You are on page 1of 34

Романтизам

Карактеристики
 Вториот правец во уметноста во 19 век е Романтизмот, кој се јавува како спротивност на
неокласицизмот.
 Уметниците својот романтичарски немир го искажувале преку незадоволството од културата на
буоржоазијата која ја сметале за бесцелна и грда, како и од инспирацијата од Ориентот, благодарение
на освојувањата на Наполеон.
 Оттаму, Романтизмот бил ненадминлив во Франција.
 Романтичарите го напуштаат моделот на античкиот идеал, се вознемируваат над човечките несреќи.
 Романтичарското сликарство, вајарство и литература се полни со несреќни херои: човечката слабост,
но и неговата сила му служат на романтичарот да го дефинира својот херој.
 Судбината на Наполеон (1769-1821) долго го фасцинирала светот, а пред се романтичарите. Тој знаел
да победи кралевите, да освои народи, да основа империја, за потоа изнемоштен пред непријателот
животот го заврши во прогонство, Со неговата внатрешна сила, тој бил еден од најдобрите примери
на романтичарскиот херој. Во сликарството и скулптурата романтизмот ја претпочитал
имагинацијата, односно тоа што секој човек го носи во себе.
Архитектура

 Во архитектурата не било создадено ништо оригинално, се имитирале историските


стилови, особено готиката во Англија и барокот во Франција.
 Таквата архитектура се нарекува историцизам.
 Мотивирани од примери од минатото се изведуваат скапи реставрации на
монументални зданија.
Како најзначајни примери во архитектурата
се издвојуваат:
Парламент во Лондон Париска опера
Скулптура
 Таа е помалку смела од сликарството и архитектурата. Скулпторите ги притискал
авторитетот што им бил придаван на античките статуи. Затоа скулптурата доживува
криза од која ќе излезе дури на крајот на 19 век.
 Скулптура во романтизмот најмногу доаѓа до израз во делата на Франсоа Рид.
Неговиот надалеку познат длабок релјеф “Марселеза” на која е претставено
заминувањето на доброволците во Револуционерната војна во 1792 година е изведен
на Триумфалната порта на плоштадот Етоал во Париз. Со голем занес и жар
маршалот Неј и другите борци се предадени во херојска поза, полни со живот и
акција за одбрана на слободата. Подоцна тој елан ќе го отелотвори во една
единствена фигура “Споменик на маршалот Неј”, која изгледа како да и фали цела
една армија од борци зад него.
 Жан Батист Карпо правел прекрасни бисти, но негово најпознато дело е Игра во
самото подножје на фасадата на Париската опера. Ова дело е блиско до традицијата
на 13 век, пред се поради разиграноста и кокетната веселост на фигурите.
 Антоан Бари е познат автор на животински фигури предадени во едноставни но,
силни и динамични волумени.
Франсоа Рид (1784-1855)
Марселеза  Неговиот надалеку познат длабок релјеф
“Марселеза” на која е претставено
заминувањето на доброволците во
Револуционерната војна во 1792 година е
изведен на Триумфалната порта на плоштадот
Етоал во Париз. Со голем занес и жар
маршалот Неј и другите борци се предадени
во херојска поза, полни со живот и акција за
одбрана на слободата.
Франсоа Рид
Споменик на маршалот Неј

 “Споменик на маршалот Неј” претставува


единствена фигура во херојска поза, но истата
делува како да и фали цела една армија од
борци зад него.
Жан Батист Карпо (1827-1875)

Игра, на подножје на Париската


опера Триумф на Флора
Антоан Бари, автор на
животински фигури
Тезеј го убива Минотаурот Јагуар јаде зајак
Сликарство
 Во романтизмот сликарството има најголем дострел во однос на другите уметности.
 Склоност кон драма, битки, бродоломи, борби и убиства, прикажани со неверојатна
спонтаност и животност.
 Се јавува слобода преку ликовен израз во пејзажот (кој се јавува како посебна тема
која ја изразува состојбата на душата во сликата), во сликање на портрети или
митолошки сцени, карикатурата бележи напредок.
 Контраст на светло-темно, топло-ладно, движење-статичност.
 Критика на општеството со прикази на пороци, луѓе на раб на егзистенција.
 Прикажување на поетска вистина, сетилност и суровост. Уметнички стил кој се
стреми кон идеално и посебно.
 Претставници: Франциско Гоја, Ежен Делакроа, Теодор Жерико, Франсоа Миле,
Камиј Коро, Теодор Русо, Оноре Домије, Џон Констејбл, Вилијам Тарнер.
Франциско Гоја (1746-1828)

 Неговото творештво е разновидно и тешко можеда се смести во некоја категорија или


школа.
 Неговите дела ја надминуваат епохата во која живеел.
 Идеолошки бил опредлен за просвета и револуција, но и покрај тоа е ценет од страна
на конзервативниот кралски двор станал кралски сликар.
Како кралски сликар изработува серија на
психолошки портрети на кралското семејство и на
дворјаните (каде иако богато и раскошно
претставени, во прв план излегува духовната
сиромаштија на портретираните)
Автопортрет Семејството на Карлос IV
Ја портретира кралицата Марија Лујза како Маја
(име за жена од понизок сталеж, послободна и
провокативна). Гола Маја не одговара на црковните
погледи, па слика Облечена Маја во која женската
фигура е поставена уште послободно со што докажува
дека невиноста и чистотата зависат од односот на
околината , а помалку од односот кон облеката.
Гола Маја Облечена Маја
Во Трети Мај 1808 е претставена тиранијата на
Наполеоновата војска над шпанскиот народ. Карневал е една
од неговите кошмарни визии за идниот несреќен развој на
цивилизацијата.
Трети Мај 1808 Карневал
Ежен Делакроа (1798-1863)

 Алжирки  Патувал во северна Африка од каде ќе


донесе голем број на скици.
 Слика сцени од улици, лов на лавови,
харемски одаи.
 Сликите изобилуваат со силни бои од
самото поднебје.
Инспириран од делото “Божествена
комедија” од Данте Алигиери.
Барката на Данте

Сликата била сензација во интелектуалните


кругови, но исмевана од неокласичните
сликари.

Била откупена од музејот во Луксембург.

Денес се наоѓа во Салонот во Париз.


Слобода на барикадите

 Слободата на барикадите е инспирирана од


настаните на Јулската револуција во 1830 г.
 Таа претставува успешен спој на реализам,
политичка карикатура и историско сликарство.
Колежот на Хиос

 Колежот на Хиос е инспириран од грчката


војна за независност против Турција.
 Не претставува вистински настан туку
“поетска слика” мешавина од суровост и
сетилност, на раскош и слобода во сликањето.
 Сликата ја завршил за четири дена.
Грција умира на рушевините на
Мисолонги

 Комплицирана сцена сведена само на она што


е битно.
 Претставен е грчки борец кој лежи под
рушевините, еден Мавар кој ликува и
незаштитена девојка која делува како
светителка – мачителка.
Теодор Жерико (1791-1824) е преокупиран со
студирање на анатомија на коњите, слика коњски
трки, реално претставени со барокно осветлување.
Офицер на коњ Дерби во Епсом
Најпознато дело на Теодор Жерико е Сплавот Медуза, (херојска
драма со неколку преживеани) насликано по вистинска случка
на бродолом покрај брегот на западна Африка која предизвикала
голем политички скандал.
Сплав Медуза Детали
Барбизонска школа

 Недалеку од Париз, во селото Барбизон се населуваат уметници за да сликаат


пејзажи и слики од селскиот живот.
 Овие сликари го извршуваат преодот од романтизмот кон реализмот.
 Најпознати меѓу нив се:
 Жан Франсоа Мије - го слика напорниот живот на сиромашните селани кои ги
претставува како херои на земјата што го храни човекот.
 Камиј Коро е значен за модерното сликарство на пејзажот.
 Теодор Русо го интересира светлоста и слика исти предели во различни верзии.
Може да се смета за предвесник на импресионизмот.
 Оноре Домије со својот револуционерен начин на сликање ќе изврши влијание врз
формирање на правците: фовизам и експресионизам.
 Сликар на напорниот живот на сиромашните селани, кои ги
претставува како херои на земјата што го храни човекот.
 Неговиот цретеж е посилен од колоритот, кој честопати во
извесна мерка е тежок и банален.
Жан  Селскиот живот, со сите негови тешкотии и убавини, верно е
Франсоа претставен на композициите: Собирање остатоци од жито,
Сеач, Дрвосечач, Селани одат на работа Веење на жито.
Мије
(1814-1875)
Собирање остатоци од жито и Сеач
 Коро е сликар поврзан со барбизонската школа, иако не е
нејзин член.
 Под влијание на таа школа, тој излегува на отворено сликајќи
разновидни пејзажи, кои не ги идеализира, туку прави мали
платна изработени на лице место за 2-3 часа. На нив е видлива
тенденцијата за архитектонска дефинираност и стабилност, што
многу добро се гледа на неговата композиција со градски
пејзаж “Кабанаријата на Св. Дује”.
Камиј Коро  При сликањето се залага за “вистинитоста на моментот”, што
ќе биде еден од основните принципи на импресионизмот.
(1796-1875) Според тој принцип ги изработува сликите: Фонтенблонска
шума и Сувенир од Марсеј.
 Коро патува во Италија, каде што особено го привлекуваат
пределите околу Рим, ги проучува и ги претставува на своите
платна, како што е сликата Водоскокот Медичи.
Фонтенблонска шума и Вила во Авре
Фонтана
Медичи
 Неговото творештво може да се спореди со уметничките
дострели на холандските пејзажисти.
 Особено го преокупира светлоста, така што претѕставува исти
предели во различни верзии, со богатство на разновидни
начини на нанесување на бојата.
 Поради тоа може да се смета за предвесник на импресионизмот.

Теодор Русо Такви се неговите композиции: Пејзаж со виножито,
Фонтенблонска шума, Квечерина, Дабови.
(1812-1867)  За жал експериментирајќи со боите не создава стабилна
подлога на своите слики, така што неговите платна денес се
потемнети.
 Иако неконвеционален уметник, неговите дела биле
изложувани на официјалните изложби.
Пејзаж со виножито и Фонтенблонска шума
 Неговото скромно потекло го спречува да стане голем мајстор,
кој се споредува со Рембрант, Гоја и Жерико.
 Бил зајадлив политички карикатурист кој користел литографија
за да ги карикира сите настани од неговото време.
 По забрана во 1835 г. на политичка сатира, тој преминал на
социјална сатира исмевајќи ги буржоазијата, адвокатите,
малите човечки слабости.

Оноре  Со сликарство се занимава помеѓу пауза од изработување


илустрации на литографија. Ремек-делата што ги изработува
Домије потсетуваат на делата на Гоја (Играчи на шах, Вагон трета
класа, Драма, Совети на еден млад сликар)
(1801-1879)  Со својот револуционерен начин на сликање ќе изврши
влијание врз формирање на правците во современото
сликарство, како што се фовизам и експресионизам.
Играчи на шах и Вагон трета класа
Вилијам Блејк (1757-1827)

Прапочеток - Бог Љубовници


Каспар Давид Фридрих (1774-1840)

Талкач во магла Трговци со крзно во Мисури


Англиски пејзажисти

Џон Констејбл (1776-1837) Вилијам Тарнер (1775-1851)


- Катедрала во Солзбери - Брод со робови

You might also like