You are on page 1of 4

Џорџ Гордон Бајрон

Џорџ Гордон Бајрон, шестиот барон Бајрон (Лондон, 22 јануари 1788 – 19 април 1824,
Мисолонги) бил англо-шкотски поет и водечка фигура во романтизмот.
Тој бил олицетворение на слободен човечки дух во бунтот против поредокот и рамките на
тогашното општество, па оттука и неговата голема популарност кај европските народи,
кои биле под јаремот на туѓинскиот и на домашниот деспотизам.
Џорџ Гордон Бајрон е предвесник на англискиот книжевен романтизам и со својот живот и со
своето дело најдобро ја илустрира посебната личност на романтичарскиот бунтовник.
Општествените околности, семејните односи и неговата сложена природа го формирале
неговиот карактер, единствен во светската книжевност. Бајрон и со своето однесување и со
својата поезија прераснал во цело движење наречено „бајронизам“.
Потекнувал од едно од најугледните англиски лордовски семејства што веќе влегле во
историјата на Англија. Но, во времето на детството на Џорџ, семејството Бајрон веќе било
осиромашено .
Кога имал 10 години, починал некој негов братучед и од таму се стекнал со богатство и
лордовска титула. Ова му овозможило да се школува во Кембриџ, а потоа да биде член на
англискиот парламент.
Таму ги застапувал правата на работниците и затоа конзервативците го мразеле и јавно го
напаѓале. Разочаран од нападите решил да ја напушти Англија и да ги посети
средоземноморските земји.
Кога се вратил, неговите противници уште повеќе го напаѓале, не само заради политичките
убедувања, туку и поради неговото слободоумно однесување.
Џорџ бил наречен „Лорд Сиромав“, што несомнено влијаело врз формирањето на неговиот
бунтовнен дух, кој потоа се градел со делата на англиските прогресивни филозофи.
Од друга страна, Бајрон бил необично убав, но куц на едната нога, што можело да ги
предизвика кај него горчливите расположенија од кои ќе резултираат и неговото
предизвикувачко однесување и склоноста кон ексцеси.
Исто, така односите со мајка му биле чудни. Таа на моменти била многу мила, нежна и
интимна, а потоа хистерична и непресметлива (го тепала).
Уште кога бил дете и кога доаѓал дома на распустите, го гледал нејзиниот распуштен живот
исполнет со забави и оргии. Ваквиот начин на живот и тој го продолжува. Се оженил за
грофица, но таа го напуштила.
До крајот на животот бил уверен дека му е предестинирана, судбински предодредена со
раѓањето, зла коб. Иако, грчовите се борел против таа своја вообразена заблуда, во некои
моменти, сепак, потсвесно му се предавал на злото.
Во раната младост, пред да стане свесен дека е славен како поет, под диктат на
противречностите во себе, предизвикувачки учествувал во скандали, кое исто така го
објаснувал со предестинацијата.
Но, од многу свои мани не се откажал и кога станал познат и славен. Сцената на неговото
патување низ Италија со „седум слуги, пет кочии, девет коњи, мајмун, булдог и мистиф, две
мачки, три петли и неколку кокошки“ изгледа речиси малограѓански.
А од друга страна, тогаш веќе бил практичен во водењето на своите работи, а во последните
години, иако умрел рано, кај него почнал да се јавува „добриот стар господски порок“-
скржавоста.
Па, сепак, Бајрон е револуционер и со филозофијата, и со поезијата, и со животот. Тој е еден од
најугледните прокламатори на Француската револуција, но некако и поимот слобода го
разбирал различно.
Според него, за народот е слобода-слободата од потчинетоста кон други народи; за
граѓаните-слобода од тиранијата на власта; за сиромасите и угнетените-ослободувањето
од сиромаштијата.
Кога се здобил со правото на место во Парламентот, еден негов говор бил жестока одбрана
на нотингемските ткајачи, кои во очајот се обиделе да ги уништат машините за кои
верувале дека ги лишуваат од работата и заработувачката. Меѓутоа, за себе лично, под
слобода ја подразбирал целосната анархија и независноста од каков било закон.
Таа љубов го одвела во Италија, каде што учествувал во револуционерната работа на
тамошните патриоти. Истата голема духовна енергија го одвела меѓу грчките востаници
против турското ропство.
На тоа востание му помогнал и со својот углед и со својот имот; меѓу грчките востаници и
умрел од маларија во 1824 година.
Каков што бил во својата природа и во секојдневниот живот, Бајрон е таков и во својата
поезија. Неговата силна природа го налагала оној книжевен облик во кој ќе се изрази слободно.
Ја избрал поемата, дотогаш малку позната и недоволно негувана книжевна форма. А таа, со
хармонијата на лирските и епските елементи, со просторот и за драмски ситуации, најмногу
му одговарала на неговиот раскошен талент.
Токму тука настанале неговите најсилни дела кои речиси уште додека бил жив поетот
станале сопственост на сите народи: „Стравувањето на Чајлд Харолд“, „Дон Жуан“,
„Манфред“, „Абидонската свршеница“, „Ѓаур“, „Гусар“, „Лаура“ и други.
На негативниот прием на неговата прва стихозбирка „Часови на бездејство“ (1807), Бајрон
одговара со остра сатира- „Англиските барди и шкотските критичари“ (1809), во која ги
напаѓа неприкосновените авторитети на англиската критика, но и поетите. Во младешка
резигнација ја напушта земјата.
Во текот на неговото патување по средоземјето (Шпанија, Албанија, Грција, Турција) ќе ја
напише поемата „Странствувањето на Чајлд Харолд“, која по враќањето дома му носи
неочекувана и мигновена слава.
Неговото најобемно дело, хумористично-сатиричната поема „Дон Жуан“, која претставува
духовита, пикарска, бурлескна и разновидно распослана слика на современоста, која во
најголемиот дел е сатира на англиските манири на убаво и прифатливо општествено
однесување, останува недовршена.
И тие дела, дури и со релативно ситни детали, ја отсликуваат необичната личност на
Бајрон. Јунаците од неговото книжевно дело се претежно негови современици.
Во некои ликови можеле да се препознаат постарите генерации негови современици, а во
„Чајлд Харолд“ генерацијата на Бајрон, па и самиот тој. Затоа некои негови лирски епови
долго време биле допишувани.
Првите две пеења на „Дон Жуан“ се напишани во 1818 година, а третото, четвртото и
петотто во 1821 година. Така било и со „Чајлд Харолд“: првото пеење е испеано во 1809
година, а четвртото во 1818 година.

Странствувањето на Чајлд Харолд

Поемата „Странствувањето на Чајлд Харолд“, јасно ги изнесува на виделина


главнитестремежи и преокупации на авторот. Во исто време, поемата е типичен
романтичарска – индивидуална поема која изобилува со богат речник и смели стилски изразни
средства. Оваапоема е составена од четири песни, од коие првите две, Бајрон ги напишал во
1812 г, а 3 и 4 вопериодот од 1816 – 1818 год. Поемата не содржи дејствие, заплет, па затоа
Бајрон ги зелпатувањата на Харолд низ Португал, Шпанија, Албанија, Грција – сите земји од
Медитеранот.
Сепак кога се во прашање политичките настани, тогаш Бајрон не покажал доволно разбирање
и постојано ги претставувал своите слободољубиви и народно-ослободителниидеи, какои со
меланхолична носталгија кон средновековното витештво.
Првата песназапочнува со повишен акорд (романтичарите допринеле за подобраметричка
стапка и верификација) со кој ги слушаме размислувањата на Бајрон за местото напоетот во
современиот „скриен свет“. Не добиваме конкретни податоци за детството имладешкиот
живот на Харолд. Чајлд се оддал на бурниот, распашан живот, исполнет со „оргии и пир“,
бидејќи самиотбил од „чествуван и знаен живот (род)“. Презаситен од развртниот живот,
Харолд се решил напатување на кое самиот не одредил крајна дестинација со цел да навлезе
во самото јас, даизбега од здодевниот и бучен град, кој го движеле богати класи, со зол ќуд и
лаги.

Во„Прошталната песна“

Бајрон посветил големо внимание, и со топли, пријатни зборови, но со една цел и копнеж за
светли хоризонти, ја опсипал со силни метафори.
Чајлд најпрво ги посетува Португалија и Шпанија кои сеуште биле под ропството
нафранцускиот император Наполеон. Бидејќи романтичарите, посебно
прогресивните,одгледувале големаљубов кон слободата како единствен чист идеал, тој се
соживеал сосудбината и положбата на шпанскиот народ, некогашниот предвесник и верен
поклоненик навитештвото, кое Бајрон особено го почитувал, со голема меланхолична
носталгија, пак да севрати и процвета, затоа што е услов за избавување од стегите на
францускиот окупатор.Сочувствувал со тежината на животот на шпанскиот човек, кој бил
трудољубив. Своето разочарување го наведува и вовеличењето на старата, неповратна
шпанска слава кога ритерството доживеало невиден подем.
Харолд кој не бил доволно политички упатен, сметалдека јунаците на кои треба да се
угледаат денешните политичари се единствено витезите.
Неговото разочарување преминало во„светска тага“ кон насилството над старатасреќа на
шпанскиотнарод. Посебно останал разочаран од неизлезната положба, шпнаскитеовчари ги
замениле со пушки в раце, своите кавали. Ова наидело кај големо воодушевување кајБајрон и
затоа целиот народ требало да го почитува примерот на шпанскиот овчар.
Бајрон искажал големо разочарување и кон судрувањето на шпанско – ангиските војски со
француските кај Албуера во 1811 год.
Поетот ги осудува оние вљубеници во силата на војната, која нанесува големи загуби,смрта
на илјадници. Во Севилја, Харолд останал разочаран од однесувањето на тамошнитежители
кои постојано времето го трошеле на забави, љубовни гревови, разврт и измами,
освенселанецот кој се спротивставувал на својата положба и единствено бил загрижен.
Бајронпосебно се воодушевил од хероизмот и храброста на Шпаљолката, со буен
темперамент, којаги водела борците низ смрт „за да им влее надеж“ во победата.
Бајрон својот јунак Харолд сакал да ја изнесе задачата на шпанскиот народ – да се влееверба
на народот дека од неговото учество во борбата зависи слободата на татковината.
Со наближувањето кон крајот на првата песна можеме да согледаме дека Харолдовото
разочарување не престанало. Се обидел да најде душевен мир и среќа во идеалот на
природата,но и таму не се криело решението за сентименталното сочуство, па затоабарал
во борбата заслобода. Со низа разочарувања кои преминуваат во „светска тага“
Харолд ја напуштаШпанија и го продолжува патот кон Грција и Албанија.
Вовтората песна Бајрон ја искажува, опејува жалењето за големиот број старогрчки јунаци и
не може,а да не остане бесчувствителен пред нивните маки од турскиот поробувач.Во секоја
наредна строфа, поетот ги сликал животот и природата во Грција и Албанија. Тамународот
живеел бедно, немало игра и смеа.
Поетот бил воодушевен од херојството и непопустливоста пред турскиот топуз ихрабро
гинеле (Албанците и Грците) за да му парираат на окупаторот.
Идеја: Приказ на разочарувањето од сегашноста и приликите во Англија и во цела Европа
Астрофична
Стихови:80
Стилски фигури
-Епитет:морски шир,галеб див,замок убав...
-Парадокс:Кога вели дека е сам а пред тоа тагува за семејството
-Персонификација:О,добра ноќ,мој роден крај!
-Рима:сив-див,крие-ние...
-Преовладува машка рима
-Вкрстена рима
Вид:авторска,поезија
Се забележуваат многу елементи и белези каде што можеме да ја класифицираме како поема
која припаѓа на романтизмот.Реалноста овде всушност е заматена и нејасна, тој ја
распостила визијата на далечините. Во овие стихови се изразува страст, љубов и
благодарение на нив самиот Бајрон ќе се стекне со голема популарност.

You might also like