You are on page 1of 3

Чајд Харолд

Чајлд Харолд патува поради патување. Впечатоците кои јунакот ги проживува


во разни земји и мислите предизвикани од нив, ја сочинуваат целата
содржина на поемата. За минатото на Чајлд Харолд, малку знаеме, но
бидејќи романтизмот е главно поезија на богатата аристократска класа,
Бајрон му ги придава тие карактеристики на својот јунак.
Чајлд Харолд, патувајќи низ непознати земји, доаѓа под ѕидините на
Цариград, го минува Екваторот, и како крајна цел на неговото патување се
јавува Индија. Изборот на овие „непознати земји“ не е случаен, бидејќи
интересот за Индија и учењето за нирвана е карактеристично за
романтизмот. Незадоволни од реалноста, романтичарите скитале барајќи го
идеалот, и мислеле дека ќе го најдат во помалку познати земји.
Чајлд Харолд во Шпанија се разочарал од реалноста, и исто како и Бајрон, не
сфаќа дека времето на витези нема да се врати. Поетот ги повикува
„синовите на Шпанија“ во борба за ослободување, а тоа е всушност тагата
дека витештвото нема да се врати.
Во Грција, Чајлд Харолд ги предизвикува старите сенки (одамна заспаните
херои), за да го разбуди ентузијазмот со зборови кои ништо не му значат на
новото човештво.
Чајлд Харолд е типичен романтичарски јунак, чии карактерни црти се
всушност и одликите на романтизмот како уметничко движење. Овој лик ќе
биде причина за појава на терминот бајронизам, книжевно движење во чии
трудови главните протагонисти ќе ја поседуваат истата психолошка
конструкција. Нивни идеали ќе претставуваат култ кон слободата, желба за
патување во далечни и егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот,
човековото разочарување кое преминува во светска тага, величање на
славното минато (античко и витешко) и недопрената природа.
На прагот на 19 век се раѓа нов правец во литературата наречен романтизам,
кој заедно со општествените и историките моменти кои се случувале зад
сцената, ги предизвикувале тогашните писатели кон пишување нови дела.
Џорџ Гордон Бајрон, не ооделувајќи, инспириран од својата состојба во
тогашното општество, ја создал патописна поема „Странствувањата на Чајлд
Харолд“ во која главниот лик, со неговиот немирен дух, настојува да најде
совршенство.

Главниот лик во ова дело е Чајлд Харолд, типичен романтичарски јунак кој
претставува целосна слика на Бајрон и неговиот живот. Токму преку него
писателот ги прикажал своите чувства и доживувања што всушност е и
главната идеја на оваа поема. Незадоволен од својата состојба која ја добил
во општеството, Бајрон бега од својата сегашност и тоа го прикажува преку
овој лик Чајлд Харолд. Своите авантури и патувања тој ги започува со една
цел, да избега од општеството. Во тие моменти се препознава најважната
карактеристика на романтизмот а тоа e мечтаење по нешто што не е тука и е
непознато, копнеж по нешто далечно, поубаво. На почеток дејството во оваа
поема е во трето лице, со една цел да се искаже објективноста на авторот.
Бајрон на ваков начин ја прикажува состојбата низ Европските земји Бидејќи
ги подржувал народите и националните идеи тој претставува предводник на
револуционерниот романтизам.Со самото тоа препознаваме уште една
одлика која ја поседува овој литературен правец, култ кон народот и
народното творештво. Во преостанатиот дел од поемата Бајрон се израува во
прво лице односно ги прикажува своите чувства. Тој бил пратеник на таа
добро позната светска тага, која зафатила широка маса на луѓе. Овој човек
претставува плод на фантазијата на Бајрон и на неговиот личен свет. Од тука
произлегува и индивидуалноста како уште еден белег на овој правец. Во
насловот на оваа поема се наоѓа зборот странствување, кое на некој начин
може да се сфати како патување, но патување кое има кружна траекторија.
Но сите тие причини за патување водат кон враќање во својот дом со нови
заклучоци и одговори, што е сосема спротивно со Бајрон и неговата слика.
Чајлд Харолд немал никаква потреба да се врати назад во својата татковина,
ниту пак имал желба за истото. Ова било проследено поради тоа што тој
немал свое семејство, не верувал во љубовта и пријателството. Бајрон
целосно бил отфрлен и етикетиран од општеството, она кое го претставил
како расипано, сурово, неморално и експлоатациско. Поради сето ова
единствена утеха е негацијата од тоа општество, а тоа е секако природата. Во
неа бега и целосно се предава на своите чувства, емоции и нагони.

Бајрон успева да ни ја претстави неговата слика за тогашното општество,


истовремено бегајќи од неговата реалност, тој зборува за борбата за слобода
и колку таа вреди, секако и за исмејувањето на тогашните општествени
прилики.

You might also like