You are on page 1of 9

ДМУЦ„Сергеј Михајлов„ - Штип

Проектна задача по предметот:

Вокален Контрапункт

Тема:

Имитација

Ментор: Изработил:

Валентина – Величков Шаклева Александар Ангелов И

Декември 2020

1
Содржина
1.Вовед.........................................................................................................................3

1.1.Основи на Вокалниот контрапункт...................................................................3

1.2.Историски развој на Вокалниот контрапункт..................................................3

1.3.Карактеристики на контрапунктската мелодија..............................................4

2.Главен дел................................................................................................................5

2.1.Имитација...........................................................................................................5

2.2.Реална и тонална имитација............................................................................8

3.Користена литература.............................................................................................9

2
1.Вовед

1.1.Основи на Вокалниот контрапункт


Поимот контрапункт се применува во потесна и поширока смисла.

- Во потесна смисла, контрапункт се нарекува мелодијата компонирана во


веќе постоечката мелодија во друг глас, но на таков начин што ритмички
и мелодично да биде независна од другата, и сè уште да формира
логички созвучја и музички осмислени целини.
- Во поширока смисла, контрапункт е техника за градење на повеќегласен
став формиран од мелодиски линии кои се меѓусебно еднакви - како што
е наведено погоре: ритмички - мелодично независни и хармоничнски
обединети. Оттука, контрапунктот се нарекува и музичко - теоретска
дисциплина што се занимава со оваа материја.

Општо земено, контрапунктот значи исто што и полифонијата, односно


композициски стил заснован на паралелен развој на неколку еднакви мелодии -
за разлика од хомофонијата, каде што има само една водечка мелодиска
линија на која останатите гласови и се подредени како акордска придружба.
Ова се два основни вида на фактурирање на полифонскиот став: во
хомофонијата преовладува принципот на хармонија, а во полифонијата
мелодискиот принцип.

1.2.Историски развој на Вокалниот контрапункт

Контрапунктот е именуван по латинскиот израз „punctus contra punctum“ што


значи точка наспроти точка. Контрапунктот се нарекува мелодијата
компонирана од веќе постоечка мелодија во друг глас, но така што неговиот
ритам и самата мелодија се независни од постојната мелодија, и заедно имаат
логички созвучја. Контрапунктот се јавува во IX век од Грегоријанскот корал –
од него се земал еден дел кој представувал cf („cantus firmus„ водечки глас) а
на cf одпосле се пишувала друга мелодија. Во тоа време во контрапунктскиот
стил биле пишувани Органуми во паралелни квинти, во кои cf бил во горниот
глас. Во XI и XII век контрапунктски биле напишани: Дискантус – cf во горниот
глас; Кондуктусот – со световен карактер; Гимел – пишуван во паралелни

3
терци. Од овие форми се развиле и Мисата и Мотетот. Паралелните движења
биле заменети целосно со спротивни.

Зборот контрапункт за прв пат се појавува во почетокот на XIV век. Во тоа


време се однесувало на повеќегласна композиција. Во средината на XIII век со
објаснувањето на мензуралната нотација се добиваат првите контрапунктски
правила, кој зборуваат за односот на консонантни и дисонантни интервали т.е.
на нагласен тактов дел се јавува косонантен интервал а на ненагласен тактов
дел се јавува дисонантен интервал. Со развојот на вокалниот контрапункт
преовладуваат косонантните интервали 3 и 6 а пред тоа се употребувале 5 и 8.

Прв значаен теоретичар бил Јоханес де Вервер познат по латеризираното име


Tinctoris. Во својот трактат De contrapuncto го дели контрапунктот на
Contrapunctus simplex едноставен контрапункт и на Contrapunctus diminutus
украсен или мешовит контрапункт.

1.3.Карактеристики на контрапунктската мелодија


Во ренесансата во контрапунктската мелодија се употребувале нотни
вредности од нота бревис до четвртина нота ( осмините се употребувале само
во рамките на украсните фигурации). Пожелно било мелодијата во својот тек
да содржи ритмичко и мелодиско крешендо и декршендо. Контрапунктската
мелодија морала да започне со I или V стапало на одреден модус. Може да
започне и со пауза, под услов да е со иста вредност како и следната нота (што
е I или V стапало). Скоковите на мелодијата се разрешуваат спротивно на
правецот на воведување (не секогаш - ако мелодиската линија не го бара тоа).
Ретко се случуваат два скока во иста насока, може ако се соберат заедно и
градат консонанца. Скокањето во ненагласената четвртина не е добро затоа
што дава впечаток на мелодиски акцент. Тритонус е забранет.

Во однос на ритмиката: - Не треба да се претерува со употребата на


четвртини. Непожелно е појава на две четвртини на местото на нагласена
половина. Затоа што не е легично ненагласениот тактов дел да биде
претставен со долги нотни вредности од нагласениот, бидејќи долгата нота
дава утисок на нагласок и ова се нарекува хармонски ритам. Од тактовите
тиделниот такт е ретко користен во духовната музика.

4
2.Главен дел
2.1.Имитација

Имитацијата е многу важна контрапунктна техника. Во исто време, тоа


обезбедува содржинско единство на полифонскиот став и еднаквост на
гласовите. Од историски поглед можеме да кажеме дека имитацијата се
појавува многу доцна, крајот на XIII и почетокот на XIV век, а од XV век станува
доминантна контрапунктска постапка. Повеќето контрапунктски форми од
зрелата доба на вокалната и инструментална полифонија се: мотетот, мисата,
канонот, фугата и други кои се засновани на имитацијата.

Како што ни е познато, имитација настанува кога еден мотив, фраза или
музичка мисла од еден глас се пренесува во друг по извесна пауза или неколку
тактови времинња. Пренесувањето на музичката мисла во истг глас не
претставува имитација туку повторување на музичката мисла. Разликата меѓу
имитација и повторувањето е што за имитација се потребни најмалку два гласа
од кои првиот глас донесува музичка мисла а другиот ја имитира. Со помош на
имитацијата се развиле повеќе контрапунктски мелодиски форми – вокални и
инструментални како што се: миса, фуга, инвенција, ричеркар и канон.
Музичката мисла што ја донесува новиот почетниот глас се нарекува тема а
имитацијата одговор.

Првиот настап на темата, генерално се нарекува proposta (предлог), а вториот


risposta (одговор). Редоследот на настапување на гласовите се означува со
терминот reperkusa (повторно излагање).

Техниката на имитација, која станала најважната постапка на контрапунктската


работа во вокалната полифонија на ренесансата, ја задржува својата
првокласна улога во барокната инструментална и вокално - инструментална
полифонија, особено од техниката cantus firmus - која се уште има значаен
удел во обликувањето на некои вокални форми за време на ренесансата.
Најзначајните и најкарактеристични барокни контрапунктни форми: фуга,
ричеркар, канон, инвенција – почиваат на принципот на имитација, а во други –
како што се перлудиумот, фантазијата, коралната предигра, полифоните

5
варијации, барокната соната, кончерто гросо, различни вокални облици –
имитацијата може да најде споредна, и ретко систематска примена.

Имитацијата на тема може да се изведе во сите интервали, најмогу се


употребува имитација на горна 5 (долна 4), долна 5 (горна 4), 1 и 8.
Имитацијата може да биде строга и слободна . Строга имитација е кога
донесува одговор во сите интервали, кога е верна имитацијата на темата.
Слободна имитација е кога во одговорот се случуваат ритмичко мелодиски
промени (повишување или снижување на одредени тонови).

Пр.Строга имитација

Пр.Слободна имитација

Видови имитација:

1. Природна имитација (Вториот глас започнува со темата кога првиот глас


завршува со нејзиното излагање).

6
Пр.Природна имитација

2.Вештачка имитација кај која одговорот започнува пред да заврши темата.

Пр.Вештачка иСтрето или канонска имитација

3. Имитација во инверзија – одговорот се движи во спртивна насока од темата.

4. Рачја (ретроградна) имитација – темата е донесена во обратен редослед од


крајот кон почетокот.

5. Имитација во аугментација – со двојно поголеми нотни вредности.

6. Имитација во диминуција – со двојно скратени нотни вредности.

7. Стрето или канонска имитација – одговорот започнува пред да заврши


темата.

Според висинската разлика помеѓу risposta (одговорот) и proposta (темата),


имаме имитации на прими, секунди, терци итн. - со еден збор, имитацијата
може да биде на кој било интервал. Во пракса, покрај имитацијата на октавата,
најчести се оние на квинта и кварта, бидејќи тоа е приближната природна
разлика помеѓу соседните хорски гласови. Метричката структура на темата не
се менува дури и ако risposta (одговорот) се помести за половина такт, бидејќи
1 и 3 тактов дел се нагласени - се разбира, само во парни тактов, а не во
троделни.

7
2.2.Реална и тонална имитација

Реална имитација (реален одговор) – е целосна транспозција на темата на


доминанта.

Тонална имитација (тонален одговор) – носи одредени промени во одговорот,


со цел зачувување на недвосмислената припадност на појдовниот модус.
Доаѓа во обзир темата која почнува на V стапало во скалата или скок од I на V
стапало.

8
3.Користена литература

1. https://pdfslide.tips/documents/vokalni-kontrapunkt-skripta.html

2. https://www.scribd.com/doc/143242332/Vokalni-kontrapunkt

3. https://mojaskola.rtsplaneta.rs/show/1749056/763/ss3-vokalni-kontrapunkt-19-i-
20-cas-imitacija-u-dvoglasu

4. Учебник по Вокален контрапункт

You might also like