You are on page 1of 2

Странствувањето на Чајлд Харолд

- „Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка


поема, составена од четири песни.
- Тема: во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.
- Идеја: да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во
Англија и во цела Европа.

Содржина:
- Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција
освен што е составена од четири пеења. Дејството се одвива хронолошки,
како што се одвивало патувањето задржувајќи се на позначајните места.
Тоа се: војните на Наполеон; соочување со освојувачки и ослободителни
војни; ја велича борбата на Шпанците против Наполеон; ја велича
античката цивилизација; ја опева славата и пропаѓањето на Рим; ја опишува
битката кај Ватерло, потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на војната.
- Прва песна: Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад
човек, почитуван и познат, од благороднички род, кој наместо да се посвети
на полезна и творечка работа, се оддава на бурен, развратен живот со
оргии и пир. Презаситен од таквиот живот кој веќе му здодеал, решава да го
напушти родниот кат. Разочараноста не произлегува само од ваквиот живот
туку и од односите во општеството, па решението го бара во бегството, во
осамувањето, во потонувањето во сопственото јас.
- По описот на главниот лик следува Прошталната песна во која
преовладува возвишениот и патетичен тон на разделбата на главниот јунак
од својата татковина. Песимистичкото расположение и копнежот по светли
хоризонти се причината тој да ги изрече топлите исповедни зборови на
љубов кон родниот крај, родителите и пријателите.
.
- Прошталната песна: Во продолжение на песната, во дијалог со пажот,
неговото расположение се менува. Пажот е тажен што ја остава
татковината, жена си и децата, а Чајлд сфаќа дека нема по кого да тагува.
Тој зад себе не остава никого, освен празниот дворец и песот. Не остава
никого кој му е важен. Затоа осамен, отуѓен од сите, без навистина блиски
луѓе, тој решително ја напушта татковината. Без поздрав, заминува во
потрага по егзотични места, каде ќе размисли за сè и можеби ќе успее да ги
реши внатрешните дилеми. Најпрвин ги посетил Португалија и Шпанија,
каде иако се земји со древна цивилизација, луѓето страдаат и се потчинети.
Тој се надева дека славните витешки времиња повторно ќе се вратат и
луѓето ќе се ослободат од ропската потчинетост. Неговата лична тага и
разочараност се зголемува и прераснува во светска тага поради
доминација на злото и несреќата.
- Втора песна: Чајлд Харолд чувствувајќи симпатии кон поробените народи
го продолжува своето патување во Грција и Албанија каде се соочува со
истото страдње и несреќа. Поетот не може да сфати дека потомците на
Античка Грција можат да го поднесат теророт што се врши врз нив од
страна на османлиската власт. Сликата на Балканот е мрачна и крвава.
Особено е воодушевен од љубезноста и гостопримството на Албанците. Во
оваа песна освен разочараноста која ја чувствува, поетот повикува на
борба.
- 3та и 4та песна: Харолд го продолжува своето патување во Холандија,
Германија, Швајцарија и други европски земји за да го задоволи својот
авантуристички дух, како и да се пронајде себе.
Во овие песни е поприсутен мотивот на осаменоста, како и мотивот на
природата која е единственото нешто недопрено од човекот и можност да
се избега во нејзините прегратки. Пејзажот е во функција на
романтичарскиот идеал каде човекот го пронаоѓа својот мир и спокојство.
Единствено во природата Харолд се чувствува исполнет и среќен. Во
последната песна при посетата на Италија исто така се навраќа на
нејзиното античко минато. Тој и понатаму е во истото расположение,
осамен бунтовник кој останува само набљудувач на општествените
збиднувања

Основни карактеристики на Бајроновиот романтичен јунак се чувството на


светската тага, откривањето нови егзотични простори и поддршка на борбата за
ослободување на угнетените европски народи.
Бајронизмот како движење влијаело врз англиската и европската литература.
Под бајронизам се подразбира: култ кон слободата, желба за патување во
далечни и егзотични земји, потенцирање на индивидуализмот, човековото
разочарување кое преминува во светска тага, величање на славното минато
(античко и витешко) и недопрената природа.

You might also like