You are on page 1of 7

лирика

Белези на лириката, композиција, лирски субјект, видови лирика според чувствата


изразени во песните
Белези на лириката
 Под лирика или лирска песна се подразбира поетско дело во кое се изразуваат чувства,
мисли и расположенија на поетот.
 Лириката е најстариот литературен род.
 Лирската песна според својата форма е кратка
 Јазикот на лирската песна е богат со стилски фигури и е различен од разговорниот
јазик.
 Лирската песна е субјективна
 Поетот секогаш зборува во прво лице.
 Формата на лириката е стихот. Во прозни текстови може да сретнеме лирски елементи,
но тешко ќе сретнеме лирски дела во проза.
 Лириката е изразувачка уметност, бидејќи лирските песни се поетски творби со кои се
изразуваат чувства, мисли и расположенија. Тие го изразуваат субјективниот став на
поетот и претставуваат изблик на чувства, па затоа не може да се раскажуваат (немаат
фабула).
 Лирската песна не се раскажува, туку се доживува.
Лирски субјект

 Лирскиот субјект во лириката е исто што и нараторот во


епиката.
 Лирскиот субјект е „гласот“ во лирската песна. Ако поетот ја
напишал песната во прво лице еднина, не значи дека тој пишува
за себе. А и да пишува за себе, напишаното е креација, значи е
измислено, дообликувано, дооформувано.
 Градот на принцезата Пастрмка

Изградив прекрасен град
со возови, со трамваи, со пруги.
Го населив со цвеќиња,
со рингишпили,
со многу чуда други.

Од цвет до цвет водат


мостови напнати како лак,
а долу, далеку долу,
одвај е видлив
на реката синиот крај.

По таа река се скита принцеза Пастрмка


сета облечена во црвени дамки.
Принцеза Пастрмка има прекрасен дом
од бели каменчиња и жолти сламки.
(Србо Ивановски)

Оваа песна започнува со форма на глаголот во прво лице еднина и тоа е
лирскиот субјект. Не е поетот тој што го изградил градот, го населил со
цвеќиња итн. Значи поетот е Србо Ивановски кој ја напишал песната, а преку
лирскиот субјект ги искажува мислите и чувствата.
Композиција на песната
(стих, строфа, метрика, ритам)

 Песната има специфична конструкција. Нејзин основен елемент е стихот.


 Стихот претставува еден ред од песната, кој е покус од редот во текстот и се
забележува со голо око.
 Стиховите се стегнати изрази со специфична звучност, значење и ритмика.
 Повеќе стихови оформуваат строфа.
 Строфа е целина од одреден број стихови со ритам, рима и интонација. Таа
претставува мисловна целина и со неа треба да се искаже завшена мисла.
 Метриката е должина на стихот (број на слогови во стихот), како и паузи кои се
среќаваат кај подолгите стихови.
 Ритамот претставува главна одлика на стихот. Тој е специфичен слоготворен систем
кој е составен од сите звучни можности на јазикот (гласови, зборови) кои се уотребени
за да се создаде уметнички ефект. Ритамот е специфичниот звук на стихот.
Видови лирика според чувствата изразени во
песните
 Според чувствата изразени во лириката, врз основа на темите и мотивите кои се обработуваат во песните таа може да
се подели во четири групи
 1. Субјективна лирика:
-интимна = опфаќа песни во кои се изразени чувства, мисли и настоенија доживеани во личната судбина на
поетото.Мотивите се рановидни: љубовните бранувања поврзани со младоста на човекот,копнеж, сомневање, среќа,
очај, осаменост, страдање, вознемиреност и др.

-љубовна = опфаќа песни во кои се изразуваат љубовни чувства кон спротивниот пол. Мотиви се: неостварената,
недостижната, платонската, еротската љубов.

-пејзажна(описна) = опфаќа песни со мотиви од природата. Мотиви се: чувства, расположенија предизвикани од
природата.

-патриотска = ги опфаќа песните за татковината. Мотиви се: љубовта кон татковината, кон својот народ, кон
минатото.

-социјална = опфаќа песни во кои се изразуваат чувства на мака и страдања поради неправдите во животот, поради
бедата и сиромаштијата што го навредуваат човечкото достоинство. Мотиви се: маките и страдањата на сиромашните,
нивниот ропски живот.
-рефлексивна(смисловна или филозофска) = опфаќа песни во кои се искажуваат размислувања на поетот за
одредени појави во животот како: смрт, судбина, болка, смислата на животот и се што го опкружува животот. Мотиви
се: смртта, болката, смислата на животот, судбината, вербата .
Видови лирика според чувствата изразени во песните

 2. Сатирична лирика = опфаќа песни во кои се исмејуваат недостатоците и маните како на поединци,
така и на цели општествени слоеви. Во сатирата се исмејува и осудува негативното, долното,
подмолното, неприличното и др.
-хумористична песна;
-сатирична песна;
-епиграм.

3. Возвишена лирика (пофални песни) = сите видови лирски песни: интимни, љубовни, описни,
патриотски, социјални, можат да бидат возвишена лирика, во кои основното чувство треба да биде возвишено
и свечено.
-ода
-химна;
-дитирамб.

4. Елегиска лирика = опфаќа песни во кои се изразуваат чувства на тага и длабока жалост, поради
животните незгоди и несреќи, како смрт на близок човек, трагична љубов, осаменост, напуштеност и
др.
-тажачка песна;
-елегија;
-епитаф.

You might also like