You are on page 1of 13

Уметноста на 19 век

Класицизам
Големата француска буржоаска револуција во 1789г. обележува пресвртница и со неа почнува
власта на буржоаската класа. Од овој момент па низ целиот 19 век ритамот на развој на
уметноста e многу побрз отколку во претходните векови, Додека ренесансата и барокот
траеле по двеста години, сега во 19 век уметноста поминува низ 4 правци класицизам,
романтизам, реализам и импресионизам. Со француската буржоаска револуција преовладува
класицизмот, кој тежнее за обнова на античката уметност.
Повод за ова тежнеење биле новите социјални и политички услови создадени со
револуцијата. Паралелно во Англија се случува индустриската револуција, која почнала да ја
уништува и самата традиција на солидно занаетчиство, рачната изработка почнала да се
повлекува пред машинското производство, работилниците пред фабриките. Успешните
бизнисмени сакале за свои пари „своја уметност“. Тие имале пари, но немале вкус. Се
создала нова средна класа, на која и недостигала традицајата и со производството на
неквалитетна, бофл роба која се продавала како уметност се срозал вкусот на јавноста.
Бизнисмените ги сметале уметниците за ништо поразлично од измамниците. А пак за
уметниците ценета забава била да го размрдаат и шокираат граѓанинот во неговото
самозадоволство и удобност, да го остават збунет. Уметниците почнале себеси да се гледаат
како различна каста, носеле долги коси и бради, почнале да се облекуваат во пругаст или
коцкаст сомот/плиш, шешири со широк обод, лабави машни со тоа истакнувајќи го својот
презир према конвенциите на „почитуваните“ (денди стил)
Тоа било време кога се направил огромниот јаз/раздор помеѓу успешните званични уметници,
конформисти кои ги задоволувале барањата и работеле по нарачки по вкусот или невкусот на
богатите кои давале допринос во званичната/академска уметност и помеѓу неконформистите,
незваничните кои почитта ја добиле често по својата смрт, кои не се потчиниле на
конвенциите. Ова е период на осаменици кои имале уметнички интегритет, храброст и
истрајност и силен карактер да мислат со своја глава, неустрашиво и критички да ги
преиспитаат конвенциите и така да отворат нови можности за уметноста.
Најдраматичните случувања биле во Париз. Во 19 век, Париз станал престолнина на
уметноста исто како што Фиренца била во 15. Тука доаѓале од целиот свет да дебатираат за
природата на уметноста во кафулињата на Монмартр.
Но малку пред 19 век ќе скокнеме кон крајот на 18 век, да видиме уште еднаш како оживува
античката уметност, пред да замре до ден денес.
Тоа нејзино оживување се случува во неокласицизмот. Можеби дел во нејзиното будење
имаат археолошките истражувања на римските градови Помпеи и Херкуланеум. Угледувајќи
се на античката воглавно на римската уметност, класицизмот ја истакнува симетријата, редот
и јаснотијата како уметнички идеал. Со возвишеноста, племенитата едноставност и складот
класицистите се спротивставуваат на немирот и изразот на страста на барокната уметност.
Бидејќи сликарството во класицизмот се инспирирало од античката скулптура, се во него е
подредено на пластичноста/скулптуралноста на обликот. Цртежот ја истакнува вредноста на
јасна и чиста контура, бојата се сведува на неутрални , во главно сиви тонови и во
подеднакво тенок слој се става на подлогата без видливиот потез на четката. Контрастите на
светло-темно се апстрахираат/намалуваат па формите облиците се осветлени со светлост со
ист интензитет. Композицијата се базира на систем вертикала и хоризонтала.
Класицизмот во сликарството дал значајни имиња. Едно од нив е Жак Луј Давид. Кој бил непосредно
врзан со револуцијата во Франција 1789. „Званичен уметник“ на револуционерната влада на
Робеспјер. Сликата Заклетва на Хорације (1785) е негово најпознато дело на раниот класицизам. Има
строг цртеж, редуциран хроматизам/колорит, статичност, фигурите се распоредени како на рељефен
фриз, а длабочината на просторот е затворена со цврст, непробоен ѕид, за разлика од перспективата во
ренесансата. Светлината прави прецизни сенки што потсетува на сликарството на Караваџо. Сите
овие својства и даваат на сликата смирен и достоинствен тон. Давид насликал доста слики со
Наполеон, како што е „Наполеон ги преминува Алпите“. Но најзначајна е „Смртта на Мара“ или
„Мртвиот Мара“. Атентатот на Мара го извршила една млада фанатична девојка која го прободела со
нож додека тој бил во када. Податоците кажуваат дека тој имал болест на кожата и затоа често
времето го поминувал во кадата. И таа ситуација не била лесна задача за Давид да ја преточи на слика
како достоинствена херојска смрт. Иако делува како реалистично насликано платно, меѓутоа некои
критичари ја нарекуваат оваа слика „ужасна убава лага“ оти на Давид му успеало да ја оствари целта,
да го претстави Мара идеализирано, како јунак-маченик за идеали. Иако всушност бил свиреп и
предизвикувал терор испраќајќи на гилотина многумина. Проучувајќи ја грчката и римската
скулптура, тој научил како да ги обликува мускулите и тетивите на телото давајќи му племенита
убавина, од класичната уметност научил да ги изостава поединостите кои не се битни за главниот
ефект и да тежнее кон едноставност.

Заклетва на Хорације, 1784


Наполеон ги преминува Алпите, Ж. Л. Давид 1801

Банкси, 2018

Смртта на Мара, Ж. Л.Давид 1793


Смртта на Мара, Едвард Мунг, 1907 (експресионизам)
Ученик на Давид бил Жан Огист Доминик Енгр, и тој како него се дивел на херојската
уметност на класичната антика. Тој ги терал своите ученици на дисциплинирана безусловна
прецизност и се грозел на импровизација и неуредност. Самиот Енгр велел: „Ако е нешто
добро нацртано секогаш ќе биде добро насликано.“Во „Капачка“ се гледа неговото
мајсторство во прикажување на обликот фигурата со ладна јаснотија во неговата
композиција. Сега е јасно зошто многу уметници му завидувале на Енгр на сигурноста, и му
го почитувале авторитетот, иако не се согласувале со него. Тој со прецизност на реалист, чиј
идеал бил Рафаел, вешто ја пренел нежната извиеност на телото и мекото моделирање на
светлината, Енгр е спротивност
на она што се романтичарите.
Но исто така е јасно зошто
некои негови страсни
современици таа глатка
совршеност ја сметале
неподнослива.

Големата Одалиска/конкубина,
Енгр, 1814

Герила девојки–феминистичко движење во Њујорк 1989 (против шовинизмот и сексизмот во


музеите. За плакатот е искористена конкубината на Енгр)
 
Капачка, Енгр, 1808 (искористена на албум на Архангел 1993)

Хомерова
апотеоза, Ж.О.Д.Енгр 1827 (по нарачка на Лувр, за плафон во една од просториите)
Хомеровата апотеоза била таванска слика за една од салите во Лувр. Претставува манифест
на класицизмот. Тука на престол е претставен Хомер, доле пред неговите нозе седат неговите
духовни ќерки Илијада и Одисеја, а околу се насликани најзначајните личности на античкиот
свет. Енгр е исто така познат по своите актови кои ги кити со турбани и други исламски
атрибути како: Турска бања, Големата одалиска.
Романтизам во Франција
Современик на Енгр, страсен во колоритот и опозиција од Енгр, бил Ежен Делакроа, кој
немал време за разговори за старите времиња на Грците и Римјаните, ниту трпение за
коректноста во цртежот и постојано имитирање на класичните скулптури. Тој верувал дека
бојата е многу поважна од самиот цртеж, а творечката фантазија од знаењето.
Романтизмот како правец во уметноста на 19 век се појавил првите децении на векот.
Романтизмот и класицизмот имале заедничко тежнеење на враќање во минатото и обнова на
старите стилови, но разликата била во изборот на минатото и на мотивите. Незадоволството
со културата на буржоазијата, која ја сметале бесцелна и грда, било често и извор на
романтичарски отпор и немир, негово бекство во егзотиката, во средновековното минато, во
сонот. Во тежнеење да побегнат од современоста, која што ја презирале, романтичарите ги
обновуваат старите стилови, особено готиката. Проникнати и со тежнеење кон драматичното
и необичното, тие првенствено се служат со бојата, која ја нанеуваат со брзи потези,
оставајќи трага од четката, а исто така и со контрастите светло-темно, како прикладно
средство за изразување на имагинацијата.
На сликата Сарданапалова смрт (1827), на романтичарскиот сликар Ежен Делакроа
воочуваме дека композицијата има повеќе динамика и драматична напнатост отколку на
сликата на Давид Заклетва на Хорације. Ова е последица на различната насоченост на
формите во однос на планот и границите на сликата. Додека на Давидовата слика скоро сите
фигури и столбови, се насочени хоризонтално и вертикално,на Делакроа тие се дијагонално.
Така почетната точка на визуелна напнатост е во десниот агол доле со двете искосени и
осветлени фигури. После кратка пауза окото веднаш се врзува за дијагоналната постела која
завршува на горниот лев агол т.е на најјако осветлениот дел во која е концентрирана
емоцијата на целата слика, охолоста, злобата на суровиот владетел Сарданпал и чулноста на
харемот. Делакроа бил инспириран да ја наслика оваа слика од истоименото дело на Лорд
Гордон Бајрон. И како сликар и како критичар Делакроа се борел против сивилото во
класицизмот, неговата слика „гори“ со црвениот колорит.

Сарданапалова смрт,
Делакроа 1827 (изложена истовремено со Хомеровата апотеоза на Енгр)
Слободата на барикадите или Слободата го предводи народот, Делакроа 1830 – оваа му е
единствена слика со современа тематика.

Графитпосветен на протестите на Жолтите елеци во Париз

Теодор Жерико е сликар на монументалното дело Бродоломците на сплавот Медуза. Тој како
и Делакроа, наместо мирен цртеж и ускладена композиција дава сцени полни со страсни
движења и драматизам. Композицијата е решена пирамидално. Станува збор за скандалозен
настан кој се случил кога бродот тргнал да колонизира, насели држава во Африка. Во него
имало француски дипломати, професори, доктори, занаетчии, работници и бродот доживува
бродолом поради неискуниот капетан, кој поради врски бил ставен на таа позиција. Тоа што
следело следните 14 дена бил кошмар. Со оваа слика тој го навестува реализмот, но според
патетичноста и драматичноста на самата тема сликата носи романтичарски карактер.
Тежнеејќи што пореално да го претстави самиот настан во своето ателј носел лешеви, а и
самиот сплав е насликан според оригиналниот кој го изработил столар бродоломник.

Реализмот Жерико ќе го наговести и во серијата Портрети на лудаци, кои по нарачка на еден


лекар ги работел во болницата Бижон.

Луда жена
Романтизмот во Англија

Вилијам Блејк е поет, сликар, мистик. Неговиот ликовен


јазик е експресивен со необични морбидни визии блиски
на надреализмот. Тој бил длабоко религиозен човек и
живеел во сопствен свет. Ја презирал званичната
уметност на академијата и одбил да ги прифати
нејзините стандарди. Некои сметале дека е потполно
луд, а некои дека е безопасен чудак. Сликата (десно)
Прапочеток, 1794 покажува загадочна фигура на старец
кој се навалува да ја измери со шестар земјината топка и
тој, Блејк, самиот кажува дека ја видел оваа визија на
Господ, кој не потсеќа на Микеланџеловиот, на кој и
самиот Блејк се дивел.
Блејк создава сопствена космогонија, свои богови и
митолошки суштества.Тоа е време кога спиритуелизмот,
верувањето во натприродното, во црна магија и во
духови е особено популарно во друштвените кругови во
Англија. (сликата подоле „Црвениот змеј“ е центар на
дејството во една од епизодите на серијата „Ханибал“)

Големиот црвен змеј и жена облечена во сончевина,


В.Блејк, водени бои, 1805
Хеката, Вилијам Блејк, 1795 (туш, водени бои)

Њутн, 1795-1805
Во ова дело, Блејк го прикажува Њутн млад и мускулест, наместо како постара фигура како
што често бил прикажуван. Тој е седнат и сведнат гол на карпа покриена со алги, очигледно,
на дното на морето. Неговото внимание е насочено кон дијаграм што го црта со шестар. Блејк
бил доста критичен кон редуктивниот, научен пристап на Њутн и затоа го покажува само како
ги следи правилата на неговиот компас, слеп за убавината на шарените карпи зад него на
морската длабочина. Нутн е персонификација на човек ограничен од разум.
Њутн, Едуардо Паолоци, Британската библиотека, Лондон 1995
(инспирирана од Блејковиот Њутн)

***
Љубовта према природата која била нагласена кај романтичарите условила сликање на
пејсажи, т.н интимен пејсаж. Тоа е субјективно доживеан и насликан пејсаж, со лирска или
драматична нота, пејсаж како одраз на душевната состојба на уметникот. Во областа на
романтичарскиот пејсаж најмногу се истакнува Вилијем Тернер. Тој има голем опус на дела,
но особено е значаен со неговите водени бои каде се истакнува неговата маѓепсаност со
светлост и боја, со кои ги дематеријализира и растопува облиците во колористичка маса на
црвена и жолта. Со овие особености Тернеровото сликарство се доближува до
импресионизмот.
Вилијам Тернер рано се ослободува од дескрипцијата/описот на стварноста што во неговите
слики се претвора во некој вид магливи ефекти и светлина која се впива. Тоа е еден вид
лирски пејсажизам со растопување на формата, близок на импресионизмот и апстракцијата
кои ќе дојдат подоцна. Тој е вознесен од борбата меѓу природните сили, бурата, морските
бранови. Неговите слики имаат и морален аспект во тоа што човечките фигури се мали,
наспроти големото пространство на небо или морска шир, акцентирајќи ја нашата неважност
наспроти нешто поголемо како што е природата, потсетувајќи го тогашниот човек од
индустриската револуција за заборавената врска на човекот со природата. Давајќи му воедно
не само морален, но и духовен аспект.
Тарнер секој мотив го набљудува како сензација на светлината и бојата која се распростира
по површината.
Во сликата Дожд, пареа, брзина, структурата и цврстината на сите предмети се губи во
брзото движење на возот низ дождот кој врне.
Рибари на море, Вилијам Тернер 1796

Снежна бура:Ханибал ги преминува Алпите, 1812


Дожд, пареа, брзина 1844

Запален брод, 1834

You might also like