You are on page 1of 10

Историја на музиката 4

Прв тест

1. Која е главната заслуга на Вебер во пристапот кон националната романтичарска


опера?
- Обновувањето на музичкот јазик. Создавање на национална демократска –
оперска традиција на своето време заснована врз националните извори.

2. Зошто премиерата на „Волшебниот Стрелец“ се претворила во настан од огромно


општествено значење?
- Главната причина била изразениот нагоден колорит, чувството на „своја почва“
доловено во карактерите и музичкиот јазик на операта, предизвик против
доминирањето на странските обрасци на оперскиот жанр.

3. Кои средства за препознавањето на ликовите во музиката ги користи Вебер?


- Лајт-мотивска техника и темброва драматургија.

4. Која од оперите на Вебер има највеќе допирни точки со оперите на Вагнер и


зошто?
- „Евријанта“ – поради спојувањетно на херојската и мистичката линија, која ќе
изврши големо влијание врз музичкиот театар, а посебно Вагнер.

5. Во која од неговите опери преовладуваат едноставни песновидни форми?


- „Оберон“

6. Која е историската позиција на Росини?


- Историската позиција на Росини е специфична, тој воедно е завршувач на
големата епоха во италјанската опера а истовремено и основоположник на „новиот
бран“ во нејзиниот развој.

7. Која опера се смета на најврвниот дострен на жанрот buffa?


- „Севилскиот берберин“

8. Како го разбирате изразот „ораторијална опера“ и дали „Вилијам Тел“ е пример на


ваквата опера? (обајснете го одговорот)
- „Вилијам Тел“ не е ораторијална опера затоа што хорот не е статичен во неа,
односно главно место зазема ликот на народот што условува, значајна улога на
хорот и масовните сцени, а самиот херој нема ниту една арија.

1
9. Кои се најзначајните опери на Белини?
- „Капулети и Монтеки“; „Сонамбула“ и „Пуритани“.

10. Во кои оперски жанрови и традиции работел Доницети? (наведете 3 со примери)


- „Љубовен напиток“ – комична опера; „Фаворитка“ – голема француска опера;
„Дон Паскуале“ – buffa; „Ќерката на полкот“ – француска комична опера.

11. Најпрочуениот либретист во францускиот оперски театар?


- Ежен Скриб.

12. Во кој француски балет (автор, наслов на македонски ило оригинален) се


забележуваат карактеристиките на симфониското мислење?
- Адолф Адам – „Жизел“

13. Која опера е врвот на творештвото на Мејебрер?


- „Хугеноти“

14. Дали Мејербер бил важен историски колорит? (појаснете го одговорот)


- Да, значајно за Мејербер е и создавањето на историскиот колорит преку
тематскиот матријал и тембрите. Една од најважните теми во „Хугеноти“ е
протестантскиот корал, а употребени се и стари инструменти.

15. Зошто се вели дека во условите на поробенста (остсуство на државата) пораснува


значењето на културата?
- Во услови на поробеноста вообичаено пораснува улогата на клтурата како
простор за националната конслидација и идентификација во земјата и во
иселениците во странство.

16. Во што е уникатноста на историската позиција и творечкиот облик на Шопен?


- Синтезата на националното и универзалното – целосна посветеност на пијаното
како единствен начин на изразување – спојувањето на аристократизмот,
племенитоста со достапоноста – емотивноста.

17. Во кое дело најдиректно е одразена ситуацијата со послкото востание во 1830


година?
- Револуционерна етида оп. 10 бр. 12,c – moll.

18. Која позната писателка и интелектуалка одиграла значајна улога во творечкиот,


интелектуалниот и приватниот живот на Шопен?
- Жорж Санд.

2
19. Кои жанрови за Шопен се двете страни на „националната идентификација“ (и кои
две страни)?
- Мазурки и полонези; народно жанровската мазурка и херојско-витешка полонеза.

20. Кој од овие жанрови најнепосредно е поврзан со фолклорот? (појаснете го


одговорот)
- Мазурките – најнепосредна поврзаност со полскиот фолклор; модусите
(лидискиот карактерстичен за полските народни песни и танци) имитација на
тембрите на народните инструменти, ритмиката.

21. Во кои жанрови се гледа најсуштествениот иновативен пристап (појаснете го


одговорот)?
- Иновациите се појавуваат во прелудиумите кои се осомостојуваат престануваќи
да бидат „прелудиуми кон нешто што следи“ и етидите кои од инструктивни вежби
почнуваат да бидат виртуозни дела.

22. Во кои жанрови Шопен ја етаблира големата едноставочна форма?


- Балади, скерцо и фантазија.

23. Која е спецификата на сонатната форма кај Шопен?


- Специфичност на Шопеновата сонатна форма: една тема содржи огромен
потенцијал за најинтензивниот развој кој ја проткајува целата експозиција и
завршува во развојниот дел а репризата на првата тема отсуствува, втората тема
претставува центар на експозицијата и само таа се репризира, со што репризата на
сонатната форма е заснована само на втората тема.

24. Првата полска национална опера?


- „Халка“

25. Зошто се вели дека творештвата на Шопен и Моњушко претставуваат заемно


надополнети појави?
- Поради вокалните и инструменталните жанрови, националната опра и
инструменталните концертни дела и нивната и нивната изведувачка традиција.

26. Историската улога на Берлиоз за француската музичка култура?


- Прв француски симфоничар од светско значење и создавач на француската
романтичарксата симфонија.

27. Како Берлиоз (во услови кога не постоело озвучување) успеал да создаде музика за
големи сали и простории?
- Користејќи многубројни, до тогаш незамисливи состави
3
28. Кое значајно теориско дело е создадено од Берлиоз, а во кое се одразува неговата
творечка природа?
- Во своите „мемоари“.

29. Кое е автобиогравско дело на Берлиоз?


- „Фантастичната симфонија“ (љубовната приказна на Берлиоз).

30. Кој воедчки принцип на романтичарска уметност се појавил во симфониите на


Берлиоз, со што тие, речиси, не се познаваат по броевите туку по насловите?
- Програмски романтичарски симфонии. (имаат наслови)

31. Во што се сличностите и разликите на „Фантастичната симфонија“ со симфониите


на Шуберт?
- Доминира тема и содржина, но за разлика од првата романтичарска симфонија
„Недовршена“ во која ваквата тема предизвикала модифицирање на
симфонискиот циклус во правец на скратување (два става) во симфонијата на
Берлиоз оваа тема е претставена во монументална форма, со проширување на
циклусот до пет ставови.

32. Кој е главниот музичко-драматуршки на „Фантастичната симфонија“ соодветен на


програмската замисла?
- Користењето на Лајт-темата која се појавува во сите пет ставови.

33. Која позната тема се цитира во финалето на „Фантастичната симфонија“?


- Лирската монодрама „Лелис или враќањето кон животот“.

34. Која од симфониите содржи признаци на инструментален концерт? (појаснете го


одговорот)
- „Харолд во Италија“ – евидентна е синтезата на жанровите; присутни се
елементите на концертен жанр во програмската симфонија – виолата станува лајт-
тембр на симфонијата, персонификација на главниот лик.

35. Која симфонија е на сижето од Шекспир?


- „Ромео и Јулија“

36. Која од симфониите е наменета за изведба на отворено и за која церемонија?


- „Голема траурно – триумфална симфонија“, за церемонијата на пренесувањето на
посмртните остатоци на жртвите од Јулската револуција.

37. Која опера е на сижето од Вергилиј?


- Оперската дилотија „Тројанци“
4
38. Во кој жанр е последното театарско дело на Берлиоз?
- Комична опера.

39. Кое дело е на сижето од Гете?


- „Осудувањето на Фауст“.

40. Како се нарекува музичкиот стил развиен во градската средина во Унгарија?


- „Вербункош“.

41. Дали овој стил се одразил во европската професионална музика во 18-19 век?
- Да.

42. Дали творештвото на Лист целосно и припаѓа на унгарската култура? (појаснете го


одговорот)
- Тој и припаѓал на европската музичка култура, односно унгарската, француската и
германската бидејќи патувал целиот живот.

43. Кој романтичарски жанр е создаден од страна на Лист?


- Тој е основач на жанрот „програмска симфонија“.

44. Кој е придонесот на Лист во музичкото образование во Унгарија?


- Основоположник на композиторската унгарска школа. Подигнал иницијатив за
отварање конзерваториум во престолнината, а од големо значење за него е
проучувањето на унгарскиот фолклор.

45. Кое е значењето на Вајмарскиот период?


- Вајмарскиот период е централен и најпродуктивен творечки период кај Лист.

46. Кои се одликите на пијанизмот на Лист?


- Пијанизмот на Лист е вистински „нов збор“ во изведувачката уметност. Пијаното
кај него добива симфониски третман, се постигнува оркестралност на неговото
звучење. За ваквиот ефект придонесува „заситеноста“ на звучењето, густиноста и
повеќеслојноста на фактурата, опфаќањето на сите регистри за краток временски
период, педализацијата, исклучително развиената крупна техника.

47. Во кој жанр придоесот на Лист може да се спореди со истиот на Шопен и зошто?
- Клавирските етиди, затоа што и двајцата пишувале етиди кои стиигнувале до
техника на виртуозни концертни композиции.

5
48. Која соната и симфонија го имаат истиот наслов?
- „Данте – соната“ ; „Данте - симфонија“.

49. Во кој симфониски жанр Лист ја утврдува својата варијанта на голема


романтичарска едноставочна форма?
- Програмска симфониска поема.

50. Врз кој формообразувачки принцип се базира оваа форма?


- Врз принцип на цикличноста во еден став остварен во рамките на сонатна форма.

51. Кој принцип на тематскиот развој доследно е спроведен во овој жанр?


- Монотематски принцип, односно доминирање на еден лик и неговите
трансформации.

52. Со чија улога (и во која национална култура) може да се спореди улогата на Лист и
Еркел во унгарската музичка култура?
- Со полската музичка култура, односно со Шопен и Моњушко.

53. Зошто Вагнер го сметаат за еден од најголемите и универзали умови во музичката


историја?
- Бидејќи имал разнострана творечка надареност, бил композитор, поет и писател,
автор на либретото на поголемиот број опери, филозоф, теоретичар на уметноста и
на театарот, диригент.

54. Која е првата зрела опера на Вагнер?


- „Летачкиот холанѓанин“

55. Кои елементи на Вагнеровата оперска реформа се воочуваат во неа?


- Сопственото либрето, елементите на лајт-мотивската драматургија,
воспоставување на структура од три чина.

56. Која е структурата на увертирата за „Танхојзер“?


- ABA.

57. Кои се драматуршките планови во „Лоенгрин“?


- Двата драматуршки плана го одразуваат спротивставувањето на доброто и злото,
изразено преку два пара ликови: Лоенгрин – Елза и Отруда – Телрамунд.

58. Кој вид на оркестарска пиесе се јавува наместо увертира во „Лоенгрин“?


- Вовед/Vorspiel.

6
59. Кои се неговите карактеристики во споредба со увертирата?
- За разлика од увертирата која разбира развиена повеќетематска форма, воведот
обично е базиран врз експонирање и развој на единствен лик изразен со еден или
неколку сродни тематски матријали.

60. Кои теориски трудови Вагнер ги создава во Швајцарија (наведете три)?


- „Уметноста и револуцијата“; „Уметничко дело на иднината“; „Операта и драмата“.

61. Кој филозоф (и дело) извршиле длабоко влијание врз Вагнер и неговите ставови во
Швајцарија?
- Артур Шопенхауер – „Светот како волја и замисла“

62. Во која опера најпотполно е изразена идејата љубов-смрт?


- „Тристан и Изолда“

63. Која е единствената комична опера на Вагнер?


- „Нирнбешките мајстерзингери“

64. Кое од оперските остварувања на Вагнер претрпело најголеми промени од


почетната замисла до реализирањето и зошто?
- „Нибелунговиот прстен“ – поради поразот на револуцијата, неможноста да се
врати во Германија, тешките усови за живот во Швајцарија.

65. Колку делови го сочинуваат и кои се насловите?


- 1 дел „Златото на Рајна“
- 2 дел „Валкирија“
- 3 дел „Зигфрид“
- 4 дел „ Самракот на Боговите“

66. Колку лајтмотиви се употребуваат, на кои појави тие се однесуваат?


- Се употребуваат околу 100 и се однесуваат на судбината, проклетсвото, љубовта,
тагата итн.

67. Кој иструмент бил разработен за изведба на ова дело?


- Дувачки инструмент наречен Вагнерова туба, комбинација од хорна и туба.

68. Во кој град бил изграден театар за изведбите на Вагнеровите опери?


- Бајрот.

7
69. Која е одликата на општествено-политичката ситуација во Италија за време на
делувањето на Верди?
- Нејзината поделеност на 8 мали држави по наполеоновите војни, а секоја од нив
под туѓо влијание.

70. Кое е движењето во културата и уметноста за време на ослободувачката борба?


- Движењето рисорџиметно (преродба) кое се пројавува и во културата и во
уметноста.

71. Дали е точно дека Верди е антипод на Вагнер? (појаснете го одговорот)


- Верди е антипод на Вагнер во смисла на тоа што основата на творештвото на
Верди е вековната традиција на италјанската опера, нејзините најпродуктивни
својства.

72. Во кој сегмент Верди ги прифатил дострелите на Вагнер?


- Во сегмент за можноста и потребата за обраќање кон традицијата и нејзиното
творечко пресмислување како услов за натамошниот подуктивен развој на
уметноста.

73. Кои органски својства на италјанската опера тој ги култивирал?


- Доминирањето на вокалното начело и пејачот како главниот носител на
музичката смисла и карактер, зачувувањето на оперските форми и структура на
оперската претстава.

74. Зошто оперите на 40-тите години се нарекуваат историско-патриотски?


- Затоа што историските настани во тие опери содржат јасни алузии на современата
состојба во тогашна Италија.

75. Врз кој литературан извор (автор, наслов) е создадена операта „Риголето“?
- Драмата на Виктор Иго - „Кралот се забавува“.

76. Кој е автор на либретото?


- Франческо Пијаве.

77. Кои се противречностите на ликот Риголето?


- Противречностите помеѓу доброто и злото.

78. Дали во операта „Риголето“ постојат лајтмотиви?


- Да.

8
79. Зошто операта „Травијата“ се смета за комплетно нов чекор во оперското
творештво на Верди?
- За прв пат во историјата на операта се разработува толку современо сиже и
ликови.

80. Во кој жанр е оваа опера?


- Лирско-психолошки опери.

81. Врз кој литературен извор (автор, наслов) е создадена Травијата?


- Драмата на Александар Дима – синот – „Дамата со Камелии“

82. Кој вид на ансамбл Верди го разработува за да ги долови психолошките


карактеристики на ликовите?
- Психолошкиот ансамбл чиј што врвен пример е дуетот.

83. Кое либрето од оперите на 50 – тите години Верди го сметал за најдобро од сите
негови опери?
- „Бал под маски“

84. Која опера е напишана за Каиро и по кој повод?


- „Аида“ по повот отварањето на Суетскиот канал.

85. Со која претходна опера е сврзана разработката на психолошките дуети-дијалози


во „Аида“
- „Травијата“

86. Кое е најпознато дело на Верди во жанрот на католичката богослужба?


- „Реквием“

87. Како го дешифрирале името на Верди? (на македонски или оригинал)


- Виктор Емануел – кралот на Италија.

88. Со кое дело Верди ја надминува последната криза?


- „Отело“

89. Која е последната опера на Верди и во кој жанр?


- „Фалстаф“

9
90. Зошто последниот творечки подем на Верди претставува вистински уникатен случај
во уметноста?
- Затоа што тој ги создава веќе во поодминати години, под сижеа на неговиот
омилен автор и учител на драмата – Шекспир, чиишто принципи Верди ги
применува во неговите опери.

10

You might also like