You are on page 1of 11

Прашања Историја на музиката 3

2 колоквиум

1. Кој настан научниците го сметаат за почетокот на 19-от век во музиката ?

- Од Француската револуција започнува новата ера во музиката-музичкиот 19-ти век -Борис


Асафјев, руски музиколог.

2.Кои жанрови се оформени во периодот на Француската револуција ?

- Револуционерни песни, маршеви, театрализни масовни свечености со голема улога на музиката.

3. Дали револуционерните песни секогаш содржеле нова мелодија и нов текст ?

- Не секогаш. Дел од преволуционерните песни (меѓу кои Ca ira и Carmagnole) се базирал врз
старите мелодии на кои им се додавал нов текст (процес многу добро познат во севкупната
музичка историја).

4. Кој вид на марш бил особено актуелен во тој период ?

- Посмртен марш.

5. Водечкиот жанр на музичкиот театар во периодот на револуцијата

- ,,Опера на ужасите'' или ,,опера на спасот''.

6. Годините на животот на Бетовен

- 1770-1827

7. Зошто Бетовен го нарекуваат ,,титан'' меѓу уметниците ?

- Заради сеопфатноста на неговото творештво, грандиозноста на димензиите, универзалноста и


неисцрпноста на идеите.

8. Дали се сложувате со ставот дека Бетовен и како личност и како уметник, се појавил точно во
моментот кога се барал токму овој тип на творечка надареност и појаснете го Вашето мислење.

- Се сложувам со ставот затоа што сите негови карактеристики како бунтовник, слободоумен,
исполнет со свеста за својата вредност и достоинство, човек кој самиот со својот талент и труд
постигнал се во животот, се ова е компатибилно со периодот на радикалните историски движења
и пресврти. Тој ги проширил границите на музичката уметност и музичкиот аудиториум, тој е
творец кој со своите грандиозни дела му се обраќа на целото човештво. Тој го достигнува врвот на
дотогаш постигнатата автономност на музичката уметност.
9. Делата на кои претставници на германската класична филозофија ги проучувал Бетовен

- Филозофија- Кант, Хегел.

- Класична германска литература- Гете, Шилер

- Француските просветители- Волтер, Русо

10. Кои се трите стилски периоди на творештвото на Бетовен во Виена ?

- ,,Раниот Бетовенов стил'' (,,раниот Бетовен'')

,,Зрелиот Бетовенов стил" (,,зрелиот Бетовен'')

,,доцниот Бетовенов стил'' (,,доцниот Бетовен'')

11.Во која форма најчесто биле импровизациите на Бетовен?

- Во сонатна форма.

12.Која била причината на сериозната животна криза која ја доживеал Бетовен?

- Прогресирањето на неговата страшна болест- глувоста, која во тој период му се чинела животна
катастрофа, оттуѓувајќи го од луѓето и од уметноста и наведувајќи го дури на суицидалните
размислувања. Сепак успева да ја надмине оваа состојба и да му се врати на компонирањето.

13.Која е централната тема на делата од зрелиот тип ?

- Хериозмот и трагичноста на борбата, патот кон надминувањето на препреките и победата


(заедничката тема на Бетовеновата човечка и уметничка биографија)

14.Кој голем германски поет имал особено влијание врз Бетовен?

- Гете.

15.Кој политички и воен деец одиграл посебна улога во настаните на овој период и чијшто живот
послужил како модел за многу луѓе ?

-Наполеон

16.Во која симфонија се појавува скерцо наместо менует?

- Во втората симфонија.

17.Зошто за ,,Ероика'' се вели дека е пресвртница во симфонискиот жанр ?

- Заради обемот (само 1-от став е околу 900 тактови) и заради првото доследно спроведување на
херојската идеја (борбата, жртвите и триумфот)
18.Од кое друго дело на Бетовен е позајмена темата во ,,Ероика'' и во кој став таа се појавува?

- Од балетот ,,Креации на Прометеј'' во финалето.

19.Како се постигнува внатрешното единство на 5-та симфонија?

- Се постигнува преку лајтмотивот (,,темата на судбината'')

20. Во кои симфонии се појавуваат варијациите и во кои ставови?

21.Која од симфониите има програмски наслов?

- 6-та симфонија ,,Пасторална''

22.Објаснете ја жанровската трансформација во 9-та симфонија.

- Во оваа симфонија се случува жанровска трансформација преку обединување на симфонијата и


хорската кантата (финалето кое е и кулминацијата и смисловен центар на целата симфонија).

23.Авторот и стиховите кои се користат во 9-та симфонија

- Стиховите во финалниот став се од одата ,,Кон слободата'' на Фридрих Шилер чијшто наслов е
сменет на ,,Кон радоста" заради цензурата.

24.Како се вика појавата на темите од претходните ставови во финалето на 9-та симфонија ?

- Финалето се состои од два дела. 1-от дел (инструментален) содржи реминисценца на темите од
претходните ставови кои како да се ,,отфрлаат'' за да се појави новиот ,,персонаж'' - ,,темата на
радоста''. 2-от дел (вокално-инструментален) е хорската кантата, односно ,,Одата на радоста''. Во
нејзината форма се обединети цртите на варијации, рондо, фуга, соната.

25.Дали увертирите главно, кореспондираат со централната идеја на неговото творештво од


зрелиот период ?

- Во увертирите создадени за театарските претстави Бетовен се надоврзува на традициите на


увертирата од 18-от век. Речиси сите негови избрани сижеа се на темата на борбата на народот
или силната личност, односно ја остваруваат херојската идеја. Увертирата кај Бетовен се базира
врз изразот на главната идеја, но во нејзиниот севкупен развој и карактерот на тематскиот
материјал може да се согледаат и општите контури на сижето.
26.Во кој жанр најрано се разоткрила индивидуалноста на Бетовен?

- Во сонатите за пијано.

27.Влијанија на кои оперски жанрови се препознатливи во операта ,,Фиделио''?

- Забележителни се цртите на француската ,,опера на спасот'' (карактерот на сижето), зингшпилот


(разговорните дијалози), како и влијанијата на класичната драма на Шилер.

28.По што е особено значајно делото ,,Кон далечната сакана''?

- По својот стил соло песни на Бетовен се доближуваат на оперските арии, но во одредени дела
Бетовен ја предвосхитува романтичарската соло песна.

Тоа е дело-првиот образец на жанрот вокален циклус кој понатаму ќе стане еден од
најмаркантните во романтичарската музичка уметност.

29.Во кој вид на уметноста се појавиле првите претставници на романтизмот и во кои земји ?

- Првите романтичари се појавиле на полето на литературата и филозофијата (преку вербалниот


израз ги формирале своите идеи). (Во Англија и Германија)

30.На која позиција романтичарите ја ставале музиката во хиерархијата на уметностите и зошто?

- На врвот. Романтизмот го промовира култот на чувствата. Доминира лирското начело,


субјективноста на изразот. Лиризмот и психологизмот стануваат важни категории во изразниот и
содржинскиот систем на романтичарската уметност, а пред се -музиката, која токму поради овие
неисцрпни можности за изразот е на врв во хиерархијата на уметностите.

31.Кој е автор на сликата ,,Слободата која го води народот''?

- Ежен Делакруа.

32.Етапите на музичкиот романтизам.

-Раниот романтизам (10-20 години на 19-ти век)

-Средниот (или зрелиот) романтизам (30-40-те години-од Јулската револуција во Франција до


европската револуција 1848-49 г.- таканаречената ,,пролет на народите'')

-Доцниот романтизам (од 50-те години до крајот на векот, освен одредени автори и култури на пр.
Сергеј Рахманинов кај кој овој вид правец продолжил да делува и во 20-от век)

33.На што е спротивставен култот на чувствата?

- На Разумот кој не ги оправдал очекувањата и надежите.


34.Двата типа на романтичарскиот херој.

- Исклучителна личност-херој и ,,малиот човек'' - обичен човек ,,не-херој".

35.Кои се највпечатливите биографии на романтичарските уметници според овие два типа на


романтичарскиот херој?

- Типичниот херој е лордот Бајрон. Слична херојска, дури ,,авантуристичка'' биогафија има Рихард
Вагнер, додека типична биографија на ,,малиот човек'' има Франц Шуберт-тивок, скромен,
независен од материјалните благодети, сконцентриран на својата работа кој умира во
сиромаштија и само низа на среќни случајности го спасува неговото творечко наследство од
уништување и заборав.

36.Кој нов танц го одразува сензибилитетот на 19-от век?

- Валсот

37.Двата вида на програмноста во музиката

-воопштена програмност (поврзаност со класицистички увертири кои ги одразуваат основните


идеи на драмата, односто ,,програмата'')

-конкретна програмност (следење на деталите, развојот на сижето)

38.Годините на животот на Шуберт.

- 1797-1828

39.Историската позиција на Шуберт

- Во историјата на музиката му припаѓа местото на првиот композитор-романтичар.

40.Како се нарекувал процесот на отстранувањето од јавниот живот, свртување кон себеси и кон
тесниот круг на избраните истомисленици?

- Патот на ,,внатрешната емиграција"

41.Кој од двата типа на романтичарскиот херој е специфичен за Шуберт?

- Обичниот човек-,,малиот човек''.

42.Зошто е толку големо значењето на патникот како еден од ликовите во творештвото на


Шуберт?

- Тоа е главниот лик- ,,малиот човек'' кој умее да ја согледува убавината на секојдневието, на она
што го опкружува, природата, луѓето. Неговиот живот е движењето и слободата, тој искрено
чувствува, но соочувањето со суровоста на реалноста и животот станува фатално и погубно за
него. Патникот се поистоветува со самиот композитор.
43.Како се пројавува трансформацијата во жанровската хиерархија во неговото творештво?

- Лиризмот се појавува како водечка категорија на уметничкото мислење на Шуберт. Токму заради
ова се случува радикална трансформација во жанровската хиерархија: водечките жанрови
стануваат соло песната и инструменталната минијатура кои според своето значење, кругот на
идеите и влијанието врз другите жанрови, се ставаат на истото рамниште со симфонијата односно
сонатно-симфонискиот циклус.

44.Што претставувале ,,Шубертијадите''?

- Пријателски собири на интелектуалците на кои се дискутирале најразлични теми од областа на


филозофијата, политиката, уметноста и задолжително звучела музика импровизирана од Шуберт
за пеење и танцување.

45.Во кој жанр се појавиле првите ремек дела на Шуберт ?

- Соло песна.

46.Кој германски збор најчесто се користи за означувањето на австриската и германската соло


песна?

-Lied = песна

47.Поетите на чиишто текстови создавал Шуберт.

-Гете и Шилер, Клопшток, Шлегел, Релштаб, Хајне, Шекспир, Валтер Шкот, Франческо Петрарка.

48.Која компонента е водечка во соодносот мелодијата-текстот кај Шуберт?

-Секогаш доминира мелодиската логика.

49.Кои се музичките форми на соло песните?

-Музичките форми на соло песните се базираат врз строфичните, поаѓајќи од повторената строфа
(Дивата роза, Баркалора..) преку варирана строфа кон своевидни прокомпонирани форми.

50.Кој нов цикличен жанр се јавува врз база на соло песните и кои се делата на Шуберт во овој
жанр?

- Вокален циклус, а делата се: циклусите ,,Убавата воденичарка'' (1823) и ,,Зимскиот пат'' (1827).

51.Кој правец на романтичарскиот пијанизам е претставен кај Шуберт- изведувач и композитор за


пијано?

-Неговиот пијанизам и музика за пијано израсната всушност од импровизациите припаѓа кон


камерниот, лирски правец на романтичарскиот пијанизам.
52.Кои нови жанрови на музиката за пијано се јавуваат во творештвото на Шуберт?

-Во 1827 г. Шуберт создава Импромти и Музички моменти- нови жанрови на романтичарската
минијатура чијшто наслов укажува на импровизационост, интенција ,,да се запре мигот'', за да се
доловат различни гранки на една состојба.

53.Зошто во симфониското творештво подоцна се разоткрила индивидуалноста на Шуберт?

-Тој многу подолго го барал сопствениот пат и израз што е и апсолутно разбирливо-симфонискиот
жанр веќе поминал долг развоен пат и се збогатил со различни концепти, принципи на развојот и
индивидуални дострели на големите композитори од епохата на класицизмот. Затоа и раните
симфонии на Шуберт се во рамките на класицизмот, со изразени алузии на стиловите на Хајдн,
Моцарт и Бетовен.

54.Зошто 8-та симфонија го добила името ,,Недовршена"?

- Заради својот невообичаен облик-два става (брзиот и бавниот) наместо четири.

55.Дали таа им била позната на современиците (појаснете го одговорот)?

- Таа долго време не им била позната на современиците, бидејќи е создадена во 1822 а откриена
дури во 1865 г.

56.Кој танц за прв пат се воведува како став во 9-та симфонија на Шуберт?

- За прв пат како 3-от став во симфонискиот циклус се воведува валс.

57.Кои камерни дела директно се поврзани со тематизмот на соло песните?

- Квартетот d-moll чиј еден став претставува Варијации на темата на соло песната ,,Смртта и
девојката", додека во Квинтетот ,,Пастрмка''- Варијации на темата на соло песната ,,Die Forelle''.

58.Дали се сложувате со зборовите на гробот на Шуберт: ,,Тука Смртта го погребала огромното


богатство, но уште побогатите надежи''?Појаснете го одговорот.

- Да, дури по виенскиот авторки концепт Шуберт конечно се наоѓа во центарот на вниманието на
музичката јавност, но за жал, по неколку месеци умира од максималната физичка исцрпеност и
болест, во ек на расцутот на својот гениј со бројни замисли и планови.

59.Годините на животот на Шуман.

- 1810-1856

60.Освен композиторската, со кои други дејности се бавел Шуман?

- Од огромно значење била неговата дејност како диригент, пијанист, организатор на музичкиот
живот, педагог ( еден од првите на Конзерваториумот во Лајпциг основан од Менделсон).
61.Со кој друг вид на уметност е најтесно поврзано творештвото на Шуман?

- Творештвото на Шуман е тесно поврзано со литературата и литературната програмност.

62.Која улога одиграло семејството Вик во животот на Шуман?

- Истакнатиот музичар и педагог Фридрих Вик (таткото на неговата идна сопруга Клара Вик) му
бил учител по пијано.

63.Кој истакнат виртуоз извршил особено влијание врз Шуман и неговите стремежи за конечното
посветување на музиката?

-Паганини во 1830 година.

64.Со кои имиња Шуман се потпишувал во своето музичко списание?

-Флорестан (романтичарскиот порив)

-Еузебиус (романтичарското мечтаење)

-Маестро Раро (објективниот,помирувачки поглед на овие две романтичарски крајности)

65.Кои два аспекта на романтичарскиот светопоглед ги симболизираат овие измислени ликови.

-Флорестан (романтичарскиот порив)

-Еузебиус (романтичарското мечтаење)

-Маестро Раро (објективниот,помирувачки поглед на овие две романтичарски крајности)

66.Во кое дело за пијано тие се појавуваат?

- Во ,,Карневал'', ,,Давидсбиндлерите'', Првата соната на која стои посветата за Кијарина од


Флорестан и Еузебиус.

67.Која била улогата на Клара Вик (Шуман) во творечката дејност на композиторот?

- Нејзините музички теми повеќе пати ги користел во своите дела, Клара била прв изведувач на
повеќе негови дела за појано, а подоцна-уредник на изданието на неговиот опус.

68.Во кое дело за пијано најпотполно се пројавила поврзаноста на композиторското и


литературно-критичкото творештво на Шуман?

- Инспирацијата од Хофман се пројавува во делата ,,Крајслеријана'' (именувана според главниот


лик на неговите новели капелмајсторот Јоханес Крајслер), ,,Фантастични пиеси'', ,,Ноќни пиеси".
Атмосферата од романот ,,Палавите години'' од Жан Пол е доловена во делото ,,Пеперутки''.
69.Кои два принципа на цикличноста се застапени во ова дело?

70.Зошто Шуман повеќе го интересирала современата поезија?

71.Кој поет завзема централно место во вокалното творештво на Шуман?

-Хајнрих Хајне.

72.Кој е најпознатиот вокален циклус на неговите стихови?

- ,,Љубовта на поетот''

73.Kоја од симфониите има ист (колкав?) број ставови со ,,Пасторалната симфонија"?

74.Која е спецификата на сонатната форма во 1-от став на концертот за пијано и оркестар на


Шуман?

- Тој претставува монотематска сонатна форма со изразите елементи на варијацискиот развој (1-та
и 2-та тема се од ист материјал, а развојниот дел започнува со своевидна ,,варијација'' на 1-та
тема, со впечатлив тонален и темпов карактер).

75.Каде се реализирала педагошката дејност на Шуман?

- На Конзерваториумот во Лајпциг основан од Менделсон.

76.Како патриотското движење во Германија било поврзано со музиката?

- Во Германија патриотското движење било неразделно поврзано со музиката и музицирањето


преку хорското пеење кое станало еден од највпечатливите изрази на патриотизмот.

77.Кое литературно дело го нарекувале ,,световна библија''?

- ,,Фауст''.
78.Годините на животот на Менделсон.

-1809-1847

79.Како се пројавувала просветителската компонента во неговата дејност?

- Проширување на репертоарот, откривање на нови дела или заборавените ремек дела,


пропагирање на класичната уметност.

80.Зошто го нарекувале ,,класичар меѓу романтичарите''?

- Заради тоа што неговото сопствено творештво било соодветно на овие идеали: од една страна
достапно како израз, со јасна потпреност на народната и битовата музика, а од друга страна
совршено по форма, сериозно со издржливост на стилот и техниката.

81.Во која смисла Менделсон може да се спореди со Моцарт?

- Музичкиот талент на Менделсон рано се појавил и созрејал ( во извесна смисла, може да се


спореди со Моцарт). На 9-годишна возраст тој дебитирал како пијанист, а потоа и како пејач (алт),
а во периодот 1821-23 година компонирал 13 симфонии за гудачки оркестар (кои и денес се
изведуваат) како и други дела (концерт за пијано, сонати за различни инструменти, дела за
оргуљи, камерни дела).

82.Во кое рано дело Менделсон го демонстрира изграден, зрел и препознатлив индивидуален
стил?

-,,Свадбата на Камачо''

83.Кое значајно дело од Бах го изведува Менделсон по долгиот заборав?

-Matthaus-Passion.

84.За кој најзначаен настан во музичкото образование е заслужен Менделсон?

- За отварањето на конзерваториумот во Лајпциг.

85.Кое дело (жанр) завзема централно место во творештвото за пијано на Менделсон?

-,,Песни без зборови''- жанр минијатура за пијано.

86.Карактер на кои други жанрови се пројавува во овие дела?

- На вокалните жанрови, соло песната

87.Кој нов симфониски жанр е втемелен од Менделсон?

- Новиот роматичарски жанр програмска концертна увертира


88.Како се пројавува романтичарскиот третман на сонатната форма во 1-от став на Виолинскиот
концерт?

-Романтичарскиот третман на сонатната форма се согледува во ставањето акцент на 2-та тема која
станува лирски центар на експозицијата.

89.Како се пројавува стремежот кон единството на целото дело во Виолинскиот концерт?

- Со споеноста на ставовите што тежнее кон единството на целото дело кое станува стилско
обележје на симфониското творештво, односно циклични жанрови кај Менделсон.

You might also like