You are on page 1of 1

Романтичарските белези на ликот Мариус од романот

„Клетници“ на Виктор Иго

Романтизам, период на истакнување на своите идеи за идеален свет и хармониски живот


преку меланхолијата, тагата, невозвратената и недозволената љубов помеѓу романтичарските
ликови. Сликовито претставена болка за недозволената љубов се забележува кај ликот Мариус во
светското дело на големиот романописец Виктор Иго „Клетници“.

Од почетокот на делото Мариус се појавува како наивен лик кој се стреми кон
задоволување на желбите на својот конзервативен дедо. Се наоѓа во некоја затворена и темна
ќелија заклучена со клуч кој го поседува само неговиот дедо-ројалист. Во овој период се истакнува
неговата наивност поради омразата кон републиканците од кои еден од нив бил и неговиот татко.
Се наоѓа во постајоно бунило и дуелност помеѓу мислењата на татко му и дедо му. По неговото
дознавање на вистината, преоѓа во лик со бунт и страст. Неговата наивност ичезнува и успева да се
осознае себе си и да се развие во лик со сопствени ставови и мислења. Се трансформира во
републиканец, како и својот татко и преоѓа во период каде забележува дека има потреба од свој
сопствен романтичарки идеализам. Романтичарското се истакнува преку писмата кои и ги пишува
на саканата Козета, каде ја искажува својата отворена љубов. Тука карактеристичен е и пејзажот и
природата, кои играат голема улога во љубовта кон својата сакана. Тој ја гледа за орв пат Козета
во паркот, а потоа и нивно собирно место ќе биде на клупа, што било карактеристично за
вљубените романтичари. Недозволената љубов го турнува во длабока јама на која неможе да
пронајде излез и дури во еден момент се откажува од борбата за својот живот меѓутоа стрста
преовладува и тој успева да се спаси.

Сепак кај секој романтичар, најголемиот белег е среќниот и задоволен крај, па така и во
ова дело Мариус успева да ги надмине сите препреки кои им ги поставува секојдневието на
двајцата вљубени и тие успеаваат да се венчаат. Мариус е огледало на романтичарските белези
кои се истакнуваат кај било кој од многубројните романтичарски јунаци.

You might also like