You are on page 1of 2

Вонр. проф.

д-р Тихомир Јовиќ


Вокална полифонија 1

МОДУС

Модус (латински modus - мера, лик, начин; начин на нешто, норма).

Бершадскаја го дефинира терминот модус како „ ... звуковисотен систем


на подреденост на тоновите, заснован врз нивната логична (субординациска)
диференцијација“ (Бершадская 1978: 48).

Врз основа на видот на носителот на функционалната единица во


модусот (тон, акорд) и слогот во кој тие функции се реализираат, Бершадскаја
ги класифицира модусите во две основни групи:

1) „модусите, во кои како функционална единица се јавува тон, - се


викаат, соодветно на слогот со аналогна конструктивна единица,
монодиски;
2) модусите, во кои како функционална единица се јавува акорд; се
викаат хармонски“ (Ibid.: 73).

Понатаму таа говори и за постоење на монодиско - хармонски модуси кај


кои „ ... функцијата на созвучјето се одредува со функцијата на тонот кој го
придружува тоа созвучје ... “ и дека монодиско - хармонскиот модален систем е
„ ... една од најраспостранетите форми на модални односи во современата
музика“ (Ibid.: 99).

Монодиските модуси се историски најраната и најразновидната


модална организација во историјата на музиката. До нејзината интонациска
основа е дојдено со еволуција на довикувања, крикови, тажалки од кои
постепено се формирало пеењето. Освен во фолклорната, ги сретнуваме во
античката и средновековната едногласна музика, а исто така во модалната
организација на православното црковно пеење, вклучувајќи го и македонското.
Се одликуваат со различност во бројот на стапалата, интервалскиот состав на
нивните скали и функционалните односи.

3
Вонр. проф. д-р Тихомир Јовиќ
Вокална полифонија 1

Хармонските модуси му припаѓаат на оној вид на модални системи


кои се засновани на заемен однос на акорди - носители на модални
функционални единици. Најизразит претставник меѓу нив е дур - молскиот
хармонски систем - стабилен модален систем чија доминација се протега
речиси три века.

Монодиско - хармонски модуси се оние модуси чии акорди немаат


самостојно модално функционално значење туку ја преземаат модалната
функција на тонот на мелодијата врз или под кој тоа созвучје е изградено.
Согласно тоа, нивните функции се пројавуваат во истите метро - ритмички
услови во кои се пројавуваат и функциите во монодиските модуси, односно,
зависат од позицијата на тонот (врз или под кој е изградено созвучјето) во
музичката форма.

Користена литература

Бершадская, Татьяна Сергеевна. 1978. Лекции по гармонии. Ленинград:


Музыка

You might also like