВСКА


Епика

 Во епиката се раскажува за настани кои се случиле во минатото и кои се значајни за некоја личност
или, пак, за целото општество.
 Епските дела се пишувани во стих и проза.
 Епските литературни творби се состојат од неколку основни елементи:
 Композиција
 Тема
 Идеја
 Фабула
 Дејство
 Опис
 Време и простор
 Лик и
 Наратор
Елементи на епиката

 Композиција-последователни делови од кои е изградена една епска литературна


творба.
 Композицијата е начин на кој различните елементи од литературните дела
(настани, ликови, ситуации, теми, мотиви) се поврзуваат во единствена уметничка
целина.
 Темата е предметот за кој се раскажува и кој се обработува во епското дело,
односно настаните, ликовите и проблемите кои се појавуваат и разработуваат во
делото.

 Темата и идејата се поврзани меѓу себе


 Фабула-тоа се најглавните настани кои меѓу себе имаат причинско-последична
врска и преку тие настани се отсликуваат особините на ликовите.
 Дејство е случка или настан, всушност акцијата на ликовите. Нема епско
литературно дело без дејство.
 Опис – опишување на ликовите, предметите и просторите кои ни се прикажани во
епската творба
 Време и простор – секој настан од раскажувањето, се одвива во определено време и
во определен простор
 Ликот во делото е вршител на дејството. Атрибути на ликот се: добар, лош, слаб,
дебел, висок, низок и др. Ликот освен во функција на личност може да се јави и како
лик-помошник, лик-противник и овие ликови се викаат „не живи ликови“.
 Наратор или раскажувач кој раскажува за настаните и случките и ги опишува
ликовите и местата во делото.
 Разликуваме два вида наратор:
 - сезнаечки наратор
 - колеблив наратор
 Сезнаечки (сеприсутен) наратор – раскажува се, следи се и има увид за сите
настани.
 Колеблив (несигурен) наратор – при раскажувањето покажува несигурност и нема
увид во сите настани.

You might also like