You are on page 1of 1

Лирика – Уметност која искажува

Лириката е уметност која е доста застапена во модерниот свет. Таа ги искажува чувствата на
авторот, најчесто во форма на песна. Лириката е доста важна бидејќи можеме самите да се
видиме во неа, да се препознаеме самите во минатото, бидејќи и ние во некој период од нашиот
живот сме ги доживеале истите чувства и емоции.

Лириката, најчесто во форма на лирска песна се пишува во строфи кои што се изградени од
стихови. Повеќето стихови самите по себе не ни значат ништо, но ако заедно ги споиме добиваме
една прекрасна целина која што може да поттикне огромни емоции во душата на читателот. Во
лириката имаме лирски субјект. Тој не води низ песната и не мора да е самиот автор тоа. Најдобра
компарација би бил сезнаечки раскажувач во епиката, кој што служи како гласот на тие дела и ги
раскажува главните случки на гледачот. Лирското дело иако е напишано во прво лице не значи
дека авторот пишува самиот за себе туку општо за чувствата кои може да ги почувствуваме.
Лириката ја делиме според кои чувства ги искажува авторот во неа или со други зборови според
мотивот. Ако тоа се патриотска, љубовна или во други зборови интимна тогаш потпаѓа под
субјективна лирика. Ако таа е химна, спаѓа во возвишена лирика. Ако таа е тажна по карактер
тогаш имаме елегиска лирика и ако имаме хумористичен карактер тогаш таа е сатиричка.
Лириката има и така наречени “украси”. Тие се римата и стилските фигури. Римата иако не е
стилска фигура, сепак одлучив за неа да зборувам овде бидејќи без неа лириката би била многу
поразлична и подосадна. Рима е кога краевите на стиховите фонетски се софпаѓаат . Стилските
фигури се една од главните аспекти во лириката. Тие му даваат на авторот да се искаува како
вистинси уметник и да ја продлабочува песната уште повеќе со креативност.

Лириката како еден од трите рода на литературата мислам дека е најразлична во оглед на
епиката и драмата. Му дава на авторот доста место за изразување и опишување на нематеријални
нешта. Лириката искажува зошто сме луѓе, поради нашите чувства. Среќата, тагата, љубовта
гордоста и др., тие се нештата кои не одделуваат од сите други живи суштества.

You might also like