You are on page 1of 3

Литературата претставува уметност на пишани дела.

Поимот литература се користи


за означување на каков било вид пишано творештво. Литературата ги заокружува
најразличните ентитети, како што се: здруженијата, филозовски школи, историски
периоди и др. Овој термин исто така се однесува на мноштво литературни продукции, на
пр.: на една земја, јазик или време. Литературата се дели според неколку критериуми, но
според нејзините внатрешни својства се дели на родови: лирика, епика и драма.

Лириката е уметност која е доста застапена во модерниот свет. Таа ги искажува


чувствата на авторот, најчесто во форма на песна. Лириката е доста важна бидејќи можеме
самите да се видиме во неа, да се препознаеме самите во минатото, бидејќи и ние во некој
период од нашиотживот сме ги доживеале истите чувства и емоции.

Лириката, најчесто во форма на лирска песна се пишува во строфи кои што се


изградени од стихови. Повеќето стихови самите по себе не ни значат ништо, но ако заедно
ги споиме добиваме една прекрасна целина која што може да поттикне огромни емоции во
душата на читателот. Во лириката имаме лирски субјект, тој не води низ песната.
Лирското дело иако е напишано во прво лице не значи дека авторот пишува самиот за себе
туку општо за чувствата кои може да ги почувствуваме.

Лириката ја делиме според кои чувства ги искажува авторот во неа или со други
зборови според мотивот. Ако тоа се патриотска, љубовна тогаш потпаѓа под субјективна
лирика. Ако таа е химна, спаѓа во возвишена лирика. Ако таа е тажна по карактер тогаш
имаме елегиска лирика и ако имаме хумористичен карактер тогаш таа е сатирична.
Лириката има и така наречени “украси”. Тие се римата и стилските фигури. Римата е кога
краевите на стиховите фонетски се софпаѓаат . Стилските фигури се една од главните
аспекти во лириката. Тие му даваат на авторот да се искаува како вистинси уметник и да ја
продлабочува песната уште повеќе со креативност.

Лириката како еден од трите рода на литературата мислам дека е најразлична во


оглед на епиката и драмата. Му дава на авторот доста место за изразување и опишување
на нематеријални нешта. Лириката искажува зошто сме луѓе, поради нашите чувства.
Среќата, тагата, љубовта гордоста и др., тие се нештата кои не одделуваат од сите други
живи суштества.
Литературата претставува уметност на пишани дела. Поимот литература се користи
за означување на каков било вид пишано творештво. Литературата ги заокружува
најразличните ентитети, како што се: здруженијата, филозовски школи, историски
периоди и др. Овој термин исто така се однесува на мноштво литературни продукции, на
пр.: на една земја, јазик или време. Литературата се дели според неколку критериуми, но
според нејзините внатрешни својства се дели на родови: лирика, епика и драма.

Епиката опфаќа дела во стих и во проза, во кои вообичаено се раскажува за


херојски подвизи или настани значајни за одредена култура или нација. Во поглед на
традиционалната теорија на литературата под поимот епика се подразбирале
раскажувачки дела само во стихови, како што се епските песни, односно поемите и
епопеите, но современата теорија на литература подразбира и прозни дела со
раскажувачки карактер како романот, расказот, новелата и сл.

Епиката се смета за раскажувачка, претставувачка, односно миметична уметност.


Со други зборови едно книжевно дело се смета за епско доколку постои раскажување,
односно нарација, раскажува или наратор, ликови кои ги градат дејствијата односно
сижето и фабулата.Термините епска широчина и епска композиција заедно со
објективноста во раскажувањето се три најбитни белези на едно епско дело. Користењето
на сижејни методи, како ретроспекција, заедно со деталните описи на ликовите и
настаните го прават делото обемно, односно ја градат неговата епска широчина; развојот
на дејството по етапи, од друга страна ја означува композицијата на делото.

Во епските дела се прикажани ликови кои се носители на идеите на авторот. Лик во


делото е вршител на дејството. Како ликови, освен луѓето ги среќаваме: животните,
растенијата, предметите, измислените суштества (ламји, вештерки итн.), како и
апстрактните поими (во народната литература како ликови се јавуваат смртта, касметот и
сл.) Ликовите кои ги претставуваат луѓето може да бидат индивидуализирани (посебни,
специфични) или типизирани (осбини од повеќе личности собрани во еден лик; на пр.:
особини на многу скржавци – тип на скржавец).
Без разлика колку животно искуство внел авторот во своето литературно дело
(колку главниот лик е автобиографски), сепак секое дело е литературна творба
(конструкција), а не животна вистина. Затоа, многу е важно да се прави разлика меѓу
авторот на делото и раскажувачот во делото или нараторот.

You might also like