You are on page 1of 8

Проф.

д-р Викторија Коларовска-Гмирја

ИСТОРИЈА НА МУЗИКА 3

ПОДГОТВИТЕЛНИ ПРАШАЊА ЗА 2-от ТЕСТ

(БЕТОВЕН, ШУБЕРТ, ШУМАН, МЕНДЕЛСОН)

1. Кои жанрови се оформени во периодот на Француската револуција?


- Револуционерни песни, маршеви, театрализирани масовни свечености со голема
улога на музиката.

2. Со кој еден збор тие се нарекуваат?


- Масовни жанрови.

3. Жанрови на музичкиот театар?


- Нови оперски подржанри: опера-апотеза и агитациски опери.

4. Водечкиот жанр на музичкиот театар


- Опера на ужасите или опера на спасот.
5. Најзначајниот автор на овој жанр?
- Луиџи Керубини.

6. Годините на животот на Бетовен?


- 1770 – 1827.

7. Зошто Бетовен го нарекуваат „титан“ меѓу уметниците?


- Поради сеопфатеноста на творештвото, грандиозноста, универзалноста и
неисцрпеноста на идеите.

8. Зошто неговото творештво се смета за граничната појава меѓу (кои) стиловите?


- Според својата историска позиција творештвото на Бетовен претставува граница
помеѓу крај на класицизмот и навестување на следните етапи во развојот на
музичката уметност (романтизам и подоцнежните стилови).

9. Кои значајни композитори се меѓу наставниците на Бетовен?


- Кристијан Гаплоб Нефе.
- Хајдн и Албертсбергер (часови по контрапункт)
- Ферстер (часови по квартетно писмо)
- Салиери (часови по вокално писмо на италјански јазик)

1
10. Во која форма најчесто биле импровизациите на Бетовен?
- Сонатна форма.

11. Причините за првиот животен и стилски пресврт?


- Страшна болест – глувоста.

12. Која е централната тема на делата од зрелиот стил?


- Централна тема - хероизмот и трагичноста на борбата, патот на надминувањето и
победата (заедничка тема на човечка и уметничка биографија).

13. Кој германски поет има особено влијание врз Бетовен во тој период?
- Гете.

14. Во која симфонија се појавува скерцо наместо менует?


- За прв пат се појавува во втората симфонија.

15. Зошто за „Ероика“ се вели дека е пресвртница во симфонискиот жанр?


- Поради обемот и поради првото спроведување на доследна херојска идеја (борба,
жртви и триумф).

16. Како се постигнува внатрешното единство на 5-та симфонија?


- Преку лајтмотивот (темата на судбината).

17. Која од симфониите има програмски наслов (да се наведе бројот на симфонијата и
насловот)?
- Симфонија бр. 6 “Пасторална„.

18. Објаснете ја жанровската трансформација во 9-та симфонија?


- Жанровската трансформација се случува преку обединувањето на симфонијата и
хорската кантата (финалето кое и е кулминација, смисловен центар на целата
симфонија).

19. Авторот на стиховите кои се користат во 9-та симфонија?


- Фридрих Шилер.

20. Кои ставови ги менуваат своите позиции во 9-та симфонија?


- Скерцото и бавниот став.

21. Во кој жанр најрано се разоткрила индивидуалноста на Бетовен?


- Сонатите за пијано.

22. За кои инструменти Бетовен создал концерти?


- 5 концерти за пијано и оркестар, концерт за виолина и оркестар, фантазија за
пијано, хор и оркестар.

2
23. Влијанија на кои оперски жанрови се препознатливи во операта „Фиделио“?
- Француската “опера на спасот„ и зингшпил во разговорните дијалози.

24. По што е особено значајно делото „Кон далечната сакана“?


- Оваа песна е првиот образец на жанрот вокален циклус, кој понатаму ќе стане
еден од најмаркираните жанрови во романтизмот.

25. Причините за појавување на романтизмот во европската култура?


- Разочарувањто од идеи и идеали на француската револуција.
- Разочарување во идеали на просветителството.
- Буржоарската економија е основана на безмилосна експлоатација на работникот и
незапирлива потрага кон профит.
- Буржоарскиот менталитет кој се повеќе доаѓал до израз.

26. Во кој вид на уметноста се појавиле првите претставници на романтизмот и во кои


земји?
- Литература и филозофија – Англија и Германија.
- Сликарство – Германија, Шпанија, Англија и Франција.
- Музика – Германија и Австрија.

27. На која позиција романтичарите ја ставале музиката во хиерархијата на


уметностите и зошто?
- Во хиерархијата на романтизмот муизката е на врвот, заради неисцрпите
можности на израз.
28. Етапите на музичкиот романтизам?
- Ран романтизам.
- Среден романтизам.
- Доцен романтизам.

29. Двата типа на романтичарскиот херој?


- Исклучителна личност – херој
- “Малиот човек„ – обичен човек.

30. Водечките идеи на романтизам (само набројување)?


- Слобода, култот на чувствата, чувство кон историзмот, интерес кон фолклорот,
фантастична сфера (легенди, митови, бајки) култот кон природата.

31. Двата вида на програмноста во музиката?


- Воопштена програмност и конкретна програмност.

32. Годините на животот на Шуберт?


- 1797 – 1828.

3
33. Историската позиција на Шуберт?
- Првиот композитор - романтичар.

34. Кој бил неговиот педагог по теорија и композиција?


- Антонио Салиери.

35. Кој од двата типа на романтичарскиот херој е специфичен за Шуберт?


- “Малиот човек„ – обичниот човек.

36. Која е уникатна специфична особина на творечката биографија на Шуберт?


- Лиризмот.

37. Како се пројавува трансформацијата во жанровската хиерархија во неговото


творештво?
- Поради лиризмот како водечка категорија на уметничкото мислење на Шуберт, се
случува трансформација на жанрови: водечките жанрови стануваат слоло песна
(lied) и инструментална минијатура.

38. Поетите на чиишто текстови создавал Шуберт?


- Гете и Шилер, Клопшток, Рештаб, својот врсник Хајне, Шекспир, Валтер Шкот
(Англија), Франческо Петрарка (Италија).

39. Која компонента е доминантна во соодносот мелодијата – текстот кај Шуберт?


- Доминира мелодиската логика.

40. Кој нов цикличен жанр се јавува врз база на соло песните и кои се делата на
Шуберт во овој жанр?
- Вокален циклус “Убавата воденичарка„ и “Зимскиот пат„

41. Кои нови жанрови на музиката за пијано се јавуваат во творештвото на Шуберт?


- Импорти и музички моменти.

42. Зашто 8-та симфонија го добила името „Недовршена“?


- Поради незавршен облик – два става (брз и бавен ) наместо четири.

43. Кој танц за прв пат се воведува како став во 9-та симфонија на Шуберт?
- Валц.

44. Дали се сложувате до зборовите на гробот на Шуберт: „Тука Смртта го погребала


огромното богатство, но уште побогатите надежи“. Појаснете го одговорот?
- Да, бидејќи во последните три месеци од животот Шуберт бил во центар на
вниманието и за жал починал за време на расцутот на неговиот талент и големи
идеи и планови.

4
45. Годините на животот на Шуман?
1810 – 1856.

46. Кој е педагогот на Шуман по пијано?


- Фридрих Вик.

47. Кој истакнат виртуоз извршил особено влијание врз Шуман и неговите стремежи за
конечното посветување на музиката?
- Паганини.

48. Која е улогата на неговата сопруга Клара Вик (Шуман) за неговото творештво?
- Нејзините музички теми често ги користи во своите дела, Клара била прв
изведувач за повеќе од неговите дела за пијано, Клара била уредник на неговиот
опус.

49. Со кој друг вид на уметност е најтесно поврзано творештвото на Шуман?


- Литература и литературна програмност.

50. Со кои имиња Шуман се потпишувал во своето музичко списание?


- Флорестан, Еузебиус и маестро Рара.

51. Кои аспекти на романтичарскиот светопоглед ги симболизираат овие измислени


ликови?
- Романтичарски порив, романтичарско мечтаење и објективниот помирувачки
поглед на овие две романтичаркси крајности.

52. Во кое дело за пијано тие се појавуваат?


- (Карневал, Давидсбилндлерите) Првата соната на која стои посвета за Кирјана од
Флорестан и Еузебиус.

53. Во која област на музиката најпрво се пројавиле индивидуалните и иновативните


карактеристики на творештвото на Шуман?
- Во музиката за пијано.

54. Кои форми се најзастапени во минијатурите за пијано?


- Свита, варијации, жанрови од типот на фантазија.

55. Кој поет зазема централно место во вокалното творештво на Шуман?


- Хајнрих Хајне.

56. Кој е најпознатиот вокален циклус на неговите стихови?


- “Љубовта на поетот„

5
57. Која е спецификата на сонатната форма во 1-от став на концертот за пијано на
Шуман?
- Делото изразува стремеж да се создаде нешто помеѓу симфонија, фантазија и
концерт (според зборовите на Шуман). Првиот став е монотематски со изразито
варијационен развоен дел. ( првата и втората тема се на ист тематски матријал, а
развојниот дел започнува со своевидна “варијација„ на првата тема, со впечатлив
тонален и темпов контраст.

58. Каде се реализирала педагошката дејност на Шуман?


- На конзерваториумот во Лајпциг.

59. Годините на животот на Менделсон?


- 1809 – 1847.

60. На која генерација романтичари припаѓа Менделсон?


- На новата генерација романтичари (зрел романтизам).

61. Зошто го нарекувале класичар меќу романтичарите?


- Менделсон е еден од првите романтичари во чие творештво е евидентно
спојувањето на класичното и романтичарското начело ( класичното совршенство на
формата, стилска рафинираност, емоционална урамнотеженост, одбегнување на
романтичарските “полови„ односно претераната експресивност). Тоа се здогледува
и во создадениот од него нов жанр – програмска концертна увертира која се
потпира на класичните формални принципи. Менделсон прави важен чекор кон
остварувањето на принципот на поемноста во симфониите и виолинскиот концерт.

62. Кој германски поет одиграл важна улога во формирањето на светопогледот и


уметничките идеали кај Менделсон?
- Гете.

63. Во која смисла Менделсон може да се спореди со Моцарт?


- Во смисла дека рано се пројавил и созереал. На 9 годишна воздраст дебитирал
како пијанист, а потоа како пејач (алт), а во период од две години (1821-1823)
искомпонирал 13 симфонии за гудачки оркестар, како и други дела.

64. Во кое рано дело Менделсон го демонстрира изграден, зрел и препознатлив


индивидуален стил?
- Увертирата “Сон во летната ноќ„

65. Кое значајно дело од Бах го изведува Менделсон кое било подзаборавено?
- Пасија по Матеј.

66. За кој значаен настан ма музичкото образование е заслужен Менделсон?


- Отварање на конзерваториумот во Лајпциг.

6
67. Кое дело (жанр) завзема централно место во товорештвото на Менделсон?
- “Песни без зборови„ – минијатура за пијано.

68. Кој нов симфониски жанр е втемелен од Менделсон?


- Програмска концертна увертира.

69. Како се пројавува романтичарскиот третманво сонатната форма во првиот став на


виолинскиот концерт?
- Ставање акцент на втората тема која станува лирски центар во експозицијата.

70. Кои ораториуми ја сочинуваат замислената тријадана духовните ораториуми на


библиско сиже?
- “Павле„ “Илија„ и “Христос„

7
Thank you for using www.freepdfconvert.com service!

Only two pages are converted. Please Sign Up to convert all pages.

https://www.freepdfconvert.com/membership

You might also like