You are on page 1of 5

СТРАНСТВУВАЊЕТО НА ЧАЈЛД ХАРОЛД од Лорд Џорџ Гордон Бајрон

CHILDE HAROLD’S PILGRIMAGE *Аџилак.

„Жртво на презаситени задоволства!“ (34


стр.)

Според makedonika.mk
*Поема1. *Автобиографска поема.
*Чајлд – титула за млад дворјанин во средновековна Англија.
*Започнува со обраќање кон музата. (Како во старогрчката и античката литература).
*Вечен поет.
*Раскажување: „Си бил во Англија и еден човек млад...“
„Туѓ на доброчинството; уживател во сладострастието; љубител на жените“.
*Боемштина: жени и вино; оргија и пир.
*Жени со низок морал: „Крај жени паднати тој нашол сладок мир.“
*Ликот е носител на гревот и неморалот (развратот).
*Претставување на ликот: „Пред вас е Чајлд Харолд...“ ; лик од славен и почитуван род.
*Благородничко/аристократско потекло.
*МОТИВАЦИЈА ЗА ЗАМИНУВАЊА / ПАТУВАЊЕ:
„Од сешто заситен, без желба и страст“. (5 стр.) *Ликот има чувство на презаситеност од
животот. Нема желби и нема страст.
6 стр. „Тој замина со тага душа што му свена“. СВЕТСКА ТАГА.
*Потреба да замине, а при тоа да не види никој свој.
*Романтичарски белези: стегнато срце и солза во очи, поради гордост.
*НОМАД, СКИТНИК, ТАЛКАЧ.
*Одлука за напуштање на бучниот роден крај, донесена по долго преиспитување.

1
Лирско – епски вид напишан во стихови, во кој има приказна (ликови дејства).
Идеална романтичарска форма, поради потребата од мешање на жанровите.
*Романтичарски белег: познатата урбана средина да се замени со природна непозната
средина.
*Потрага по љубов.
*Бегството не е бегство од судбината и кобта.
*Ликот е подготвен за судбинскиот удар.
*Романтичарски белег: кон новото и непознатото во потрага по нови луѓе, па макар и сред
пеколот.
*Напуштање на стариот замок (домот и сигурноста). Замокот опстојува со векови: „Во
него монаси, суеверност и мрак царувале...“
*Харолд е сам во своите спомени (копање/трагање по сопственото минато).
*Неверства, пирови, измачување на совеста.
*Тага која го тера да замине. *Романтичарски белег.
*При заминувањето не се поздравува ни со сестра му, бидејќи разделбите се полни со
љубов и тага.
*Оставање на материјалното; потрага по духовното.
*„Да мине татков праг...“ конечна одлука за напуштање на домот.
*Заминување, кораб, море.
*Акцентирање на болката во душата. *Романтичарски белег.
*Чајлд Харолд свири на харфа. *Акцент на музиката во романтизмот.
*Склон кон уметноста.
*Оставање на родниот крај во мрак.
*Проштална песна: „О, збогум, роден крај./Ти сив исчезнуваш...“ (8 стр.)
*Пејзажност: ветер, галеб, сонце... *Разведрување на расположението.
*Оддалечување од замокот, старите ѕидини и песот.
*Се чувствува бестрашно во својот кораб. Не се плаши од ветрови и бури.
*Патува со неговиот паж (придружник) кој е растажен од разделбата со блиските. Тага за
жената и децата што ги оставил. (Се мисли на пажот.)
*Харолд не верува во верноста и невиноста, веројатно тргнувајќи од самиот себе.
*Убеденост дека жените секогаш наоѓаат некоја нова љубов со која ќе се утешат.
*Харолд жали заради тоа што нема за кого да жали.
*ЧУВСТВО НА ОТУЃЕНОСТ. *РОМАНТИЧАРСКИ БЕЛЕГ.
*Би отишол секаде, само да не се врати назад, односно да не се врати дома.
*Поздрав (збогум) до земјата и родниот крај.
*Обраќање кон Бог (Творецот). *Романтичарски белег, според кој Бог е создател на сета
хармонија.
*Патување низ (нему) егзотичните2 предели: Португалија, Шпанија, Малта, Грција.
*Културни, историски, етнографски и политички забелешки.
*ПАТОПИСНОСТ.
*Воодушевеност од Бискајскиот залив и штедрата природа.
*Лисабон – волшебен и убав крај, од далеку личи на рај, а од близу е беда за туристите.
*Кал, нечистотија, патење. Состојба која асоцира на чума.
*Португалски = лузитански.
*Чувство на болка и жал; сочувство и емпатија.
*Простор населен со робови; место на убиства и срушени закони.
*Белиот дворец на принцот Ватек, асоцијација за разврат и душевна беда.
*Наполеон влегол во Португалија во 1807 година.
*Поетско обраќање до Британците. *Крик.
*Романтичарски белег: замислен талка низ таа убавина.
*Потенцирање на срцето (духовната состојба): „срце полно студ.“
*Убави предели и народ во робовски окови.
*Шпанија: пасторалност – овчари, природа, песни.
*Решителен и храбар народ.
*Земја на стара слава: крстоносци, прогонувачи на Маврите и конквистадори.
*Рицарство, јунаштво, подвизи.
*Деспотизам.
*Борба: Франција и англо-шпанските војски. *Сојузништво.
2
Туѓи, непознати, чудни, ... далечни земји; туѓи цивилизации.
*Храбрите војници се храна за земјата и птиците. *Смрт.
*Љубители на војната.
*Посета на Севилја која сè уште не е угнетена.
*Претчувство за ужас.
*Гитара – национално обележје.
*Селска реалност: ниви, лозја и народни танци.
*Шпанија е робинка на суровиот господар. Се мисли на Наполеон, односно на Франција.
*Земја на три армии и три јазици.
*Шпанската жена: црни очи, долга коса, нежен глас, кршна става. *ЕГЗОТИЧНОСТ.
*Недела е ден за одмор во христијанскиот свет.
*Традиционални борби со бикови.
*Адреналин за убиство/крв. Публиката ужива насладувајќи се во крвта.
*Разулавена толпа дојдена да ги види матадорите и нивната опасна игра.
*Дами со лажовни погледи.
*Воајеризам: публиката ужива додека го гледа мртвото и крваво животно.
*Груб спорт во кој публиката се учи на крв.
*Наслада од одмаздата, крвта и болката.
*Харолд има чувство дека има срце кое не е способно да љуби.
*Убавината е истовремено и горчина.
*Љубител на убавина и мудрост.
*Жртва на презаситени задоволства. Лице на Каин. (Библиска алузија).
*Потреба да биде подалеку од мизантропската маса.
*Мисли на убавицата која го сторила замислен.
*Состојба НИ – НИ: ни љуби – ни мрази; и му е здодевно, и му недостасува жар.
*Ги спомнува и шпанските конквистадори и покорувањето на Перу. (Шеснаесетти век).
*Тага и меланхолија: мисли на мртвиот пријател и сопатник од детството Џон Уингфајлд.
*Патување низ Грција.
*На Атина ѝ недостасуваат големите водачи. Во неа сè е минато. Појавување на нови
религии; боговите се минато.
*И се обраќа на Британија за тагата на Грција. *Реторичко прашање.
*Некогашна земја на јунаци, богови и мудреци.
*За себе вели дека се чувствува како дете на природата. *Романтичарски белег.
*Албанија, земјата на Скендербег кој е синоним за младост и мудрост.
*Земја во која е зајден крстот; период на полумесечината, џамиите и минарињата.
*Харолд го мрази крвопролевањето и ги презира ненаситните за крв.
*Посета на малите албански села.
*Акцентирање на симболот – орел. *Илирија.
*Величење на убавината на природата.
*Сараи, хареми, раскош.
*Тврдина на деспотот.
*Земја на Турци, Албанци и Маври.
*Опис на Албанецот: чалма, пиштол со резба и навезена облека со злато.
*Рамазански пости и молитви. *Муслимански свет.
*Фолклорен/етнографски детаљ.
*Македонецот е опишан како блед и со крвав појас.
*Во Албанија жената е робинка на мажот и целата е покриена (сокриена) со фереџето.
*Престојот кај пашата.
*Турците (владетелите) го гледаат од висина народот (рајата).
*Грците имаат судбина да полнат туѓи амбари, односно секогаш да служат за туѓи
интереси. Не се борбени; очекуваат помош, а никој освен самите тие не може да им
издејствува победа (ниту Русите, ниту Французите).
*Патување по Медитеранот.
*Егзотичност.
*Романтичарски култ кон фолклорот и националните обележја на малите народи или
новоформираните држави.
*Лик номад/талкач кој во себе носи меланхолија и светска тага.

You might also like