You are on page 1of 3

Романтизам во Франција

 По појавата на Наполеон на историската сцена во Франција,се создава


општество во кое тој воспоставува целосна контрола врз сите сфери на
животот
 аристократијата ќе биде видливо маргинализирана во француското
општество
 во аристократските салони , средиште на интелектуалните и уметнички
размисли, се јавува чувство на несигурност, отпадништво и
неприпадност
 овие чувства ќе бидат основа за појавата на новиот правец во
литературата романтизмот
 главните фигури кои ќе му дадат оригиналност на овој правец во
француската литература се Франсоа Рене де Шатобријан, Мадам де
Стал и Виктор Иго , Мадам де Стал

Почетоците на романтизмот во Франција со сигурност се лоцираат во делата


на Мадам де Стал
 политичарка со напредни идеи, писателка и теоретичарка ,била
интересна и невообичаено либерална личност
 -како непријател на владеењето на Наполеон, голем дел од животот ќе
помине во прогонство
 -со своите ставови става крај на класицистичката поетика во
француската литература
 -во романот ,, Делфина и Корина,, застапува феминистички гледишта и
дава критика на „машкото општество“
 ја воведува омилената тема на романтичарите – правото на страст како
и темата на несреќна и невозвратена љубов
 -авторка е и на книгата,,За Германија,, која се смета за манифест на
францускиот романтичарски театар
Франсоа Рене де Шатобријан
-се интересирал за политика, религија и интензивното романтичарско
соживување со природата (особено со новите, неоткриени светови)
 -во прозното дело ,,Рене,, (автобиографска димензија)ја искажува
потребата за откривање на нови и непознати светови и пределија слави
природата како извор на непознатото, тајното, мистичното и таа е
мелем за страдалничката душа на поетот-скитник
 -за Шатобријан романтичарскиот лик е вечен патник без дом,
аналитичар на душата, записничар на страстите на срцето, човек на
природата и противник на општеството и неговата студена
немилосрдност кон сите слободи што срцето ги посакува, а разумот ги
забранува.

Виктор Иго ( 1802- 1885)

 Роден е во семејство со спротиставени политички ставови (мајка


ројалистака, а татко поддржувач на Наполеон)
 Од мал пишувал песни, трагедии и драми
 Кога имал 15 години неговата поезија била забележана од членовите на
Француската академија, а на 18 г бил примен како член на Академијата
во Тулуз
 Предговорот на неговата драма ,,Кромвел,, се смета како манифест на
романтизмот во Франција и ќе го дефинира Иго како татко на
францускиот романтизам
 Тој бара литературата да биде проткаена со чувства и да не робува на
класицистичката форма на пишување
 Имал бурен приватен живот, разделбата од неговата прва голема љубов
Адел (поради нејзиното неверство) ќе го залечи во прегратката на
глумицата што игра во неговите драми, Жилиет Друе.
 Во текот на 50-те години љубов размениле над 1.000 писма, иако имал
и други страсни, но кратки врски. Од бракот со Адел имал два сина и
две ќерки.
 Најголемата негова загуба е смртта на неговата 18-годишна ќерка
Леополдина, која се удавила во Сена заедно со сопругот. Болката ќе ја
замолчи неговата творечка муза следните 10 години.
 Без сомневање, Виктор Иго бил најомилениот Француз на 19 век. За
неговиот 80-ти роденден пред неговиот дом се собрале 50.000 млади од
париските училишта, а напладне таа бројка се зголемила на половина
милион луѓе на сите возрасти и од различни краеви на земјата.
Возбуден до солзи, Иго викал: По ова ми преостанува само да умрам!
 Денот на неговата смрт, 22 мај 1885, бил национален ден на жалост.
Осум дена народот поминувал покрај одарот на писателот, а на
погребот присуствувале 1.200 делегации.
 И по неговата смрт со години народот продолжувал да вика: „Да живее
Виктор Иго!“.
 Драми: ,,Ернани,, ,,Кромвел,, Германски грофови,, и др.
 Предговорот на драмата ,,Кромвел,, е манифест на францускиот
романтизам
 Поетски книги:,,Оди,, ,,Нови оди,, ,,Балади,, ,,Ориенталки,,
,,Внатрешни гласови,, и др.
 Во поетските книги, типично романтичарски,Иго е нагласено емотивен
со копнеж по егзотичните земји и воспевање на борбата за слобода на
поробените народи.
 Романи: ,,Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз,, ,,Клетници,,
,,Последниот ден на еден осуден на смрт,, и др.
 Игоовите романи се слика на француското општество и осуда на
неговиот морален пад

You might also like