You are on page 1of 8

Јохан Волфганг Гете

 За животот на Гете
Јохан Волфганг Гете бил роден 1749 во Франкфурт. Тој е претставник на германскиот
ран романтизам. Татко му бил правник, кралски советник, кој му ги пренел
дисциплината и организираноста, а мајка му, пак, повлијаела со ведрината на духот,
бујната фантазија и смислата за раскажување во градењето на неговата личност. Го
школувал татко му и приватни учители. Ги учел: латинскиот, грчкиот, францускиот,
англискиот и хебрејскиот јазик. Учел цртање и музика, но најмногу се заинтересирал
за литературата и театарот. По стапките на татка си, студирал правни науки, но
љубовта кон уметноста не запрела.На студии во Стразбур, се запознал со Хердер,
кој бил против просветителството и неговите ограничувања. Од него ги прифатил
романтичарските идеи: љубовта кон природата и традицијата, оригиналноста,
индивидуалноста итн.
Следните години (1772 – 1774), Гете патувал од град во град, запознавал нови луѓе и
пријатели, се вљубувал и се инспирирал да го напише својот прв и најпознат роман
„Страдањата на младиот Вертер“.
Прво, бил чест гостин во куќата на мажената Максимилијана, на која ѝ ги читал
своите песни. Потоа се вљубил во Шарлота (Лота) Буф, која била тајно верена за
неговиот пријател Кестнер. Сакајќи да заборави и да се оддалечи од своите љубовни
пориви, се преселил во гратчето Вајмар каде ќе живее до крајот на животот. Таму ќе
продолжи да ѝ пишува писма на Шарлота, но и ќе дознае за самоубиството на еден
негов пријател. Сето ова, но и многу повеќе, тој ќе го вткае во романот.
Важен дел од животот на Гете било пријателството со познатиот германски поет и
драмски писател Фридрих Шилер, со кого често се допишувале, другарувале и
разменувале книжевни размислувања.
Во Вајмар, Гете живеел долго време во вонбрачна врска со Кристијана, со која имале
неколку деца што умреле уште како мали. По 18 години, тој се оженил со неа. Само
синот Август (1789–1830), од таа врска, успеал да создаде семејство, но и тој
починал релативно млад, на 41 година. Августовата жена, веќе вдовица, Оти, се
грижела за Гете до неговата смрт, 1832 година.

 Книжевно творештво
Најзначајни дела на Јохан Волфганг Гете
 Романи:
„Страдањата на младиот Вертер“
,,Годините на учењето на Вилхем Мајстер”
,, Патувањата на Вилхем Мајстер”
 Драми:
,,Гец од Берлихинген”
,, Tорквато Тасо”
 Научни дела:
,, Метаморфоза на билките”
,, Теорија на боите”
,, Патувањето во Италија”
 Песни:
,,Прометеј 1”
,, Кралот Џуџе”
,, Римска Елегија”
„Страдањата на младиот Вертер“ од Гете
„Страдањата на младиот Вертер“ од Гете, е роман напишан во вид на писма, односно
како еден вид дневник. Писмата се упатени кон пријателот Вилхелм, но од него
немаме одговори, па затоа наликува на дневник.

Темата на романот е силната, младешка, неостварена љубов на Вертер кон


Шарлота (Лота).

Книга прва
Ова дело има своја подлога од животот на Гете. Во 1772 година тој се пресеилил во Вецлар, каде
работел како писар, и требало по желба на татка си да се оддаде на правничката кариера. Во
романот ја опишал кралската судска институција во која работел. Таму тој се запознал со
двајцата секретари Кестнер и Јерусалем. Меѓу нив се случила историјата што послужила како
основа за делото. Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која Гете ја запознал и се
вљубил во неа. Но кога дознал дека е вереница на пријателот, се обидел да ги контролира своите
чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако Кестнер и Лота забележале што се случува во
душата на поетот. Во моментот кога Гете веќе не бил во состојба да се бори со себе, заминал од
Вецлар, оставајќи му трогателно писмо на својот пријател. Се вратил во Франкфурт, и додека се
обидувал на своите впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за самоубиството на
Јерусалем. Сето ова послужило како тема на познатиот роман. Вертер се запознава со Лота на
еден бал, која е ќерка на судија. Тој се вљубува во неа, но таа е веќе свршеница на Алберт.
Алберт е добар човек, и не е љубоморен. Тие тројца се дружат, и нивниот живот наликува на
Вецларскиот период од животот на Гете. Но, Вертер е многу почувствителен од својот творец:
неговите страсти се граничат со безумие, и додека Гете успеал смирено да излезе од тие
чувства, карактерот на Вертер уште на почетокот навестува трагедија.

Во вториот дел од романот, Вертер се наоѓа во служба. Тој е аташе. Тука се развива слика на
канцелариски педантизам, ситничарско и празно друштво. Предизвикан од еден непријатен
случај, Вертер поднесува оставка и се враќа кај Лота која веќе е мажена за Алберт. Во душата на
Вертер започнува тешка драма, борба меѓу несовладливото чувство кон Лота, и висока свест за
должноста. Оваа борба завршува со силен изблик, кој ја решава судбината на Вертер.

Кога Вертер ѝ читал на Лота од книгата на Осијан, неговите чувства избиваат на површина.
Додека Лота се наведнала кон него со голема тага, наслутувајќи што се случува во неговата
душа, тој ја прегрнал и ја опсипал со бакнежи. Лота го одбила, тресејќи се од негодување, и
излегла од одајата. Другата ноќ, Вертер се самоубива.
 Анализа на ликовите
 Вертер: Вертер е разочаран од таквиот свет, од хиерархијата која постои, која ја
уништува индивидуалноста… Не сака ни да работи, се гуши, постојано патува и
се чувствува неразбран од другите, скитник, патник. Но неговото вистинско
страдание започнува кога се заљубува во Лота – вереницата на неговиот другар
Алберт, девојка која поради моралот не му ја возвратува љубовта. Преку ликот
на Вертер ги откриваме многубројните романтичарски елементи кои се
застапени во романот. Исто така, неговиот лик претставува олицетворение на
општествената положба на народот во тој период.
Според писмата на Вертер до Алберт, добиваме впечаток дека луѓето се добри,
вредни, патријархално воспитувани, едноставни и мошне простодушни. Во
средина каде тој наоѓа совршен баланс меѓу изолацијата и ваквите луѓе,
ослободен од било какви ограничувања, Гете ја користи средината да ја опише
романтичарската душа на Вертер преку описите на пејзажите но најмногу преку
платонската љубов кон Лота.

 Лота: Таа е многу добра жена, грижлива сестра, која што по смртта на нејзината
мајка го одржува своето ветување и ги одгледува своите сестри и браќа. Храбра,
лојална и секогаш спремна да им помогне на другите.За Вертер таа претставува
идеална љубов, но платонска бидејќи помеѓу нив нема ништо повеќе од духовен
однос. Вертер како романтичар својата идеална љубов постојано ја именува
како ангел и ја смета за нова цел за неговиот живот. Нема минута кога не мисли
на неа. Ја доживаува како светост, како божја убавина за неговата душа, ја сака
до таа мера што го засакува и секој предмет што ќе го допре таа. Иако
идеализиран, ликот на Лота претставува олицетворение на неприфатеноста на
романтичарските души во време на транзитот од класицистичкиот литературен
период.

 Алберт: Алберт е нотар кој ја претставува граѓанската класа и истовремено е


симбол на разумот. Секој чекор во неговиот живот е премислен. Непосредно
пред да дојде Алберт, Вертер е сигурен дека љубовта кон Лота му е возвратена,
дури никогаш не го гледал Алберт како противник. По извесно време тој станува
љубоморен поради желбата саканата да биде само негова. Поради тоа
чувствува грижа на совеста и донесува одлука да замине во друг град каде
добива службеничка работа преку мајка му. Поради тоа, Алберт е слика на
суровоста на тогашното општество и општествените прилики во тоа време.
Заклучок: Страдањата на младиот Вертер е најголемиот љубовен роман во
светстката книжевност. Тоа е драматична приказна за едно пасивно и
сентиментално незадоволство на пречувствително момче, херој на своето
време, кое бега од светот, но не може да ги избегне цврстите окови што му ги
наметнува општеството. Затоа, младиот Вертер наполно му го врти грбот на тоа
општество бегајќи од луѓето и се повеќе тонејќи во природата. “Страдањата на
младиот Вертер“ е роман со лирска исповед за најнежните и најскриените
душевни расположенија и најдлабоката духовна болка на младата кревка душа
за која пред тоа не се знаело, а ниту после тоа ќе се слушне.
Гете успеал на неспоредлив начин во описот на една љубовна трагедија да ги
собере сите големи проблеми на своето време во борбата за правилниот
развиток на младата личност. Затоа, овој роман претставува безвременска
приказна која ќе му помогне на секој млад човек, девојка или момче, да ги
прескокне бездните, што се создаваат во еден период на животот, меѓу силното
тело на младоста и нежните нишки на духот.

You might also like