You are on page 1of 4

1. Опсег на дрвени дувачки музички инструменти?

Флејта c1 - c4, обоа h – f3, кларинет in B d –


b3, фагот 1B - f2

2. Колку поклопци имаат ? Флејта 16-18, обоа 20, кларинет 20-25/28, фагот 22

3. Кои се транспонирачки инструменти ? Љубовна обоа, англиски рог, хорна, алт флејта,
кларинет, труба и др.

4. Фреквенција на камерен тон ? а1 440Hz

5. Улога на вентилите ? Секој вентил има улога за зголемување на воздушниот столб, а со тоа
да се добие аликвотниот низ.

6. Наброј го аликвотниот низ на кларинет in C? c, c, g, c, e, g, b, c, d, e, fis, g, as, b, h, c

7. Опсег на сопран, алт, тенор и бас флејта ? Сопран c2 – c4, алт f1-f3, тенор c1-c3, бас H-fis2

8. Најбитно во фаготор ? Стакатен и скерцозен.

9. Фактори кои произведуваат звук ? Извор на звук, материјална средина и рецептор за слух.

10. Особини на тонот ? Јачина (decibel - dB) , висина (Herzi - Hz), траење и боја (тембр- светла,
назална, темна)

11. Наброј ги металите ? Месинг, легура, цинк, бакар, никел, ново сребро (злато и сребро)

12. Кој е претходник на обоа ? Зурла

13. Како се добива тонот кај дрвените дувачки инструменти? Се добива преку трскасти
плочки, а преку систем на отвори со поклопци се добиваат различни тонови.

14. Какви вентили има хорна, какви труба? Хорната има ротациони, труба има клипни.

15. Какви видови усници има ? Инкаст и чашкаст. Од формата на наусникот ке зависи и тонот
на инструментот.

16. Кој инструмент каков усник има? Хорна, туба – инкаст, труба, тромбон – чашкаст.

17. Инкаст и чашкаст ? Кај инкастите наусници воздухот влегува директно ипроизведуваат
мек и заоблен звук (хорна) а кај чашкастите воздухот се собира и засилено влегува и
произведуваат остар и распрскувачки звук (труба , тромбон).

18. Напиши ги инструментите според партитура ? Дрвени дувачки, метални дувачки, ударни
со одредена и неодредена висина, клавијатурни, жичани, човечки глас, акустички и гудачки.

19. Кој е најкиксирачки инструмент ? Хорна со задоцнета атака и киксирачки тон.

20. Пиколо – опсег, должина ? Опсег c2 – c5, должина 30cm, внатрешен промер 11 mm.

21. Англиски рог, опсег должина ? Пишано c1-f3,а звучи e – b2, долг 90cm
22. Карактеристика на фагот ? Фаготот е поширок и има триаголна форма.Изработен е од
јаворово дрво со должина од 2,45 м а вкупната должина на целиот инструмент (металната
цевка со трскастите плочки и дрвениот дел на инструментот) изнесува 2,60 м. Додека
димензијата на инструментот за употреба е сведена на 1,35 м, што значи, дрвената цевка е
извиткана на две, така да излезниот дел е извиткан нагоре а почетниот дел со металната
цевка е свртен надолу. А нив ги соединува колено или чизма. На почетокот внатрешниот
промер на чизмата е 4 mm а со постепеното ширење на излезот достигнува 40 mm. Токму
ширината на инструментот има големо значење, поточно, инструментите со германско
потекло се пошироко бушени па поседуваат помасивен тон, во споредба со француските
инструменти што имаат потесен бушен дел, со што француските инструменти се со
поплеменит/нежен тон и со можност за повисоките тонови да се поизразити а особено се
истакнува pp-то. Се состои од 4 дрвени дела споени со метални обрачи: 1 крило, 2 колено,3
врат и глава. Има 22 поклопци и 5 отворени дупки – 3 на крилото и 2 на коленото. Свирачот
го држи закочен со врпца и го држи накосо. Левата рака свири на крилото и вратот на
инструментот, а десната на коленото.

23. Разлика меѓу тромбон со цук и со вентили ? Тромбон со цук е стабилен интонациски,
технички нуди многу можности и е погоден за глисандо, за разлика од тромбонот со
вентили кој интонациски може да биде нестабилен и технички неможе да се изведе се.

24. Во кој регистар најдобро звучи флејта ? Во средниот регистар (h1 – c3)

25. Што е мртва зона на тромбон, и пиши ги тоновите ? Тие тонови што тромбон неможе да ги
добие - H1, C, Cis, D, Es

26. Како се добива тонот кај металните дувачки инструменти ? Тонот се добива со
растреперување на усникот. Поседуваат вентили со дополнителни цевки.

27. Љубовна обоа in A? Потсетува на англиски рог, но пократка – околу 73cm. За мала терца
пониска од опсегот на обоа (in A). Со тек на време овој инструмент исчезнал бидејќи
англискиот рог е усвоен и усовршен, во потполност го покрива тонското подрачје на
љубовната обоа и практично ја заменува.

28. Деловите на флејта, должина, висина ? Должина 67cm. Составена од три дела кои се
навлекуваат еден во друг со чие поместување благо се корегира штимот. 1)Глава – бочно е
поставен влезниот лабијален отвор за воздух. 2) средишен дел – најдолг и најбитен. На него
се наоѓаат отворите, како и механизмот со поклопци кој има 16/18 поклопци. 3) завршен дел
– 2/3 отвори и е со отворен крај од каде излегува воздухот. Поради усникот воздухот се дели
и на изведувачот му е потребна голема количина на воздух. Најподвижен инструмент,
погоден за пасажи и делници во брзо темпо.
29. Што е најкарактеристично на флејта, хорна, труба и кларинет ? Најподвижни! (Ф и К)
Флатерцунге – некоја врста на тремоло со јазик (drrr). Опишан е како звук на полетување на
јато птици.

30. Мем себи ? Пред н.е. познати биле две основни врсти Мем(слична на фрулата) и Себи (во
која се дувало слично како на денешната попречна флејта). Тие се едни од предците на
флејтата.

31. Корнет ? Корнетот е варијанта на трубата,и е слична на неа по изгледот, тонот,


техниката и употребата. Но понекои особини и елементи се доближува до хорната и
тоа: подлабок наусник, поширока цевка со конусна изградба, поширок завршен дел
со што оштрината и праскавиот тон од трубата се заменува со поназален но доволно
јасен и полн тон. Опсегот е од fis – c3.

32. Обоа должина , опсег ? Должина 64cm, опсег h-f3

33. Опсег на метални музички инструменти ? Хорна 1H – f2, труба fis – f3, тромбон E- f2; туба
1C-f1

34. Разлика меѓу корнет и труба ? Оштрината и праскавиот тон од трубата се заменува со
поназален но доволно јасен и полн тон.Предност во споредба со трубата, корнетот
полесно доаѓа до образување на тон и поприкладноста во тембровото поврзување
со другите инструменти особено со хорната и дрвените дув. муз. инструменти, но и
со саксофоните бидејќи во изведувачка смисла се работи за дувачките оркестри.
Најчесто се употребува корнет in B со опсег од е-b2.

35. Форма на хорната? Инструментот да биде употреблив е извиткан во кружна


форма со пречник од 33 см, а двата спротивставени краеви се почетниот наусник и
проширениот инкаст дел. Механизмот на вентили и дополнителни цевки се
сместени внатре во кругот. Вентилите кај хорната се во вид на преградни вентили
.Дувачките оркестри располагаат со хорни на кои се вградени клипни вентили.
Некои хорни поседуваат и четврти вентил кој служи за корекција на интонацијата.

36. Сордината кај хорните за што служи? Да се прави нијансирање поточно по потреба да
се затвара инструментот, а со тоа и да се извлекува различни тембри-бои.
Гореспомнатата направа сордино е втор начин за пригушување на тонот која
целосно се вовлекува во излезниот дел на инструментот со конусна форма
направена од картон, лесно дрво, пластични материи а поретко од метал (нив ке ги
сретнеме кај трубата за добивање по резок и метален тон). Тонот сепак да може да
прозвучи од инсрументот потребно е на сординото да има прилепено мали
сунгерасти, гумени или од плута делови.

37. Кој инструмент во кој клуч се нотира? Во G Клуч : флејта, обоа, кларинет, хорна,
труба. Во F клуч : фагот, тромбон, туба
38. Регистри на кларинет : длабок – шалмајски, среден – чакански, висок – кларино

39. Сличности на саксофон со? И од кој материјал е направен?

40. Три главни дела на човечко уво?

41. Делови на обоа

42. Набројани стари инстр. И за секој инструмент на кој инструмент е претходник (од
историјат)

43. Да се напише за ширина и... (кое е компресија, а кое депресија)

44. Каква морфологија имаат металните инструменти (форма)

45. Прашање за тесномензурални и широкомензурални?

46. Патот на звукот низ вода, воздух и челик? Воздух – 340 м/с, вода 1450 м/с, челик
4500 м/с

47. Број на аликвотни тонови кај металните ?

Хорна 22, труба 11 и тромбон 12

48. Кој каква писка има? – обоа двојна трскаста писка, кларинет една трскаста плочка
и фагот двојна трскаста писка.

49. Кои инструменти имаат ист опсег?

50. Труба вентили? 1 – цел степен, 2 – полустепен, 3- степен ипол

You might also like